vanesce,прво мислење на сајтов и еднинствено досега ти е ова над моево,да ни кажеш дека не веруваш и дека за тебе религијата е празноверие а као потпис доле си пишала дека ништо не се случува случајно дека се се случува со причина.... а штом не веруваш во бога значи веруваш во научната теорија дека светот настанал како последица на низа случајности..дека од ништото настанало нешто.дека случајно се формирале атомите од немајкаде,дека тие атоми случајно се судриле и формирале молекули,дека случајно од таа вжештена маса со ладење се формирале планетите,дека на нашава планета случајно од некои прамајмуни се развиле лугето а другите врсти мајмуни не еволуирале,итн итн да не набројувам..премногу случајности нели......а ти самата велиш дека ништо не е случајно се е со причина.
А во 21 век треба да веруваме дека имало господ што така негде си постоел, и почнал да ствара свет за 7 дена, и Адам го напраил, па од неговото ребро Ева, итн? Има доказ за оваа теорија? Зашто за еволуцијата има и доказ, а и таа се уште постои, луѓето се развиваат физички и психички, а особено интелегенцијата им се развива, па затоа верници ги има се помалку. Јас верувам во постоењето на Исус, и во симболиката на Новиот завет, цела Библија на памет ја знам, а и не верувам дека нашата религија се занимава со случајности и слично. Тој што може да ја разбере ќе сфати колку логика има во неа, ама тоа е книга што не се чита буквалистички.
Znaci kolku i da se zbori na ovaa tema nikoj so nikogo nema da se ubedi. Tanja ti si imas tvoe glediste na rabotite ja moe...mene ne mi treba visa sila na koja ke se klanjam ili idol za da funkcioniram...nemam nisto protiv religijata ili protiv gospod, jas sum rodena hristijanka i moite se vernici ama totalno mi e apsurdna teorijata deka sme nastanale od adam i eva ili od majmuni, nejkam da se zamaram od sto sme nastanale zatoa sto ima premnogu teorii a najbitnoto e deka sme tuka...ednostavno sakav da si go kaza mislenjeto deka ne veruvam. Moze postoel nekoj Isus i moze covekot bil mn pred negovoto vreme i zatoa go smetale kako Bog... Ja nikogo ne navrediv sto veruva ili ne veruva samo ednostavno si kazav so imam i mislam da kazam. Ne veruvam vo slucajnost znaci ubavo sum si napisala SE E SO PRICINA. A koga veke zborime za planeti ili atomi ja ne kazav nisto od naucno glediste tuku od religiozno. Da si ja ostaime naukata da si gi vrsi rabotite kako nastanal zivotot ili veselenata,zosto spored mene za se si postoi naucen dokaz, pa i za nas. Za temava , sekoj si veruva vo ona sto saka i dali saka da veruva toa e pravo na izbor! [mod-kirilica:32hl2j5l][/mod-kirilica:32hl2j5l]
Се што е докажано, е факт. Сакаш верувај сакаш не верувај, мразот се топи на 0 степени и тоа е факт. Се што не е докажано е верба. Во Бог, хороскоп, гледање на кафе, реинкарнација и сл. Затоа се вика и верба, или ја имаш или ја немаш. Затоа ми е многу смешно кога некој ќе речи дај докажи. Ако се докажувало, сите ќе сме верувале без приговор. Јас верувам дека сите веруваат, и сите имаат верба во нешто, само тоа нешто е манифестирано кај секој човек различно.
а зарем ако сме 21 век,не треба да веруваме во бога,не треба да веруваме во виша сила и сл? шо има врска кој век сме и колку била развиена технологијата или не била,вербата е прашање на личен избор на лично свакање на работите,на психата на човекот.луге шо неверуваат у ништо имало и пред многу векови,кога немало т од технологија,ниту пак развиена наука,како што и сега има верници и покрај тоа што науката е напредна. веруваш дека некој те сака,дека чуствува љубов кон тебе,иако таа љубов не ја гледаш нели,љубовта нема физичка појава а сепак веруваш во неа,,,зошто тогаш не би верувала во бога,иако не го гледаш.зошто мораш да бараш докази за таа верба? вики,викаш дека лугето се развиваат психички и интелегенцијата им се развива,затоа бројот на верници се намалува?ти да не ги изброја колку биле верници пред 10 години пример,а колку се сега па да знаеш дека се намалува? и друго,ако навистина човекот се развива психички и интелегенцијата му е се поразвиена,баш тогаш би требало да се сврти кон духовното,духовната страна на животот,а не материјалното и богатењето да им се цел на лугето.сведоци сме дека лугето стануваат се полоши,дека цел на повекето им е да стекнат со повеке материјални добра,да има што подобар бизнис што подобра кука,подобра кола,па макар морал да гази преку трупови,уништува туги животи,за да го постигне тоа.човек на човека му станува волк.моралот се повеке и повеке изумира,го вадиме од ракав само кога ни одговара.дали мислиш дека тоа е одлика на некое високо развиено,високо свесно и интелегентно суштество. јас мислам дека човештвото се повеке уназадува,а не да се развива.може науката се развива ама таа истата наука еден ден ке ни дојде до глава,кога големите сили ке си фрлат нуклеарки една на друга,или некое слично сценарио.....ако сме толку интелегенти за да ја надминеме верата како што викаш,да не веруваме повеке,тогаш зашто не ја надминеме и војната како конфликт,зашто споровите мегу државите не ги решаваме со договори,преговори туку сеуште со војни? за крај секој може да верува или да не верува тоа си е личен избор,мегутоа некој да ми каже дека поради тоа шо сме 21 век,ја не треба да верувам,е тоа стварно не ми иде. или може ке испадне работава дека само неинтелегентните веруваат,а интелегентните надминале, ајде тогаш идеме заедно да правиме тест на интелегенција,пишете лична порака.
Тања мила си ми како форумџика и обично ми се допаѓаат твоите мислења,дури и те предложив за форумџика на годината. Ама во оваа тема сепак мислам дека претеруваш-што знам,некако се наметнуваш,сакаш сите како тебе да мислат.Сакам јас да ти одговорам на прашањето,па после и девојчето нека си одговори.Да,верувам во љубовта кога некој ме сака,стварно неможам да ја видам,ама ја чувствувам!А господ никогаш несум го ниту видела ниту почувствувала.Си го пишав јас моето ама еве пак ке кажам.Не верувам во господ.Ниту пак верувам во оние приказни господ е насекаде околу нас бла бла бла....сме настанале од Адам и Ева...како не...тоа се приказни за мали деца што некој и ги раскажал на чукун баба ти,па таа и ги раскажала на прабаба ти,па прабаба ти на баба ти,па таа на мајка ти,а мајка ти на тебе и се така.......
даниелче,ни најмалце несакам сите како мене да мислат,ниту е можно такво нешто,ниту пак сакам.секоја глава свој памет-како викаат ниту пак сакам да го наметнувам моето мислење.незнам зошто си стекнала таков впечаток на темава.може дека напишав неколку поста за скоро време ама бев и цитирана,затоа и вратив,пишав пак.на темава немав пишано воопшто од февруари месец па дури сега на 24 ноември пишав,ако сум сакала да наметнувам мислење ке сум била стално тука нели а не да не пишам скоро цела година. сепак ваквите теми на кои може да се дебатира и филозофски,и со факти и претпоставки повеке ме привлекуваат.ке ме најдеш кај политика,религија,јавен живот и сл.не ме привлекуваат теми дали таа диета или оваа е подобра,дали е подобра колекцијата на авон или на орифлејм.сакам да водам дискусии,да го кажам својот став,а не да оставам мислења"денеска ме болеше глава..... таква сум си јас.сеа дали е тоа добро или лошо незнам. јас да му кажувам на некој дали да верува или не не можам.секој со свој памет.ама ме нервира ко ке прочитам"еј 21 век сме а уште верувате у бога".имам свој став и го бранам.ако мислиш дека сум претерала еве не пишувам повеке. ама ако ми вратат нешто интересно ке ме пецка ако не вратам и јас сепак ова се културни дискусии,без навреди и провокации,размена на мислења. п.с фала за подршката,убаво е да знаеш дека некој те номинирал,и покрај тоа шо не сум многу активна и не се поздравувам на специјални поздрави.
Секој има свое мислење и верува во нешто, затоа мили феминки не се обидувајте да си докажувате едни на други п.с. јас верувам во Господ
Практикувањето на христијанската традициј во период од 2.000 години, пренесувана од нашите претходници е врежана во колективната меморија на христијаните и она што во име на религијата го применуваме како религиозни обичаи: кружење околу црква, палење свеќички, повторување на текстуални молитви напишани од поповите не прави почитувачи на традицијата, и пренесувачи на аманетот, а не верници. Лично, не верувам во идејата за Господ отелотворена во човечки лик, во брадјосан дедо боже, со крут или мил фацијален израз, кој дели правди и кој има карактеристики на татко, да не прекорува, да не усмерува, да не казнува согласно нашето поведение, ако не играме по негови правила. Тешко опиплива ми е идејата за Господ дека Он е се и во секој, алфа и омега на нештата, не можам да го замислам во контекст на бекрајно, универзално, безгранично, едноставно ми се магли таа слика, ниту пак дека Тој (машки нагласак) води книга во која ни се запишуваат гревовите и добрите работи во животот и ни носат поени за влез во рајот и пеколот. Постојат и светли моменти во животот на секој од нас, верувам, кога се останува без текст, кога си доживеал просветлување под импресии на нешто што длабоко те допрело, и во пресрет на такво нешто едноставно ги изговараш зборовите: О, боже или пак остануваш без текст. Таков момент може да те допре од сонет на Шексир, величенствена мелодија на песна, слика од Ботичели или друг експресивен израз во кој некој уметник ја изразува својата генијалност, до моментот на љубовта кога ќе се вкорени во тебе и во целост ќе те исполни, и.т.н. Ако е така, тогаш и се поклонувам на уметноста како моја религија и тогаш Бог слегнал на земјата, проговорил преку тие луѓе, уметници, мислители, па и обично необичните луѓе, кога го креирале своето дело. Без оглед што е тоа што ти ги одзема мислите за кое зборот е малку да се долови, вознесувањето мене ми е доказ дека навистина Бог, Животот, Постоењето или како сакате наречето го, постои. Да живеев во средновековието за овој ерес на клада би ме стаиле
За да се биде духовен човек не мора воопшто да се верува во, пак ќе повторам, „симолични приказни“. Секој има право да си верува во што сака, само јас одбирам да верувам во нешто пореалноХристијанка сум единствено затоа што Библијата појше му одговара на мојот карактер од другите свети книги. Зашто го поврзувате Бога со љубовта и сите позитивни нешта на светот? Па и тоа е дел од мозочните функции и хормоните. И не немам броено верници, ама општо познато е дека порано имало многу помалку атеисти, а верниците верувале у све и свачега и биле богобојазни. Простиот народ нема совест и не може да расудува добро од лошо, треба да му се закани некоја виша сила со пекол, ама веројатно затоа и простите луѓе се посреќни луѓе, блазеси им. Што се однесува до војните, порано многу повеќе ги имало, и се војувало во име не Бога, да не речам секој си ја користел религијата какошто му одговара. Библијата е книга за добро однесување, за мир и спокој, си ја препрочитувам редовно, ама тоа не значи дека слепо верувам во секој пишан збор, а ни самата намена не и е таква. Објасни ми зошто умираат деца? Чив грев плаќаат? На родителот? Фер ли е тоа? Ако лошиот го снаоѓа лошо, а добриот добро (ко што вика Библијата), тогаш не треба да се уриваат авиони, или ако веќе се уриваат нека загинат само тие лошите. Ако живеееме по Библијата, треба да си бидеме наивни припрости луѓе што вратат друг образ кога ќе им врзат шамар. Добро е што не сме такви, зашто една друга религија вика „заб за заб“, а да бевме сите ние добри послушни христијани, до сеа ќе не немаше на светов. Кој во што сака нека верува, се додека тоа е нешто добро и позитивно, ама не мора да се праиме наивни со сила
Мила вики85, прости ми што ќе бидам офф топик, но ќе си го кажам само моето мислење. Овде треба да се разјаснат многу нејасни работи. Ти велиш, колку што те разбрав, зошто умираат добрите луѓе, а не лошите, или кој грев се наплаќа. Треба да разјасниме дека сите сме грешни, кој не згрешил со дело, кој не згрешил со збор, кој не згрешил со мисла? Значи сите сме грешни. Но сепак постојат некои гревови кои се нарекуваат смртни гревови, како убиство (тука влегува и абортусот, абортус со намера), измачувањето на сиромаси и вдовици, скусување на работничка плата, па дури и гордоста, среброљубието, блудот, зависта, неумереноста во јадење и пиење, гневот, мрзливоста.... И сега според ова кој од нас не е грешен? Кој не се разгневил, кој неумерено јадел и пиел, кој не блудничел (блудот претставува полов однос пред брак), кој не посакува повеќе да има (за среброљубието), значи сите со ред. Од ова треба за заклучиме, односно од твојот текст дека само лошите треба да умираат, а не добрите. Кажи ми или наброј ми на прсти кој е добар. Значи ако Господ така казнува треба никој да не остане на Земјата, бидејќи сите се лоши. Сега одговорот. Поради тие смртни гревови кои пред се не се покајани и исповедани, тие се пренесуваат од колено на колено. Господ им ги дава само на избраните од него, на потрпеливите, оние кои го знаат тој пат и одат по него. Со цел да ги спаси неговите прародители, а со тоа и неговата душа. Но за жал ние денес го немаме тоа трпение или сосем малку. Ќе наведам само еден пример. Пред многу години живеел еден монах со вистински добродетелен живот. Заминал во манастир уште како малечок и таму го поминал целиот живот. Но се случило нешто лошо, легнал во постела, се парализирал. Поминало времето, а поминале и 10 години. Започнал монахот да се жали зошто има таков живот, каде згрешил, цел живот првел само добро, за него не оставал, ама на другите што немале им давал, едноставно се правел добро. Една ноќ додека другите спиеле во собата каде што лежел се појавил неговиот Ангел чувар и му рекол да одбери или 3 часа во пекол или една година живот во постела. Одбрал 3 часа во пеколот, а Ангелот му ја зел душата. Не поминал ни еден час се вратил Ангелот да види како му е во пеколот. Монахот само рекол, ако треба и цел живот и уште многу години да биде болен само побрзо да го односие од таму. Му ја вратил душата во телото и му рекол. Се ова што ти се случува, ти е испратено од Господ за да ги спасиш твоите прародители до 9 то колено кои се во пеколот. Тие направија грев и затоа те одбра тебе Господ да им помогнеш, бидејќи имаш добродетелен живот и го знаеш патот Господов. Му рекол издржи уште една година и исчезнал. Навистина по една година потполно оздравел, станал и до крајот на животот не се разболел. Простете што бев многу долга со моето мислење и простете ако некој сум навредила или кажала неубав збор, а особено вики85. Се надевам дека ме разбра што сакав да кажам. Поздрав
оче наш кој си на небесата да се свети името твое да дојде царството твое да биде вољата твоја како на небото така и на земјата, лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши како што им ги простуваме и ние на нашите должници, и не воведувај не во искшение и избавине од лукавиот,зошто твое е царството и силата и славата во сите векови амин!помогни ми мили господе.
ВЕРУВАМ ! И во целост се согласувам со горенаведеното.Многу е полесно кога секогаш можеш да се потпреш на некого, да знаеш дека некој постојано те гледа и ќе ти помогне, да знаеш дека постои твој вечен пријател, придружник и спасител.
Дали постои Бог? Еден универзитетски професор го посетил старец Пајсиј и му рекол: „Старче, тешко ми е да поверувам дека Бог постои. Знаеш, јас сум образован човек, живеам на запад, и се што ти правиш и зборуваш, логички можам да го објаснам. На крајот на краиштата, можеби и постои некоја сила, но не можам да го прифатам тоа што ти го говориш за Христос и Светите Тајни.“ Старецот го слушал, и кратко рекол: „Поглупав си и од гуштер.“ Човекот се навредил од зборовите на старецот и почнал да приговара. Но, старецот бил упорен: „Вистина ти велам. Поглупав си и од гуштер и ќе ти го докажам тоа.“ Таму, во близина на старецот, живеел еден гуштер и тој го повикал. Животинчето притрчало кон него и тој побарал да каже дали Бог постои. Гуштерот застанал на две нозе и заклатил со главчето, како со тоа движење да давал потврден одговор. Научникот потполно се збунил и почнал да плаче. Старецот на тоа му рекол: „Дали сега гледаш дека си поглупав и од гуштер? Гуштерот знае дека Бог постои, а ти, кој имаш мозок, не сфаќаш дека Бог постои!“ Професорот длабоко потресен си отишол од ќелијата на старецот. Не сакам никој да ме разбере погрешно и да се навреди. Наведувам само еден пример кој ако не бил вистинит немало и да биде раскажуван токму и од тој човек кој барал одговор дали постои Бог.
Да,секако дека верувам во Господ, православна сум и сум крстена во црква како и секој друг православен христијанин. И навистина не можам да разберам кога некој ке речит немам најдено доказ за неговото постоење, затоа не верувам. Па нели според Библијата Исус вели дека кој ке му го отвори срцето тој ке се всели во него и дека за што и да го замолиш, ако е добро за тебе ке ти помогне. Јас еве лично сум се нашла во многу тешки ситуации и сум рекла Зошто Господи баш мене? но никогаш не сум изгубила доверба,заота што знам дека зад секое лошо се крие добро.А со тоа дека имам голема верба верувам затоа сум излегла од тие ситуации. И затоа верувам во Господ, па најмногу сакам кога се слави името Негово.А посебно ги сакам Божик и Велигден
Приказна за неродените близнаци Во мајчината утроба, сеуште неродени, разговараат близнаци. Едниот од нив е верник, а другиот не. Наверниот : Веруваш ли во живот после раѓањето? Верниот: Па секако! На сите им е јасно дека постои живот после раѓањето. Ние сме овде само за да станеме доволно силни и добро да се подготвиме за она што подоцна не чека. Неверниот: Па тоа е глупост! Никаков живот после раѓањето не постои, ниту пак може да постои! Можеш ли воопшто да замислиш како тој живот би можел да изгледа? Верниот: Не ги знам точно сите детали, но верувам дека таму ќе има повеќе светлина и дека, можеби, сами ќе одиме и со свои усти ќе јадеме. Неверниот: Каква бесмисленост! Нема шанси сами да одиме и со свои усти да јадеме. Тоа би било навистина смешно! Та ние имаме папочна врвка која не храни. Знаеш, би сакал да ти кажам нешто навистина сериозно: живот после раѓањето не може да постои и заради тоа што нашиот живот – папочната врвка – и без тоа е премногу краток. Верниот: А јас сум сигурен дека може и да постои. Само што се ќе биде малку подруго од сега. Јас тоа навистина можам да го замислам. Неверниот: Но, никој не се вратил од таму! Животот, едноставно, се завршува со раѓањето. И воопшто, живот – тоа е само огромно страдање во темница. Верниот: Не и не! Навистина не се сложувам со тебе. Не знам точно како ќе изгледа нашиот живот после раѓањето, но во секој случај, знам дека ќе ја видиме мама и таа ќе се погрижи за нас. Неверниот: Мама? Зарем навистина веруваш во мама? Па каде, воопшто, се наоѓа таа? Верниот: Таа е насекаде и во се’ околу нас. Ние пребиваме во неа и благодарејќи на неа се движиме и живееме. Без неа, ние, едноставно, не можеме да постоиме. Неверниот: Е, тоа е навистина апсолутна бесмисленост! Јас не сум видел никаква мама и затоа очигледно е дека таа едноставно и не постои. Верниот: Никако не можам да се сложам со тоа. Јас, понекогаш, кога се’ наоколу ќе се стиши, ја слушам како пее и чувствувам како го набљудува овој наш свет. Силно верувам дека нашиот вистински живот ќе започне после раѓањето. А ти? На прв поглед едноставна и разбирлива, но сепак со длабоко суштинско значење. Навистина дали постои Бог и живот по смртта??????
Верување,односот на црквата кон христијанството Простете што ќе бидам контрадикторна и за многу офф топик ( а пред се не сакам некој да навредам), ама никако не можам да го разберам тоа, верувам, ама не верувам . Ако си определен да веруваш, тоа значи дека веруваш во се од таа религија, а доколку не си определен, тоа значи дека не веруваш потполно во се. Значи ако тоа постои, простете, ама работава излегува дека таа личност не верува во таа религаја за која што зборува, значи не може да се служи на двајца господари. И пред се која е целта да се извршуваат некои работи од таа религија, а најважното, да се оди во храм, да се пее за здравје, за слава, кои претставуваат и се најнеопходните работи, пред се темел на таа вера кои треба да се почитуваат и слават, тоа не се прави . Меѓутоа секој си верува во она што сака да си верува, а тоа е индивидуално. Ова разберете го како прашање на кое му е потребен одговор од ваша страна, а и совет од моја страна. Исто, доколку некој меѓудругото сака да даде реплика на некое мислење, мислам дека би било неопходно убаво да се прочита и препрточита текстот и да се разбере вистинската смисла на тоа мислење, а дури потоа да се изложи сопственото мислење ( зашто некој може да се навреди од тоа мислење што следува, а не била таа целта на мислењето претходно). Поздрав и повторно без навреда, овде сме да се дружиме, иако понекогаш мислењата ни се сосем и во крајност спротивни .