Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.483 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Злото постои за да знаеме што е добро.
    Како ќе знаеш што е добро, ако не постои нешто што е спротивно од него? :^)
     
  2. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    па да верувам. така сум воспитан од мал да верувам во тие работи :)
     
  3. mihaela55555

    mihaela55555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    121
    Верувам....
    Незнам зошто но сепак верувам-христијанка сум :)
     
  4. LeonaS

    LeonaS Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    24
    верувам постои некој Виша сила која не следи и го контролира секој наш чекор. секако дека верувам :angel: :angel: :angel:
     
  5. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    ВЕРУВАААМ!....
     
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.470
    Пол:
    Женски
    Не, не верувам затоа што мислам дека се што ни се случува е последица на нашите постапки а не на некоја виша сила.Верувам во науката и во моќта на природата и на природниот баланс на нештата што не опкружуваат.Ги почитувам сите религии како и религиозните луге и никогаш ниту сум сакала ниту пак сум пробала да им го наметнам мојот став на лугето што ме опкружуваат.Секој има право да верува во што сака па така и јас имам право да не верувам во Господ.И да, не одам во црква но од секогаш сум сакала да ги посетам сите познати религиски храмови од уметничка и архитектонска гледна точка а не од верска.
     
  7. belluci

    belluci Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    12
    Во една училница на колеџ еден професор предава лекција по филозофија....

    „Дозволете ми да ви објаснам кој е проблемот што науката го има со религијата.“ Професорот атеист по филозофија замолчува за момент а потоа го замолува еден од неговите студенти да стане.

    - Ти си христијанин, нели синко?

    - Да господине - одговорил студентот.

    - Значи ти веруваш во Бога?

    - Секако.

    - Дали Бог е добар? - прашал професорот.

    - Секако! Бог е добар.

    - Дали Бог е семоќен? Дали Бог може да направи се?

    - Да.

    - Дали ти си добро или зло?

    - Библијата вели дека сум зло.

    Проферсорот извикнува гласно. Аха! Библијата! Тој размислува за момент. Еве нешто за вас. Да речеме дека тука има болен човек и вие можете да го излечите. Можете да го направите тоа. Дали ќе му помогнете? Дали ќе се обидете да му помогнете?

    - Да господине. Ќе се обидам.

    - Значи ти си добар ...!

    - Не би рекол.

    - Но зошто да не се каже така? Ти ќе му помогнеш на болен и осакатен човек ако можеш. Повеќето од нас би го направиле тоа кога би можеле. Но Бог тоа не го прави.

    Студентот не одговорил па затоа професорот продолжил.

    Тој не го прави тоа нели? Брат ми беше христијанин кој почина од рак , иако се молеше на Исус да го излекува. Како тогаш Исус е добар? Можеш да ми одговориш на ова?

    Студентот останал да молчи.

    Не, не можеш да ми одговориш нели? - рекол професорот. Тој зема голтка од чашата со вода на својата маса за да му даде време на студентот да се релаксира. Да почнеме од почеток младо момче. Дали е Бог добар?

    - Да ... господине, - рекол студентот.

    - Дали сатаната е добар?

    Студентот не се двоумел за ова прашање. „Не“

    Тогаш од каде доаѓа сатаната?

    Студентот одговорил : Од Бога.

    Тоа е вистина. Бог го создал сатаната нели? Кажи ми синко, дали има зло во овој свет?

    - Да господине.

    - Злото е насекаде , нели? А Бог создал се нели?

    - Да.

    - Значи кој го создал злото? Професорот продолжил, „Ако Бог создал се, тогаш Бог го создал злото, штом злото постои, и според принципот дека нашите дела не дефинираат кои сме, тогаш Бог е зло.“

    Повторно студентот нема одговор.

    „ Дали постои болест? Неморал? Омраза? Грдотија? Сите овие ужасни нешта, дали тие постојат на овој свет?“

    Студентот застанал на нозе.

    „Да“

    „Значи кој ги создаде?“

    Студентот повторно не одговорил па затоа професорот го повторува прашањето:

    „Кој ги создал?“ се уште нема одговор. Одеднаш професорот оди набрзина во предниот дел од училницата. Класот е хипнотизиран.

    „Кажи ми ,“ тој продолжува кон друг ученик. „ Дали веруваш во Исус Христос синко?

    Гласот на студентот го издава и трепери.

    „Да професоре, верувам“

    Пофесорот престанува да шета„ Науката вели дека ти имаш пет сетила кои ги користиш за да го идентификуваш и да го набљудуваш светот околу тебе. Дали некогаш си го видел Исус?“

    „Не господине. Никогаш не сум Го видел“

    „Тогаш кажи ни дали некогаш си го слушнал Исус?“

    „Не господине , не сум.“

    “Дали некогаш си го почувствувал Исус, си го вкусил Исус или стопил твојот Исус? Дали некогаш си го почувствувал со сетилата Исус Христос или пак Бога?“

    „Не господине, за жал не сум “

    „И сепак сеуште веруваш во него?“

    „ Да“

    Според правилата на емпирискиот, потврден докажан протокол, науката вели дека твојот Бог не постои. Што ќе кажеш на тоа синко?

    „Ништо “ одговорил студентот. „Јас ја имам само мојата вера“.

    „Да, Верата“, повторил професорот. „И тоа е проблемот кој науката го има со Бог. Нема доказ, само вера.“

    Студентот застанал тивко за момент, пред и самиот да постави прашање.

    „Професоре, постои ли топлина?“

    „Да“

    „А постои ли ладно?“

    „Да синко тука е премногу ладно.“

    „Не господине, не постои“

    Професорот го врти своето лице кон студентот, очигледно заинтересиран. Во училницата одеднаш станува многу тивко.

    Студентот почнува да објаснува.

    Можете да имате топлина во изобилство, дури и повеќе топлина, супер-топлина, мега-топлина, неограничена топлина, бела топлина, малку топлина или да нема топлина, но не постои нешто што се нарекува „ладно“. Можеме да одиме надолу до 273 степени под нулата, што не е топлина, но не можеме да одиме повеќе од тоа. Не постои ладно, инаку би можеле да одиме под ладно подолу од најниските -273 степени. Секое тело или објект е подложно да учи кога има или пренесува енергија, и топлината е таа која прави телото или предметот да има или пренесува енергија . Апсолутна нула (-273 степени) е тотално отсуство на топлина. Видете, господине, ладното е само збор кој го употребуваме за да го опишеме отсуството на топлина. Ние не можеме да го мериме ладното. Топлината можеме да ја мериме во термички единици бидејќи топлината е енергија. Ладното не е опозит на топлина, господине, само отсуство на тоа.“

    Тишина низ целата просторија. Пенкало падна некаде во училница, звучеше како чекан.

    „Што е со темнината, професоре. Дали постои такво нешто како темнина?“

    „Да“ одговорил професорот без двоумење. „Што е ноќта ако не темнина?“

    Повторно грешите, господине. Темнината не е ништо друго, туку отсуство на нешто. Може да имате слаба светлина, нормална светлина, светла светлина, трепкава светлина, но ако немате светлина постојано вие немате ништо и се нарекува темнина зар не? Тоа е значењето кое го употребуваме за да го дефинираме зборот. Во реалноста, темнината не постои. Ако постоеше, вие ќе можевте да ја направите темнината потемна, зар не?

    Професорот почнал да му се смее на студентот. Ова ќе биде добар семестар.

    „Па која е вашата поента млад човеку?“

    „Да професоре. Мојата поента е, вашите филозофски премиси имаат недостатоци на самиот почеток, и вашиот заклучок мора да е погрешен.“

    Лицето на професорот не можеше да го скрие изненадувањето овој пат. „Недостатоци? Може да ми објасниш како?“

    „Вие застапувате премиса на двојност“ објаснил студентот. „Вие расправате дека има живот и дека постои смрт, добар Бог и лош Бог. Вие го гледате Божјиот концепт како нешто конечно, нешто што не може да го мериме. Господине, науката не ни може да ја објасни мислата. “Се употребува електрична енергија и магнетизам, но никогаш не се гледа, а уште помалку да се разбере барем едното. Да се види смртта како опозит на животот е да се игнорира фактот дека смртта не може да постои како материјална работа. Смртта не е опозит на животот, туку само нејзино отсуство. “Сега кажете ми професоре,... Дали ги учите вашите студенти дека тие еволуирале од мајмуни?“

    Ако се однесува на природниот еволутивен процес, млад човеку, да, секако дека да.“

    Дали некогаш сте ја набљудувале еволуцијата со вашите очи, господине?“

    Професорот почна да ја тресе својата глава, се уште смеејќи се, како да сфаќа кон што води аргументот. многу добар семестар, навистина.“

    Бидејќи никој никогаш не го набљудувал процесот на еволуцијата како оди и не може да докаже дека процесот продолжува, зарем не го предавате вашето лично мислење, господине? Зар не сте научник туку проповедник?

    Училницата е во галама. Студентот останува смирен додека конфузијата се стивнува.

    Да продолжам со поентата што ја кажавте претходно на другиот студент, да ви дадам пример на што мислев.“

    Студентот погледнува низ просторијата. „ Дали постои некој во училницата кој некогаш го видел мозокот на професорот?“

    Класот прснува во смеа.

    „Ако постои некој кој некогаш го слушнал мозокот на професорот, го почувствувал , допрел или помирисал мозокот на професорот? Изгледа дека никој не го направил тоа. Па, според поставените правила на емпирискиот, стабилен, потврден протокол, науката покажува дека вие немате мозок, со сета почит господине. Па ако науката кажува дека вие немате мозок, како да им веруваме на вашите предавања, господине?“

    Сега училницата е во тишина...

    Професорот само гледа во студентот, неговото лице е нејасно. Конечно, по голема пауза, професорот одговорил „претпоставувам дека ќе се земе во обѕир верата“

    Сега вие прифаќате дека има вера, и всушност, верата постои со животот, продолжува студентот. „Сега, господине, дали постои такво нешто како злото?“

    Сега несигурен, професорот одговара, „Секако дека постои. Го среќаваме секој ден. Тоа е во секојдневните примери на човечката нехуманост кон човекот. Тоа е во мноштвото криминал и насилство насекаде низ светот. Овие манифестации не се ништо друго туку зло.“

    На ова студентот одговорил, „Злото не постои господине, или најмалку не постои само по себе. Злото едноставно е отсуство на Бог. Тоа е како темнината и ладното, збор кој човекот го создал за да го опише отсуството на Бог. Бог не го создал злото. Злото е резултат на тоа што се случува кога човекот ја нема Божјата љубов присутна во неговото срце. Тоа е исто како што ладното што доаѓа кога нема топлина или кога темнината доаѓа кога нема светлина.

    Професорот седна.

    Алберт Ајнштајн
     
    На eticka, angelce1 и Abeja им се допаѓа ова.
  8. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Да, верувам!

    [​IMG]
     
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Денес баш се замислив на темава, т.е некои ситуации ме доведоа да се замислам, дали навистна верувам?
    И што е тоа вистинско верување?
    Веруваш со душата или со умот?
    Не одам слепо по правилата на црквата, некои адети за мене се навистина непотребни и застарени, но сеуште постои во мене, можеби се скрила периодов длабоко, но испливува на површина, вербата, надежта, таа некоја си необична сила од која не се плашам, но имам неизмерна почит.
    Грешам, правам непромислени работи некогаш, но сум верник, имам совест која работи длабоко во мене и некоја чудна сила која постојано ме враќа таму каде грешам и ми дава моженост да го исправам.
    На никого не му мислам лошо, никого не мразам, простувам затоа што несакам душата да ми биде полна со гнев.
    Верувам бидејќи сакам да верувам и избирам со срце и душа.
     
    На kravce и julie77 им се допаѓа ова.
  10. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Верувам дека постои НЕШТО, некоја виша сила. А дали има некоја посебна форма, или облик, не знам и нема ни да дознаам. Понекогаш застанувам на прозор и се молам гледајќи кон небото но искрено се замислувам дали оние желби кои ми се оствариле, се оствариле поради тоа што силно сум ги посакувала и сум била истрајна или таа виша сила ги остварила? Како и да е, секој човек има потреба од верба во нешто, без тоа мислам дека едноставно е многу тешко. Не сум конкретно верник на некоја посебна религија, мислам дека совршена религија не постои и дека секој има право да верува во она што сака.
    На крај краева, она во што јас верувам е судбината и дека се се случува со причина. И дека секое едно случување има и добра и лоша страна, а наше е која ќе ја преферираме... За мене искрено не е секогаш тоа добрата страна, многу често сум и песимист. Еве во моментов посакувам едно нешто да се случи, обично секогаш паничам, но овој пат сум некако посмирена. Дали е тоа некој показател дека се ќе биде добро или едноставно сум отрпнала не знам... Се молам и надевам дека се ќе испадне добро.
     
    На Gordana10 и kravce им се допаѓа ова.
  11. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    Верувам.. силно, најсилно!
    Секогаш пред некоја за мене важна работа, па и секоја ноќ пред спиење се молам, и верувам дека молитвата ќе ми биде ислушана.
     
  12. sakamdasumsreknabar1

    sakamdasumsreknabar1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
    Вербата во бога ме доведе до тука,арно ама никако да сум среќна барем еднаш.
     
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Да верувам!..
    Затоа се молам за себе и околу...затоа што за мене постои!..и верувам!!..
     
  14. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Верувам.
     
  15. Beyonce87

    Beyonce87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    38
    Верувам во Бога и тоа мнооогу.Секој ден и секоја вечер се молам.Кога ќе побарам нешто од него се ми дава...Многу верувам, и многу го скама Бога....
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Вербата мора да ти биде силна и јака,со молитва пост и покајание да знаес дека ке бидеш и те како среќна и исполнета.Многу нешта ке ти се сменат во животот! Поздрав
     
  17. Natasha2012

    Natasha2012 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Женски
    И јас верувам во Бог, но не е доволно само да се верува, треба да се живее.Ја читам Библијата веќе долго време, верувам дека Библијата е Божјиот збор и во него е опишан Бог и неговиот карактер.Се молам и сум видела многу пати како Бог одговара на моите молитви :)
    Откако почнав да верувам во Бог и да ја читам Библијата, мојот живот стана похармоничен и благословен :)
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    искрено не сум сигурна дека постои Бог. Пред околу една година прочитав нешто што навистина ме натера да размислувам.
    Ако Бог е семоќен зошто не го спречи злото.
    Ако Бог е семоќен и можи да го спречи злото, а го нема тоа сторено значи е зол.
    Ако Бог сака да го спречи злото, а неможе значи не е семоќен, не е Бог!
    вака некако беше не ми текнува точно :D
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Cекаде мора да има и зло и добро. A доброто и злото сме ние, ние си избираме дали ќе бидеме добри, или злобни луѓе, ние самите си го правиме злото :) Cе од нас поаѓа.
    :)
    инаку да, си верувам во господ, и само во господ.
    попови HE!
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Ке ти казам нешто,се надевам нема погрешно да ме сватиш. :)
    Ова е според тоа што јас верувам и мислам дека е точно,а и сигурна сум дека и повекето веруваат како мене.
    Значи ЃАВОЛОТ е тој што прави лоши работи,тој го носи злото.Но тука е ГОСПОД кој не спасува и ни помага.
    Сите сме се нашле во ситуација каде што никој немозел да ни помогне,но тука е ГОСПОД.
    А и немозе да постои свет (зивот) без ЗЛОТО И ДОБРОТО.Тоа е невозмозно.
    Еве ти еден пример:
    Тетка ми беше болна.Немозеше да јаде,да диши,да се двизи,ништо.И сите мислевме дека за неа веке нема зивот.Но се молевме на ГОСПОД,и во последен момент оздраве,се спаси,и сега зива и здрава (фала му на бога). :)
    Значи ти ако вака викаш за Господ,значи веруваш во Гаволот,а тоа е лошо и погрешно.

    Се надевам не ме свати погрешно,јас несакам на ништо да те набедувам,и да те терам да веруваш во нешто што несакаш. :)