Кажано филозофски: ДА, верувам во себе! Мислам дека секој од нас е Господ и господар самиот на себе и треба така да се однесува, а тоа значи да се сака самиот себе, да се почитува самиот себе, да ги респектира другите, да не лаже, да не краде, да не врши прељуба, да не посакува туѓи работи, да не го крши законот итн. Ќе стопирам тука, ова е доста широка и длабока тема, па не ми се сега “паѓа“ во километражни дискусии за вакви апстрактни теми.
Луѓе несомнено е дека религијата многу помогнала. Во најтешките моменти, таа на многумина е се, ронка светлина во темен тунел. Не ми се допаѓа тоа што таа на некој начин го ограничува човекот. Не му остапува место за мислење и за да се биде индивидуа. Посебно ме нервира католичката црква која било провокатор на многу проблеми и револуции во општеството. Знам едно е религија, друго црква. Но од каде и се на неа тие идеи? Не ми се допаѓа, што религијата налага жените да бидат потчинети на мажите, демек тие се грешници. Дали сте свесни колку векови жените трпеле неправди и ижувавња поради ова? Знаете ли колку неправди се нанесени затоа што многу немале ни р од религија? Тој бил христијанин, ама секој ден си ја вара жената и и мава шамари, а чат пат поткраднува малце. Но сите правиме гревови! И сега демек тие гревови некако треба да се избават и треба жената да му прости Како било пишано, така! Испити нема да се положат ако клекнеш и се молиш. Ќе земеш работите во твои раце. Било пишано ... пф Некои утехи ми се толку смешни и неразумни. Веруваш во Бога? Добро? Но знаеш ли зошто? Па... гк мк гк мк.... Чао, пријатно! Мања, мислам дека те разбирам. Мислеш дека христијани се оние кои одат во црква и постат затоа што и е кажано. Тие ли се начелата? А оној кој верува во Господ, навистина верува и покрај начелата? Тоа е само кај малите деца. Подоцна си е секој со својата одлука и верување.
Не биле само жените тие кои доживувале неправди.Можеби погрешен е ставот на црквата, но не значи дека само жените со векови трпеле неправди.Но, не кажувам дека ни мажите не се безгрешни.Доволно е човек да верува дека ете постои нешто, некоја виша сила, како и да е наречена, Исус, Алах, Буда...ете јас не постам, не се причестувам итн., но верувам дека постои Бог, тоа не еднаш, стопати го осознав, но, важно ми е како јас се однесувам спрема други луѓе.Не е работата, човек строго да се држи за правилата на црквата, туку во верата.
praveden tatko svetot ne te zapozna,a jas te zapoznav i ovie poznaa deka ti si me pratil.im go objaviv tvoeto ime i ke go objavuvam,pa ljubovta so koja me vozljubi da bide vo niv i jas vo niv.jovan 17:25-26 slava na BOGA! [mod-kirilica:5332zvcg][/mod-kirilica:5332zvcg]
Јас сум православен христијанин,но постојат неколку проблематични моменти во целава ситуација Господ по мене: 1.Различни религии,различни богови.Ние го имаме Исус,други Мо(у)хамед, трети можеби Буда или кој и да е.Значи еден куп религии со по еден главен типац за секоја религија.Бог е еден така?Семоќен е така? Овде јас гледам ситуација,каде еден куп богови се семоќни.Или е еден Johny,или пак не е семоќен,а боговите имаат некој таен состанок за кој ние не сме информирани. 2.Доколку одиме на варијантата дека дефинитивно постои само еден Бог,а фактот што има различни богови со различни имиња и физички изглед е само некаков обид да се даде претстава за Бог во физичка смисла,тогаш причите за Исус и за останатите не држат баш вода. 3.Бог е семоќен и е креатор на се на оваа планета.Зошто Бог мора да има човечки изглед?Можеби е НЛО,можеби е делфин а можеби е жаба. Природна тенденција низ историјата е луѓето да си креираат богови кои во физички изглед се блиски до нив,и ако почнеме да ги редиме сите богови и божици(барем имале и божици),од античко и римско време,ќе треба да правам стој на раце,додека дојдеме до главниот Бог. Околу создавањето на нов живот биологијата си има кажано кои услови се потребни. 4.Причите околу Адам и Ева, и по мене одредени работи кои произлегуваат како заклучоци од таа прича. Знаеме сите што се случило.Типацот тоа го направил од љубопитност,а токму таа љубопитност и желба за нешто ново е срцевината на се што е направено денес.Без љубопитност и желба за нешто ново,ќе тапкавме у место,и факт е дека немаше да дојде до врвни достигнувања на било кое поле. 5.Доколку ја прифатиме варијантата дека Бог е единствен креатор,тогаш е малце садомазохистички од негова страна,да создаде машко и женско тело,со слична но сепак различна биологија,за која и самиот Бог е свесен за што е спремна истата.Значи гледај,но немој да допираш.Ма немој . За ова сум на иста бранова должина со Ал Пачино,иако не сум нечиј адвокат,или можеби сум . Генерално, имам измешани емоции околу целава работа религија и Господ.
Тогаш ако е така, зошто се гледа тоа колку богови има, а не се гледа значењето на тоа што тие некогаш го проповедале? Зарем е битно колку богови има? Воопшто нема значење како изгледале.Имало богови и божици во античко време, иако и римското припаѓа на античкото кога би правеле ретроспектива е сега проблемот е колку е разбрана суштината на религијата, зборам на глобално ниво, значи бидејки имало богови, божици, па се преминува на постоењето на само еден Бог.Зошто би требало да стигне човек до главниот Бог? А притоа преминувајки низ неколкуте богови, божици, па и стасувајки до едниот Бог, како и да е наречен Исус, Алах, Буда.Не е само тоа природна тенденција да човекот си креира богови, туку и потреба од верба, доверба во некого/нешто.Е сега, едно е биологија, а сосем друго духовноста.
Гордана не постоеле порано богови и божици кои пиеле нектар и живееле на планината Олимп. Тоа го измислувале луѓето за да си објаснат некои природни појави, како на пример гром. Не знаеле како настанува и ајдеее Зевс го фрлал. Од таму дошле и митовите Мене духовноста сигурно не ми доаѓа од нешто во кое се сомневам.
Знам дека е така сосем јасно е дека биле измислени, па ако е затоа и не биле само на Олимп, е сега да не зборам за тоа дали од некаде митологијата била преземена или не,мислам конкретно на грчката, а за римската на место си е каде припаѓа. Значи напоменав за човековите потреби, па во однос на тоа и измислување на божествата.Кога зборев богови, мислев на Исус, Алах, Буда, односно се надоврзав на постот кој го цитирав, значи на поновите на на старите - антички богови
1.Јас имам верба и доверба во многу работи,но ми пречи начинот на презентирање на одредени работи во религиозниве книги.Немало потреба од такви куклени претстави и драматизации.Затоа што не работава само дали веруваш или не,и толку.Си има учење за секоја религија,си има причи како се случиле одредени работи.По мене постоењето на повеќе религии е крајно вулгаризирање на целава работа.Као,секој си има своја прича што се случило,и главниот лик е различен.Мислам дека можеле да ги координираат активностите.Сега добивам воспаление на невроните,обидувајќи се да сватам дали Исус или некој друг лик ја победил смртта.Проблемот е што во религиозните книги се упатува на историски факти као Исус бил тој,за да у друга читанка пишува дека е некој сосема друг лик.Некако ми изгледа како релативизирање на целава работа,као,да,веруваме во Бог,ама причиве не се баш издржани. 2.Во врска со боговите низ историјата,па тоа било прав раскол по мене,од богови на виното(алкохолен пијалок),до божици на убавината(ова е ОК),до божици на еротиката. По се изгледа некој од посовремениве ликови увидел дека комбинацијата од типот Бог на виното и Божица на еротиката е опасна ствар ,и не е идеална комбинација за moving forward,и укинал се живо и диво.Јас сум Бог на сексуалноста и ниските страсти,а Вие? .Пародија. 3.Околу биологијата и религијата,тоа е во суштина прашање помеѓу науката vs религијата. Низ историјата знаеме за случаеви каде научници само затоа што не се согласувале со религиозните учења биле буквално спалувани.Од денешна перспектива е се фантастично,надвор роси,дома си пиеме коктели и се ОК,но факт е дека религијата има историски негативен багаж кон науката.Да не идеме у финеси,но не се прифаќало ништо поразлично од тоа дека Бог е семоќен и креатор на се живо и диво. Медицината е баш во функција на духовноста,и иако ги нема сите одговори(пр.ХИВ,рак),сепак постои напредок(од операции на срце,до третирање на фрактури,до операции на вид,вештачко оплодување итн).Поради тоа имам измешани чувства.Поради таквиот несомнен историски багаж на религијата.Никој не го негира фактот на оние работи кои се наведени,од типот сакај го ближниот,помагај,не изневерувај итн. 4.Дефинитивно е можно да бидеш духовна личност без притоа да веруваш во Бог.Не стануваш духовна личност во моментот кога почнуваш да веруваш у Бог.Секој знае што е ОК,што не е ОК.Секој знае што е искрено,што не е.Секој знае што е помагање,што не е.Секој знае што е изневерување,што не е. Не е потребна книга или брошурка,или било што со тие правила.Духовноста постои и во други сегменти од типот сликарство,музика итн.
Многу работи се измешани на темава и тешко ми е да прокоментирам. Во некои постови светот го направивте едно големо политеистичко село. Свесни сме дека христијаните, муслиманите и Евреите всушност веруваат во истиот Господ, така? Дека Исус за христијаните е божји син и дел од светото тројство а за муслиманите е пророк исто како и Мухамед? Дека Сидарта Гаутама попознат како Буда не е никаков бог туку е мудрец од Северна Индија за кој се тврди дека преку самсара дошол до духовно ослободување и будење и кој на народот му го предал учењето за реинкарнацијата па починал на 80-годишна возвраст? Хиндусите се политеисти и тоа е нивен начин на живот повеќе од 6000 години, тоа е исто како ние до ден денес да си верувавме во Зевс и неговата тајфа од Олимп. Јас не сфаќам што е толку конфузно? Реално, ништо од ова не е докажано па сам си одлучуваш дали ќе веруваш или не. Ако се чувствуваш како христијанин, тогаш што се занимаваш со тоа што Индијците почитуваат крави, а во самата Библија ти пишува дека тоа е погрешно? И не го разбирам тоа верник сум, христијанин ама не сум сигурен во верата. Или си верник, или не си. А, ако не си сигурен во што да веруваш, ти не си верник, тоа е веќе агностицизам, па можеш слободно така да си се декларираш наместо како христијанин. едит Исто така ми е доста од оние размислувања како било срамота да си атеист и дека атеистите биле најголемо зло yeah right, а ова верувам ама не сум сигурен или верувам ама не знам во што, па затоа не си ја почитувам верата е многу интелигентно
Мене пак секогаш ми е тешко да дебатирам на овие теми со премногу религиозни луѓе. Или пак да се впуштам во разговор со некои политички определени и тоа заќоравени та немај каде пу пу страшно. Како инает да водиш, влечи влечи и никако не бива. Затоа сум си слободна. Не верувам! Но ме интересира религијата. Библијата ти е прекрасно литературно дело од кое можеш да извлечеш многу поуки. Но дека постои некој горе, не. Мене тоа се ми е политика. Начин да се доминира над масата луѓе. Ме интересира и средновековието и стегите од црквата и верувам да бев родена тогаш, ќе бев запалена на некоја клада. И баш оти ме интересира тоа и сум горе-доле информирана - не верувам бре. И се согласувам со тоа последното на HardSex. Моралот и духовноста немаат врска со религијата.
Со тоа првото се согласувам. А за последното, болдирано ќе се надоврзам затоа што заборавив да кажам нешто во претходниот пост. Атеистот кога е морален е морален од свои лични убедувања, од свој сопствено-формиран став, а кога голем дел од религиозните луѓе се морални, тоа е поради страв од Бога, зашто не баш секој сам знае што е исправно, а што не, тука не можам да се согласам. Ете како религијата има врска со морал.
Духовноста постои секаде, во сликарството, музиката итн, зошто?Бидејки човекот ги создава, им вдахнува душа, на тој начин што ги изразува своите чувства преку самото уметничко дело, ете од каде потекнува духовноста во тие дела.Е сега, кога би збореле за создавање, кога човек може да создава тогаш ете го и одговорот за Бог, духовност итн.Во ниедна книга не пишува дека Исус дека бил тој, за да друга тврди дека е претставен во друг лик, освен ако тоа не е во метафорична форма.Како трето,секако дека постојат книги, кои една меѓу друга се негираат во врска за постоењето на Исус, Алах, Буда, прибидејки тоа доаѓа од авторот на една книга.Да, низ историјата научници биле спалувани, посебно средновековието е карактеристичен период кога во прашање е религиозноста, нејзината автентичност.И сосем нормално да се различни тогашните сваќања со денешните, што тоа немора да се меша, бидејки припаѓа тоа на минатото.Баш ме интересира како може да стане човек духовен ако не верува во Бог? Би сакала да знам, доколку може, се разбира.
Антила баш убаво го кажа ова Јас погрешно се изразив. Сакав да кажам - за да имаш морал, не мора да си религиозен. Едит: Гордана еве јас пишувам проза и поезија. За тоа ако не ти е потребен дух и отворено срце, не знам што друго е потребно. И верувам дека тоа го правам добро. Пишувам од прво одделение, никогаш не сум престанала да пишувам, а нема ни да престанам зошто не можам. Тоа ти е дел од мене. И види пак не верувам во Господ. Сакаш да кажеш дека тој ја пишува мојата поезија?
1.Различни имиња, со различен физички изглед се користат за боговите во различните религии. Објаснувањата за истите од историски аспект се различни.Останатите ликови во Библијата vs Ко(у)ранот или vs било која друга религиозна книга се различни.Непобитен факт. 2.Реков дека постоењето на богови со различни имиња и физички изглед е вулгаризирање на целава работа и оди директно против концептот еден семоќен Бог и креатор. Пр.Ако една категорија на луѓе забележи дека Александар има способност да лета,ќе кажат и запишат дека Александар тој и тој,има способност да лета.Александар има јасен физички изглед,и јасна сопствена биографија.Работава испаѓа доколку друга категорија на луѓе го гледаат Александар,може да запишат дека е Бурунди или Берат со различен физички изглед,и различна сопствена биографија.Јас не сакам такви двојби,тројби...Плус и знаците и симболиката се тотално различни.Тоа е поентата. 3.Јас само отворено размислувам на темава тоа е.Не е работава да удриме веднаш класификации и категоризации кој каде припаѓа,затоа што неоспорен факт е од разговори на терен со припадници од различни религии,мојот генерален заклучок е дека речиси сите луѓе имаат разнишани верувања за работите кои се напишани во религиозниве книги или пак ги сваќаат релативно. Ако го додадеме на тоа фактот колку од основните заповеди се почитуваат во пракса тогаш ретко кој може да биде класифициран како верник,не само во Македонија туку и на глобално ниво. Значи подлабока е дебатата од тоа е јас верувам и сум верник. 4.Не гледам сериозна реплика на моите главни линии на размислување.Не видов реплика на фактот зошто има потреба од различни имиња,со различен физички облик,и различни биографии на боговите во различни религии,кога Бог е еден и семоќен,нема реплика на фактот што низ историјата постоеле различни богови и божици за различни работи,нема реплика за концептот на љубопитност,нема реплика на линијата на размислување религија vs наука,и целокупниот историски багаж од тој однос,нема реплика за можноста за постоење на духовна личност без Бог. 5.Прашањето гласи:Дали верувате во Господ?Ова е форум за дебата особено на вакви прашања.Ние можеме да ставиме само да,не или не сме сигурни,но тоа веќе не е дебата. Јас само гласно размислувам .
@Gordana10 Кажи ми колку луѓе познаваш кои се декларираат како верници кои безрезервно веруваат во Бог, а не се духовни личности? Мислам на сите оние кои веруваат во Бог,а ниту се занимваат со музика,сликарство,поезија,филм... Колку од тие верници кои веруваат во Бог се искрени,пружаат безрезервна љубов.помагаат на сите безрезервно,и колку од нив не изневеруваат? Баш би сакал да ги видам бројките со кои ти располагаш. Имплицираш дека религија,Бог=душа,духовно.Тоа е претпоставка, не е факт. Како? Еве примери.Преку медицина,преку занимавање со музика,сликарство,филм,театар,преку фактот што сме искрени,даваме безрезервна љубов на ближните(не затоа што некој поставил правило дека така треба да се однесуваме кон ближните),преку фактот што помагаме.Од австралопитекус преку питекантропус,преку неандерталци и крапинци се организирале во групи затоа што увиделе дека тоа е единствен начин за опстанок во таквите услови(независно дали била временска непогода или опасност од некое друго диво животно).Немој да ми кажеш дека луѓето почнале искрено меѓусебно да си помагаат откако постои религијата.Да не зборувам за колосални градби кои биле направени низ историјата како резултат на заедничка работа и помош.Конечно иди у лов(се шалам),и пробај да и го земеш мечето на мечката и да видиш што ќе ти се случи.Неизмерна љубов кон ближните,молим лепо Луѓето и останатиот жив свет се поврзани помеѓу себе на некој чуден и мистериозен начин,но не можам да се сложам дека тој однос е само резултат исклучиво на религијата и религиозноста.
Па и јас де само отворено размислувам на темава и гласно Сосем нормално да бидат различни имиња, ликови итн.Зошто воопшто се очекува луѓето да бидат исти во физички изглед? Кога збориме за богови од различни религии, дел од паганството.Каде тоа во Библијата пишува дека има повеќе богови, каде објаснувањата на историските факти се различни? Како може да постоеле луѓе кои проповедале, но и луѓе кои верувале во тоа што тие проповедале? Повторно верба нели? Не негирам дека речеси сите луѓе имаат разнишани верувања за религиозните книги.Впрочем, не видов одговор на прашањето за постоењето на духовна личност без Бог. Познавам доста луѓе кои навистина веруваат во Бог.Не ни кажувам дека луѓето си помагаат меѓусебно откако постои религијата.Разбирам што збориш, кога спомнуваш неандерталци итн., па и колосални градби, е сега зарем мислиш дека тогаш луѓето не верувале во нешто/ натприродна сила, која ден денес ја нарекуваат со различни имиња? И повторно се вплеткува во сето ова прашањето ако постои Бог, каде е.Сосем друго е животинскиот свет и нема никаква врска со темава.