Не знам за нихилизмот, само викам јас не ја споредувам теоријата за симулација со нихилизам, не е исто.
Секој е индивидуа за себе, една и неповторлива, но што е тоа што не спојува како луѓе, можеме ли само сами со себе, само со потесниот семеен круг?
Каква врска има ова со Господ, креатор, симулација...? Како и да е, сè нè поврзува како луѓе, има незамисливо многу работи, преопширно, шо поточно? Во кој контекст дали можеме сами со себе со потесен круг, искрено не разбирам што точно прашуваш.
Дали сериозно ја нарече теорија? Дајте ви се молам. Прочитајте што значи зборот „теорија“, после користете го. Не може некој да си замисли дека Мики Маус го создал светот и дека целиот свет е цртан филм и тоа после да го нарекува „Теоријата за Мики Маус свет“.
Па сè е теорија што не може да се докаже. Сите религии се смислени од некаков си Дизни, ако веруваш во било која религија, исто ти е.
Сакав да нагласам дека преку заедништво се поврзуваме и дека не може се само индивидуално да биде. Во контекст на религиите.
Индивидуално е во смисла на тоа дека секој има свое лично постоење со свое лично искуство, премногу нешта играат улога во тоа како еден се однесува, што размислува, во што верува, итн. Може различно да размислуваме и пак да сакаме да сме во заедништво. Се поврзуваме на бесконечни начини.
Зошто би било битно било чие постоење, ако е симулација? Мислам дека имате погрешна идеја за Господ, интервенции и неинтервенции негови, предодреденост и слободна воља.
Затоа што лично го доживуваш постоењето (таква е природата на симулацијата). Но само затоа што лично го доживуваш не значи дека е вистински реално. Истовремено, реално е затоа што таква е реалноста на твоето постоње. Еве јас верувам дека сме во симулација и пак најбитно ми е постоењето. Симулацијата не е религија, само форматот на постоење. Тоа е мое мислење, секако. Цел живот прашувам луѓе да дефинираат Господ, многу различни дефиниции слушам, тоа значи дека нема грешно мислење? Also, не реков дека Господ или креаторот на симулацијата е тој што интервенира. Како и да е, каква е точната идеја за Господ, интервенции и неинтервенции негови, предодреденост и слободна воља?
@MissChievous како одговор на твојот коментар погоре... Можеби си придаваме преголемо значење на нашата демек уникатна свест и демек поголем капацитет? Можеби не мувите, ама велат дека пчелите, имаат апсолутен супериорен поредок на функционирање, од ,,општествено,, устројство, преку совршена геометриска структура, до супериорен продукт. Исто така, познатата библиска парабола со врапчињата и нивната свест (некој со подобро памтење или пребарувачки способности, може да ме дополни)... колку свест има едно врапче, колку еден човек, и какви грижи има првиот и вториот? Мислам дека многу повеќе би научиле за чудесноста на светот, ако повеќе време посветиме на перцепирање и размислување на природата. Историјата, некои напишани приказни за некои си луѓе, вакви или онакви, ич ништо не ми кажува за постоењето на смислата, ниту дека ред и поредок постои. А еве, некои од нас знаат, чувствуваат дека постои.
Не разбирам свест за што точно е одговор. Како и да е, и свеста ни е дадена, така сме креирани ко битија. И на пчелите им е дадена таа организација и функционирање, но колку свест им е дадена? Свест во смисла да ги размислуваат еве овие нешта за кои муабетиме? Можеби ич, но дали е тоа битно? Пак постојат и функционираат на одреден начин. За нив тоа е постоењето и е сосема супер за нив (ваљда). Не се они криви што не им е дадена повеќе свест, што исто како врапците не можат да се грижат (ваљда), едноставно имаат други карактеристики од нас човковите битија. Различни битија сме, ама тоа не значи дека сме побитни. Ко шо кажав за диносаурсите на пример, викаат дека постоеле барем 165 милиони години, човеково битие само 2 ипол (до сеа колку што знаеме). Зошто? Баш во природата се осеќа најмногу симулацијата. Колку подетално се загледаш, ќе видиш колку сè е прецизно наредено, математички осмислено, симетрично, сè има специфична поента и улога. Освен комарците, нема логика да постојат. Погледни една снегулка. Or better yet, човековото тело. Сè е совршено осмислено. Не знам како да објаснам, знам дека не се изразувам добро за да го искажам тоа што го разбирам и осеќам. Како и да е, симулацијата не ми одзема од значењето на постоењето, и јас знам за ред и поредок, и јас уживам или патам, и јас си имам најдено смисла и поента (ама пак ќе кажам, како битие такви сме креирани, да може да го мислиме и осеќаме сето тоа), и јас си имам зацртано морални вредности и позитивен модел на човек кој сакам да бидам, и јас имам одредена спиритуалност, ништо не менува дали мислиш дека сме во симулација или не.
Теорија е добро поткрепено, логички поврзано и тестирано објаснување на појави во природата, засновано на докази, експерименти и набљудувања. „Живееме во симулација“ е научна фантастика, веројатно позајмена од режијата на филмот Матрикс. Не знам колку години имаш, веројатно си двојно помал од мене. Па затоа ќе си дозволам да ти дадам совет: Не подлегнувај на вакви ефтини пропаганди за неосновани генерализирања на религиите, кои најчесто доаѓаат од деца-атеисти кои ги мрзело да учат, бегале од часови, и криејќи се додека пушеле цигари си раскажуваат вакви работи, а никој од нив не потрошил ни 1мин во животот да прочита да истражи за генезата на поголемите религии. За христијанството на пример, сега е сабота, да земеме да збориме за докази и аргументи за веродостојноста на христијанската вера, ќе не фати четврток, а можеби и петок. Едни од најголемите умови што чекореле на планетава, и чии научни и технолошки придобивки ние денес си ги земаме здраво за готово, биле убедени и посветени христијани. И сега ти да им кажеш дека нивната вера била смислена од некаков си Дизни... не знам, не доликува некако. Еве само еден пример ќе земам. Кириличните букви што го користиме овде на форумов, христијанските мисионери Кирил и Методиј ги создале со цел да ја преведат Библијата на словените кои живееле на овие простори. Да не била таа христијанска потреба, можеби sega ke pisuvavme na latinica vaka.
Навистина нема смисла светот да е симулација, идејата за змии што зборуваат е мноооогу пологична. Докажано е, пишува во Библијата.
Во Библијата никаде не пишува за ЗМИИ што зборуваат. Таму не пишува змии во множинска форма. Пишува за една змија, поточно дека ѓаволот и се објавил на Ева во вид на змија и така ја искушувал. Ако не веруваш дека постои ѓавол, се разбира дека тоа не е возможно и логично. Ама ако постои, тогаш тоа е можно. А дали постои, имаме силни докази зошто да и веруваме на Библијата и конкретно на Исус каде што го вели тоа.
Ништо не беше напишано со зла намера. Јас споделувам како гледам дека е правилно. Предците да не чекаа од бога росица и да се заложеа за подобар свет, денес ќе се живееше поубаво.
Како ќе се заложат за подобар свет без морален компас? За да се заложиш за подобар свет, мора прво да имаш морален критериум за „ДОБРО“, бидејќи зборот „подобар“ е само компаративна форма на зборот „добар“. Пробаа комунистите да ја истиснат религијата и да воспостават некаков атеистички марксистички нели подобар свет, но ете, видовме колку долго издржа, а што е најтажно, резултираше со многу жртви. Само Сталин и Мао Це Тунг - заедно ликвидираа 100 милиони луѓе.
Eлитите во другите држави да не се плашеа од комунистите, никогаш не ќе му дадеа права на населението и немаше да му го испочитуваат чувството на еднаквост. Еве денес комунизмот е победен и богатите почнаа пак отворено да се однесуваат како господари.
Прво, ме заболе многу што според тебе доликува или не. Второ, еден куп грешни претпоставки напиша за мене само затоа што не ти се допаѓа моето мислење, као ете те тебе мудриот просветлен, а јас лудакот малишана шо филмови си праи. Трето, за какви ефтини пропаганди за неосновани генерализирања на религиите зборуваш? Зошто сè мора да се врти околу религија? Ти светот, постоењето, човекот, сè разбираш само преку религија? За мене религиите се само еден малечок дел од сè. А сè е симулација. Четврто, фино за најголемите умови што некогаш чекореле на планетава, што имам јас со нив? Петто, Кирил и Методиј ја смислиле глаголицата, не кирилицата. И двете писма се осмислени за да славјаните имаат писмо за пишување за јазикот кој го зборувале, секако да, почетниот мотив бил наменет за црковни потреби. Шестто, како и да е, сето тоа што го кажа е дел од симулацијата. И моралот е дел од симулацијата. Седмо, не мора да се сложиш, де.