Па што ќе ти е да веруваш во господ ако од тебе (од луѓето зависи), он нели не се меша во ништо... Слобода да силуваат, да крадат, да оставаат пустош и уште сите сме биле виновни. Само семоќниот невин. И дали личности со психички пореметувања се вистински слободни во носењето одлуки? Или, еднаш во некоја од темите прашав за сомнабулист додека месечари дали има слободна волја и никој не ми одговори.
Не го нарекувам само јас книга, туку сите го нарекуваат книга, освен оние на кои им се ноќна мора таквите книги Уредник на таа книга е д-р Иван Грозданов, врбојан меѓу 2% нaјголеми научници во светот. (линк, линк, линк). И тоа од сите научници од 20 и 21 век Фонт Cambria, големина 11ка, проред 1.2 Затоа што ако нешто не е плански создадено, тогаш е случајно настанато. Ако не е случајно, тогаш е плански. Ако не е плански, тогаш е случајно. Тоа се взаемно исклучиви ставови/вистини.
Адам претерал викајќи и на Ева "what do you bring to the table blah blah blah" и затоа Ева му ја дала јаболката. Друго, некаде читав за ова со Адам и Ева, демек Адам имал пред неа друга жена, Лилит, па шо било како било незнам па си ја добил Ева, но подоцна ја изневерувал со Лилит и таа му родила деца демони ли шо биле.... И еве ви уште еден доказ оти мажите треба само за пари да ги сакаме и по можност и да ги храниме со "јаболки" оти друго и не заслужуваат. Кога можел еден Адам да ја изневерува девицава Ева создадена само за него и од него, шо останува за нас другиве. Ајт.
Оваа приказна со некаква Лилит жена на Адам, поттекнува од една сатирична еврејска книга од средниот век. Значи станува збор за сатира, хумор.
Ти благодарам на „исцрпниот“ одговор. Ко да си од Лаконија исто. Во твојата црква (да не дојде до забуна кај други што ќе читаат, член е на Евангелско-Методистичката Црква) Може вашите памфлетчиња да се нарекуваат книги. Мене мора? Хахахаха. Не, ваквите памфлетчиња ми се замена за вицеви. Урнебесно смешно ми е тоа. Не даде одговор како тоа од нула докази за твојот бог најде да споредуваш со 10 на - не_знам_си_колку. Голем фактор бе бившиов професор, што голем цацко има врска што бил во 2%? Де потсети ме која му беше специјалност? Изгледа најголема специјалност му е што припаѓате на истата црква. Класична лажна дихотомија. Срамота е професор по математика и физика, основна логика и логички грешки да не знае. спротивност на планско е непланско а не случајно. Случајности нема, не постојат. Се се одвива/ло по природни законитости. Поредокот е вграден во самата материја (иманентен поредок). Материјата сама по себе има својства да се организира според сопствените законитости. Тоа не е случајност. Напротив, тоа е строг детерминизам. Ако фрлиш камен, тој паѓа на земја. Тоа не е случајно. Гравитација, веројатно имаш слушнато.
Што голем фактор е тоа што е меѓу 2% најголемите научници во целиот свет? Не бе брат, ти си фактор. Твоите пишуванки тука на форумов се фактор. Кој која дрскост и безобразност ја имаш, не ми се верува еј. Ти, анонимус, кој според пишуванкиве тука не верувам да имаш ни докторат по некоја природна наука, ми даваш критика за книгата дека е „памфлетче“ и тресеш некои зелени критики. А уредникот на мојата книга, кој е проф. д-р, рангиран меѓу најдобрите научници во цел свет, го вели спротивното. Ок, форумов трпи се, па и тебе. Секој сам нека си одлучи кој и што ќе му биде фактор. И толку од мене со тебе. Кога ќе научиш основна култура во дискутирањето и ќе ја спуштиш малку таа детинеста ароганција, можеби пак ќе дискутираме. Секое добро.
Абе кој може со тебе позната фаца. Ти си бил факторот или тој излапениот професор. Да кога немаш аргументи, удри ад хоминем. Можеби немам докторат (патем го немаш ни ти). Затоа се криеш зад авторитет. Можеби твојот ментор е специјалист за неорганска хемија, а јас како скромен анонимус без докторати знам повеќе од физика и математика од вас двајцата заедно. Ти да си ги вратиш слободно дипломите од кај што си ги зел. Јас тебе по физика ни единица не би ти дал. А се знае, србите викаат, бежанија није никад плакала.