^^ Вака ги учат малите деца (без навреда)... Се надевам твоето верување не се заснова само на волку едноставна приказна.
Не, воопшто не се заснова само на ова , како што кажав ова наједноставно го претставува мојот став, не би пишела цели реферати зошто и како, бидејќи ничие мислење нема да сменам.
Јас верувам во Господ,се гордеам што сум припадник на православната религија,но од друга страна обожувам да дознавам ритуали и од друрите религии.
Јас не сум религиозна, ама немам ништо против религии и не разбирам што чуваат некои атеисти толку гнев против господ и што се преокупирани со него ако се уверени дека не постои Јас за секое зло сум лута на луѓето, а не на виши сили
Ок.. вака... како прво: Дали воопшто ја имаш прочитано библијата? како второ: Каде пишува дека Господ вели дека не треба да живееме или дека овој шивот е подготовка за рај или пекол? како трето: како се дефинираш себе пред другите, си христијанин или атеист? како четврто: Дали науката ги има сите одговори за настанувањето на светот?... мислам види до каде не одведе науката.. Човекот многу постигнал во животот со само околу 1% од неговата интелегенција, направил толку работи.. Што мислиш што се случило со останатиот дел од 99% кој човекот неможе да го искористи? Науката е релативно нешто. Сите пронајдоци или факти се варијабилни. Со нови истражувања многу работи кои се сметаа за непроменливи и константни сега наидуваат на промени ( како на пример се сметаше дека нема ништо побрзо од светлината но сега се смета дека сепак постои нешто побрзо од светлината). И пред да се развие науката.. во библијата пишува толку многу работи и тоа во времето кога сите мислеа дека светот е огромна плоча која лежи на желка... значи во библијата бред илијадници години се спомнува за ѕвездите, за сонцето, за месечината и за тоа како земјата има форма на круг и лебди во просторот! Научниците пред неколку децении само ја потврдија точноста на тој факт испрајќајќи астронаут во вселената (затоа што не веруваа во пишаните зборови) и заклучија дека земјата е округла и дека се врти.... И сега сакајќи да откријат нешто ново..само ја потврдуваат точноста на фактите кои се запишани... на пр. сега сакаат да создадат анти материја за да дознаат како настанал светот, но очигледно не му успева... Но дотогаш слепо ќе се држат за своите претпоставки. И сепак на крајот ќе се потврдат сите работи кои се запишани не само за да бидат едно прекрасно литературно дело.. туку факти кои никој друг освен Господ не ги знае... Човекот со својот 1% на интелегенција со својата наука против реалноста и вистинитоста и неограничената интелегенција и моќ на Господ. Прочитај ја библијата па потоа одлучи која страна си спремна да ја завземиш!
Проблемот кај луѓето е што ја сфаќат библијата премногу буквално Не е таа учебник, не е тоа наука па да седнеш и да го учеш на памет. Тоа е дело, за кое ти е потребно дух, отворено срце и мудро расудување. Да бркаш и да ја бараш суштината на текстот. Не би дебатирала со членови кои сакат само да водат инает. И ако е нешто варијабилно, тоа нема да биде факт Anabela09, барем основните работи да се познаваат, молам. Си седнала ли да учеш физика? Има теза и има пример кој ја докажува или побива таа теза, како прво. И да, атеист сум. Тоа ми остава простор да истражувам и да се сомневам. Не сакам да верувам во Бога затоа што другите веруваат, сакам до тој пат да дојдам сама. Прашај некој што се декларира дека е голем христијанин, којзнае дали ја има допрено библијата или пак, уште полошо, да се мачи да учи историја за христијанството.
Јас лично верувам во Господ..но не на тој начин на кој ни го претставиле нашите родители , свештениците ниту пак верувам во нешто што е напишано во Библијата . Јас Господ го замислувам како голема позитивна енергија која е посилна од сите нас . Ги разбирам и тие што веруваат во Господ , Библија , судбина - затоа што тоа за нив претставува утеха а ги разбирам и оние другите кои не веруваат. Како и да е ни едните ни другите неможат да докажат ништо..секој има право да си верува во она за кое мисли дека е најисправно. Сепак ниеден од нас неможе да негира дека сепак постои нешто кое е послино од сите нас но никој не може да утврди што е тоа .
Да верувам..не забегувам али го почитувам Господ..така сум воспитана. Не е дека сум безгрешна али како и сите луѓе идам у црква за празници, почитувам и верувам..
Како тоа излезени од средновековието? Зошто би требало да има докази дека постои? Не говори само науката дека овој живот е еден и едниствен.
Па се разбира дека ако е нешто варијабилно, тоа нема да биде факт.. Работата е дека фактите се сваќаат како лаги или не им се придава важност а во замена за нив се донесуваат тези кои се варијабилни... нз колку ме разбра. Дефинитивно ме интересираат сите области се разбира и физиката. Патем, не се сите научници атеисти! Ако си атеист тоа е твое право.. само што некои кажуваат дека се христијани а сепак не веруваат во Господ!
Ако си атеист тоа е твое право.. само што некои кажуваат дека се христијани а сепак не веруваат во Господ! [/quote] Според мене нема врска едното со другото . Јас можам да бидам припадник на една религија и да се водам според нивните начела ..да го почитувам тоа што е напишано во библијата и да се стремам да го живеам животот така како што го живеат припадниците на христијанската вера..но да не верувам дека навистина постои Господ .. Со тоа јас сум христијанин..ако се согласувам и живеам според Библијата и со се што го одредува христијанската вероисповед . Од друга страна можам да верувам дека постои Господ Исус Христос и да го почитувам но да не се согласувам и да не живеам така како што налага тој .
^A зошто би го правела тоа ако не веруваш во Господ? Нема смисла да се водиш според некои начела во кои не ни веруваш, затоа и се атеисти.
Сигурно постои некоја виша сила која го движи светот.Според мое мислење тоа е Бог,го почитувам и неговото учење,библијата има навистина добри пораки кон нас но зависи кој како ја доживејал и дали воопшто ја доживеал или се било ради реда.Почитувам навистина духовни луѓе(ги има многу малку) иако никој не е компетентен да зборува на оваа тема но од некои навистина можеш многу да научиш (лично мене ми имат помогнато многу),повеќето се прават најрелигиозни а свесно (или несвесно нема везе) кршат одредени битни правила,а јасно е дека никој не е безгрешен.За одредени ствари се согласувам со мислењето на Мagnolija дека овие работи,светите книги и светото учење треба да го гледаш со душата и духот,треба да го осетиш не да го читаш.Но да не занемариме дека се се одвивало од колено на колено и се пренесувало од луѓето затоа треба да се има одредена граница и да знаеш во што треба да веруваш и да го разбираш тоа,а не на слепо.И јас сум од страна на науката (еволуцијата,научниците) но и некои врховни научници и генијалци имаат верба во Бога (движењето на светот).
Значи јас според мене мислам дека е најдобро... или сум или не сум христијанин! Е сеа ако сум христијанин се придржувам за христијанските начела затоа што ВЕРУВАМ во Господ! Или не верувам и не се придржувам! Нема сакам не сакам, така било па не било така.. па ем постој ем не постој... тоа е исто како ни наваму ни натаму ни измеѓу.. никаде...
Па ова не се однесуваше за мене..дадов само пример..јас ја разграничувам верата во Господ и верата во одредена религија . Јас мислам дека еден човек може да се согласи и да живее според начелата кои се предодредени ви една религија..едноставно се согласува со сите тие ставови и мислења, може да верува дека Исус навистина постоел и правел добро на Земјата и да се води според него..да се труди да помага, да биде праведен човек..но не мора да верува дека истиот тој Господ сеуште постои не гледа од негде и влијае на нашите животи. Се надевам дека ме разбра ѓто сакам да кажам.
Нели секоја религија си има свои начела, свои заповеди, свои погледи на светот и на тоа како еден човек треба да живее. Има луѓе кои што се согласуваат со тој начин на живот..се стремат да прават добро и живеат верувајќи дека тоа е исправно. Тие се декларираат како христијани затоа што живеат живот според начелата на христијанската религија , но не веруваат дека постои Господ и дека судбината ни е во негови раце ..дека тој не гледа од небото и дека еден ден сите ќе отидеме кај него. Незнам зошто не ме сфаќате..И јас не ги подржувам таквите луѓе но знам дека ги има и јас лично ги разграничувам овие две работи. Според мене немора да одат заедно. Тоа е исто како некој што верува во Господ а не се води и не почитува ништо ниту од Библијата ниту пак од христијанската вера.
И јас зборувам општо.... Само оваа тема е малку подлабока за да може да се дискутира во кратки црти! Сепак секој има право во што ќе верува и како ќе живее! Дали ќе биде христијанин или атеист... Мене ми беше муабетот... ако веруваш во нешто, треба да бидеш 100% сигурен дека тоа е така... Верата (религијата) не е само определба, тоа е начин на живот... значи живееш и постапуваш како христијанин. Секој ако верува во нешто сигурно има и образложение и доказ дека тоа што го верува е вистинското! Затоа ме интересираат мислењата на другите, и нивните сваќања... Сепак на крајот секој го избира својот пат... ни јас можам да му кажувам на некој во што да верува ниту друг мене... секој го избира својот пат.