Јас верувам во господ и немора да барам докази за тоа дали тој постои или не! Господ рекол молои се и ќе те слушнам. Како сакате да нема толку гладни кога свеќа не запалиле или да не бидат казнети за своите гревови кога прошка не побарале? Ќе ви дадам еден пример што ми се има случено на мене и зашто верувам. Со другарка ми се враќавме од лисиче преку хемтекс во темница и прст пред око не се гледаше ни беше страв да не ни се случи нешто и се молевме на господ и кога завршивме со молитвата (по прекрстувањето) татко ми помина со колата и застана и не зема. Татко ми имаше чудна реакција (смирена) бидеќи е строг обично бурно реагира, но тој пат тој толку беше смирен само ми рече ај да ми свариш сеа едно кафе, а јас и другарка ми останавме без зборови само се погледнавме и мислам дека се си кажавме. Тоа е само една причина поради која верувам, а ги има повеќе
Верувам во судбина, верувам во карма, верувам во виша сила. Си почитувам празници, затоа што сум крстена во христијанска религија, ама нешто поседбно не сум далдисана по цркви и постења. Прадедо ми поп бил, па велел, оној кој има гревови нека пости секоја среда и петок. Постот се право со душата, со чистите мисли и добрите дела а не дали ќе јадеш мрсно или посно. А и да, верувам дека има некоја виша сила.
Велигден и не знам како се слави, на црква што се оди само...значи не одам! И како се слават Бадник и Божиќ? Со една обична вечера? Секако дека ќе седнам да јадам тавче гравче, риба и зелник. Неам појма кое е тоа т.н славење Видете луѓе. Јас почитувам и верници и неверници. Ама нека кажат зошто се и нека го разбираат нивниот статус- верници или атеисти. Јас можеби не сум верник, но милион пати повеќе се разбирам од некои си верници во религија и мн. ми е интересна. А не почитувам некои што веруваат во Господ, затоа што така и е кажано. Всушност, тие и не знаат во што веруваат. Така чудно ми е кога некои луѓе не ги интересира што се случува околу нив. Јас верувам во науката и толку.
Ниче вели: "постоеше само еден Христијанин и тој умре на крстот."Џабе веруваме кога ни самите не го почитуваме христијанството како религија и се што тоа ни налага.Верувам дека постоеше човек со нешто натприродно во себе.Човек кој сакал да ги научи луѓето како се живее и им помагал.Го почитувам и верувам во него.Но мене премногу ме нервира начинот на кој религијата навлегува во секој дел од нашиот живот.Начинот на кој една држава ја користи религијата за да управува со еден народ.Слабиот човек премногу верува дека среќата или злото ни го праќа Бог.Секоја среќа или секое лошо кое ќе го доживеат му го препишуваат на Бог а не на самите себе и тоа за мене е затапување на еден народ.Кога некој ќе почине велат Бог го земал прерано! Слабиот човек премногу ја вметнува религијата во секој правец на живеење.Се што во животот му се случува.му се случува заради Бог?? Тоа не е начин тоа не е правилен начин.
@zlatapetkova како тоа во 21 век државата ја користела религијата за да управува со луѓето и да го затупавува народот? Ми се чини дека се враќаш во средниот век. Тоа што еден човек верува во Бог не значи дека е слабак ниту дека е тупав. Слобода на избор денеска имаме сите, кој сака ќе верува во Господ, во Алах, во Исус, во Буда, во Мухамед, во Јехов или во некој друг или па во ништо нема да верува. Јас ако сакам сите свои успеси и добра во животот на Бога ќе му ги препишам, затоа што сум верник, ама па тоа не значи дека сум слаба,затупавена или дека државата ми го полни умот и ме контролира преку црквата, поготово не во 21 век, кога најголем дел од политичариве влегуваат во црква еднаш во неколку години колку да се покажат пред народ, глупаво е да се тврди дека власта/државата го користи христијанството за лични цели. А тоа дека денес никој не живее на религиозен начин или дека никој не се ни обидува така да живее, тоа што ти или јас не живеме така не значи дека никој не е христијанин во права смисла на зборот. И тоа не затоа што државата му го испрала мозокот, туку затоа што самиот избрал така да живее. И тоа ни најмалку не значи дека е глупав или дека го избрал погрешниот начин
ГОСПОДЕ ИСУСЕ ХРИСТЕ СМИЛУВАЈ СЕ НА НАС ГРЕШНИТЕ И ПРОСТИ ЗА КОМЕНТАРИТЕ КАЗАНИ ПРОТИВ ТЕБЕ И НЕВЕРНИЦИТЕ СТО НЕ ТЕ СЛАВАТ
цекај сега ова ме интресира и тука ми има казано. една христијанка на оваа тема мислам бесе? кога ја прасав дали е исус бог таа реце не исус е син бозји? засто сега казувас господе исусе христе? сега бог или син е во кој бог верувас во два во едно или ? во три во едно,како сто гласи во библијата,тоа не ми е јасно во васата вера не ми било ни кога бев јас во васа вера
аиша,не збориме овде за нес кафе,па дали е две во едно или три во едно.. како што и самата веројатно знаеш во нашата христијанска религија веруваме во светото тројство-во отецот,синот и светиот дух..ако веке имаш толку прашања за христијанската религија можеш да се обратиш до некој свештеник во било која црква и да ти објасни поубаво..ама пошто наводно си ја сменила религијата и си преминала во муслиманство претпоставувам дека не е дека толку те интересира христијанската религија туку едноставно сакаш да се контраш,и да не убедуваш колку е тоа муслиманството подобро.зарем не свати веке дека на форумов нема да преобратиш никого?убаво е тоа што си ја сакаш религијата ама немој да гњавиш на форумов претера веке..
Ако ти некогаш си била Христијанка, јас сум гаќите на Клинтон. Дај престани во се` да бараш сламка и да поттикнуваш расправии. Сфаќаме. (Ако некогаш) Си била Христијанка, си била во најглупата вера, најзаостаната, со безмозочни луѓе на кои им смрделе чорапите, си морала да носиш зејтин во црква за поповите да пржат риби и пиперки со него. И...одеднаш си се пронашла во муслиманската вера која патем е најдобра, најубава, без маани. Алах е пеперутка, куранот е цвет, кечето - чинија што ги храни сите гладни. Сфативме... Спојлер р.ѕ. Без никакви навреди кон било кои верници со горенаведеново. Само опишувам како типкава ги доживува верите. Не дека сум јас некој верник па ми смета ова, ама па до толку опседнатост со религија и такво наметнување по форуми... Незнам колку држи вода ова ама еве: Библијата вели дека Господ е создател на се` и татко на Исус. Господ е владател од небото, Исус бил создаден од него да оди по земјата. И да, не е ништо погрешно Исус да се нарече Господ. Тој е син на Господ и многу логично е дека и тој е Господ испратен на земјата да ја извршува улогата/задачите на неговиот татко од небото. Може ке звучи како да се изнатрескав зелени, ама тоа си е мое сфаќање кое ми е најлогично.
она што сакав да го кажам е дека ако сме прави верници сосема е погрешно и е грев сите лоши работи кои ќе ни се случат да му ги препишуваме на Бог....а сите постојано го правиме тоа.Јас не реков никаде дека не верувам во него,баш напротив кажав дека верувам.... можеби многу повеќе од некои кои се траскаат у зид....но немаме право сите работи кои ни се случуваат да му ги препишуваме него.
Многу напнувате,дај опуштете се малку...И ве советувам да уживате и да се релаксирате во вашата религија,не обрнувајте внимание на провокации,и не ја трошете магичната Господова енергија за безпотребно. Давајте примери,и ширете Љубов,а не омраза. Серафима дава убави примери...ако имате што да напишете слободно пишувајте,и воздржете се од навреди,не дозволувајте да бидете испровоцирани.
јас верувам верувам во Бога и од Него треба да научиме да го прифаќаме лошото на ист начин како доброто... Зошто кога се смееме и сме среќни не помислиме на Него а кога сме несреќни тогаш тој не постои. Прочитав дека велат постојат гладни сиромашни , но Бог има дадено на некои луѓе и повеќе од нормалното (милионери) тие треба да го поделат своето со светот , значи тој дал еднакво за сите а луѓето се лакоми и некои земаат мнооогу а некои ништо. Бог ги наградува оние кои го слават неговото име . Тој го прати сина си Исуса да умре за нашите гревови Тој е тука и го чита форумот femina.mk внимавајте што пишувате Далеку од шегатаа вистина е Бог постои и секогаш ќе постои но и Ѓаволот постои и му пречи во работаата се си има тоаа не наша работа
Не ми беше зборот ти дали веруваш или не и зошто, тоа е ЛИЧНA ОПРЕДЕЛБА, туку не можеш ти да знаеш дали сите верници го прават она што ти и твојата потесна околина го правите. Мене само ми падна во очи тоа дека државата нас не манипулирала преку црквата во 21 век, а не е така. Сакаш веруваш, сакаш не веруваш, не ме терала мене црквата сосила да верувам, па јас да сум слабак. И да си верник во вистинска смисла на зборот не значи само да веруваш и завршена работа, лесно ќе беше. Тоа е далеку покомплицирано и посложено. Треба поголема посветеност за тоа. Вистинските верници имаат далеку похармоничен и подобар живот од кој било друг наоколу, посреќни се и поисполнети, начисто се со самите себе. Јас познавам посветени верници и би сакала да ја имам нивната сила и нивната смиреност, се надевам дека еден ден ќе бидам и јас во таква можност, а сега засега и покрај моите години се обидувам да биде така и да бидам и јас вистински верник. Тоа дека нема повеќе вистински христијани од што излегува дека сите тие што се декларираат како такви се неспособни да се соочат со проблемите и затоа се повикуваат на Бог е невистина, всушност ти во твојот пост никаде ни не спомна вистински верници. Вистинскиот верник не се "траска у ѕид" за бадијала.
Нај често го молам Господа да ми ја смири душата. Да ми даде повеке сила, храброст, надеж, љубов, мир во мислите. Слава Му, никогаш не ни е оставил гладни. Нема да заборавја како лани, уште не бев бремена, живеевме со Миле како студенти, ден за ден останавме без пукнат денар, немавме пари да си купиме за јадене. Почнавме да бараме во џебови во негови стари фармерки. Случајно или не најдовме 700 денари. Можете да си замислите, колку бевме срекни. и уште еден куп ситуации, не само сврзани со пари, а и со здравје, љубов.... во кои со верување во Господ, Тој е милостив!
ех тоа бе дусо моја тоа нисто не е,усте не сме виделе сто е сиромастија,да се прасаме како им е на лугјето во сомалијја,палестина,и други земји, сто се влецат мали бебенца по земја за леб да најдат, секој ден умираат по 1000 зртви
Мислиш дека не се прашувам? Прашај го маж ми колку пати сум му говорила дека Слава МУ на Господа имаме што да јадеме и покрив над главите си. Ами колку мака има по света....колку несрека не е ништо то, да немаш пари да си купиш леб ич не е ништо, а уште повеке, не да откраднеш, а да најдеш свои си пари заборавени и да си купиш леб. беше многу откачено. Затоа кажувам-Господ не ни е оставил...со малку или многу, ние сме му благодарни за лебот секој ден. Маж ми се крсти пред јадене, јас признавам дека не се крстам пред јадене и немам оправдување за тоа, но определено Му благодариме секој ден за тоа , кое имаме, душо моја
ако не ние од срце да се заблагодариме на бога,крсти се кланај се до утре сабајле,сите дела се вредат по нијетот на цовекот и дали искрено и од све срце муе тоа,а во денесно време се заблагодаруваат на бога само кога ке си задеси некоја несрека,а кога ке им ја тргне бог несреката ке им даде некое цудо добро, тогас го забораваат бога. ама да не мислиме дека бог не гледа и тркалото се врати дека ке не врати во таа состојба кога сме биле како цергари,кога сме немале сто да јадеме сто да пијеме,кога сме барале брасно да замеиме еден леб да не умреме од глад.
Лично за мене, постоењето на повеќе религии од една е тотално парадоксално.... Да се родев во муслиманска земја, цврсто ќе тврдев дека Алах е д уан... ама сега дека сме родени тука, ќе тврдиме дека Исус е д уан... тотално безвезе. Не ми изгледа дека Алах, Буда, Исус, Кришна и така натака си лебдат над планетава наша и се занимаваат со нашите животи... Имам многу размислувано на темава, за која што на крај одлучив: И да има некоја виша сила, за таа најважно е да си добар човек, со добра душа, да го живееш животот во хармонија со природата... па како сака нека е наречена таа виша сила... Наместо да се пости, поубаво е цела година да не се греши. Наместо да се оставаат пари на црквата (која има право да располага со имот, не плаќа даноци, и тн) поубаво е да се помогне на сиромашниот директно... Наместо да се моли и да се бара, поубаво е да се дејствува... Така го живеам јас животов. И мислам дека имам поголема продуктивност од некој "извикан" верник со реноме....