Верувам секако . А зашто незнам.. Едноставно, христијанка сум која не бара причини и верувам во Господ
nema veze toa ne mora da si hrisijtanka ili bilo koja vera,za da veruvame,vo boga.pred se treba covekot da e dobar vernik za da veruva,bo boga sekako deka gospod,postoj i nisto bez nego ne moze da projde,ili da zastane,sve se odviva,vo negovi race,i toj upravuva so cel univerzium,znate duri list od drvo,ne paga bez bog da kaze,ili nisto ne se pravi i ne moze da se napravi,se dodeka Gospod,ne kaze bidi toa bidnuva,mislam jas licno vaka veruva, i ne sumljam nikogas ili losa misla da mi dojde,da se prasuvam ?dali ima bog dali postoj,ili da go opisuvam, Nedaj Boze nikogas.
не верувам во она што никогаш не сум го видела, неверник сум и да, бог сум - божица де. бог не живее во црква, бог живее во мене, во тебе. сами сме виновни за се околу нас, за своите неисполнети или исполнети желби, за својата среќа или несреќа. бог не ми купил ништо, не ми донел автомобил ниту како играчка, не ми дал добитен лоз бинго, ниту пак ми ја донел среќата. уствари ова беше дедо мраз. бог - оној горе не дал здравје, не ми ги остави крај себе личностите кои ги сакам кога го молев. ми ги зема. исто како што и оние други богови, следбеници на бог - поповите земаат евра и евра за секој погреб на блиските и возат после џипчиња. ете така, а ако постои бог - горе, сигурно ме сака и сигурно ќе ми прости за зборовиве, но други нема.
Верувам дека постои некоја надприродна сила, за која ние мислиме дека е Господ Бог. Неможам слепо да верувам во предмет или личност која никогаш не сум ја видела, или едноставно незнам како изгледа. Значи верувам но не слепо.
Верувам во Господ и тоа многу. Често одам во црква, палам свеќи за мене и моето семејство и оставам зејтин. Постам секој петок за здравје
Хм, повеќе сум настремена кон научната страна отколку бабини приказни пренесувани и преувеличувани со векови. Како човечки суштества склони сме да бараме доказ за се`, науката колку-толку ни нуди некакви логични докази, но религијата? Јас лично, верувањето повеќе го сфаќам како страв втеран од постарите и конзервативни личности, дека ако не веруваме ќе не стигне некоја Божја казна, а ако веруваме демек ќе не награди. Всушност, сите Божји чуда доаѓаат од самата наша психа, ако веруваме дека можеме, ние можеме и обратно. Ова со Господ повеќе ни доаѓа како морална поддршка, демек има некој кој е со нас во тие моменти. Кога станува збор за религијата, адетите и верувањата, човекот е лукав и алчен, а Бог е резултат на тоа. Ние како луѓе, не сме доволно јаки за ние да би поставиле некои правила па се ваѓаме на сметка на нешто вишо и непознато. Самите креираме правила и заповеди кои би биле од наша полза: да не ни извршат прељуба, да не не` крадат, лажат итн, а самите истите ги прекршуваме, повторно во наша полза. За мене Бог е енергија која се движи и ги насочува нештата по редослед кој е во склад со природата, но не и белобрад дедо што оплодил девица и на чиј син треба да оставам 10 денари во црква за да му докажам дека го сакам и почитувам и да очекувам да ми помогне за тие пари. Тоа никако, за мене светите храмови ми се уште еден резултат на човековата лакомост да дојде до нешто полезно за себе на било каков начин, без да бира средства со кои би ја исполнил својата цел. Верувам дека за некое време и овие сегашни религии ке станат еднакви со древните, многубошки религии кои сега ни се чинат смешни и нелогични. Ако сега се смееме што некој се поклонувал и принесувал жртви на Зевс, кој во тоа време втерувал страв во коски, за некое време некои може ке се смеат и на Исус. Се` е до начинот на размислување и развивање на човековиот мозок и откривањето нови научни докази.
Why does God take аll the credits whenever something good happens? Не, не верувам во Господ, од едноставна причина што не можам да верувам и цврсто да стојам зад никакви докази и факти. Секогаш се водам според фактите, а во овој случај религијата е таа што нема никакви. Според мене, целата религија генерално, е чиста маска зад која што и те како опасно се вртат парите.
Па да луѓето си ја продале верата за пари,а не верата луѓето, ни една вера не дошла со недостаток, или со мана луѓето се тие којсе со мана затоа се вртат дебели пари,во џебовите на поповите,па и кај нас дури и кај ходзите. Бог да им се смилува ама нависитна тие пари ке ги повратат некогас,ако не тука на тој свет,
Некој погоре спомна нешто за Господ, дедо со бела брада итд. , па тоа ме потсети и сакав да кажам. Колку што сум јас информирана, не дека е многу, ама сепак е нешто, сметам дека будизмот е најреална религија, ако можам така да кажам. Значи, луѓето коишто веруваат во Буда, го сметаат за човек кој постигнал одредено ниво во животот и се просветлил или така нешто. Не се смета дека тоа е некој кој го создал светот, им ја крои судбината и многу други легедни како што има во нашата религија. Спојлер Ако сум грешка нека ме поправи некој, баш сакам да видам нешто повеќе околу тоа, па било каква критика или било што ќе биде добредојдено. Исто така имам еден податок. Мислам дека спомнав дека учевме една година за религиите на училиште и се запознававме со останатите религии, обичаите, Божјите заповеди, Библијата и останатите работи поврзани со религиите. Кога еднаш го прашавме наставникот дали верува во Господ рече не. Тоа беше еднинствениот одговор и не побаравме никакво објаснување зошто или како, бидејќи бевме помали и не не интересираа многу тие работи, можеби не сме ни можеле да си сфатиме. Но со тек на време мене особено ме заинтересира тоа и би сакала сега да направам еден муабет со наставникот ама нема. Барем мене не ми беше тоа логично. Значи тој на некој начин вршеше Богомилје, а тој не верува во Господ. Не знам .. можеби грешка сум разбрала, но имав контакт преку мој братучед кои се другари или таму што и тој ми го кажа ова ..
Не верувам затоа што кратко и јасно не чувствувам дека го има. Сите препукувања меѓу верници, атеисти и разни религии со цел да докажат дека Бог го има или нема и кој е тој правиот ако го има мене не ми значат ништо. Ако еден ден го најдам сама ќе го најдам а не дека некој успеал да ме убеди, е тогаш ќе верувам во него и најважно што сакам да го прашам ако го најдам е како од водата да направам вино
Верувам во некоја виша сила, а каква форма и име има не ме интересира. Едноставно таква слика си имам создадено од лична причина и потреба да верувам во НЕШТО.
Верувам во Господ. Барем мислам дека верувам. Но, ако не би верувала, нема секоја вечер или пред некој важен настан да се молам на Господа нели!?
Само ме чуди зошто цело време ја цитирате Библијата, која ја напишал човек како вас ( само бил многу попаметен и сакал да ги покори луѓето), а не размислувате со своите глави?
Верувам...секогаш кога ми е тешко си замислувам дека зборувам со него (во себе нормално) и знам дека тој секогаш е со мене и ме штити
Од мала не верувам, своеглава сум многу луѓе ми имаат кажано. Абе ајде гледам и Зевс ко божем постоел за тогашните грци ама некако да не не постои? Иста работа со секој. Секој си е господар на својот живот.
Не верувам.А христијанството дури и го презирам (во библијата е опишана хомосексуалноста како најголем грев а нема врска)