1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.523 глас(а)
    75,6%
  2. Не сум сигурна

    178 глас(а)
    8,8%
  3. Не, не верувам

    313 глас(а)
    15,5%
  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.236
    Допаѓања:
    15.059
    Од тоа што читав, парите за да имаат благослов треба да бидат чесно заработени, во спротивно ако се плод на измама, носат немири, болести, лоша карма за поколенијата. Дали некој видел ваков пример во реален живот?
     
    На lovely girl M му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    925
    Пол:
    Женски
    Да да пресреќни се со толку кревко его и најмала увреда и игнор у депресија и очај ги фрла.
     
  3. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.028
    Допаѓања:
    11.587
    Пол:
    Женски
    Истражувањата тоа го покажуваат, провери си.
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.377
    Допаѓања:
    84.538
    Пол:
    Женски
    Да. Често страдале нивните потомци.
     
    На eliesaab и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.084
    Допаѓања:
    11.369
    Пол:
    Машки
    Во овој свет сите се грешници. Ние може да се сожалиме врз некој бездомник кој е дополнитлно е болен и од рак. Но дај му здравје, пари и моќ, и ќе добиеш можеби и полоша верзија од денешниве политичари и моќници.
    Сепак има одредени криминалци кои преку криминалот се збогатуваат и тоа Библијата јасно го кажала на неколку места. На пример псалмистот Асав вели:
    „Зашто им завидев на беззакониците, гледајќи ја благосостојбата на грешниците, бидејќи немаат маки до својата смрт, и телото им е задебелено; во маките човечки не учествуваат и со другите луѓе не страдаат.“

    Ама потоа Бог му открил зошто е така, Асаф сфаќа дека нивниот успех е привремен и дека на крајот ги чека пропаст:

    Сè додека не влегов во Божјото светилиште и не го разбрав нивниот крај. Да, на лизгаво место ги поставуваш и ги фрлаш во пропаст.“ (Псалм 73, Библијата)

    Истото го заклучил и страдалникот Јов. Истото го напишал и пророк Еремија (кој исто се мачел со ова прашање). Дури и во Новиот завет пишува:

    „А сите кои сакаат да живеат побожно во Христос Исус, ќе бидат прогонувани, додека злите луѓе и измамниците ќе напредуваат во злото, измамувајќи и бивајќи измамени“ (2 Тимотеј 3:12-13, Библијата)

    И токму тоа го гледаме денес, за краткорочна жал, а за долгорочна среќа :)

    Уф тешки прашања отвараш, ама ако, не си сама, сите нас (и верници и неверници) не мачат овие прашања.

    Зошто Бог не интервенирал кај Хитлер и педофилот? Најискрениот одговор е не знам :) Или: Затоа што Бог, во Неговата премудрост, Тој најдобро знае како, кога и спрема кого како да реагира. Библијата, а и останатата човекова историја, милиони пати покажала дека кога човекот мисли дека знае нешто подобро од Бог, на крајот „си каснал од газот“.

    Доколку Бог интервенирал кај Хитлер и некој педофил, тогаш некој друг човек со право би реагирал „Ама зошто Бог реагирал само кај овие двајца, а не кај оној од Прилеп што изврши убиство?“ Друг човек ќе рече: „А зошто Бог не го спречи овој што ми го украде точакот?“ Трет ќе реагира: „А зошто не ја спречи жена ми да ме изневери“? Четврт: Зошто дозволи цимерот да ме озбогува? Итн.
    И каде би требало Бог да ја постави границата за неговото интервенирање? Да интервенира само кај 100те најголеми гревови? Тоа ќе значи дека ги одобрува или минимизира останатите. Бог е свет и кога тој денес би одлучил да го уништи злото, Тој би требало да го уништи сето зло. Но ако го уништи сето зло, тогаш кој од нас би преживеал? Има ли безгрешен човек?
    Така што, колку и да звучи парадоксално, токму Божјата љубов кон човекот, го воздржува Неговото праведно интервенирање кон злото (грешниците). Дали тоа значи дека Бог вечно нема да интервенира? Не. Бог одредил време и начин на кој ќе интервенира и дел од тоа е откриено во Библијата.
    Затоа Исус во неколку од Неговите познати блажества ќе каже:

    Блажени се оние што плачат, зашто ќе се утешат!
    Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!
    Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат!
    Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
    Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога!
    Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!
    Блажени се прогонетите заради правда, зашто нивно е Царството Небесно!

    Исус тука алудира на тоа дека ќе дојде ден кога работите ќе бидат исправени и турени во ред. Ќе има точка пресвртница. Ќе има „дана за мегдана“. Непокајаните грешници ќе бидат уништени, а покајаните грешници ќе бидат меѓу овие блажениве. И до тој ден, час, и секунда, секој има шанса да се покае и да не ја наследи судбината на првите.
     
    На Elenpelen, pinklipstick, Dalena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    925
    Пол:
    Женски
    ??
    Буквално спротивно докажуваат истражувањата. Кај нарцисите негативни и тeшки емоции преовладуваат, срам, тага, страв, бес, гордост..и неможат да искочат од овој циклус на емоции.
     
  7. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.028
    Допаѓања:
    11.587
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos
    Не мора да ги уништи и не напишав да ги уништува, реков да ги спречи. На сите се однесува, не само на Хитлер и на некој педофил, но можеби семоќниот го мрзи.
    И ако сега наводно имаме слободна волја да правиме сешто бидејќи бог не се меша, дали тоа значи дека во божјото царство ќе немаме?

    Јас сметам дека луѓето се инхерентно добри, но поради искуства стануваат полоши, а христијаните веруваат дека човекот се раѓа грешен, со што не можам да се согласам.

    Во подобро расположение се и покажуваат пониски нивоа на стрес. А и чувство на среќа е секако минливо и може да биде прашање на одлука.
    Темата не е за среќа, ни за нарциси и макијавелисти, да сакав за тоа да зборувам, ќе бев во друг подфорум. Што треба, да се убедуваме дека овие се несреќни, а нивните жртви процветаа од среќа и радости.
     
  8. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    925
    Пол:
    Женски
    Не извртувај, ти спомна колку биле среќни и успевале таквите а дека во Библијата пишува дека не успеваат, па у суштина не успеваат само наизглед е тоа.
    Библијата има докажано многу факти долго пред науката да ги потврди.
    Па да, у фамилија имам нарциси и тврдам дека се несреќни за разлика од нив ја сум среќна.
     
  9. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.028
    Допаѓања:
    11.587
    Пол:
    Женски
    Ти извртуваш како што ти одговара, никаде не пишував за нарциси и за среќа пред да ги спомнеш. Цитирај каде прва ги спомнав? Тоа би значело одредување дијагнози од ракав, ако не ни се допаѓа што некој прави, не значи дека истиот е во мрачна тријада. Ова не ти е прв пат, и нa други теми на таа воденица ја вртиш водата. ‍‍
    Од твоиве муабети ќе испадне дека ако некој е несреќен спаѓа во мрачна тријада, а не е така.

    Не успеваат тие, важи, тој што е газен и угнетен поради начинот на кој што го уредиле општеството успеал.
     
    Последна измена: 2 јули 2026 во 11:01
  10. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    925
    Пол:
    Женски
    Криманлци спомна, они не се мрачна тријада?
     
  11. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.028
    Допаѓања:
    11.587
    Пол:
    Женски
    Па не се по дифолт. Некои се само алчни. Во партиите има многу такви. Мене не ми менува ништо кој од нив колку е среќен и не ме интересира, важното е дека уништија сè заради сопствена корист. Пишав за тоа во библијата што стои дека праведните напредуваат, а на злобните сопки на патот им поставувал бог. Не е точно.
     
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    4.420
    Постои и вакво објаснување: во божјото царство имавме слободна волја, затоа и си заминавме. Таму еден ден сите ќе се вратиме (апокатастасис), но слободата никој не ни ја одзема. Работата е што таму влезот е возможен само доколку битието е во единство со Божјата волја. Не во смисла дека има некој вратар кој ќе го проверува тоа како во бајките, туку во смисла дека сличностите се привлекуваат. Еден ден толку ќе се измориме од грешење што самите ќе го побараме божјото царство и самите ќе сакаме и ќе работиме на тоа за да се усогласиме со таа фреквенција. Симболично тоа е приказната за изгубениот син (во евангелието според Лука) кој по протратеното наследство јадејќи гнилеж меѓу свињите, решава покајнички да се врати дома па макар како слуга, но таму го дочекуваат радосно со голема гозба бидејќи го мислеле за мртов а се вратил жив.



    Шведскиот мистичар Емануел Сведенборг (18 век) во својата збирка визии „Небото и Пеколот„ известува за некој си пеколен дух кој посакал да го посети Небото. Тоа веднаш му било и овозможено, но поради неговата извитоперена перцепција, нему небесните градби и битија му изгледале одвратни а мирисот на небесните цвеќиња ги доживувал како да шират неподнослива реа. Љубезниот и вистинит говор на ангелите му звучел како гнасно лажење и клеветење. Почнал да лелека и молел да се врати во пеколот, затоа што само таму се чувствувал пеколно „среќен„ , па исто и тоа веднаш му било и овозможено.

    Или како вели народната, секоја птица кон своето јато лета.
     
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.084
    Допаѓања:
    11.369
    Пол:
    Машки
    Мистичар еј :D Е уште ова фалеше да го чујам денес. Што си по занимање? Јас бајач, а ти? Јас мистичар.. со завршено вишо мистично :D
     
    На daylight и pinklipstick им се допаѓа ова.
  14. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.028
    Допаѓања:
    11.587
    Пол:
    Женски
    И според ова објаснување, слободата на избор ќе мора да се укине и да се воспостави единствено божја волја, инаку може да се повтори душите да избегаат и да отпаднат и пак сè одново. Фактички, божјата волја ќе преземе контрола врз тебе, а она што било твоја волја некогаш, твоето резонирање - се поништува. Значи овој период додека "имаме избор" е бадијала.
    Тоа е, ако сакаш петка, мораш да научиш. Не дека ти се учи и волја ти е да учиш, ама приморан си за повисока оценка.
     
    Последна измена: 3 јули 2026 во 13:05
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    4.420
    Ова беше јако со вишо :rofl:

    Шега на страна, но таквите навистина се нарекуваат мистичари т.е. луѓе кои веруват дека преку длабока духовна практика, медитација или молитва можат да постигне директно, лично искуство на божественото, апсолутната вистина или натприродната реалност, надминувајќи ги границите на обичниот човечки овоземен разум, луѓе кои имале визии на божественото и небесните жители. Ги имало во сите култури религии и правци.
    Не е бадијала. Баш затоа слободата не се ни укинува. Таа е аспект Божји.
    Тоа е несоодветна споредба. Попрво може да се спореди со здравје. Ако сакаш џигерот да оздрави потребно е да престанеш да пиеш и јадеш повеќе салати. Не мораш, но требаш. Така и Божјите заповеди велат „ти треба/не треба„ а не велат мораш.
     
  16. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.028
    Допаѓања:
    11.587
    Пол:
    Женски
    Не е слобода, тоа е условување или изнуда. "Биди како мене, инаку не заслужуваш вечна благодaт."
    Исто како татко ти да те избркал од дома оти не му се допаѓа твоето однесување, а не разбира дека или тој згрешил во воспитувањето, или пак едноставно разлики се во прашање.
    Но, ти не веруваш како мејнстрим христијаните. Ти веруваш дека сами сме заминале по своја одлука и сами ќе се вратиме. Ама и тоа не објаснува зошто некое семоќно битие немо би набљудувало страдања, злодела, неправди? ‍Јас да jа имам моќта, ќе го спречам сето тоа, ќе ги заштитам сите. :l:
    Соодветна е бидејќи зборуваш за рабoта на себе, подобрување. А џигерот шо ќе ти е да го лекуваш, побрзо ќе го напуштиш затворов.
     
    Последна измена: 3 јули 2026 во 19:50
    На Tiktaalik му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Машки
    Кога би можеле ти или јас или било кој да постапиме вака или онака тоа е ставање во функција дека можеме да бидеме богови и дека знаеме повеќе од самиот креатор.

    Всушност ваков начин на размислување оди во спрега со моментот кога Ева избра од дрвото за познавање на добро и зло под наговорот на ѓаволот дека доколку вкусат од плодот ќе станат како богови.

    Инаку нема никакво изнудување и услов доколу сакаш да правиш добро и да си добра личност да добиеш бладодат и да наследиш вечност. На овај свет сите сме гости а секој гостин кога оди на гости негде има некаков куќен ред кој треба да се почитува па така е и со верувањето и следењето на Бог. На страшниот Христов суд ќе има луѓе што верувале и ги извршувале заповедите и такви што не верувале и живееле по свое. Каква одлука ќе донесе секој од нас зависи само од нас лично
     
  18. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.028
    Допаѓања:
    11.587
    Пол:
    Женски
    Bо измислената приказна, Адам и Ева се свесни за постоење на божеството, имаат директен контакт со него и сепак одлучуваат да не го послушаат.
    Со мене божество не комуницира и тврдам дека не постои. Најди друга паралела.
    Не постои таков ред. Има многу верници, за себе мислат дека се добри луѓе, а тоа подалеку од вистината не може да биде. Некои не веруваат, но се подобри личности.
     
  19. Tiktaalik

    Tiktaalik Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Машки
    Ова памфлетче таканаречено Божјите Отпечатоци, финансирано од твојата црква го нарекуваш книга? Па уште и двеста страни имало, хаха, со 16ка фонт и троен проред? Мала е македонија добро знаеме, кој сме и што сме. Па уште и научни докази дека бог постоел. Далеку е тоа од наука. Видов дека ти доделиле Нобелова награда за твојов „обемен“ труд од 200 страници. Ај честито. Да не беше ти, светов немаше да дознае дека вакви генијални научници сме имале во земјава.
    Ќе те побијам само математичка равенка, нула (колку што има научни докази за бог), поделено со = 10 на степен - газилион = 0. Толку за твојата весела математика.
    А зошто би бил принуден да верувам во „вера на случајност“? Кој тоа вели? Ти? Апсолутно не морам. ама баш во ништо такво не морам да верувам. Не морам да имам никакво мислење за тие теми, никој не ми ставил пиштол на чело па да морам да изберам. И да постои некаков си бог, пак твојот морал е субјективен. По дефиниција, сè што произлегува од умот на еден субјект (па дури и тој субјект да е бог), пак е субјективно. Зошто употребуваш релативен, место субјективен? Дихотомијата е објективен-субјективен. Си бил наводно атеист, кој те знае може си глумел атеист бидејќи не си разбрал што значи тоа. Не значи дека јас „верувам“ дека не постои бог, туку не верувам дека постои, а тоа ќе признаеш дека е огромна разлика. И да во некој случај усппееш да докажеш тоа што во памфлетчето тврдиш дека си докажал (а не си, кажав и претходно), со тоа си стигнал до некој си генерички или деистички бог. За твојот бог има 0 (читај и со букви, нула) докази. Или не знам, можеби е Один тој вистинскиот, или Сварог. Ако треба да бирам ќе ја одберам Аматерасу, преферирам божици место богови.

    П.С. кога веќе толку јавно го браниш тој совршен, објективен и апсолутен Божји морал кој наводно спречува се’ да стане релативно, имам едно многу едноставно прашање за тебе.
    Во Стариот завет, поточно во Втора книга Мојсеева / Излез 21:20-21, твојот Бог експлицитно дава закони за тоа како господарот смее да го тепа својот роб со стап, и вели дека ако робот преживее ден-два, господарот нема да биде казнет бидејќи робот е негов имот. Исто така, во Четврта книга Мојсеева / Броеви 31, твојот Бог лично заповеда да се убијат сите мажи, жени и деца од племето Мадијамци, а невините млади девојки да се задржат како воен плен.
    Ајде сега кажи ми, со твојата математичка логика:
    Дали ропството и масовното убивање деца тогаш биле објективно добро затоа што Бог така наредил?
    Ако денес ропството го сметаме за апсолутно зло, тоа значи ли дека Божјиот морал е релативен, па се сменил со текот на времето?
    Ако одговориш дека тоа било друго време и друг контекст, честитки. Штотуку призна дека моралот е еволутивен, општествен конструкт кој се менува со вековите, а не апсолутна космичка константа. Со сопствената теологија се забиваш во ѕидот.
     
    Последна измена: 5 јули 2026 во 14:52
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.