Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.483 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Сакам да верувам, но не можам. Две причини:
    1. Кога помислувам на верници, токму на ова мислам. Луѓе кои мислат дека само нивното е најдобро и точно, и сосема ги исфрлаат туѓите мислења и верувања. Јас верувам во толеранција и прифаќање.
    2. Повеќето религиозни луѓе кои лично ги познавам го замислуваат нивниот Бог како лик, постојана човечка форма. Моето мислење е поинакво. Нели Господ постои само ако ние веруваме во него? Нели тоа треба да го чуствуваме и да го прифатиме како сила која не води и простува, а нешто од кое треба да се плашиме да си го живееме животот?
    Во мене се борат две спротивни мислења:
    Едното дека самата помисла дека таква сила постои е смешна и невозможна. Ова е заради некои парадокси и слично како парадоксот на семоќта (Omnipotence paradox), и едно стрипче кое не можам да го најдам:
    Ако постои семоќен Господ, тој може да гледа во иднината, што значи дека нашата иднина е веќе утврдена. Тоа значи дека ние не можеме да направиме ништо за да ја промениме. Ако не можеме да ги промениме нашите постапки(ако се претходно веќе утврдени) значи не сме ние виновни за истите и не можеме правилно да бидеме судени, така? Значи, или Бог и Пеколот не постојат, или Бог е неправеден.
    Другото мислење е дека, животот би бил многу краток и бескорисен доколку не постои поголема сила. Но, можеби ова е како последица од годините еволуција низ која човекот чувствувал потреба да си го објасни животот и фактот дека сум опкружена со верници.
    Сеедно дали верувам или не, едно е сигурно. Библијата и заповедите не се буквално напишани, туку се како водич низ животот. Полни се со метафори.
     
  2. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Се двоумам, ама некако повеќе ме влече науката. Христијанка сум, крстена во црква, но не сум голем верник. Во 5одд. кога имавме религии повеќе верував во Бога(одев често во црква, се молев пред спиење и др.), но сега не. Јас мислам дека зад овие "чуда" стои само нашата верба (која може да биде во Господ или верба во љубовта дека може да не` спаси од сите маки или верба во медицината и др.) и надеж. Ги почитувам сите верници и вери, но јас сум "жена/девојка од науката". :D
     
  3. Leona.L

    Leona.L Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    Секако дека верувам во Господ и отсекогаш сум верувала ..од мала од кога паметам за себе.ДА дефинитивно ГОСПОД ПОСТОИ!!!
     
  4. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Секако дека верувам во Господ и од секогаш сум верувала,но имам една другарка која не вревува наводно во господ и еден ден и се случи нешто и вика ах господе помогни ми а јас на тоа нели не веруваш во господ тогаш зошто бараш помош од него сакам да кажам дека и луѓето што тврдат дека не веруваат во него сепак некаде длабоко во нив постои верба во него
     
    На Katerinceee, majaa12 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  5. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    18.691
    Пол:
    Женски
    Несум некој голем верник ,одам во црква не пречесто и си вервам во Господ...
     
  6. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.295
    Пол:
    Женски
    Toчно господ не прави искушенија туку само допушта а искушувани сме од лукавиот и од светот во кој живееме
    A инаку да јас верувам во господ,ама несакам да објаснувам зошто и како и да докажувам и да убедувам дали треба или не треба некој да верува.Tоа си е лично чувство лична работа
     
  7. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    ... :D .......верничка сум ама не забегана... :^)
    . :!: ..ДА,вервам во господ, како некоја виша сила која понекогаш управува со нас и нашите животи...
    секогаш кога ми е тешко немам на кој и се молам на господа да ме заштити,да ми помогни да пребродам,наутро кога ќе се разбудам кажувам фала ти господе што сум жива,колку пати кога изненадно нешто преубаво ќе ми се случи се заблагодарувам на бога,ако нешо лошо ми се случи молам бога да ме чува од најлошо,кога сум сама не се осеќам осамено оти знаам дека е бог со мене.....
    сето тоа го правам подсвесно,во мене, иначе немам обичај да одам по цркви,на пеења во недела,тоа го правам ако можам еднаш во годината,најчесто за некој празник... :hai: ..
    .. :clap: ...таа верба во господ ми помогна да се пронајдам себе си како личност,да сум појака,поборбена,порешителна.... :clap:
     
  8. Lahaliva

    Lahaliva Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    317
    Да,верувам.ГОСПОД ПОСТОИ.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Верувам, навистина верувам во Господ. Кога и да сум тажна, како нешто длабоко во мене да ми вели да се насмеам, колку и да ми е тешко, нешто како да ми вели да продолжам понатаму. Од секогаш сум се надевала и секогаш ќе се надевам. Верата во Господ е најчистото чувство, барем според мене. :)
     
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.381
    Пол:
    Женски
    Еве вака,јас секако верувам во господ,но не во човекот господ (бидејќи не постои) туку во сила годпод.Господ јас го сметам за една сила.А Исус Христус,секако постоел,не дека не,и бидејќи бил добар човек многу го почитуваат,и го назначиле за господ.Јас одам во црква,ставам парички на иконите,секако,ама во рај и пеккол неверувам,а за светот,епа светот е во вселената,ние сме на Планета Земја и како господ го создал светот,кога сме во вселената,кога има многу слични на нашиот свет.Да нема ништо над облаците ајде,можеби ке верував,ама вака повеќе одговара на мајка природа.НО кога сум се помолила речиси сеегоокаш ми се исполнила молитвата,и заради тоа мислам дека постои некаква необјаслива сила.И убаво е во нешто да се верува,неверниците,во ништо што не веруваат не се целосно изполнети. :hai: чаос сега
     
  11. macigv

    macigv Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    12
    да и јас се согласувам со тебе, зошто ако немало господ немало да има се се враќа и се се плаќа, а сите знаеме дека во животот се се враќа и грешките скапо се плаќаат
     
  12. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    49
    Повеќе од било што на светов,повеќе од сама себе.
     
  13. zoka.spasov

    zoka.spasov Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    40
    ако барас несто од БОГА,тој ке ти РЕЧЕ-ПОМОГНИ МИ за да ти ПОМОГНАМ. И не се разоцарувајте од нисто и за нисто. ГОСПОД една врата затвара,друга отвара.БОРЕТЕ СЕ ,НЕ СЕ ПРЕДАВАЈТЕ.
     
  14. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Сакам само малку да го искоментирам делот во spolier. Според тој дел што го прочитав, сфатив дека ти сметаш дека Бог веќе одредил што како е тоа е тоа, назад нема. Доколу беше така, верувај ти тој дел немаше да го напишеш. Но ти, и секако сите ние, имаме толкава слобода и избор. Јас верувам во тоа и верувам дека судбината не постои. Верувам дека Бог не насочува кон вистинското, но ни дава многу, многу избор. Често посакувам тоа да не беше така, да бевме поограничени, но ова е така како што е. Зарем мислиш дека ќе постоеа атеисти, секти, поголеми, помали верници, други религии доколу Бог не ограничуваше? Јас мислам дека не ќе постоеа. Другиот дел нема да го коменирам затоа што тоа е твое мислење, на кое имаш целосно право :)
     
  15. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Да на него најмногу.Најмоќен е.Секогаш му се молам,но и му се заблогодарувам.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Да.Верувам во Господ и мислам дека се се случува со причина.Кога ми е тешко верувам и се надевам во некои натприродни сили....Се надевам на нешто подобро,нешто поубаво.Барам од Господ да ми даде сили и да го поминам сето тоа.Мислам дека сепак има некои вистина позади сите приказни и раскажувања за Господ.Не ми е срам да кажам дека се молам.Или пак дека му велам на Господ Господе помогни ми и слично.Понекогаш пред тестови и сл.се молам и се прекрстувам.Некои ми се потсмеваат и ми велат нема да ти помогне но јас си верувам.
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anababy.91

    Anababy.91 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    зашто веруваш во господ секој човек треба да има верба и тоа да го одржува во живот но наместо да веруваш во нешто што не си го видела а и нема да го видиш верувај во себе верувај дека можеш се да напраиш поткрени ја својата самодоверба и ќе видиш дека ќе има големи промени во твојот живот и подобри резултати :D
     
    На kathy-style му/ѝ се допаѓа ова.
  18. aliceinwonderland125

    aliceinwonderland125 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    5
    Треба да веруваме.Ако не веруваме,како замислуваме желби?Сепак се молиме да ни се исполнат.А на кого му се молиме?На господ!Така да,мислам дека треба да веруваме.Така ќе знаеме дека не сме само во осамените денови.
     
    На kathy-style му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Верувам во Господ затоа што пред се тоа ме учи мојата религија.Од малечка ме учеа за верата и имав предмет во основно Веронаука ...познавам и луѓе Атеисти сепак секој си одлучува во што ќе верува.
    Можеби некој бара причина некој не јас го оставам тоа на некои други раце несакам да се навраќам и да буричкам по минатото.Некој можеби има силни докази да верува или не јас имам нешто што ме тера да верувам и ќе продолжам да верувам без разлика дали ќе поминувам во лоши или добри работи..верувам во тоа дека се се случува со причина дека секое Зошто има свое Затоа што....сите сме еднави пред Бога...Бог е милозлив,ако искрено се покаеш ќе ти биде простено.

    П.С...Верувам во тоа дека ниту една сила на светов нема да ме натера да си ја сменам религијата.
     
  20. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Да. Со Господ има надеж, и тоа ми помага во секоја ситуација.
    Со Господ, некако се има смисла :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.