Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.483 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Па, и не сум баш сигурна. Имам читано доста книги за оваа тематика, разни статии од атеистичка гледна страна, па други од некои верски фанатици и стварно не знам што да мислам.

    Верувам дека има нешто, ама што е тоа нешто, не знам стварно. Сакам да верувам затоа што сепак тоа дава на некој начин мала утеха, надеж... Но, премногу гледав Дискавери како мала за да сварам некои работи. Плус, многу сум слободоумна, верата не сака луѓе како мене. :D

    Што знам, можеби со тек на годините ќе сфатам што и како. Сега за сега, мојот одговор е - не сум сигурна.


    едит : А чудна работа, во секојдневниот говор речиси постојано користам Бог да чува, или Оу мај Гад, можеби тоа е нешто потсвесно. Хм, уште сум во недоумица. :D
     
  2. fierce

    fierce Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    180
    Да :nod:


    ~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~

    Doozy, според ова што си го напишала јас би рекла дека си Агностик :) (an agnostic is someone who neither believes nor disbelieves in God)

    Се надевам дека не ти пречи што те цитирав :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Секако дека верувам! Не дека нон стоп одам по цркви од толку многу што сум опседната со тоа ама верувам во Господ и го славам името негово , не само кога ми е тешко и имам лоши периоди во животот туку секогаш.
     
    На 2222 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    верувам итоа како,МНОГУ! особено во неговата карма ]:) !
     
    На 2222 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 2222

    2222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Верувам и тоа многу го славам неговото име и секако верен слуга ке му бидам.
     
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Како што е Господ никој не е. :)
     
    На A-j-a, gaga.rocks и MonnaSi им се допаѓа ова.
  7. Wilde2105

    Wilde2105 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    24
    Не сум определена религиозно иако будизмот го чувствувам најблизок . Можеби тоа е резултат од многуте книги што ги имам прочитано и документарни филмови од таа област. Но сепак не треба да се дебатира и коментира на оваа тема затоа што некого религијата го одржува, реално гледано.... Многу индивидуална работа е , па мојот одговор би бил - не сум сигурна :)
     
  8. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Баш денеска разговарав со другарка ми и нејзиниот брат на оваа тема..нејзиниот брат верува во Господ , другарка ми се двоумеше ни повеќе верува отколку што не верува но моето мислење е.. не, мислам дека не верувам...не знам... Доколку постои зошто е неправеден...зошто некои наркомани,к*рви, дилери,педофили и се останати од таква категорија се живи а некои луѓе што на мравка не згазнале, млади беа починаа...што му згрешило девојче од 3 и пол години па да го земе?или 23 г. момче?
    И уште нешто..има една Божја заповед која вели да не правиме идоли или слики на она што е на небото или земјата така? тогаш што претставуваат иконите во нашите цркви?!мислам мн прашања, премалку одговори.... Можеби и постои Господ не велам не, но ете ја сум некако неопределена... до пред некоја недела верував но сега сум во недоумница... :?:
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Иконата е само претстава на тоа како изгледал Исус, Богородица и другите светители, битна е духовната поврзаност, само што во православните цркви има икони, додека во католичките има но не многу, скулптури. Како и да е, иконата или скулптурата е изгледот на светителите, поставени во црквите, а тоа не е идолопоклонство.
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Верувам во господ итоа како, за време на колоквиумска или за време на тежок период ако не отидам во црква мислам ќе пукнам, а откако ќе отидам, ќе се помолам се осеќам смирена и дека можам се да направам. Исто и јас како Мисс666, имам илјадници неодговорени прашања, во врска со библијата и 10те божји заповеди, и реалноста, ама тоа не ме тера да се сомневам во Божјата сила и моќ, и да не го славам името божјо. Категорично, ВЕРУВАМ ВО ГОСПОД, но Господ рекол, помогни ми да ти помогнам, затоа не се потпирам тотално на тоа има Господ, ама верувам дека е секогаш со мене...
     
  11. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Да, верувам во Господ. Верувам дека постои и дека како што е Господ, никој не е .
     
  12. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Да,верувам во Него. И само Него неможам да му се налутам кога не е фер. :lol:

    Шала настрана. Стварно верувам и стварно неможам да Му се налутам,затоа што знам дека тоа Му е дел од планот за мене.

    Боже,Ти благодарам што не си ме напуштил.


    :bow:
     
  13. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Колку ли пати само сум му го свртела грбот на Бога и сум рекла дека нема да верувам ама секогаш уште во истиот миг се случувало нешто што ке ме предомисли.

    Многу лошо е што ние со постојањето на Бог ги поврзуваме само казните и наградите. Гледаме некој цел живот прави лоши работи а живее срекно и викаме ’’Има ли Господ’’. Треба да сватиме Бог не е судија да суди и да ослободува. Вели во Библијата прави добро и Бог ке те награди. Па Бог веке не наградил со самото тоа што сме се родиле е сега ние треба да си ја заслужиме наградата и да правиме добри дела, да веруваме во Бога, да го величиме името Господово и во моменти на тага но и во моменти на срека.

    Имаше кај нас земјотреси и се очекуваше поголем земјотрес. Таа недела црквата беше полна колку за Велигден што е. Тојаш сите се сетија на Бога бидејки им треба нешто. А кај беа бе еден месец пред тоа да дојдат или после тоа да се заблагодарат што немаше земјотрес. ТАка ли се верува во Бога? Не
     
  14. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    1.955
  15. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    87
    Блажени се тие што веруваат , но дали го познаваат каков е Господ и дали знаат дека треба да го сакаат со цело свое срце ум и разум , и ближниот како себеси! Лесно е да се каже верувам а да не се знае во што се верува или како ке каже некој верувам во Господ а го мрази ближниот. Повекето самите се залажуваат мислејки дека демек веруваат а всушност се откажале од Господ, ниту го познаваат ниту ги интересира што бара Тој од верните!
    А тешко, тешко на тие што не веруваат, самите се осудуваат на пропаст! Од таков да бегаш оти брзо ке пропадне!
     
  16. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Верувам во ГОСПОД. Верувам, затоа што секогаш ми помага кога се молам! СЕКОГАШ!
     
  17. Hell0.kitty

    Hell0.kitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    40
    Во кој ке верувам ако не во него :D .. иако не секогаш ми го исполнува тоа што ке го замолам :(
     
  18. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Да верувам во господ и си ја почитувам религијата.Меѓутоа никогаш не навлегувам многу, не сум верски фанатик (некој што е занесен во верата).
     
  19. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    До пред некој ден бев навистина лута на Бога... дур почнав да си велам дека не постои и навистина мислев дека не постои.. Не знаев каде ќе одам на факс,одбрав еден но не сакав да го учам туку само колку да бидам запишана негде... И еден ден велам ако има Господ нека ми даде некој знак, нека ми помогне да се одлучам на кој факс да одам и да сакам да учам одн да ми го покаже вистинскиот пат...
    По неколку дена од никаде нигде најдов еден факултет што ептен го засакав и се гордеам со изборот што го направив..
    Е сега, дали може само случајно излегло така или навистина имаше некој знак не знам но мислењето ми се смени.. Верувам во Господ иако мислам дека некогаш погрешни луѓе си зема кај него.. :worried:
     
  20. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Да верувам, верувам дека тој го има планот за секој од нас и дека сепак за се што се случува има причина дадена од него. Верувам иако секогаш не било како што јас сакам.