Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.483 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ме нервира фактот што сите зборат "Бог ти помага кога ти е тешко", а забораваат дека Тој е тука и кога си среќен и кога ти си заборавил/а на него.
    Ме нервира и оној факт "Израснат/а сум во христијанско семејство". Тоа ли се причини?

    За да веруваш во Него не ти треба причина, не ти треба подбоцнување од страна. Ти треба љубов, мир..

    Доколку верувате, спомнете си Го и кога се е како што треба и сте бескрајно среќни.
    Јас никогаш не заборавам да Му се заблагодарам и кога животот ми е како подмачкан, и тогаш го посакувам Неговото присуство во моето срце повеќе од било кога, а не само кога сум тажна!
     
    На Markusa2, sweet-star, mileystar и 7 други им се допаѓа ова.
  2. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Баш денес дебатиравме на таа тема и ме натера да подразмислам малку. Јас верувам во Господ, не знам зошто ама ете, верувам. Едноставно отсекогаш сум била верник, а притоа не сум израсната во некоја длабоко религиозна фамилија.
    Мислам дека секое човечко суштество треба да верува во нешто, некоја сила за која смета дека е секогаш до него, на која може да и ги каже и најдлабоките тајни и гревови и притоа да не е осудена. Сметам дека секоја индивидуа верува во некоја натприродна енергија, еве нека не биде тоа Господ, нека биде некоја енергија. Мислам дека секој длабоко во себе понекогаш потајно бара помош од таа енергија. Во некои тешки животни ситуации човечко е да се бара помош, а многу од нас тоа го бараат од Господа, верувајќи дека тој е оној кој навистина може да ни помогне.
    Иако сум верник, прво и пред се би го ставила верувањето во себе. Бидејќи ако ние не веруваме во себе, ако не веруваме дека можеме да го направиме тоа, тогаш каква и да е сила не може да не натера да го направиме тоа. А доколку сме истрајни, верувам дека ќе успееме без помош.
    Верувам во приказните за Исус Христос, верувам дека на добрите Господ со добро ќе им врати, верувам затоа што секогаш кога ми била потребна помош, на некој начин ми била дадена. Секако дека среќата си ја кроиме ние, ама верувам дека оние мали среќни моменти се скроени од некој друг, со цел да ни го ублажат возењето на овој рингишпил на животот кој постојано се врти и носи нови проблеми, но и нови насмевки.
    Јас верувам дека постои таа енергија, верувам дека се се случува со причина, верувам дека во некое време и на некое место ќе бидеме бодрени и ќе добиеме помош од таа енергија.
    Само што јас таа невидлива енергија ја нарекувам Бог, а за другите не знам.
     
    На WarriorAngel, Hipster, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Да верувам, бидејќи тој е секогаш со нас и кога сме тажни и кога сме среќни. Сите во овој свет не гледа.Си го дал животот за нас.
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      6,7 KB
      Прегледи:
      236
    На Dog-lover, viktorija.manevaa и mileystar им се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Со цело срце верувам дека постои Господ и дека секогаш е тука кога ни треба на сите,конкретно за мене кажувам не сум добар верник се трудам да не грешам но пак грешам,Тој е тука да ни прости за секоја грешка и кога не заслужуваме бидејки и животот го дал за нас!
     
  5. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Да верувам бидеќи тој е ТОЈ шо никогаш не не напушта и е со нас без разлика кој сме и шо правиме!!!!!!!
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.916
    Допаѓања:
    81.189
    Пол:
    Женски
    Не знам дали статијава која ја прочитав е за овде, ама интересно е да се прочита.
    И патем, читајте до крај, мислам дека ќе ви текне и на рекламата која одеше по телевизиите пред некоја година. :)
    Професорот: Ти си христијанин, така ли е синко?

    Студентот: Да, господине.

    Професорот: Значи, ти веруваш во Бог?

    Студентот: Апсолутно, господине.

    Професорот: Дали Бог е Добар?

    Студентот: Секако.

    Професорот: Дали Бог е Семоќен?

    Студентот: Да.

    Професорот: Мојот брат умре од рак и покрај тоа што се молеше на Бог, да го излекува. Повеќето од нас ќе се обидат да им помогнат на другите во болеста. Но, Бог не. Тогаш, како овој Бог е добар?

    (Студентот траеше.)

    Професорот: Не можеш да одговориш, зар не? Ајде да почнеме од почеток, младо будалче. Дали Бог е добар?

    Студентот: Да.

    Професорот: Дали ѓаволот е добар?

    Студентот: Не.

    Професорот: Од каде доаѓа ѓаволот?

    Студентот: Од... Бог...

    Професорот: Токму така. Кажи ми синко, дали има зло на овој свет?

    Студентот: Да.

    Професорот: Злото е насекаде, зарем не? И Бог направи сè. Точно?

    Студентот: Да.

    Професорот: Значи, кој го направи злото?

    (Студентот не одговараше.)

    Професорот: Дали постои болест? Неморал? Омраза? Гордост? Сите овие ужасни нешта постојат на овој свет, зарем не?

    Студентот: Да, господине.

    Професорот: Значи, кој ги направи нив?

    (Студентот немаше одговор.)

    Професорот: Науката вели дека има 5 сетила кои ги користиме за да го идентификуваме и набљудуваме светот околу нас. Кажи ми, синко, дали некогаш си го видел Бог?

    Студентот: Не, господине.

    Професорот: Кажи ни, дали некогаш го имаш слушнато БОГ?

    Студентот: Не, господине.

    Професорот: Дали некогаш го имаш почувствувано Бог, пробано твојот Бог, мириснато твојот Бог? Дали некогаш си имал некоја ментална перцепција за Бог?

    Студентот: Не, господине. Се плашам дека немам.

    Професорот: Сè уште веруваш во Него?

    Стдентот: Да.

    Професорот: Според Емпирискиот, Тестирачкиот, Демострирачкиот Протокол, Науката вели твојот Бог не постои. Што велиш на тоа, синко?

    Студентот: Ништо. Јас само ја имам мојата вера.

    Професорот: Да, вера. И тоа е проблемот кој Науката го има.

    Студентот: Професоре, дали постои такво нешто како топлина?

    Професорот: Да.

    Студентот: И дали постои такво нешто како ладно?

    Професорот: Да.

    Студентот: Не, господине. Не постои.

    (Предавалната стана многу тивка со овој тек на настаните.)

    Студентот: Господине, можете да имате многу топлина, уште поголема топлина, супер-топлина, мега-топлина, бела топлина, малку топлина или воопшто да немате топлина. Но, ние немаме ништо што е наречено студ. Може да се дојде до 458 степени под нулата што не е топлина, но не можеме да одиме понатаму, после тоа. Не постои нешто такво како ладно. Ладно е само збор кој го употребуваме да го опишеме отсуството на топлина. Ние не може да го измериме студот. Топлината е енергија. Ладно не е спротивно на топлина, господине, само отсуство од неа.

    (Потполна тишина владееше во предавалната.)

    Студентот: Што е со темнината, Професоре? Има ли нешто такво како темнината?

    Професорот: Да. Што е ноќта ако не е темнината?

    Студентот: Пак сте грешка, господине. Темнината е отсуство на нешто. Може да имате слаба светлина, нормална светлина, јасна светлина, блескава светлина. Но ако немате светлина постојано, немате ништо и тоа се нарекува темница, зар не? Во реалноста, темнината не е ништо. Ако е нешто, ќе бидете во можност темнината да ја затемните, нели?

    Професорот: Која е поентата која ја правиш, младичу?

    Студентот: Господине, мојата поента е недостатоците на вашите филозофски премиси.

    Професорот: Недостатоци? Можеш ли да објасниш како?

    Студентот: Господине, вие работите на премисите на дуалитетот. Вие се согласувате дека постои живот а потоа постои и смртта, добар Бог и лош Бог. Вие го гледате концептот за Бог како нешто ограничено, нешто што може да се измери. Господине, Науката не може да објасни дури ниту ЕДНА мисла. Користи електрицитет и магнетизам, но никогаш не ги
    видела, а уште помалку се целосно разбрани. Да се гледа смртта како спротивност од животот е да се биде неук за фактот дека смртта не може да постои како суштинска работа.

    Смртта не е спротивност од животот: само отсуство од него. Сега кажи ми, Професоре, дали ги учите вашите студенти дека тие еволуирале од мајмунот?

    Професорот: Ако се однесува на природниот еволутивен процес, да, се разбира, ги учам.

    Студентот: Дали некогаш сте забележале еволуција со вашите очи, господине?

    (Професорот одмавна со главата со насмевка, почнува да сфаќа каде аргументите водат.)

    Студнетот: До сега, никој не го набљудувал процесот на еволуција на работа и не може дури ни да докаже дека овој процес преставува тековен потфат и дека е во постојаност. Не го предавате ли вашето мислење, господине? Дали со тоа не сте научник, туку проповедник?

    (Во класот настана голема галама.)

    Студентот: Има ли некој во овој клас, кој го има видено мозокот на Професорот?

    (Сите во класот почнаа да се семат гласно.)

    Студентот: Има ли некој овде кој некогаш го слушнал мозокот на Професорот, го почувствувал, го добпрел или мириснал? Никој од присутните не го направил тоа. Значи, според утврдените правила на Емпирискиот, Стабилен, Демонстрирачки Протокол, следи дека Науката вели дека вие немате мозок, господине. Со сета почит, господине, како
    ние тогаш им веруваме на вашите предавања, господине?

    (Во предавалната настапи тишина. Професорот се загледа во студентот, беше потполно збунет.)

    Професорот: Претпоставувам, предавањата ги слушаш со вера, синко.

    Студентот: Тоа е тоа господине... Токму така! Врската помеѓу човекот и

    БОГ е ВЕРАТА. Тоа ги одржува сите работи живи и во движење.

    П.С

    Верувам дека уживавте во разговорот. И ако е така, најверојатно ќе сакате и вашите пријатели и најблиски да уживаат исто така, зар не?

    Пренесете го ова за го зголемите нивното знаење... или ВЕРА.

    Патем, тој студент бил Ајнштајн.
     
    На sanjaeva, Hipica, Libera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Верувам дека постои Господ, но немам особена почит спрема црквата. Христијанството е само манипулација на власта за да ги скроти луѓето.
    И сметам дека секој сам треба да си го најде патот кон Бог.
    Религијата само ги разединува луѓето. Вера е тоа што треба да се има, а не поделеност.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dannyella

    Dannyella Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    17
    Целта на верата е да ги соедини луѓето , а не да ги разедини ... А тоа што човекот се си има грешка сфатено и правиме грешки па после ги препишуваме на разни фактори тоа е друго ...
    Не знам за вас али јас верувам во Господ и стварно колку и да се трудам да ги сфатам атеистите НЕ МОЖАМ :)
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Јас верувам во Господ и чувствувам дека секогаш е со мене , кога и да ми притреба нешто се молам и ми се исполнува тоа :)
     
  10. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Да верувам во надприродна сила, нешто што ние не го гледаме и не го познаваме, ако е наречено Господ, тогаш да, верувам во Господ.
     
  11. kammam

    kammam Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    21
    Верувам во Господ, верувам во силата и моќта на чистата и искрена молитва. Му благодарам на Бога за се знајно и незнајно што направил за мене... Господе Исусе Христе Сине Божји помилуј ме мене грешната.
     
    На LadyMillion, elka.timova и okcenzi им се допаѓа ова.
  12. Duksi5

    Duksi5 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Ваквиот начин на верување во Бог, може да е опасен. За почеток, добро е човек да се изјасни пред својата совест за тоа, дали верува во Бог или не, но потоа, ако одговорот е ДА, - треба веднаш да почне да ја чита Библијата.
    Ова го кажувам затоа што секакви луѓе ни тропаат на врата и ни ја пренесуваат својата верзија од својата вера во Бог, што ТИЕ МИСЛАТ дека Бог Мислел, - кога нешто ќе цитираат, и на крај - со тоа и без да сакате, ве заведат во некоја секта.
    Значи, почнете под итно да ја читате Библијата, и притоа, никогаш не пропуштајте да го замолите Светиот Дух да ве води за да може да ги разберете работите кои во Неа се содржани.
    Ви тврдам - од лично искуство- дека таквиот начин е исправен и ќе ве доведе по „потесниот пат“, преку Исус, со помошта и водството од Светиот Дух до Богот Отец!
    Поздрав и Божји Благослов!
     
    На Charlotte123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Charlotte123

    Charlotte123 Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Не сум сигурна дали постои Господ, но по мое мислење, дури и да постои, дефинитивно не ги создал работите како што вели религијата.
    Како прво, религиите биле создадени во оние времиња кога луѓето не знаеле како да си ги објаснат појавите.
    И како второ, доволно знам за тоа како Црквата додавала и одземала информации од Библијата само колку да се излажат и изманипулираат луѓето.
    Затоа, повеќе и верувам на науката, но сепак тоа е мое мислење.
    Не ги судам оние што веруваат.
     
  14. elka.timova

    elka.timova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    постои дури и мојата тема во категорија„книги“ искинатиот вел докажува тоа е вистинска приказна верувајте во Бог постои и не гледа се што правиме голема љубов кон Бог :l: :l: :l: :l: :l: :l: :l:
     
  15. skenco

    skenco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    49
    да тој не создал тој ни ја дал дусата и кај него ке се вратиме,нема нисто повозвисено од него тој е еден и единствен и не мозе да се спореди со нисто друго :angel:
     
  16. girl.heart

    girl.heart Активен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    4
    Верувам во Господ
     
  17. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    643
    Да, верувам во Господ. Понекогаш моите планови пропаѓаат, но Бог секогаш ми дава подобри можности.
     
  18. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Да, верувам!
     
  19. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    3.035
    Пол:
    Женски
    Верувам. Господ постои! :)
     
  20. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    I belive in God :)