Ти што зборуваш поима немаш од религија, а тука бајрактарка на секое. Верниците одат со концепт дека е грешно човештвото но не за да пати туку за да се покае и добие прошка и милост за грешките. Простувањето ама искреното прво себеси па на ближните и околните е највисок степен на добрината и со милосрдието, милоста...се едни од врвните христијански доблести. Не е нарцис и никого не ставил на тест, баш напротив ни дал слободна воља на избор до степен да имаш избор го фермаш или не... Но види колку е човекољубив и на тие што му свртеле грб или не веруваат им дава насоки и знаци. Постои не конкретно како одреден Бог но постои... Слабо со литературата на Јунг. Дете си пишала и само да живее на пусто острово без влијание на возрасни и прикаски како шо ги велиш прво да нема да верува јер дете, но потоа ќе си создаде свој вредносен систем на вера и верба. ... На темава верувам во креаторска боженствена сила. Како се викал и кој бил конкретно не сум толку опседната и фокусирана да му ја мислам.
Зошто го скрати прашањето од цитатот? Можеше ти да одговориш ако другар ти не сака (и двајцата другари со дуплите). Не сум бајрактар тука, а ниту имам желба да бидам, еднаш во неколку месеци коментирам. Ајде да видиме колку вие знаете од религија и половично ја претставувате. Не ви гласи тој концепт вам дека е грешно за да пати, туку дека пати затоа што е грешно. Во христијанската религија, богот фрлил проклетство врз земјата поради гревовите на луѓето, пред сè, првобитниот грев, па и животните требало да се мачат оти Адам и Ева јаделе јаболко, сиот жив свет поради нив се распаѓа. Ако не знаете, научете што ви пишува во библијата: Спојлер Битие 3 16 А на жената ѝ рече: „Ќе ти ги умножам многу маките на твојата бременост, во маки ќе ги раѓаш децата. Твојот копнеж ќе биде кон мажот твој, а тој ќе владее над тебе.“ 17 А на човекот му рече: „Затоа што го послуша гласот на својата жена, та јадеше од дрвото за кое ти заповедав велејќи: ‘Не ќе јадеш од него!’ Земјата ќе е проклета заради тебе: во мака ќе се храниш од неа сите денови на својот живот! 18 Ќе ти раѓа трње и троскот, а ти ќе јадеш полски растенија. 19 Со пот на своето лице ќе јадеш леб, додека не се вратиш во земјата, зашто од неа беше земен - прав си, и во прав ќе се вратиш.“ Истерување од Рајот 20 Човекот ѝ го даде името Ева на својата жена, зашто таа стана мајка на сите живи. 21 И Господ, им направи облеки од кожи на човекот и на неговата жена, и ги облече. 22 И Господ, Бог, рече: „Еве, човекот стана како еден од Нас, знаејќи го доброто и злото. Да не ја испружи сега раката, и да набере од дрвото на животот па да јаде и да живее вечно!“ 23 Затоа Господ, Бог, го испрати надвор од Еденската Градина, за да ја обработува земјата, од која е и земен. 24 И го истера човекот; и насели источно од Еденската Градина, херувими со пламенен меч, кој се вртеше околу, за да го штитат патот, кон дрвото на животот. Еремија 12:4: До кога ќе тагува земјата, до кога ќе се суши тревата по сето поле? Заради нечесноста на нејзините жители пцовисуваат добитокот и птиците! Зашто зборуваат: „Господ не ги гледа нашите патишта.“ Осија 4:1-3: Чујте го Господовото слово, Израелеви синови, зашто Господ спори со жителите на земјата. Нема веќе верност, нема милост, нема познавање Божјо на земјата, туку проклетство и лага, убивање и кражба, прељуба и насилство, една крв ја стигнува другата. Затоа земјата ќе тагува и ќе гинат сите нејзини жители со полските ѕверови и со небесните птици, та ќе гинат и рибите во морето. Исаија 24 3 Земјата ќе биде запустена, сосем ограбена, зашто Господ одлучи. 4 Земјата тажи, венее, светот гине, згаснува, небото пропаѓа со земјата. 5 Земјата е онечистена под своите жители, зашто го престапија Законот, ја изгазија одредбата, го нарушија вечниот Завет. 6 Затоа проклетството ја проголтува земјата, нејзините жители се виновни. Затоа се изгорени земните жители и малку луѓе останаа. Море едно набивање вина, понатаму требало да се молиме и каеме заради туѓите гревови/"гревови" некој што ги сторил, па тоа постење, прошка барање, за што, за сè по старо да си тера илјадници години. Нема да верувам во овие глупости, ниту ќе толерирам да ми ги пропагираат. А ако вам ви се чини полесно да грешите, па да се молите и извинувате, терајте. Другар ти рече дека постои како бог, без потреба мене ми контрираш. Tи си слушнала за HADD? Ако грмушката мрдне, може да има предатор таму, не значи дека е ветрот. За да се опстане, побезбедно било да се размислува во насока дека тоа некој го прави.
Да не биде дека ги напаѓам атеистите и останатите, напротив, имам големо разбирање за сите бидејќи и и јас сум трагал и сеуште трагам по вистината, но некои работи не се објаснуваат со логика. Знам примери каде што на болен човек му се сонил светец да изгради црква, и на тоа место наоѓаат некоја си многу стара црква од времето. Сум слушал за 3 вакви примери од кој што едниот е 100% вистинит...Како би го објасниле ова?