Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.484 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    @Gordana10

    За мене не е нормално да има различни религиозни книги.Еден Бог,една религиозна книга,едно име и презиме на фраерот,една биографија т.е. животна прича за истиот.Превод на различни јазици е ОК.

    Под историски мислев на различните животни причи за боговите во различните религиозни книги.

    Оди зборувај со поп, и кажи му натприродна сила.ОК е концептот натприродна сила,сива зона,нешто необјасниво.Попот ќе ти каже Исус,не натприродна сила.Учењето е јасно и прецизно,со име и презиме,не со релативизирање и користење на натприродна сила,сива зона итн.Со тие детаљи јас имам спор.

    Животинскиот свет и те како има врска.По учењето, Бог е креатор на се на оваа планета а тоа значи ги вклучува и животните.
    Примерот што го наведов беше со цел да покажам дека "љубовта кон ближниот",постои и кај одредени животни на некое примално ниво-животинско ниво,пред да постои и "Р" од религија.
     
  2. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Од многу мала, затоа што и моите ме учеле сум верувала во Господ и сум мислела дека ако не верувам Господ ке ме казни, ако направам нешто лошо пак ке ме казни, ке ми се случи нешто лошо, си викав ете господ ме казни сега...сега можам да кажам дека воопшто не сум сигурна, ама не се оптеретувам ко некогаш, и не знам пак ми е убаво, и работите ми одат од рака, и ке ми се случи нешто лошо не се запрашувам веќе леле Господе зашто ми го правиш ова, едноставно сметам дека човекот сам си ја крои судбината. А од она така ми е пишано или што е мое ке си дојде искрено ми се :puke:
    Не за џабе рекле религиозноста е оглавче за неписмениот народ. Не сакам никој да се навреди, едноставно сакам да кажам дека не треба слепо да се верува во нешто што ни наметнале нашите родители или црквата, туку да се размисли со своја глава.
     
    На love.a7x и Danilela им се допаѓа ова.
  3. laf4eto

    laf4eto Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Верувам ама и не баш многууу....
     
  4. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Верувам во Бога и тоа многу :)
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мојот, за жал веќе покоен дедо, беше свештеник така што јас сум израсната во религиозно семејство и воспитана сум во духот на Христијанството. Јас детската Библија ја прочитав на десет години. И можеби вербата во Господ ми била, грубо кажано, на некој начин наметната од средината во која растев, но јас никогаш не сум се спротивставила на она на кое ме воспитувале. Откако почнав да размислувам со своја глава, започнав да истражувам малку повеќе за Христијанството и за се што е поврзано со оваа тематика, да се распрашувам зошто ова е вака или онака, а мојот дедо имаше одговор на секое прашање. Јас и денес ја носам вербата во мене и кукавички или не, таму ја пронаоѓам својата утеха и душевен мир.

    Можеме да дискутираме до бескрај на оваа тема, но само ќе се вртиме во круг и пак ќе доаѓаме на исто место. Има многу прашања отворени, но овде дебатите и полемиките се излишни. Верник или не, јас ќе го почитувам секој, се додека има чиста душа :)
     
    На MarchelineAmaru и Shana им се допаѓа ова.
  6. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    Не верувам во господ и не сакам да се убедувам со никого, ги почитувам верниците, никогаш не ги убедувам дека не постои она во кое веруваат, мислам дека секој верник има читано дека не постои доказ за постоење на господ, но негово право е да мисли како сака и да верува во што сака се додека си наоѓа спокојство во верата.
    Има само една работа која страшно ме вади од кожа, а тоа е суеверието, на кое за среќа ниту една вера не учи а кое за жал на некој начин многу се замеша во верата барем на овие простори. Според мене тоа е резултат на простотилук, и неукост. Се плашам дека кај нас од оние што се сметаат за верници само 5% се, а останатите 95% се суеверници .... тоа мене ми е жално. Цревата ми се превртуваат од ’’пу пу пу да не те урачам, пази да не згазиш на шахта, пази да не поминеш кај шо си видел црна мачка’’ и многу други, како и оние работи од типот на ’’ако не направиш вака господ ќе те казни, ако направиш така ке ти се деси онака, ако направиш така еднаш мораш уште два пати за да бидат три за да не се урочиш’’ и уште илјадници такви ’’шием ти га Ѓуро’’ работи.
     
    На shiningstar и spellbound им се допаѓа ова.
  7. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Да.верувам цврсто,безусловно,бидејќи знам и чувствувам дека постои и ми помага...
     
  8. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
    Страшен удар ми зададе денеска ... се надевам и ВЕРУВАМ дека наскоро се ќе биде добро
     
  9. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    Не знам колку сум во право ама...постои една личност кој е совршен маж , сопруг, идеален татко на своите деца.Човек кој никогаш и никому не би наштетил,идеален колега, пријател, претпоставен.Навистина прекрасен човек, немам збор ! Кога слушнав дека всушност е атеист ( он сам го призна тоа ! ) неможев да верувам ! :o Атеистите се ладни луѓе, без страв од ништо и никого , самобендисани и сл. Не дека оние верниците неможат да ги поседуваат овие карактеристики, но за атеистите мислам се доста специфични.Грешам ли ?
     
  10. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Верувам да :) иако многу пати ми се имаат вртено прашања и двоумење за ова,сепак си стојам на мое ;)
     
  11. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    :!: Искрено не мислам, знам дека грешиш, зошто такво мислење? Како се изрази ... ’’не можам да верувам’’ ; демек атеистите се инаку монструми. Зарем ако некој не верува во виша сила е ладен човек, бестрашен, самобендисан? Па ако ги има сите овие карактеристики јас би го прогласила за храбар човек, таков човек сигурно чекори низ се што носи животот. Верата е право на избор, на еден начин наметнување од околината или поубаво кажано, воспитување. Јас сум атеист, можам за себе да кажам дека сум многу грижлива, емотивна личност, никому намерно не би му нанела болка во животот, знам да се покајам и да простам, и јас имам стравови, се плашам од многу работи како и сите, само што не верувам дека решението на моите стравови е во некоја виша сила, сама пробувам да се борам со нив, не барам помош од нешто што не можам да го видам и допрам, нешто што не знам дали постои, едноставно верувам дека за се мора да има логично објаснување, секојдневно науката докажува работи за кои до вчера сме мислеле дека се необјасниви, ако е нешто во моментот необјасниво не значи дека утре нема некој да го пронајде одговорот ... имам еден куп пријатели атеисти и верувај ми дека ниту еден од нив не е лоша личност, напротив.

    Те молам немој погрешно да ме разбереш, јас не сакам да ти докажувам дали има или нема господ, такви докажувања се не фер според мене бидејќи ти си наоѓаш утеха и мир во верата, туку само се бранам зошто знам дека сум добра личност. Не дека не сум се докажувала со некои луѓе, сум, ама тоа било затоа што тие мене се обидувале да ми наметнат ставови кои мојот разум ги побива.
     
    На Kristinna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115

    Во ред е.Кажав дека можеби грешам, и најверојатно е така.Не, не дека атеистите ги замислувам како монструми , како нелуѓе далеку од тоа...само ми дојде некако многу чудно.Но, веројатно со тек на време човек запознава во животот многу нешта а и личности.
    Да не избегам од темава, синоќа ја постирав оваа тема и само што си легнав сонив многу чуден сон ! Сонив една црква, многу икони и свеќи во неа.Како да бев со мајка ми во црквата.Она некаде се брзаше ко да немаше време а јас влегов и оставав пари по сите икони, палев свеќи...навистина чудно ! :?:
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Верувам во бога и тоа многу.
     
  14. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Верувам дека треба да сум добра и умерена личност.
    Верувам дека сите треба да водиме живот во кој ке се грижиме за блиските, за изнемоштените, за сиромасите, за нашиот двор но и за улицата. Верувам дека треба да помогнам кога некој е во невоља бидејки тркалото се врти. Верувам дека секогаш треба да ја кажувам вистината. Верувам дека треба да чинам добро за да истото ми се врати.

    Не ја читам библијата секојдневно и не проповедам. Во црква одам не за да ме видат на празник туку кога ке почуствувам потреба да се помолам но и да се заблагодарам. Господ е дел од мене и ми помага да бидам тоа што сум. Ме ставил во искушение неколку пати но верувајте, само сум станала посилна.

    Не е важно како го нарекувате сопствениот Господ туку важно е да бидете добри луѓе.
     
    На AnaKarenina и julie77 им се допаѓа ова.
  15. Calipso

    Calipso Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Секако православна сум , и верувам со цело свое срце :)
     
  16. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Верувам во Господ!Верувам и секогаш се молам и кога ми е добро и кога ми е лошо,знам дека што и да ми случи само ТОЈ искрено ќе ме сослуша и многупати добив помош или некој знак кога ми била најпотреба
     
  17. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Не. Моето мислење е скоро исто со мислењето на еден многу паметен човек по име Џорџ Карлин.

    http://www.youtube.com/watch?v=MeSSwKffj9o
     
  18. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    87
    „Рече безумникот во своето срце : нема Бог.“- Ова го рекол мудриот Соломон!
     
  19. JingYang

    JingYang Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    12
    Само во Господ верувам.Во овој проклет свет и нема на кој друг да му се верува.Поминувам низ тежок период во мојот живот и само на Бога се молам да ме извади од ваквата состојба.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Flow

    Flow Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    20

    Ако Џорџ Карлин е паметен човек, Ајнштајн е атеист. Ах, кај се сите оние плејада паметни момци пред него? Ах, ах :) Дваесет и први век, време кога Џорџ Карлин беше прозван за паметен човек, религијата беше конзервативна и кичеста оставштина од минатото а постот е метод за одржување на линијата. Џорџ Карлин е само една напатена будалетинка кој има лошо искуство со болести и на кого ќерката му умрела премлада. Еден од многуте Американци кои ја изгубија битката со верата со помош на католоцизмот. Ќе рече еден паметен човек.. римокатолизицмот е полош од и од атеизмот. Затоа што атеизмот не треба ни да го третира Христос додека римокатолицизмот е против него..