Верувам. Да. Имало периоди кога сум била очајна и кога не сум верувала во никој, па ни во него, но сепак вербата е нешто посилно и не те остава туку така. Погледнете го филмот Left behind и ќе ви станат јасни многу работи. Мене искрено овој филм ми даде одговор на повеќе прашања. И да, сакам да верувам дека е така
Јас одсекогаш сум верувала а и ќе верувам во Господ.Што и да биде никогаш нема да се одкажам од него.Кога и да се помолам и да посаам нешто веднаш желбите ми се остваруваат.Посилен и помокен на овој свет нема освен Господ.Навистина многу го сакам а и многу верувам во него.
Во Бог или која и да е таа сила верувам. Но не верувам во црква или библија. Бог е во секој од нас, тоа ми е доволно.
Како е можно да се верува во Бог кој не го познавате? Како верувате без да ја познавате Божјата воља објавена во Библијата? Само ако верувате нема никаква корист, оти и гаволот верува а трепери! Вера без дела е мртва вера.
Затоа и се вика ВЕРБА ВО ГОСПОД бидејќи се верува во тоа! Не ти е потребно докази за да имаш верба! Јас премногу верувам бидејќи досега што и да сум го замолила на Господ тој ми го исполнил тоа И многу сум му благодарна А се што не ми е исполнето од негова страна знам дека е тоа бидејќи чува нешто подобро за мене! Но и не ми пречат и тие што не веруваат во Господ Секој си има свој живот, нема потреба јас да се мешам и да го убедувам да верува!
Сега налетав на текстов ... Еден ден одлучив да се откажам од се... Се откажав од мојата работа, мојата врска, мојата духовност... Сакав да се откажам од мојот живот. Отидов во шумата да разговарам за последен пат со Бог. - Господе, прашав, можеш ли да ми дадеш една добра причина да не се откажам? Неговиот одговор ме изненади... - Погледни наоколу, рече Тој - дали ги гледаш папратот и бамбусот? - Да, одговорив. - Кога ги посеав семињата на папратот и на бамбусот, многу се грижев за нив. Им дадов светлина. Им дадов вода. Папратот брзо порасна од земјата. Неговото прекрасно зеленило го покри подот. Сепак сеуште ништо не порасна од семето на бамбусот. Но јас не се откажав од бамбусот. Во втората година папратот израсна пожив и поразвиен. И пак, ништо не порасна од семето на бамбусот. Но јас не се откажав од бамбусот. Во третата година сеуште немаше ништо од семето на бамбусот. Но јас не се откажувам. Во четвртата, пак,се уште немаше ништо од семето на бамбусот. Но јас пак не се откажувам - рече Тој. Тогаш во петтата година еден тенок изданок никна од земјата. Споредено со папратот беше премногу мало и незначајно... Но само шест месеци покасно бамбусот порасна над 100 стапки височина. Биле потребни пет години да израснат корењата. Тие корени го направија силен и му дадоа она што му беше потребно за да преживее. Не би му дал на ниедно мое создание предизвик со кој не би се соочил. Тој ме праша: - Дали знаеш, мое дете, дека сето ова време во кое страдаш и се бориш, ти всушност си пуштал корени. Јас не се откажав од бамбусот. Јас никогаш нема да се откажам и од тебе. Не се споредувај себеси со другите - рече Тој. Бамбусот има друга Цел за разлика од папратот. Сепак и обете ја прават шумата прекрасна. Твоето време ќе дојде... Ќе пораснеш високо - ми рече Бог. - Колку високо треба да пораснам? Прашав. - Колку високо би пораснал бамбусот? - тој праша за возврат. - Колку што може повисоко? - одговорив. - Да - рече Тој. ПРОСЛАВИ МЕ РАСТЕЈЌИ КОЛКУ ШТО МОЖЕШ ПОВИСОКО. Поука: БОГ НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД НАС... ЗАТОА, НИКОГАШ, НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ !!!
Верувам ! во Господ и во божјата сила и правда . верувам и во црквата . но неверувам во попови и остали шалабајзери што ја злоупотребуваат црквата и името божјо за некој си сопствени материјални цели ... не за џабе рекле ПОПОВИ - ЛОПОВИ
Верувам во Бог и секогаш ќе верувам. Но не верувам во поповите затоа што ја злоупотребуваат својата положба и се обидуваат да ги манипулираат верниците за да си пикнат поголема сума пари в џеб.
Единствено нешто во кое што верувам е Бог.Само тој е единствениот кој што е вистински,на кој што му се молам за себе ,а и за другите мои блиски.Сум имала причина да верувам во него,сум одбивала да разберам зошто некои нешта се случиле,а тој не направил ништо за да не се случат,но сега знам дека се се случува со некоја причина и само Господ е семоќен.
Верувам.. тој создал се и од него е секое добро, а и кога ни се случуваат невољи тоа не е од бога туку од нашите погрсшни избори ... Јас без Бога не можам, едноставно кога ми е многу тешко понекогаш само ке се помолам во себе на Бога и одма осеќам некој мир. И редовно си одам во црква.
Ми текнува на една налепница со следниот текст: „Вие не верувате во Бог? Но тој верува во вас, и ви го дарува Внатрешниот Пат во Универзален живот!„
јас одсекогаш сум верувала во Бога. треба сите да веруваме во него тој не создал нас тој создал се...