Тоа е комично, никој не ме програмирал , а креаторот реши сам да ми се појави ? Можеби не си го барала никогаш ? Или си природно полна со злоба , его и лицемерие, па срцето не ти допушта да го бараш ? Незнам
Многу се оддалечуваш од темата , не се работи за етикета , ако си во позиција да те напаѓаат 5 кучиња, ќе ги гледаш само или ? Што сум јас виновен ако овде постојат исмејувачи и се групираат и напаѓаат една личност ? Мене ми мириса на површност сето тоа , бидејќи човек што е опуштен и не го боде егото во очи , нема да исмејува друг тука за свое мислење , тоа е билдање на его од нивна страна коешто ти го нарекуваш етикети кога јас само се бранам.... Јас се однесувам доста chill , не се замарам јас да исмејувам некој , ама еве вака приватно може да ти направам муабет .. Бидејќи и онака се оддалечи од темата .. И ако си баш дружељубива , на секој пост ќе си нагласиш "екипо/дечки ова е мое мислење " наместо "абе вие може да ......" Тоа е полесно за билдање его, нели срце Може да сум рамнодушен за што било ама за негирање на Господ не би рекол, имаш милиони сведоштва од луѓе дека постои ... Повели докажи дека не постои, слободно те читам
Ова ти е чиста етикета срце , не оставаш простор дека тоа е твое мислење и дека постојат различномисленици, имаш право да мислиш така ако не си имала знак , комуникација и појавување на креаторот, ама нема поента сите да ги ставаш во еден кош како да се твој најголеми непријатели .. И јас се двоумев и ми беше исто, откога ми се појави , станав уверен дека има креатор ... Ако не се појавеше , најверојатно ќе ми беше сеедно .... Real talk from a real guy
А која е поентата да се докажувате толку... Тоа што ти веруваш дека не постои не значи дека не постои исто како што не значи дека постои ако јас верувам. Докажал некој дека постои/не постои? Секој има право да верува/ не верува во нешто.. Мислам која е поентата да се наметнува нешто што некој не сака, како што ти не сакаш јас постојано да те убедувам да веруваш дека постои исто и јас не сакам некој да ме убедува дека не постои... Исто која е поентата да се навредува само затоа што не веруваме во исто или да ги ставаме во ист кош сите верници/ не верници само затоа што некој кој што некој друг верник/не верник направил нешто лошо? Не знам што има толку да се убедувате на темава едни со други, кој сака нека верува кој не не... Да не сум оф-топик.. За мене постои Бог и верувам дека постои!
Кои се тие 5 што тебе те напаѓаат, каде ги гледаш? А и ти, штом одбираш христијанство, треба да го свртиш другиот образ, колку да знаеш. Мене баш верата ми изгледа површно, традиционално усвоена, без да се размисли. господ ве сака сите, со почетни 50% веројатност да ве остави во вечни маки во пеколот. Sure, sure. Ова не е исмевање.
И обратното може да се каже речиси со истите зборови. Господ постои. Вие можете да верувате во спротивното зашто така полесно се чувствувате или затоа што од мали сте програмирани да верувате, а јас знам дека постои и џабе ме цитирате. Нема никаква логика во атеизмот.
Те сфаќам , го потврдив тоа што ми се прикажа , дека како факт постои креатор , ако немав откровение најверојатно ќе бев двоумач , , Такада те разбирам, а ти опушти се срце, не се напнувај
Можеш ти спротивното да го напишеш. Форум, како и хартија, сè трпи. Само знајте дека товарот на докажување паѓа врз вас. Нема зошто јас да докажувам дека нешто не постои и не се случило, повелете, вие приложете цврсти, непобитни докази дека е тука и се случило.
Прво, иако имаме спротиставени ставови на темава, сакам да истакнам дека ти си една од оние што ги почитувам на форумов, заради твојата интелигенција, користење логика и разумност во пишувањето. Така што немој да мислиш дека ти контрам или да ти се правам паметен. Во право си дека товарот на докажување за постоењето на Бог е кај теистите. Но и атеистите не се амнестирани од неопходноста да веруваат во нешто и да го докажат нивниот светоглед. Атеистите не веруваат во Бог, но баш поради таа невера, милом или силом, се принудени да веруваат дека целата таа дизајнираност на Универзумот, природните сили, планетата Земја, фасцинантниот дизајн на животните, човекот, живата клетка, мозокот се продукт на слепите сили на самонастанатата ткн. „природа“. А ова бара и те како голема вера во случајноста. Цела книга од 200 страни имам напишано за математичката неверојатност на овие случајности. И тоа е само еден скромен (македонски) придонес во стотиците книги на таа тема. Понатаму, поимите како: добро, зло, морал, правда, ја губат својата суштинска смисла доколку го изоставиш Бог од сликата. За да посто добро и зло, мора да има некаков апсолутен морален закон кој одредува што е добро, а што зло. Во спротивно имаш релативен морал и релативни добро и зло кои се чисто општествен конструкт на еволуирани животни кои се потомци на едноклеточни организми. Ако нема Бог и ако не постои апсолутен морал, тогаш не постои објективен критериум според кој може да се каже дека она што Хитлер го направил е апсолутно зло. Ако кај нас моралот е „општествена конструкција“, тогаш на друга планета, со поинаку конструиран морал, можеби она што го правел Хитлер е херојско доблесно дело и заслужува Нобелова награда. Од друга страна, тешко дека ќе најдеме атеист кој нема да се згади на педофилот кој силувал дете и потоа го убил. Ниту еден атеист нема да каже „тоа е релативно зло, така ние сме еволуирале да го перцепираме тоа како злодело, а всушност е само следење на нагоните и инстиктите на животните итн.“.
Добро е она што не ти нанесува штета тебе, ниту на другите. Лошо е она што нанесува штета, толку е едноставно, само треба способност и памет човек да се стави во туѓи чевли. Неопходни биле правила зашто луѓето сакале да се заштитат и затоа се усвоени. Па, види, јас не дека следново го оправдувам, ама реалноста е дека вo овој свет, криминалците најмногу просперираат, а во библијата (cтар завет) пишува обратно, како на нечесниот сè му оди наопаку, праведникот успева. Блага врска нема тоа со животот, доволно е да погледнеме околу себе. Законот на џунглата на дело, зграпчи и ќе имаш. Испаѓа тешко оној што е воспитуван на толеранција, емпатија, солидарност и фер постапување, затоа и елитите со милениуми наметнувале религиски вредности на населението, за да ја задржат предноста. Во паралелен универзум. Нацистите извршиле злосторства, меѓутоа треба да се разгледа и поширокиот контекст за да сфатиме како дошло до тоа. А каде бил господ да ги спречи Хитлер и педофилот? ОК, нивната слободна волја е света и неприкосновена, разбравме. На жртвите, царство им небеско. Така?
Точно е тоа што пишува во Библијата и психологијата како наука има потврдено дека мрачната тријада на личности не се среќни во суштина, ти што гледаш низ призма на материјализам тоа е друго.
Доживаат штета и материјалистите, само што секогаш се гледа низ призма на пари. Гледаш дека некој има пари, мислиш дека е среќен.
Не е потврдено. Среќата и чувството на задоволство се индивидуални, не значи дека некој е несреќен само затоа што ти имаш субјективно очекување дека би требало да биде или дека господ не му дава среќа. Во стариот завет стојат запишани повеќе цитати за богатството како дар од богoт, ама добро, јас сум материјалист е аргументот.
Има одредени докази дека личности со aspd и нарциси генерално инстант задоволства се способни да доживуваат а не подлабока љубов и радост. Материјалното богатство е благослов но тоа не ја предодредува среќата у суштина.
Никој не е хепи цело време. А богатство не е благослов, туку некои одамна грабаат заеднички добра и живеат на туѓ грб. И нема да се тешам како тие се несреќни зашто не ми ни значи тоа.
Не се тешам ни ја ама точно е тоа што пишува во Библијата дека нема мир за злобните. Докажано е дека лошите личности психопатите/социопатите, макијавелистите и нарцисите ги поврзува иста особина - паранојата. Пошто прават лоши ствари, инстант немир имаат и се во грч и живеат на штрек дека некој ќе им се одмазди ради тоа што направиле.
Уште помалку мир има за оние над кои се изживуваат. Баш за нарцисоидните личности е забележано дека се позадоволни од останатите, тие губат допир со реалноста и перцепираат што ним им одговара.