Во господ ВЕРУВАМ бидејки секогаш кога имам мака кога сум му се помолила секогаш ми помогнал и ме насочил кон правдината.Не барам докази бидејки чувствувам дека е со мене во сите неволји.... D
Верувам, така ме воспитале уште од мала. И неможам да сфатам коа некој не верува (ај што не верува нема врска) ама се прај важен и се гордее со тоа, незнам, ама ептен ми е несфатливо.
Mакедонските верници меѓу првите пет по религиозност, заедно со остатокот од 'развиениот' свет http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedon ... -vo-evropa
Не сум баш сигурна дали верувам. Агностик сум. Ама се повеќе се приближувам до тоа да бидам целосен атеист. Само мислам дека не треба да судиме. Атеистите мислат дека верниците живеат во заблуда и треба да се освестат. Исто и верниците така мислат за атеистите. Секој си има свое право на избор за што и да било и на крајот тој ќе си ги сноси последиците какви и да се.
ВЕРУВАМ во бога зашто е секогаш тука за мене и кога ќе се помолам ми помага немам докази но чуствувам дека е до мене и тој секогаш за мене е на 1 место.
Верувам во Бога, зошто во најтешките моменти од мојот живот кога сите мислеа дека нема спас, ми докажа дека постои. Ми помогна и ми ги услиши молитвите. Знам дека се’ што се случува, се случува со причина, зошто Тој така сака. Некогаш е лошо, некогаш добро, но Бог знае што прави. Верувам дека има план за сите нас.
Верувам.За оние кои даваат коментари од типот како можеш да веруваш во нешто што не постои нека ми одговорат како тие веруваат во љубов,радост,тага,среќа кога не ја гледаат.Ако е одговорот - чуствуваме,тогаш и нашиот (на верниците) одоговорот е дека го чуствуваме присуството на Бог во нас а за да го почуствуваш треба да веруваш во него. Зашто верувам? Затоа што таму го наоаѓам спасот,затоа што верувам дека Тој го создал нашиот дух,затоа што верувам дека на судниот ден Тој ќе биде таму и затоа што сакам да верувам.Докази? Искрено не ми требаат,не се водам кон оние научни факти.
Верувам и тоа е сосем нормално за мене.Па сега некои сакаат да го видат.Делува невоможно сепак господ (како што сум чула) се појавувал само на луѓето кои не се себични,лоши...Јас не сум го видела само сум го сонувала.Беше едно познато место ама никогаш не сум го видела на јаве.Мене ме излудува другарка ми кога ќе рече непостои тоа се само глупави измизлици Јас не можам никако да и објаснам и мењам одма тема Господ постои и тој е насекаде..Тој не збори,не се појавува и помага зависи дали може.Па сега има различни луѓе не ги мењам,не можам..
Јас верувам во Господ,но не ги осудувам тие што не веруваат...Сепак секој има свое право на размислување Инаку една работа што ме нервира кога некој ќе каже судбина,за мене важи самите одлучуваме што правиме со својот живот.Не е судбина.Ако сакам сега ќе скокнам од мост и готово Не сум некоја верница којзнае што,но го славиме секој верски празник и кога можеме одиме во црква.
Верувам во Господ, во Светото Троиство. Бог ми е се во животот, утеха во тагата, поткрепа во невољата, радост во животот. Најголем доказ е неговата благодат што дејствува во нас, и која ја излева бесплатно без наша заслуга, по бескрајната милост негова. Мислам дека на оние што не веруваат најтешко им е кога ќе почувствуваат благодарност, и незнаат на кому да му благодарат. Се што постои на земјата и на небесата говори за Божјото постоење. Само духовно закоравените го одрекуваат неговото постоење. А оној што се моли знае дека Бог постои и ги слуша нашите молитви. На тој што верува не му требаат докази, а оној што не верува па и тој би се навредик ако му кажам дека нема ум, нека ми го покажи па ќе верувам ако му го видам. Бог да не просветли сите. Поздрав до сите.
Буквално се што сакате да знаете во врска со религија!!! Човекот треба да престани да верува во Бог, како божество над него кој треба секој ден да одделува време и да покажи колку го обожава( а тоа нормално друг го користи како црквите за да го крадат народот) и треба да почни да верува дека тој е Божество и дека е семоќен. Бидејќи ние ако не превземиме нешто за нашиот живот дедо imaginary Боже нема тоа да го направи. Највисокото нешто во овој свет е човековата душа(што е НАУЧНО докажано дека постои). Во текот на историјата човекот го усовршувал светот, тој градел изуми за како да биде полесен животот тука.
Горда ХРИСТИЈАНКА ! Верувам во Господ и си ја сакам својата религија. Но немам ништо против за останатите кои не веруваат. Секој си има свој начин на размислување Верував во тоа дека тој секогаш ни помага кога ни е тешко и дека е единствениот кој никогаш нема да не напушти
Јас сум муслиманка...И цврто верувам во Алах милостивиот сомилосен... И се согласувам со тебе Бона...Има многу докази дека Алах ( ГОСПОД) ПОСТОИ... Јас лично ниту имам побарано некаков доказ...туку лично имам видено...
овој пост и ова признание се објавени пред неколку дена ... http://www.vestinet.rs/najcitanije/priznajem-postoji-bog и не верувам поради ова туку си верувам отсекогаш