секако дека верувам постојано него му се молам кога нешто ми е не во ред бидејќи за некој работи само тој може да ми помогне
Ма јок во што да верувам? Во новокомпонирани религии поточно превземени од старите Еѓипјани? ПА тие биле барем иновативни! За ваша информација денешната библија е создадена од римски владател кој сам ги бирал евангелијата за да го покори народот!Религијата е фарса за да се исперат пари
Кои се тие новокомпонирани религии превземени од старите Египјани? А која е таа денешна библија создадена,а и кој римски император ја создал?Религијата не е нешто ново.
Девојко ја сум археолог и веруј ми имам такви предмети што ни докажуваат дека религијата е само превземена и се модифицира за различни генерации со различни лица и имиња...ако не те мрзи прогуглај за Египетската митологија и спореди...патем ке најдеш уште милион после нејзе предходници на Исус,Мојсес и др само до една до две сменети букви во името...кој беше точно не ме фаќај за збор моментално и не ми текнува.......да стара е околу 2.000 години....Египетска е 3.500 годнини стара па ти сеа види кој од кој превземал и што
Ја знам Египетската митологија не од Гугл,имало повеќе религии, не само вавилонска, египетска, римска,грчка.Сосема е различна египетската религија,патем римската или било која.Христијанството апсолутно нема никаква врска со египетска,римска,грчка,која било религија т.е. паганство.Да, интересна е археологијата, меѓутоа треба не само на овие простори или територијата на денешен Египет,туку и во Италија,да се види што пронајдоци има.Јас те прашав бидејки првпат слушам вакво нешто, кој римски император ја создал бидејки ти кажа, па мислев ќе ми кажеш,затоа што јас знам дека ниеден римски император, Калигула, Нерон, Октавијан или било кој друг дека ја создал библијата,јас такво нешто немам сретнато,а нити научнициве нешто потврдиле.Според мене, христијанството не е преземено од било која митологија,затоа што сосема различни верувања, обичаи, ритуали имало во старите религии или митологии како сакаш.
Мислам дека господ сепак не постои. Затоа што ние се раѓаме овде на оваа планета, ние сме нашите богови. Ние бираме по кој пат ќе тргнеме. Сите патишта се исти, нема добар или лош пат. Едноставно тргни по кој и да е пат со мислата нели дека ти си Бог и ти одредуваш се за твојот живот. Нормално ќе има препреќи, но треба да се научиме да веруваме во себе а не во некој дедо со бела брада кој не создал и одозгора ни пишува судбина. По патот не треба да останеме кукавици. Треба за секој проблем, препрека да се избориме и на крај нели да го оствареме замисленото. Едноставно верувај во што сакаш меѓутоа важно е да се држиш строго кон остварување на твоите желби така ќе бидеш среќна
Господ е Љубов, секој што ја осетил барем малку свесен е дека Господ постои, Господ е живот се што живее сведочи дека Бог постои!
Верувам во Господ и тоа многу никогаш нема да ми се промени мислењето тој е бил и ќе остане еден и единствен во кој ќе верувам
За мене важи следново: Само во Господ верувам, а другите ги проверувам. Во Господ верувам затоа што тој е секогаш тука да ги слушне моите молитви, да ме исправи на правиот пат и да ме казни кога грешам. Тоа е моето мислење и не би сакала повеќе да образложувам некако премногу ми се лични причините поради кои верувам за да ги споделам, знам само дека тој е секогаш со мене.
ВЕРУВАМ!!! Ми помогна во нејтешкиот период од мојот живот,и ме избави на вистинскиот пат кога бев на раскрсница во мојот живот...И СЕКОГАШ Е СО МЕНЕ,И МЕ ЧУВА!В Е Р У В А М!