Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.484 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. bubuu

    bubuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    4
    Верувам во господ, не сум несо ептен внесена и побожна ама сепак верувам ... Има многу работи според кои треба да се верува во господ , барем јас така мислам ...
     
  2. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Не верувам... Ако верувам во Господ би верувала и во Дедо Мраз, и за едниот и за другиот се што е кажано е приказна, па ако верувам тогаш да верувам во сите, не само во една. Луѓето верувале во Господ и во други натприродни работи бидејќи немале научно објаснување, а денес науката е толку напредна
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Да верувам...и не е дека нема докази..има..се е толку совршено направено и светот, галаксиите планетите...си имаат своја орбита , ако малце излезат знаете ли какви катастрофи ке има...а и човечкиот органирам сите процеси се поврзани и се е совршено нема шанси тоа да е случајно...
     
  4. FrozenYogurt

    FrozenYogurt Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Ne veruvam vo gospod.
    Poveketo od nas se krsteni vo pravoslavna crkva i na nekoj nacin religijata ni e nametnata. No kako rasteme sekoj ima pravo da go razviva mozokot na svoj nacin. Jas odbrav da ja sledam logikata i naukata. I veruvam vo toa.
    Nemozam da veruvam vo nesto sto ne e logicno i neobjasneto. Za se probuvam da dobijam odgovor.

    "Veruvam deka zemjata e nastanata po pat na evolucija vo rok od okolu 4 ipol bilioni godini, a ne po necij dizajn za 6 dena" - Ricky Gervais
     
    На black-angel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    74
    кратко и јасно - ДА, јас ВЕРУВАМ во Господ !
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  6. machorka

    machorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    58
    По убедување сум атеист,значи не верувам во богови,и сметам дека Господ не го создал човекот,напротив,човекот го создал Господ,т.е го измислил за да си ги објасни појавите кои во тоа време биле непознати.Реално,не постои ниту еден научен доказ кој го потврдува постоењето на било каков Бог...Се согласувам со Маркс кој кажал дека религијата е опиум за народот,односно моќна алатка за манипулација на народните маси и сметам дека светот би бил многу поубаво место за живеење без религиите.Секако, тоа е само мое мислење
     
    На black-angel му/ѝ се допаѓа ова.
  7. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Верувам во Господ.
    Што и да прочитам, какво и објаснување некој да ми даде дека не постои, џабе е.
    Логично објаснување постои за одредени ствари, не за сите. Има многу работи кои не се објаснуваат со логика.
     
  8. mouse

    mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски
    ДА, Верувам во Господ!
     
  9. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    93
    Баш така. Ниту Питу Гули не сме го виделе...а ете веруваме дека постоел. Нели?
     
  10. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Верувам во Господ многу. Мислам дека се што ни се случува ни се случува со некоја посебна причина, поврзана со Господ.
     
  11. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Верник сум и верувам дека постои господ. За се лошо што ми се случило во животот, излегло дека е за нешто добро кога сум се помолила. Исто знам да кажам им фала ти господи што ме спаси и најде време за мене.
     
    На anima и Lacrimosa им се допаѓа ова.
  12. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Силата постои и кога не се гледа…

    Светиот владика Николај Велимировиќ беше голем пријател со Никола Тесла во Америка. Се нарекуваа имењаци. Го повика Никола Тесла Николај да го посети во својата лабараторија.
    Го пречека убаво – штом ја отвори вратата, некакви илјадници тркала ги пушти во движење.
    - Боже, имењаку, што направи? Каква е таа сила? – го праша Николај.
    - Имењаче, ти си образован човек, најверојатно знаеш што е тоа? – одговори Тесла.
    - Што е тоа?
    - Струја, имењаку!
    - Бидејќи си толку голем стручњак за струја, кажи ми дали твојата наука ќе открие начин таа сила на струјата да се види со голо око?
    - Никогаш – рече Тесла – додека е светов и веков.
    - Па зошто тогаш народот бара да Го види Бога?
    Силата постои и кога не се гледа – возврати Николај.
     

    Прикачени фајлови:

    На Bright и Srekicka им се допаѓа ова.
  13. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.178
    Допаѓања:
    83.887
    Пол:
    Женски
    секако дека верувам во господ тој е тука да не чува сите без разлика кој колку верува
     
  14. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Не сум сигурна. Понекогаш си мислам дека имам верувано во Бог бидејќи едноставно треба да се верува како некое непишано правило. Сега верувам во докази па не сум сигурна ова е многу комплицирана тема за мене навистина не знам.
     
  15. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    јас верувам во бог и библијата и одам во протестантска црква а не во обичаи и православни работи....
     
  16. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Да, верувам во господ и верувам во карма
    се се врака се се плака
    Кој нема ја гледано серијата My name is Earl обавезно да ја гледа, таму е многу убаво на комичен начин претставено дејството на кармата. :)
     
  17. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    хахаха за Питу Гули имаме историски докази
     
    На machorka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DeVoJkaTa999

    DeVoJkaTa999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    33
    Или веруваш или НЕ. Нема повеќе внесен/а нема помалку внесен/а.
    Јас лично Верувам во Бог. Никој до сеа ама баш никој атеист не успеал да го побие доказите што постојат за вистинитоста на Библијата единсвена книга која сведочи за Бог и која што е напишана од Бог.
    Може ќе се запрашате па КАКО верувам ? Едноставно со мојот живот (постапките,мислите,зброовите,надежта,мирот,радоста, пред се љубовта) сведочат дека јас верувам во Бог.
    Доколку вашиот живот не го покажува тоа дека вие имате надеж во Бог едноставно не верувате.
    (Еден краток прост пример: Доколку дојде проблем и прво нешто ако веруваш во Бог е да се молиш тој да го реши проблемот. НО да ВЕРУВАШ значи да не се секираш и да си 100% сигурна дека се ќе испадне за/на добро.)
     
  19. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Veruvam vo Gospod. zasto Gospod e semoken toj ja menuva nokta i denot, bez nego nisto ne se moze, toj ne donel na ovoj svet toj ni vdahnal dusa i kako moze da ne veruvame zarem treba da go vidime za da ne veruvame?? sekako deka ne i da sakame da go vidime ne mozeme a zasto? zatoa sto na nego ne mu prilega na negovata visocina golemina da bi se ramnel so lugjeto da se pojavuva, toj ne umrtvuva i ne ozivuva nie koga spieme vo noknite i denski casovi. nekoj ke kaze majka priroda haha smesno neli? ne toa e Mokta na sevisniot bog. na sevisniot bog ne mu prilega da ima nekoj pokraj nego, sekako ima angeli cuvari koj po negova zapoved oni si gi vrsat rabotite negovi. Pozdrav :)

    [mod-kirilica:2vgp44h7][/mod-kirilica:2vgp44h7]
     
    На Anely му/ѝ се допаѓа ова.
  20. swanprincess

    swanprincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    Да верувам. За мене господ е сила, енергија. Енергија од којашто настанал универзумот од којашто сме настанале сите ние, па според тоа тој е во нас и насекаде околу нас.