Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.484 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Верување,односот на црквата кон христијанството

    И јас не сум за расправии тука, ми се допаѓа твојот пристап Серафима, ти се восхитувам на вербата, би сакала можеби да сум така непоколеблива , но...
    Jesus said... the Kingdom of God is inside you, and all around you, not in mansions of wood and stone. Split a piece of wood... and I am there, lift a stone... and you will find me.
    Јас се водам по ова.
    Тоа е за мене вистинското сфаќање на религијата како што ја чувствувам.
    Инаку, ретко одам во црква, помалку од 2 пати годишно.
    Крстена сум во манастир и тоа ми е убав спомен, ама во манастир уџум, во дивина, воден од испосници. :)
    Убаво ми е за време на празници како Бадник, Божиќ и Велигден, си ги сакам обичаите, но не постам никогаш, не се имам причестено, некои работи ми изгледаат сосем глупави и непотребни (без навреда).

    Се обидувам да живеам живот без да наштетам некому и да спијам мирно навечер, без грижа на совест...колку што е тоа можно во денешниот свет. :)
    Поздрав :)
     
    На FortuneTeller.xD, TeddyGrey, teddybear и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Верување,односот на црквата кон христијанството

    Мила Трендафилка, не сакам да се почувствуваш повредена од моето мислење, ти се извинувам од срце :) . Убава мисла те води во животот, а пред се точна. Не знам како ќе ме разбереш, но светите отци (светителите) викаат, човекот и неговото православно семејство се Црква во малечок вид. Имаш прекрасен спомен од твојата крштевка и мислам дека треба да бидеш радосна (не горделива, зашто гордоста е грев) за тој чин, бидејќи го носиш во срцето како премногу драг спомен. Твоето искрено празнување на празниците ме доведува до заклучок дека имаш големо срце и прекрасна душа. Продолжи на тој начин да живееш и секогаш да ти биде чиста совеста, зашто таа е нашето светло во душата.
    Поздрав и се надевам дека еден ден Господ ќе ти помогне да разбереш многу работи, да се удостоиш како христијанака да се причестиш, а најмногу тогаш верувај ми ќе го почуствуваш Неговото присуство во себе. Причесната го претставува Телото и Крвта Господова, пролеана за нас, за оние кои го сакаат и тогаш ќе видиш дека не се тоа некои излишни или непотребни работи. Убаво е човек да знае во што верува, потруди се да дознаеш и научиш од тие работи и на тој начин ќе ти се разјаснат многу неразбирливи работи.
    Искрен поздрав :) :) :) , ова нека биде мојата честитка во новата 2011 година :inlove: .
     
    На teddybear и Trendafilka им се допаѓа ова.
  3. twisterworp

    twisterworp Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    19
    koj e kako GOSPOD mojata sila mojot kamen mojata karpa i moeto pribreziste?
    GOSPOD mi e naslon i senka od zeskoto sonce
    ljubov koga ja nemam
    dobrina i milost vrnat nad mene od NEGO
    da mu se sveti imeto zasekogas
    tolku mi dade kolku so ne zasluzvam mi dade
    imam sila kaj so ja nemav
    mi se cini deka mozam planina da pomestam fizicki :D
    mi se cini deka mozam da letnam
    custvoto e dobrina ljubov sila vistina pravda oprostaj
    ne se opisva
    od tamu od kaj so sum izvaen jas mn od vas ne se i ne znajte deka postoel
    epa jas ke vi kazam deka postoi
    i to postoi ne postoi mene mi e pominata rabota
    za mene TOJ e vistina
    jas isto ke vi kazam deka pola od vas ako procitat biblija i ja svatat ke mu se smeni zivotot
    ama za zal znajme site kako e
    mladite se drogirat bezumni se
    ne mislat na nisto
    jas znam edno nesto za naseto zlo vrz svetot i to so go napraivme ke ni padni nad glava
    cekajte i ke vidite i togas ke se setite na ovie zborovi
    zemjotresi buri to ne se nisto
    tolku mi e zal nekogas za lugeto deka se mrtvi
    samo od faktot deka ne znaat koj e ISUS sinot bozji
    koj e GOSPOD
    so veli GOSPOD i kako se spravuva so gresnici
    i ne zboram za crkvata zboram samo za biblijata kako izvor
    denesnicata ne znaat so e loso poveke ne se razlikuva poveke
    ama ako ke go baraat NEGO vo denot koga se ke padni nad nas
    lugeto naucija dve tri raboti so naukata i se se vozgordeaa i velat ne ni treba BOG
    mali luge uste ne svajkate kolku vi e lazno krevanjeto i gordeljubivosta
    GOSPOD ke gi padni visokite pogledi i gordoto i zlobnoto srce
    jas iskreno ne vervam vo laznite teorii kako evolucija niti big beng
    lugeto sakaat da go smenat NEGO so gi napravil i so gi saka
    ke go dobijat posakuvanoto cekaj i ke vidis
    ke bidat vo mesto otseceni bez BOG
    AMIN! GOSPOD NA SITE DOBRO DA NI DADE

    [mod-kirilica:3jbvvrfy][/mod-kirilica:3jbvvrfy]
     
  4. cvekje13

    cvekje13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    34
    Не верувам во Господ и мислам дека тоа е само уште една измислица од луѓето.Црквата само се збогатува од луѓето кои сеуште веруваат во тие приказни за мали деца...
     
  5. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Да,верувам :)

    Само еднаш ( и никогаш повеќе ) сум се посомневала во постоењето на Господ :)
    Ќе ја напишам случката зошто се посомневав и кој и како ми помогна да сфатам дека Господ постои :)

    Имавме час Биологија и наставникот кажуваше како настанал човекот.Ни ги кажуваше разликите и сличностите на мајмунот и човекот.Се покажуваше дека ние,луѓето сме настанати од мајмун.
    Ѕвонеше.Наставникот се спреми да појде,а јас го прашав дали свештените лица навистина веруваат во постоењето на Господ или веруваат само затоа што така ги учи нивната професија.Тој ми одговори дека тој има зборувано со некое свештено лице и дискутирале за настанокот на човекот и дека тој му ги изнесол фактите за настанување на човекот од мајмун а неговиот соговорник си останал на своето верување дека сме настанати од Господ.

    Тука застанувам.Поверував ( да се изразам така ) во очигледните факти и мудро заклучив дека Господ е измислица т.е не постои.

    Бевме во село и ја започнав оваа тема.Му го кажав мислењето на наставникот на татко ми и го прашав зошто веруваме во Господ кога нити сме го виделе нити чуле.Никогаш нема да ги заборавам зборовите на татко ми:

    ''Не го сфаќам тоа твое размислување.Биологијата,Хемијата,Физиката,Математиката се науки - се е размозгано,видено,докажано .. но не и вербата,вербата не е наука - нашите срца одлучуваат дали ќе веруваат.Не ти требаат докази за тоа дали Господ постои или не,ти веруваш во тоа!Да веруваш и да знаеш не е исто.Ти знаеш дека си настанал од мајмун,но,веруваш во Господ и неговите дела и добрини!
    А,кога веруваш - воопшто не ти се потребни докази!''

    Оттогаш наваму - никогаш не сум се посомневала по постоењето на Господ.Се засрамив поради моето размислување.Размислив,колку пати сум се помолила за некои ситни работи кои мене во тој момент ми биле важни и колку пати истите ми се исполниле.
     
    На macysh и lovely91 им се допаѓа ова.
  6. chica.bomb

    chica.bomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    37
    ДА, ВЕРУВАМ.
    Не го гледаме, ни го слушаме, нема доказ дека постои, но самата ВЕРБА е доволен доказ за вистинитоста на неговото постоење.
     
  7. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Многу атеисти на форумов, според анкетата... :^)
    Како и да е, се сместувам во групата на верници. Религијата те ограничува - да, тргнувајќи од почитувањето на божјите заповеди, но знае да биде и многу утешителна. Кога и да имам кошмари или да сонувам луѓе кои веќе се починати, одам во црква да запалам свеќа и веднаш се чувствувам смирено. Кога можам постам и се причестувам. А некогаш кога сум гневна, невозна и растревожена, одам во црква и таму како целата моја негативна енергија едноставно да исчезнува.

    За тоа дали постои Господ или не - не би навлегувала во дискусии, но јас сакам да верувам дека постои. Точно е дека нема докази за неговото постоење, но затоа велиме дека „веруваме“, а не „знаеме“ дека постои.
     
  8. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    па да верувам во господ.одам на црква палам свеќи се помолувам и мислам дека веднаш се осеќам некако смирена и никогаш не сум се посомневала во неговото постоење
     
  9. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Верувам но не толку многу.. Ајде земи ти умирај од некоја неизлечлива болест и моли се на Господ да ти помогне... Ако не идеш на доктор не ти помагаат молитви
     
  10. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Јас силно верувам во Господ и често,кога ми треба нешто,го замолувам да ми се исполни.Доколку ситуацијата излезе на добро,верувам дека тоа е затоа што сум му се помолила,а ако нешто не е добро,се каам што за тоа нешто не сум му се обратила. :)
     
  11. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60
    Верувам во Господ, во неговата сила и мудрост, не знам за друг пат, освен за вистинскиот.
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Не знам колку сум компетентна за да го кажам моето мислење на ваква дискутабилна тема, со оглед на моите години, но сепак сакам да го споделам. Имам некои познавања, бидејќи на училиште имавме ваков предмет (запознавање со религијата), а и се интересирам.
    Јас лично верувам во Господ, а оние прашања од типот "Го имаш ли видено за да веруваш?" , сметам дека треба да се избегнат, затоа што тоа е едноставно вера, за која секој има свое мислење.
    Не ги подржувам оние луѓе кои немаат конкретен стаф и еднаш во годината кога им е тешко ќе се помолат, а потоа никому ништо.
    Немам никакви предрасуди за луѓето кои не го делат истото мислење со мене. Уште на самиот почеток се отвара едно прашање -Зошто Господ со големо "г"? Но сепак .. тоа само ти го наметнува тоа :D .
    Велат дека и на ѓаволот за да му успее маѓијата еднаш ја кажува "Оче наш" ;) :D .
     
  13. Flow

    Flow Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    20
    Велат дека вистински верници се оние на кои не им е потребно да го видат за да се убедени во неговото постоење.
    Верба во Бог, исто како верба во вселената, како верба во лојалноста на моето куче/маче/змија/хрчак/риба/наведи друго домашно милениче, исто како верувањето дека ако ставам клуч во брава, вратата ќе се отвори, или дека ако се најдам на сред улица со намера, голема е веројатноста да ме прегази кола.
    Верба, исто како што верувам дека преферирам чоколадо пред ванила или ракија пред вино. That simple.
    On topic, верувам.
     
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Длабоко верувам во постењето на Бога, секојдневно се молам да биде неговата волја, бидејќи тој ќе го одбере најдоброто за мене...Се срамам кога не ги исполнувам неговите очекувања и грешам во врска со заповедите, но се каам и знам дека ќе ми биде простено, бидејќи Бог е љубов во најчист облик!!!
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Да, верувам во Господ затоа што ТОЈ ми даде неколкупати шанса да се вратам на земјата, наместо да ме земе и да ме однесе кај ангелите, и пред да легнам секоја ноќ и се молам на иконата мајка Богородица со Исус Христос, и кога ми е тешко знам да отидам и да запалам свеќа в црква за здравје за мене и за моите најблиски.

    Дури и на тие што ми згрешиле и најмногу ме повредиле им простив, бидејки сум само обичен смртник како и сите останати , и не сум јас таа која треба да судам човечки е да се греши но и човечки е и да се простува.
     
  16. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Да, верувам во Бог..и мислам дека самата верба во него всушност поттикнува верба во себе ,верба во луѓето .Верувањето е надеж,а надежта може да го води човек кон подобро.....
     
  17. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Ti go postuvam videovo :D
     
  18. Symona

    Symona Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Дали е до мене ? или пак јас видов само едно деформирано или фотошопирано уво ?? :worried:
     
  19. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54
     
  20. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Не верувам... За сите „натприродни“ појави сметам дека има логично и научно објаснување, кое може едноставно во моментот да не го разбираме, како што на времето луѓето громовите, дождот и други појави ги сметале за „божествени“.
     
    На black-angel, Careless и Idiotka90 им се допаѓа ова.