Дали верувате во Господ?

Discussion in 'Религија' started by Magnolija, Dec 3, 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1,490 vote(s)
    75.6%
  2. Не сум сигурна

    173 vote(s)
    8.8%
  3. Не, не верувам

    308 vote(s)
    15.6%
  1. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Joined:
    Sep 4, 2012
    Messages:
    605
    Likes Received:
    3,769
    Да,јас верувам. :)
     
  2. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Joined:
    Jan 23, 2011
    Messages:
    1,434
    Likes Received:
    577
    Верувам дека постои. Незнам зашто ама ете верувам, ги почитувам празниците.. Сепак има нешто таму горе :)
     
  3. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Joined:
    Aug 29, 2011
    Messages:
    945
    Likes Received:
    5,744
    Gender:
    Female
    Се изјаснав еднаш, но повторно ќе кажам.
    Верувам! Се чувствувам сигурно и исполнето баш поради тоа што верувам. Ми се случиле и доста работи кои ја потврдиле мојата верба. И не можам да ви опишам колку исполнето се чувствувам, како никогаш да не сум сама, како секогаш некој да ме крева додека паѓам!
     
    Gordana10 likes this.
  4. Angel-Heart

    Angel-Heart Активен член

    Joined:
    Jul 27, 2012
    Messages:
    38
    Likes Received:
    9
    Извини вака - Викаш дека нема докази дека Господ постои :!: , а кажими кој ги создал Адам и Ева??
    Сами да не си се создале случајно?? |(
    А ги знаеш оние две - "Незаборавај да му се помолиш на господ навечер, затоа што тој никогаш не заборава да те разбуди наутро!" За твоја информација лугето кога спијат се полумртви!

    И викаш овој живот е единствен и треба да се живее како сака..
    Па вака "Ние дали сме се родиле кога сакаме?? НЕЕ!! Дали ке умреме кога сакаме?? НЕЕ!! Па тогаш зошто да живееме како што сакаме??

    Научно докажано?? :o Ма немојј!! :clap: бравоо... А човекот случајно сам да не си се создал??
    човекот го усовршувал светот и градел изуми, затоа што господ му дал ум.. Но не и разум (како тебе) извини вака несакам да те навредам.. Ама мислам погрешно размислуваш!! :!:
    Ке повторам како во еден претходен пост.. Ние не сме дојдени на овој свет кога сакаме, ниту ке умреме кога сакаме! Па зошто тогаш да живееме како сакаме?? ;)
     
  5. Assassin

    Assassin Активен член

    Joined:
    Aug 27, 2012
    Messages:
    34
    Likes Received:
    11

    Епа извини што имам свое мислење. Неќам јас да навредувам никој така да ќе се воздржам во тоа. Да научно докажано, ако ве интересира. Се во овој свет е создадено од енергија, буквално, така и човековата душа. Напраено е истражување со 1000 тела каде со прецизна вага се мери нивната тежина пред, и после смртта. А да е случајно баш сите нив да се полесни точно за 21 грама, епа ова ако не е доказ незнам друго што треба.

    Луѓето во дамнешно време живееле примитивно, без докази за ништо па затоа почнале да веруваат во натприродни сили, магии и такви работи. Јас го почитувам секој човек и неговата религија и не сакам да навредам никој ниту сакам за вакви чувствителни теми да се распрaвам.

    Друга информација. Адам и Ева се измислени луќе од човекот. Од каде јас да знам дека постори?

    За сус Христос верувам дека постои, но тогаш го викале син божји. Но како кај сите луѓе, и секое живо суштество зрачи енергија, аура некој ја вика. и денес постојат луѓе кои нивната аура е мн силна, во позитивно што влијае на луѓето, можи да ги излечи. Така било и со него. Кога некој не е расположен не влијае ли на цело друштво? Она што се вика “шириш негативна енергија“. Сосема исто. Дека воскреснал, никој незнај, можеми телото било украдено. А дали знаеш дека на прекривката со која бил завиткан Христос се познава неговиот лик? Науката вели: кога умира човекот материјално, неговата душа излегува, а кај него бидејќи била преголема, оставила траги.

    Јас верувам во таа енергија, а и да си слушнала за Bing Band теоријата? Мене подоверлива ми е.

    Ако си толкав верник, колку што знам библијата не дозволува навреди и омаложување на други луѓе. Ако јас не размислувам како вас, не значи дека немам разум. :^)
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,270
    Likes Received:
    4,345
    Имаше предавање на таа тема (Торинското платно) во католичката катедрала во Скопје летоска од страна на еден свештеник од мислам од унгарија, тој ги презентираше современите сознанија кои велат дека таа не припаѓала на Исус туку потекнува некаде од пред 500-600 год. и има редица други спорни работи. Лик некаков на платното има но дефинитивно тоа не е Исусовиот лик.
     
  7. macigv

    macigv Активен член

    Joined:
    Mar 1, 2012
    Messages:
    82
    Likes Received:
    12
    без навреди ассассин секој си има свое мислење, јас верувам дека постои, но и тоа дека луѓето го создале бог за да ги објаснат необјасливите случувања, нели порано луѓето мислеле дека кога врне дожд тоа е казна господова, а сега дека дождот доаѓа од кружење на водата. но сепак има нешто плус што сепак не може да се дообјасни со науката зошто има необјасливи работи, како тоа се се враќа и се се плаќа навистина е така но од каде кој го диктира нашиот живот кога ќе речеме така ни било пишано и самиот човек- научник во потсвеста верува дека постои господ. не постои човек што барем еднаш не се помолил на господ да му помогне. а за тоа дали навистина постои...
     
  8. Assassin

    Assassin Активен член

    Joined:
    Aug 27, 2012
    Messages:
    34
    Likes Received:
    11
    Јас не сакам да навредам никого, овде форумот е направен за споделување на мислења и интереси а не за навреди. Јас кажав, го почитувам секое мислење но не почитувам воопшто луѓе кои немаат култура и се “брукат“ овде и ги навредуваат другите.

    Сега се присетив на нешто. Само со едно се сложувам со библијата. Кога Христос рекол дека божјиот храм е во тебе. А и така е. Воопшто не е морално во црква да се оди, сепак луѓето одат. Незнам зошто, но во повеќето случаи, не викам сите, црквите многу крадат. Ако толку сакат да му помогнат на сиромашните, зошто возат ауди и живеат во огромни палати? Куќата во Битола, во Метрополијата огромната, што мислите, на кој е? Срам е тоа. Читав една новина одамна, во Америка имало свештеник кој живеел сиромашно најбедно, и рекол: За да му помогнам на сиромашните, треба и јас да сум во нивна кожа. По неков пример и мн ллуѓе тргнале. Е тоа е да се помогни. А не да ти испеј попот песна и сега остави пари. Кога бев во Будимпешта од училиште, во една црква(огромна атракција, прекрасни фрески) бараа 20 евра за да се влези, чекај, ова е божја куќа. Нели во божја куќа секого може да влези?

    Не викам дека во сите цркви е така, но во повеќето, јас барем како што гледам, е така. Добро ова нема врска со верувањето во Господ, но сепак убо е да ве информирам.
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    6,898
    Likes Received:
    9,194
    Gender:
    Female
    Во право си, тоа што го рекол, секако мислел на духовно.Токму затоа и не е нешто што може да се бара надвор од човекот, спомнав во некоја од темиве тука.Тоа е она што е најважно и клучно во Библијата, а што и други книги со друга тематика, го обработуваат.Да, за во црква не е морално да се оди, тоа е право на избор, но во црквата егзистира таа енергија која ја спомна, концентирана е таму, затоа и може да се почувствува мир во самата црква.Суштински, битно е човекот правилно да го живее животот, нели да не навредува, повредува итн., затоа што и секој воопшто знае што е добро или лошо, во сооднос на тоа пак ја опфаќа суштината на една религиска книга, која целта е таа.Донекаде се согласувам со твоите ставови во однос на енергија, постоењето на истата.
     
    Assassin likes this.
  10. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    1,229
    Likes Received:
    21,275
    Можеби Assassin не верува и не сака да верува, сепак е тоа нејзино мислење и гледиште на верата кое сите треба да го прифатиме :).

    Ќе се надоврзам на оној пример кој и самата го напоменала за свештеникот кој станал сиромав, се со цел да им помага на сиромашните, односно да ја вкуси сиромаштијата во нејзиното вистинско светло.
    На ова постои само едно надополнение за оние кои веруваат, па би рекла и за оние кои не веруваат.

    Верните, православните христијани би требало да сите да бидат такви, но не само свештениците. Заповедта да го раздадеме своето богатство и да му помогнеме на ближниот (примерот со богатиот кој не сакал да го даде имотот и да врви по Господ Исус Христос), не беше наменето само за свештените лица, туку за сите подеднакво. Спасението на душите ни е дадено на сите, но не само на свештениците.

    Но, прашањето е кој денес, не сака убава кола, кој денес не сака убава куќа, кој не сака убава облека, кој не сака убава храна... и кој се тоа би го оставил и би се воздржувал, се со цел да му помогне на ближниот?!
    Овие прашања не само, што би требало да си ги постави христијанинот, туку треба да си ги постави секој. И оној кој не верува, зашто сепак се тие морални нормативи. Да бидеме скромни, добри, да даваме не мислејќи за себе, да се жртвуваме за ближните... Но во никој случај да не ги осудуваме другите, кога и ние самите го правиме истото.
    Значи коренот на се е во нас. Но, не како ние сме семоќни и Бог е во нас, па нема потреба од одење во храм или слично, туку тоа во нас е слободната волја, да одлучиме дали ќе веруваме и како ќе живееме.

    Верувањето во Бог е многу повеќе од само општо верување. На верувањето во Бог му е својствено нешто многу повеќе и нешто многу подлабоко :!: .
     
    stylishh likes this.
  11. kamilica

    kamilica Истакнат член

    Joined:
    Feb 23, 2011
    Messages:
    43
    Likes Received:
    36
    Пред неколку год. го најдов ова по интернет т.е доказ дека Бог постои,каде точно и од кого е напишано не се сеќавам.Јас лично верувам,бидејќи го чувствувам присувството на Бог во многу полиња во животот.
     
  12. Assassin

    Assassin Активен член

    Joined:
    Aug 27, 2012
    Messages:
    34
    Likes Received:
    11
    He who wishes to be rich in a day will be hanged in a year.
    Leonardo da Vinci

    Rule #1 in physics: Енергијата ниту се губи ниту се создава, само преминува од една во друга работа.
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Joined:
    Mar 1, 2010
    Messages:
    7,226
    Likes Received:
    41,470
    Исус Мухамед и Мојсеј, пред се се ИСТОРИСКИ ЛИЧНОСТИ, кои се пишани во историјата, иако се само пророци :) За разлика од Адам и Ева кои се само МИТ :)
     
    daylight and Assassin like this.
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Joined:
    Jul 2, 2011
    Messages:
    2,129
    Likes Received:
    1,801
    Јасна е темава, верувате или не? И зошто?

    А, не се прераснува во спорење и убедување. Сега јас некого ќе убедувам дали и што постои. :^)

    Јас си верувам, и не сакам никој да ми се меша во таа интимна работа, што, зошто, како и колку верувам. Секој си има потполно право на тоа. :)
     
    Inna5 likes this.
  15. Breezy16

    Breezy16 Активен член

    Joined:
    Apr 23, 2012
    Messages:
    3
    Likes Received:
    2
    Да, верувам а како доказ би ја навела самата Света Библија (Свето Писмо) кое е пишано од Бога преку разни пророци! Пола од вие што верувате во тие "научни теории" воопшто ја немате прочитано Библијата, каде ви пишува СЕ од почетокот па се до крајот на светот! Ако мислите дека е бајка, тогаш зошто воопшто некој би се трудел да пишува над 1000 страници за нешто неточно?! Потем, пишува работи кои се случиле и кои допрва треба да се случат! Но, не сум тука да ве едуцирам, набавете си Библија, читајте, покајте се (зашто времето е блиску) и верувајте во Исус, зашто само тој може да не спаси за да живееме вечен живот во Рајот.


    „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку, да има вечен живот.“ (Јован 3:16)
    „Зашто, ако со твојата уста исповедаш, дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш, дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен.“ (Римјани 10:9)
     
    Miamigirl likes this.
  16. zWaTuShKo

    zWaTuShKo Активен член

    Joined:
    Sep 29, 2012
    Messages:
    85
    Likes Received:
    10
    Искушенија ? Не...Господ не е тој што прави искушенија туку тој другиот.Ќе те тера да правиш некои работи кои се против Господ,а од тебе зависи дали ќе паднеш на искушението и ќе го погазиш името Господово.

    Иначе да ! Верувам во Господ :)
     
  17. NoxEternus

    NoxEternus Активен член

    Joined:
    Oct 14, 2012
    Messages:
    11
    Likes Received:
    2
    Јас не верувам во Господ. Некако сето тоа ми е премногу измешано и премногу испреплеткано. Ги почитувам тие што си веруваат и нивната религија, али според мене многу поедноставно е да го прифатиш мислењето на другите и да продолжиш по нивни пат, отколку да пробаш да навлезеш во суштината на нештото. :)
     
  18. Makide

    Makide Истакнат член

    Joined:
    Nov 30, 2011
    Messages:
    182
    Likes Received:
    325
    Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 104)
    Рече Господ во приказна: „Царството небесно ќе заприлега на десет девојки, кои ги зедоа своите светилници и излегоа да го пречекаат младоженецот. Петте од нив беа мудри, а петте - неразумни. Неразумните, како ги зедоа светилниците свои, не понесоа со себе елеј; а мудрите, заедно со светилниците, зедоа во садовите свои и елеј; и бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа. А на полноќ се чу викање: ,Ете, младоженецот иде, излезете да го пречекате!’ Тогаш сите тие девојки станаа и ги приготвија своите светилници. Неразумните, пак, им рекоа на мудрите: ,Дајте ни од елејот ваш, зашто нашите светилници гаснат.’ Мудрите им одговорија и рекоа: ,Да не би да не ни стигне и нам и вам: подобро отидете кај продавачите и купете си!’ А кога отидоа тие да купат, пристигна младоженецот и спремните влегоа со него на свадбата, и вратите се затворија. Потоа дојдоа и другите девојки и викаа: ,Господаре, господаре, отвори ни!’ А тој им одговори и рече: ,Вистина, ви велам: не ве познавам!’ И така, бидете будни, оти не го знаете ни денот, ни часот, кога ќе дојде Синот Човечки.
     
    angelce1 likes this.
  19. majaa12

    majaa12 Активен член

    Joined:
    Jul 11, 2012
    Messages:
    19
    Likes Received:
    7
    Ни јас не сакам да те навредам, а ниту пак да ти докажувам.
    Само ќе ти кажам дека, дали знаеш дека тие луѓе што ги викаш дека се брукаат дека ти всушност ги навредуваш? Можеби претерале малце, но убаво ли е да ги наречеш дека немаат култура а? Што знаеш ти за нив?
    А друга работа, јас да те информирам дека, ти неможеш да разбереш, затоа што не си почуствувала. Верувај ние знаеме многу повеќе работи за тоа, затоа што ВЕРУВАМЕ.
     
  20. nezastitena

    nezastitena Истакнат член

    Joined:
    Aug 27, 2012
    Messages:
    24
    Likes Received:
    28
    И јас верувам во Господ и во неговата сила. Мислам дека тој ми помогна во најголемите маки да издржам и да станам. Тој ни ја дава надежда за подобро утре,а во исто време ни дава и голема утеха после некоја несреќа. Имаше моменти да се прашувам и јас зошто ова мене ми се случува,но нешто посилно од мене велеше дека: ,,Во животот мора се да се издржи,дека тоа едноставно Господ не искушува и не испитува какви сме тоа луѓе ние,дали можеме да ги пребродиме и најголемите маки или едноставно ќе се окажеме и од себе а и од Господ".
    Јас лично не се окажав и секогаш верувам во него,а со вербата во него јас наоѓам и мир во душата кој верувајте толку многу ми е потребен.
     
    Gordana10 likes this.