И да сакам да се сложам не можам, бидејќи и моите ставови се испрограмирани од Симулаторот нели? И моите реплики тука се дел од симулацијата, така што ако имаш нешто против нив, обрати му се на симулаторот. Или на психологот.
Изгледа не капираш што значи симулација. Не е некакво сценарио, нешто веќе испишано, испрограмирано, whatever. Само е тип на постоење. Било што може да се случи во било кое време, не знам кај е забуната. Патем, што има лошо во одење на психолог?
Ако не ви се допаѓа зборот теорија можете да ја наречете хипотеза за симулација. Но, веќе долго време дури и научници (и атеисти и верници) го користат зборот теорија. На Viasat History и на National Geographic со години дрндаат за разни верзии. Има и на Јутуб коментари од разни експерти. И не, теоријава не е инспирирана од Матрикс. Напротив, токму првиот филм Матрикс е инспириран од филозофии од различни времиња (гностичари, Жан Бодрилард кој дури и ги критикувал Ваковски за промашување на неговата поента, Платон итн.) за некаков креатор-контролор и од филмови за боречки вештини. Нема ништо лошо во тоа креаторот да се поима поинаку од традиционалните идеи. Секако дур сме на овој свет не знаеме како изгледа. Она што е бесмислено е да не се верува во ништо, да се нема водилка.