Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.483 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Како римокатолицизмот е полош од атеизмот? Постот не е само за одржување на линија или незнам што :fubar: |( постот е и духовно прочистување, нечисти мисли итн.Свесноста за здравјето кај човекот се појавува кога болеста ќе тропне на врата, а совеста е таа која го тера човекот да внимава на се, исхраната итн., со тоа го заштитува од болести.Сега не го негирам и појавувањето на болестите за кои човек не може ништо да направи, над кои нема контрола итн.Велат помогни си себе си, за и Бог да ти помогне, кратко и јасно.Според мене, јас верувам во Бог, но тоа незначи дека јас ќе чекам Бог да ми го среди животот или пример да јадам се и сешто, ама да не внимавам на тоа или за било што друго, значи да не внимавам воопшто.Животот е еден и драгоцен, немам сто животи за да јас си играм играчки и после да се чудам од каде ми болести и др.Тој човек изгледа очекувал Бог од никаде да му се појави и се да му среди |( затоа и ја изгубил верата.Човек може да влијае на својот живот, за тоа како ќе се одвива, но не целосно, само делумно.
     
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    ^ Па ако гледаш на назад римокатолицизмот е многу полош од атеизмот. Овие барем се индеферентни, а католичката црква сакајќи да исправа кривини отепа бајги невини :)
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Верувам, но кога би ме прашале зошто и како, би ви кажала дека не знам, бидејќи навистина не би знаела да ја опишам таа енергија која ја чувствувам. Тоа е моја приватна работа, и не сакам кога некој се поигрува на таа тема, бидејќи тука иако не постојат силни факти, постојат силни емоции, во кои доколку воопшто не се верува во нив, човечки е да се почитуваат.
     
    На Theodora и Shana им се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Еi incubit probatio qui dicit non qui negat или пресумпцијата на невиност за верувам дека Бог НЕ постои! Ова за атеистите и уште една мала напомена не ми е јасно како се занимавате и критикувате некој за кој тврдите дека не постои, мене ми е логично да не се ни замарам ако имам ваков став кон некој или нешто!

    Да се разбереме немам ништо против тоа дали некој се определил како атеист или будист или сатанист или муслиман или хиндуист или што и да сака да се определи, ама искрено не разбирам која потреба е да бараш причини да напаѓаш нечие верување... И јас од хоби ги проучувам сите религии и постоечки и поранешни онака сакам да осознавам нови нешта ама не барам материјал да плукам по некого!

    Инаку мала препорака до сите атеисти мислам дека ќе ви одговара да го читнете Ла Веј и неговиот атеистички сатанизам може и ви се свиди учењето прилично го става поединецот и неговиот личен развој во центарот на вниманието и нема поклонување ни пред Луцифер ни пред било кој друг Бог! Ако ова ви звучи како навреда или провокација не е, само препорака за литература која кореспондира на ставот генерален на поголемиот дел атеисти.
     
  5. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Да со ова мислење комплетно се согласувам. Римокатоличката црква палела и бесела живи луѓе на сред Рим, а не атеистите. Во атеизмот не гледам ништо лошо. Не верувал некој-па што? Негов избор, негов живот. Не знам зошто толку се расправате и се напаѓате кој што бил и кој каков бил.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Flow

    Flow Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    20
    Дали си запозната со поимот иронија? Тоа претставува денес постот, Нема компромиси, плус или минус. Оние малку вистински верници кои знаат дека постот не е „измислен„ за гладување или за слабеење- го почитуваат, останатите односно помодарците прават религија од материјалните нешта. Тоа е така, не затоа што јас така велам туку затоа што е тоа вистина. Напишано е така како што е. Затоа и се сложувам со твојот коментар.
     
  7. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Верувам и го чувствувам Божјото присуство.И секогаш на тие кои ми велат како можам да верувам во нешто што не сум видела им кажувам како тие веруваат во среќа,радост ,тага или љубов,а не ги гледаат?
     
  8. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    верувам во Господ , верувам во неговата сеприсутност, бесконечност,бескрајна љубов и бесконечна интелегенција, Бог е она нешто во моето срце што ме води,ми ги дава сите одговори сите решенија,секогаш кога и да ми е потребна помош тој ми помагал,и за оние работи кои некогаш жалиме оти не сни ги имале па сни се разочарувале,но сватив всушност дека Бог чувал нешто многу подобро од тоа за нас, :l:
     
    На mamita му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    kako moze nekoj da se pravi deka e vernik? a ne veruva vo bog i ne gi sledi bozjiot pat.
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.836
    Не, не верувам, некој вид на атеист сум, што значи дека не сум потполен атеист, не сум ни верник. И не е заради тоа што немам изградено мислење, туку зашто такво ми е мислењето. И коментари одма атеист отвара тема религија, отворив за да пишам дека не верувам и ништо повеќе од тоа, ни можете да ме убедите, ниту ја можам да ве убедам во нешто.
    just sayin' :)
     
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Бидејќи на неколку пати се споменуваат жртвите на римокатолицизмот да потсетам на неколку моменти - прво, во денешни услови многу пати е изразено каење и жалење од страна на Ватикан околу постапките на Инквизицијата, второ, во Библијата никаде не повикал Бог на формирање на Инквизиција и егзекуции и трето, бројот на жртви на Инквизицијата во рок од 12-ти до 19-ти век за 700 год. е проценет на 30 и нешто илјади, што не значи дека сугерирам дека требало луѓево да загинат, ама просекот е помалку од 60 лица годишно бидејќи луѓето сепак мислат дека се во прашање милиони и четврто, станува збор за луѓе кои иако се сметале за религиозни направиле огромна грешка иако биле убедени своевремено во спротивното, личната вина никој не им ја оспорува и од религиозна гледна точка ќе бидат и лично казнети. Најозлогласената Шпанска Инквизиција од 125.000 случаи на смрт осудила околу 1,8% или 2.100-2.200 лица, додека цивилната власт од 80.000 осудени егзекутирала 50.000 жени прогласени за вештерки. Најголем дел луѓе биле покрстувани со сила или прогонувани. Инаку во Саудиска Арабија и до ден денес постои смртна казна за вештерство (witchcraft). Не го изнесувам фактот бранејќи ја својата религија (православието) или напаѓајќи туѓа туку како современ факт. За да зборува на оваа тема треба познавање на средновековието период кој спореден со денешницата е многу тешко, да не речам практично невозможно да се компарира. А да бидеме искрени сите атеисти сигурно не сте зазеле став на неверување бидејќи до толку сте се припотресле за жртвите на Инквизицијата... Цивилизациите настанале со доста жртви тоа е неоспорен факт!

    Друго сакам да напоменам, иако никој никого не се обидува да убеди во насока на тоа дали ќе верува или не. Ако во минатотото не постоеле светите книги со своите начела или законикот на Хамураби и Римското право не биле дадени меѓу народот светот би бил многу многу полошо место. Лесно е од аспект на 21 век да се негираат придобивките на моралното насочување и да се критикуваат религиите и да се отфрлат во целост... Меѓутоа постоел период кога на луѓето им биле потребни морални насоки и начела, бидејќи не учеле етика на факултет пред 2.000 години да се разбереме, дури и во средновековието има превисока стапка на неписменост, дури и меѓу аристократијата која го решавала проблемов со ангажирање црковни лица. Со векови писменоста се ширела преку црквите и манастирите и дел од свештениците или калуѓерите и др. персонал поминувале цел живот во макотрпно рачно препишување на книгите во текот на многу векови пред појавата на печатниците. Најголемите библиотеки биле токму во верските објекти и не само дела од религиозен карактер туку и од научен. Ваше право да не верувате во Бога, не се мешам, меѓутоа покажете барем малку респект кон религијата барем поради тоа што верските објекти бидејќи биле стожери на писменоста предолго на светската сцена (па непосредно ви помогнале денес да градите ставови како начитани интелектуалци) и напаѓањето и критицизмот се многу лесно остварливи, ама треба да се гледаат секогаш двете страни, ;) .
     
    На antilla и Gordana10 им се допаѓа ова.
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    верувам во Господ .
     
  13. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    87
    Верата без дела е мртва вера! Потребни се дела не било какви, туку вистински од срце!
     
  14. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381

    Типот колку и да се обидувал да се претстави како атеист, сепак бил основач на култ и на црквата на сатаната. И иако на прв поглед од она што ќе се прочита за него накратко на Википедија или во некоја друга енциклопедија може да се добие впечаток дека неговата филозофија соодветствува со животните поимања на атеистите, сепак, не верувам дека еден вистински атеист може да се пронајде во неговото учење доколку се информира малку поподробно. Всушност доволно е да се погледнат само неколку слики и отприлика е јасно
    Ајде, не дека се којзнае што сликиве, ама, ете, имам и дома луѓе поосетливи на овие работи да не рече некој прв пат што го гледа не сум кажала
    http://2.bp.blogspot.com/_1x5nKkIk-rs/S-LWIV8o8YI/AAAAAAAAQbA/3Pc2bW86lHw/s1600/lavey_satanist.png
    http://www.peoples.ru/state/citizen/anton_zzandor_lavey/lavey_1.jpg
    http://27.media.tumblr.com/tumblr_lfpxeucCsf1qz6kaqo1_500.jpg
    А не разбирам зошто атеист, кој нели се оградува од верба во постоење на било каква виша сила вклучувајќи го и сатаната, би изведувал разни ритуали и обреди, (нели ритуалите се изведуваат со цел поединецот да се почувствува поблиску до своето божество, не навлегувам сега колку тие ритуали се во границите на нормалата во случајов), упорно би се повикувал на неговото име и би се залагал за воведување на учењето на сатаната на земјата, стварно тој дел не им го разбирам на овие следбенициве на Лавеј... Што они не веруваат дека всушност постои сатана ама веруваат дека постои некакво негово учење :^) какво учење може да има една митолошка фигура и спореден лик од верска книга, што е он, филозоф? :^) :D Не ми е верно дека навистина го сметаат само за метафора на човековите желби како што тврдат, тука има уште многу други работи.
    Така што, ретко кој атеист би се пронашол во ова, тој што би се пронашол не е ни атеист, така само си мисли :)
     
  15. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    Да, верувам во господ, и сум доста побожна личност.. верувам дека сите имаме своја судбина!
    не судам на никој, ако некој не верува во господ, си има негова причина зошто да не верува.
    секој со своето !
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Традиционалните сатанисти го отфрлаат и дури презираат Ла Веј бидејќи иако тој говори навидум за Црквата на Сатаната неговото учење е филозофско повеќе отколку религиозно и во основата е атеистичко нема верување и поклонување пред Сатаната во облик на антропоморфно божество, туку тој е само алегориска претстава на бунтот. Тој тврди дека нема ни рај ни пекол, не постои Бог, додека ѓаволот според него е само сила која му се спротивставила, значи ова учење е бунт против сите религии и го става човекот во центарот на вниманието, ги смета за гревови - глупоста, претенциозноста, недостатокот на перспектива, недостатокот на естетика, непродуктивната гордост и др. Секој човек си е сам себеси своевидно божество и самодоволен и бла, бла ... Инаку ги видов сликите и многу го сметаат за човек (со право :D ) кој само имал доволно среќа или харизма пропратена со многу добар маркетинг, а во глобала е позер и само направил ,,учење,, кое всушност е лош збир на толкувања и извитоперувања на религиски идеи, ама ете му успеало.

    Инаку во врска со езотеријата на учењето не би можела да дадам одговор сепак не е сфера која ми е позната :D , ама мислам дека и без стриктно повикување на главниот ,,лошко,, би се снашле некако :D !

    Инаку ова ми беше повеќе препорака за ,,агресивни,, атеисти со прогресивни тенденции да видат дека нивниот став е сепак некаде застапен, ;) .
     
  17. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Ги знам овие работи околу неговата филозофија, само самата негова поврзаност со атеизмот ја сметам за глупост, зошто еден атеист би формирал култови, би користел верска симболика, би ја имитирал претставата за едно натприродно битие кое ја создале други религии и на крај зошто еден атеист би создавал нова религија :^)? Нон-сенс |(
    Мене ова ми е исто како сега јас да се восхитувам еве пример на ликот на Круела де Вил од некои икс причини :D, да го имитирам нејзиниот стајлинг и да се опседнувам со крзно само затоа што таа го прави истото, а притоа знејќи дека таа е нереален лик упорно да собирам приврзаници на кои таа ќе им биде идол и урнек на однесување :^) Сево ова ми делува неурамнотежено и тоа не толку од негова страна, зашто неговите мотиви се и повеќе од јасни, ами од неговите следбеници.
    А дека Лавеј е само некој кој успешно се снашол во општествово користејќи ги комерцијалата и склоноста на некои луѓе да им биде испран мозокот, за мене е непобитен факт.
    Хм... "Прогресивен атеизам" во облик на религија на обожување библиски ликови во чие постоење не се верува или подобро кажано, во чие непостоење се верува... хм :^) Атеизмот (одбивањето на религии) како религија?
    Од што уште може да се создаде религија во денешно време се прашувам :^)

    Сериозно, ова е комерцијалистички шит и нема врска со вистински атеизам.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Теодора воопшто не го вмешав Бог, пошо нели и не верувам во него.
    Ватикан може колку сака да се извинува, но жртви ко жртви ги има независно од нивната бројка. А и колку верски фанатисти опседнати со нивната религија нанеле зло?
    Ќе ја тепам жена ми и ќе оставам само да ми работи по куќа оти во Библијата пишува дека Ева е за никаде, таа направила некаков си грев. Гревот е желба за знаење ама нема врска тоа нели :D Ова е само пример, не мора да се сфати буквално. Римокатоличката црква, освен што е крива за инквизицијата, виновна е и за попречувањето на науката. Затоа и средовековието се смета за црна дупка во развитокот, независно од тоа кои јазици се создале тој период. Била и тиранин на некој начин.
    И само да знаете, не ја јас напаѓам религијата ами нејзината иституција. А сите знаеме колку нив не ги бива. И смешни ми се луѓето кои толку буквално ја сфаќаат. Мислам :D

    Христијанската религијата ги издигнала луѓето морално. Океј. Примитивноста и тоа пренесување на човечки жртви го оставила во позадина. Супер. За се тоа како бумеранг да се врати.
    А барем сите можеме да разликуваме добро од лошо и знаеме дека убивањето, на пример, е лошо

    Мене ми е интересна религијата, ама има некои смешни луѓе кои ми се прават некои јаки христијани и уште шо ти не оти мама и тато и баба и дедо оделе во црква.
     
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Незнам каква е таа религија за Сатаната, искрено смешно ми делува, додуша веќе ништо не ме чуди, покрај религии за Бог, Сатаната, па ништо чудно да се појави религија во име на Изида, Озирис или штознам некој од тие старомодните :D Само ете пример, прибидејки човеков тврди дека нема Бог, а и тоа дека се прави филозоф, нели му текнало да се запраша зошто христијанството е доминантно и сеуште постои како религија? Атеист е ако не верува во Бог, ако има некакви си ритуали, верува во нешто, но не и во Бог.Апсурдно е да се создава сега религија на нешто кое не постоело, а е измислено.Темава е многу тешка за размислување и длабока.Имав спомнато и во другите теми тука, човеков тврди дека нема Бог, зошто Бог дозволува да се случуваат лоши работи, а добро зошто не му текнало дека човекот е тој кој војува во светов, кој убива, мислам преедноставна е филозофијата на оваа тема.Јас верувам во Бог, затоа што не еднаш стопати ми помогнал, само за да го свати човек постоењето на Бог, мора малку да ги проанализира нештата околу себе, за да рече потоа дали има или нема Бог.А христијанството како учење постои и трае до ден денес, затоа што човек го создал и пренел, не затоа што е создадено на основа на нешто измислено, тоа е разликата.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Магнолија, за мене и верски фанатик и агресивен атеист се тука некаде не по убедувањето по однос на (не)верување, туку по ставот да појаснам подобро - наметливоста како тие се само во право по ова прашање.

    И не сите атеисти се со повеќе знаења од сите верници само поради атеизмот ;) .

    Потрагата по Бога и обидот да се разбере неговата креација (човекот, природата, универзумот) се двигател на науките и уметностите , науките - на надворешниот, уметностите - на внатрешниот аспект. Ова е согледување на нештата од аспект на верник, кој апсолутно не мора да ти значи тебе ништо.

    Прогресот на науката во современи услови никоја религија не ти го забранува, за да дискутираме за средновековието или современоста ако сакаш повели, ама да си играме временска машина за да бараме аргументи, сепак не би, :) плус одговорот веќе го има на се‘ што си посочила во мојот претходен пост.

    Убивањето дека е лошо е неоспорно, меѓутоа секоја една држава го платила својот суверенитет со неброени жртви, плус ова не е процес кој е завршен т.е. сеуште трае.

    Околу последното и да алудираш на мене не се пронаоѓам така да излишно е да го коментирам, ;) .