Не верувам. Не можам да верувам затоа што ми се случиле многу лоши работи и ако постои ТОЈ не би требало да биде така. Велат ако ти се случи една лоша работа Бог има цел за тебе и следат убави нешта. Кај мене не е тоа така и не верувам. Понекогаш велам- О Боже помогни ми, помогни му, но не го велам тоа затоа што верувам во Него и затоа што сум црвсто убедена дека Тој постои. За среќа сум окружена со луѓе кои не веруваат во Бог, иако моите дома веруваат. Често ме гледаат со прекор кога велам - Нема Господ, не постои и да за мене не постои. Можеби е некој револт уште од мала кој не ми дозволува да се покорам на тоа верување, но моите деца нема да ги убедувам во нешто во што не верувам ни јас самата, не ми е сон да се омажам во црква, немам желба да отидам во црква и одам само кога морам на некој друштво да му правам.
Имаме научни факти за тоа како сме настанале ние, па не знам зошто се потребни сега овие митови... Не сум ни малку религиозна. И никогаш не би клекнала да се молам, туку ќе превземам се што е потребно, самата! Ама па ја подржувам религијата, кога веќе неможеш да се потпреш на самиот себе и кога не го разбираш, или не сакаш да го разбереш Чарлс Дарвин, религијата ти доаѓа како утеха. Во миговите на очајот, многу во неа гледаат надеж.
абе видете ова е многу комлицирано прашање и не е баш лесно да се даде одговор ....мене искрено ми е страв да кажам дека постои бог бидејќки за да кажам нешто такво треба целосно да ги почитувам сите негови заповеди но од друга страна верувам дека постоел човек кој се викал Исус и некоја сила која го води универзумот,како човек кој имал сила и дарба да промени многу работи.... бидејќи постојат многу докази за него во минатото и во историјата на човештвото но целосно да му се предадеш значи да ги почитуваш сите негови закони...а искрено малку се луѓето кои ги почитуваат целосно да,одам во црква и се молам....ги славам и почитувам сите празници.....но прашањето е колку сите ние сме верници кога многу малку од нас ги почитуваат неговите закони и заповеди
Да ти појаснам господ ни даде шанса да одбериме помеѓу доброто и злото но ние ги одбравме и двете тоа ти е доказот со адам и ева.....и злото постои откако човечкиот ум реши да не го послуша господ и да му сврти грб.....ако непостоеше господ мислиш ли дека би постоела ти? Сакаш да ти поможи а не веруваш во него....после не се чуди зошто не е подобро...господ му дава рака на оние кои искрено ке му побараат...а на тие со не веруваат во него ги остава сами да си ја кројат судбината(ама не е многу добра нели? ха )
Не верувам. Не сум верувала ни ќе верувам. Ова моето е повеќе револт кон религијата отколку кон самиот Бог, пример што оставаат пари на икона за здравје. Или свеќите кои ги палат за душа хах. Или стереотипи кои црквата ги продава, пр 'ако правиш вака, Господ ќе те казни ... '. Па ако тоа е Бог, што би му требала жртва од нас за тој да ни направи добро хмм? И несакам некој да ми се надоврзува на моето мислење, стварно не ме интересира за останатите мислења, моето нема да се промени.
Дај ми доказ дека постои и кажи ми зошто ти веруваш. Вака без факти не можеш да ја промениш мојата одлука. Не верувам! Ако ми се случиле толку лоши работи, не значи дека јас треба да верувам во него. Што да не ќе го врати времето, да не ќе ми ги врати луѓето? Ако постои зошто тогаш не се грижи за неговите деца? Зошто толку млади умираат, зошто има толку несреќни? Или неговата функција е да седи некаде горе и да не гледа, да му се восхитува на неговото дело, ако воопшто нели тој не создал.И не сакам да ми помогне, затоа што не верувам дека постои за да ми помогне.
твое е да веруваш во шо сакаш и немам намера да ти го променам мислењето твое е правото да мислиш шо сакаш али мое мислење е и секогаш ќе биди дека господ постои...и кога ќе дојди крајот на сите им суди верувале тие во него или не.....али доколку се предомислиш никогаш нема да погрешиш ако решиш на тој чекор за мене секогаш ке постои господ.
Бог не е тиранин, па да ја присилува волјата на човекот за тој да верува во Него. Зашто уште кога го создаде, во него ја стави слободната волја, за човекот сам да одлучи дали да верува или не, дали да биде од страната на доброто или злото... Тој сака самиот човек да Го познае и пристапи, не од што мора и дека вистински постои, базирано на некое Негово чудо, туку да пристапи од љубов кон Него. Зашто Он е и тоа, љубов по својата природа. Но, ако Бог сака, веднаш може да излезе и јасно пред сите да ја докаже Својата слава и да им докаже на сите дека вистински постои. И всушност како ние ќе го видиме Бог кога Он е духовно битие, а ние телесни. Како ќе го видиме дека постои кога ние самите не сакаме да го видиме, не сакаме да се потрудиме. Кога нашите очи се вперени само кон земното, да имаме повеќе храна, облека, имот, но ретко кој се обидува да ја нахрани душата, ретко кој се обидува да ја облече душата, ретко кој се обидува да и обезбеди имот на душата. Пример за Божјите чуда е еден настан од животот на старец Пајсиј Светогорец. Додека живеел старец Пајсиј Светогорец, кај него еден ден во посета пристигнале 4 млади момчиња. Откако убаво ги примил и ги послужил со локум и вода, момчињата го започнале разговорот со отецот. Му рекле дека пристигнале да го видат него и воедно да му покаже некое чудо за тие на тој начин да поверувааат во Бог, дека вистински постои. Отец Пајсиј само им рекол дека ќе направи чудо само да го почекаат да отиде до келијата и да земе еден нож. Им рекол да се наредат во ред, да им ја пресече главата, ама да застанат на растојание еден од друг за случајно кога ќе им ја става главата на земја да не се стркала некако и на крај да не се измешаат, па од едниот да ја стави главата на другиот, отпосле кога ќе се моли за нив за да воскреснат. Момчињава зачудено со отворена уста го слушале и гледале и си викале во себе, дали овој навистина ќе го направи тоа или не! Се спротивставиле на тоа, а на тоа отецот им рекол, дека тој ги понудил и вие не прифативте и затоа нема да видите чудо. На се тоа на крајот им го рекол следното; дека Бог ако сака веднаш би направил чудо за тие и сите луѓе да поверуваат, но не сака така. Тој сака секој да го познае и засака и тоа да го направи од љубов кон Него. Исто им дал поука дека Бог прави секогаш чуда во случај на телесна немоќ. Кога човекот не може тоа да го направи, односно во случај да ја прикрие човечката слабост, но на оној кој верува во Него. Односно Бог ја пројавува својата сила и прави чуда не секогаш кога не некој ќе му текне и нема што друго да прави, па си наоѓа занимација. Значи, секој си има своја слободна волја да верува во она што сака. Но, никогаш нашиот човечки суд не може во никој случај да се поистоветува со Божјиот суд. Зашто во нашите очи многу работи изгледаат неправилни и лоши, но тие секогаш се со своја причина. Човечкиот суд секогаш се базира само на видливото и телесното, но никој не се запрашува за небесното, за духовното гледање на работите околу себе. Ние секогаш сме такви да озбориме некој, да обвиниме некој дека направил нешто, но кој се запрашал за себе, за својата душа или кој рекол дека се она што му се случува на човекот дали добро дали лошо е за духовна полза, но нажалост тоа денес не е така. Наместо да го поддржиме човекот и да го побараме духовното во него, ние секогаш го гледаме телесното. Секогаш се запрашуваме и тоа ни претсавува основната рачка за да се оправдаме дека не постои Бог. Гледајќи ги сите околу нас како се гладни и боси и жедни... Се тоа го префрлуваме на Бог зошто тоа го дозволил, а ние не се запрашуваме воопшто. Наместо да го обвинуваме Него зошто ние не се трудиме! Имаш пари, Бог ти дарил пари, но не за тебе, туку да помагаш и на тој начин да си ја спасиш душата. И додека купуваш храна со најскапа цена купи поскромна, купи 2 за тие пари, само што едната ќе ја дариш на оној што нема. Или пак за облеката, додека купуваш блуза од 1500 ден. купи 2, едната за себе, а другата за другиот. Бог не му дава богатство на секој. Му дарува на оној што мисли дека знае како да раководи со него. Пример ни е Тоше Проески, имаше и даваше и верувам дека си ја спасил душата, но што е со нас? И додека ние овде зборуваме, дома се облекуваме секогаш различно да бидеме се поубави, секогаш со ново, секогаш со разновидна храна, барем малку да се завртиме назад. Да погледнеме на улица, кај некој што го нема, она што ние го имаме. Но, за Божјиот суд колку е повисок од човечкиот, доказ е и следниот текст. Еден човек кој бил подвижник, секогаш се молел како Бог може да биде толку немилосрден и да прави лошо кон оние што се добри. Еден ден кај него пристигнал Ангел Божји и му рекол да отиде до потокот, да се скрие и да гледа што ќе се случува. Пристигнал еден богат човек, седнал покрај потокот да одмори малку и да јаде. На станување, му паднале парите од џебот, но тој не забележал, станал и си заминал. Само што заминал пристигнал еден друг човек кој седнал на истото место и како што одморал ги ведел парите и си ги зел целиот среќен, па набрзина си заминал да не го види некој. Откако заминал тој, пристигнал еден сиромав човек, целиот крпен, па и тој бил на истото место, седел и се одморал. Во тој момент пристигнал богатиот, целиот лут и ни крив ни должен толку го претепал, што го убил сиримавиот, зашто мислел дека го лаже за парите и дека тој ги зел. Монахов нажален за тоа што го видел дека ништо не е во ред, започнал да плаче и да тагува. Повторно се прашувал како може тоа да биде праведно. Така Ангелот му рекол дека: Сиромавиот човек, кој го уби богатиот мислејќи дека кај него се парите, тој всушност е човек кој во минатото бил разбојник. Имал убиено, силувано, палено кој знае колку злосторства имал направено, но се покајал и молел од Бог да му дозволи и тој да умре на таков начин како што правел и самиот и така да си ја спаси душата; Оној кој ги зеде парите беше човек кој живее блиску до богатиот човек, а тој толку пари му имал земено и имот и се од него и на крај не сакал ништо да му врати. Па затоа Бог се му врати со тие пари кои ги најде кај потокот; Додека пак богатиот човек, бидејќи беше зол и ова убиство го направи од гнев и не мислејќи дека ќе го убие, Бог дозволи да го убие со цел да го вразуми и одведе на правиот пат. Така тој ќе се покае, ќе им врати на сите она што им зел, ќе стане добар човек и толку ќе се покае што Бог ќе дозволи да замине во пустина и биде монах. Кога ние луѓето ќе се потрудиме малку на подруг начин ги видиме и разбереме работите и настаните кои секојдневно се случуваат околу нас, дури тогаш и ќе се спознаеме себе си и ќе го видиме Бог. Зашто тогаш нема да гледаме со телесните очи туку ќе ни се отворат духовните очи и само тогаш ќе го видиме постоењето на Бог.
Не верувам воопшто зашто не постои такво нешто а и не е научно докажано-доколку постои денешницава е толку многу напредна сто ке го откриеше и тоа -или ке го видев некаде се шалам-али стварно не верувам верувам само во сама себе и во науката,се што е видливо,опипливо и докажано
Верувам и незначи ако не е докажано дека не постои.Постои во потсвеста на луѓето,во нивниот ум можеби не физички ама духовно да,само за верниците.И нема потреба да се замараме со тоа кој верува кој не зашто тоа е сопствен став и мислење на секој поединец.
Верувам,верувам! Па зар не треба да верувам во Господ само заради тоа што сум имала многу тешки моменти? Би било неблагодарно.За мене се несфатливи оние кои не веруваат,ама сепак никој не осудувам.Секој има право на сопствен избор.Јас сум многу голем верник,а и целата моја фамилија.Можеби не е како магија,ќе се помолиш и Господ ти ги слуша молбите...но сепак,има нешто што ме теши,ми дава воља,надеж.Во секој лош миг се молам и барам помош,но и во секој прекрасен момент не заборавам да се заблагодарам на Бога.Едноставно имам таква потреба,тое се моите сфаќања и ниту еден нема да ме убеди во спротивното.
И јас не верувам во Бога,атеист сум.Не можам да верувам во нешто што го немам видено.Ке се согласам со постовите на marama.Оние кои се смртно уверени дека постои Тој нека најдат докази и нека ги стават овде на темата.А никој до сега не докажал дека постои,најголемите научници а не пак обичен смртник овде на темава кој упорно тврди дека има.Па нели Бог е против злото?Тогаш зошто постојат војни?зошто постои глад?дрога?зошто постојат многу несрекни луге,зошто сум јас несрекна или комшијата или Рајко или Петко?Значи за да бидам срекна ке морам да верувам во нешто што знак прашалник е дали постои.Па ако се молам и ако ми се исполни желбата ке треба да речам тоа е благодарение на тој горе. Нека ги спречи сите тие лоши работи кои им се слуќуваат на лугето,да нема повеке војни и да не страдаат толку невини луге.Па може тогаш ке поверувам Спојлер NOT
http://www.youtube.com/watch?v=u_5hhmrbQ-8 Мислам дека е навистина апсурдно да збориме за Верници V.S Атеисти... Убаво вика Јанко.. А и плус тоа никој не им е крив на атеистите, така ги воспитувале дома, а и залудно е да барате докази, затоа што постојат работи, чуда за кои не сте свесни, се уште неинформирани, неначитани... не дека ја нешо такво, али навистина знам некои работи плус...Само отворете го срцето и препуштете се! <3
Ќе бидам малку офтопик,но сакам да ги прашам оние кои не веруваат во Господ дали ги слават Бадник,Божиќ и Велигден?
Порано се декларирав како анархист, но искрена да бидам, аман ми е од такви глупости, и незнам дали верувам, верувам дека постои нешто, виша сила, дека има добро и зло, Господ дали постои незнам, незнам дали верувам, сакам многу да верувам дека постои, но не сум баш сигурна, а инаку од пред некое време почнав повеќе да верувам, зашто зборував на тие теми со мојот братучед кој предава на Теолошкиот факултет, па тој има издадено неколку книги и на некој начин имаше логика цело тоа што ми го кажуваше, и ме праша веруваш ли во Господ, му реков само неам појма, не ми се размислува многу на таа тема, и тој ми рече, има време, ќе поверуваш и така насмеан.
Само мал одговор на цитатот, моите дома се верници, јас сум атеист, домашното воспитување во овој случај и не игра некаква улога. Јас размислувам со своја глава и решив да бидам атеист, и токму начитаноста ми помогна во тоа, јас не разбирам како во 21 век после се што се случува околу нас можеме да веруваме дека постои она на што не учат религиите. Но не ми смета ако некој е верник, негово право, за начитаноста или за неначитаноста, не навлегувам, затоа што тоа и нема баш голема врска со атеизмот или со тоа да се биде верник.