Да, верувам во моќта на универзумот или пак во Господ. Факт е дека постои сила, воопшто не е важно дали некој тоа го нарекува Господ или пак некако поинаку...
Ако навистина располагаш со такви ФАКТИ, тогаш си на добар пат да ја красиш насловната страница на учебниците ширум светот се до самиот крај на човештвото. Ќе ти биде ли проблем да ги споделиш тие факти со нас?
Спојлер Како мала најчисто верував во Господ и Исус т.е. Христијанството. После моите 14 години, кога почнав да размислувам за нештата околу мене и на логички начин, постепено таа верба ми се намали. Сега верувам дека постои некој кој од горе гледа се и не чува... Несакам да зборувам многу за волку интимна тема. * само ќе дополнам дека на две мои посети во два наши манастири, се случи да почнам да плачам без никаков повод. Од насмеана и весела наеднаш почнував да плачам. Знам дека тогаш почувствував огромна енергија која лебди околу мене и која ме заштитува. Интересно беше што и во двата случаи јас таму буквално се борев самата со себе. Првиот пат и дечко ми беше со мене и примети дека нешто не е во ред. Јас мислам дека таму ми се случи нешто како помирение на мојот мир. Ама кратко траеше... Не би должела многу.
не, не верувам порано како по мала кога не разбирав многу ме носеа моите во црква на празници..ама сега никогаш не одам, сите се верници поготово мајка ми најмону за велигден останав дома кога сите отидоа во црква и сите другарки ми се изначудиа, пошо имам другарки што као демек се атеисти а ги глеаш отишле во црква палат свеќи не дека ако не веруваат не смеат да одат, сите може дури и муслимани да посетат, но јас сметам доколку не сум верник не треба да одам бидејќи не го чувствувам како правилен избор за мене лично
Господ бог дал слободен избор на секого,но казал дека верба мора да постои за било што,неможе да веруваме само на она што ке го видиме,мора да Веруваме,некој ке ми рече,веруваш во Господ ,си го видела? ДА ,сум го видела,и постојано го гледам,го ги гледам лугето,го гледам небото,птиците,дрвјата,го гледам Бог преку нив,тој е сесодржителот,почетокот и крајот,го чуствувам Бог ,затоа што ВЕРУВАМ во него и во никој друг,,,,,,
Не верувам и немам потреба за тоа затоа што религијата наскоро ќе ја снема од човековата историја. Религијата играла голем дел за врз човештвото да го контролира и да го уназадува,додека науката секогаш напредувала и тоа и пречи на религијата,затоа што не може да воспостави контрола и со тоа губи верници и пари. А причината за Бог дека постоел засекогаш е тотално иста како што верувањето дека сме создадени од сингуларитет кој е апсолутно ништо,само за разлика од религијата,науката се базира на факти и на истражувања,а религијата се ослонува на лаги и невистини,исто како да верувам дека спајдермен и супермен се вистински. Има факт зашто науката функционира а религијата не,а тоа е простата реченица: Broomsticks don't fly,airplanes do Кога ќе видам вештерка да лета на прозор тогаш можеби ќе верувам во Господ.
Постојат мутации,и потсвесни работи за кои не сме свесни дека ние сме причината заради кои се предизвикани таканаречениот мир во црква, или исполнување на желби заради верата,карма и аурата меѓу нас. Спротивно од тебе StelChef мое мислење е дека идната војна ќе биде предизвикана помеѓу исламот и христијанството. Чисто заради тоа што излегува од контрола, имам пријатели од сите религии и некои веруват дека ако одат во Сирија и се борат за правата на човекот со УБИСТВА ке бидат блиску до ахал, а пак христијаните ги сметам за ограничени без навреда, во историјата има докази дека христијаните се фрлале во кафез на лавовите за своите ''гревови''. И да не ги заборавиме Темпларите кои го убивале секој што не е христијанин притоа крадејќи, па биле најценети од папата. Среќна сум што науката е дојдена до ова ниво и има докази од што навистина потекуваме...и the big big beng, а не адам и ева кои ми личат на приказна за деца. Бибљијата ја имам прочитано и новиот и стариот завед, мое мислење е дека стариот завед е напишан од кралот Solomon за мир во неговото царство, а новиот се разбира од луѓе..тоа објаснува се, кои умови од убиец како павле направиле апастол. Сепак е добро литературно дело со поучни завети и би било убаво кога би ги почитувале. Толку.
Моралните вредности доаѓале со модернизирање на човекот и неговата свест за да остави нешто подобро за идните генерации. Моралните вредности не биле одредени од религијата или од божјите заповеди иако тие имале некоја улога. И во персија биле првите морални кодекси напишани па никој нив не ги спомнува. И фактот дека науката напредува им дава страв на денешните лидери на религиите,затоа што науката било каде е иста и не е поделена. За разлика од религијата каде што во секоја држава има колку сакаш религии и колку сакаш богови. Ако веруваш во Бог зашто не веруваш и дека Атлантик ќе израсне. Филозофијата на одредени работи ја прифаќам но тоа не значи дека верувам во тоа што се пишува,бајки за мали деца...
Во Бог не веруваш?А му веруваш на продавачот во продавница,му веруваш на другарките,му веруваш на професорите,му веруваш на шанкерот во кафич ,само на најчистиот бог што е единствениот безгрешник нему не му веруваш.
Бог не е безгрешен затоа што е создаден од човековата идеја и страв да се соочи со проблемите што го мачеле. Ако ти веруваш во некој чичко што мислиш дека е безгрешен и семоќен тоа е твое право,не те судам и не правам ништо околу тоа да го променам. И нема ништо лошо да веруваш во некого се дур не го предизвикуваш тоа верување вистински и си речеш аха верувам во Бог заради Х причини кој треба да држат вода и да имаат аргументи. Ако ти не сакаш да размислуваш логички тоа е твое право ние атеистите не правиме ништо освен што сме љубопитни за природата и сакаме да разоткриваме мистерии. Погледај го комиков ќе ти стане јасно што е целта на една религија. http://theoatmeal.com/comics/religion
Бог не е никаков чичко како прво погрешно си го замислуваш ,како што постои оваа земја во која живееме постои и друга димензија која неможи човекот да ја види а таа е толку блиски еден метар од него во таа друга димензија се духовни работи кој ти и да ги видиш неможеш да поверуваш зошто све што е надвор од оваа природа на нас луѓето ни е некако невозможно не сме едноставно навикнати на тие духовни работи, така да ти верувајси во тоа што си веруваш ама да знаеш има многу повеке осд тоа
Тоа што ти го викаш спирутален за мене е човек емпат што гледа од друга перспектива на луѓето. Немам потреба од било каков креатор освен од мојата реалност и моите цели што сум ги поставил и кој ги остварувам чекор по чекор. Имаш еден живот немаш милион искористи го максимално. Јас се разбирам кога се работи за твоите верувања затоа што и јас бев таков дур не ми стана јасно дека немам потреба да верувам во ништо освен во самиот себеси и своите верувања кој секојпат велам зашто верувам во тоа,заради х причини кој држат вода. Така да ќе верувам во Бог кога ќе видам вештерки како идат со метлите во воздух,а науката веќе го има тоа направено и се вика воздушен превоз (авиони,параглајдери) кој се создадени за да се подобри човештвото и да му даде нова перспектива на животот. А тоа што Бог направил е да го врати човекот назад,секогаш кога имало некој научен повидок кој бил точен тие го казнувале затоа што не им годело. И тоа е безгрешно хмм?
верува и то многу. стално ко ке ми е тешко се помолува на Бога. стално ми помагат.. и стално секако му се заблагодарува само тој ке бидит секојпат со нас,со сигурност. кога и да помина пред црква навратува да се заблагодара и да запала свеќа за здравје
Од каде ти е таа информација дека за секој научен точен повидок казнувале?а за вештерката со метлата кога ке ја видиш,па како сакаш ти туку така бог да го видиш ,да те прашам ,љубовта си ја видел некогаш?среката си ја видел со голо око или пак надежта и вербата што ги имаш си ги видел?Па тоа е и бог човече како можеш нешто духовно да видиш?
Воздухот не го гледаш па го дишеш. Ако не го гледаш не значи дека не постои. Љубовта ти ја величиш и знам зашто,затоа што губи вредност во денешниот материјалистички свет. Љубовта може за тебе е духовно но науката веќе го има одговорот за тоа,тоа е микс од хормони што те прават да се чувстуваш супер и да се врзеш со таа персона. За да дознаеш повеќе ти ја препорачувам книгата и ќе ти отвори нова перспектива на зашто се вљубуваме и што се случува со нашите тела кога сме вљубени. http://www.amazon.com/Alchemy-Love-Lust ... 0671004441 Вербата ја преодредувам на факти и на истражувања што имаат доволно аргументи да верувам. Надежта ја гледам во тоа што гледам многу позитивно на сите мои исходи во животот,дали негативни или позитивни искуства секогаш вадам лекција и од тоа наоѓам позитивен исход кој ми дава надеж и доверба во моите способности како личност. И што е со среќата пак е поврзано со нашата љубопитност и хуманост како човек. Среќата за секого е инвидуална за некој е да биде врвен спортист или било каква одредена цел,ако тебе те прави тоа среќна да бидеш спиритуална и да помагаш на луѓето те подржувам во тоа. Јас никаде во ниеден од моите дискусии не реков дека не сум спиритуален,но никаде не го подржувам ставот дека ми треба бог и дека ми треба креатор за да си речам дека тоа е така. Во еволуцијата на човекот нашата љубопитност и зашто ни помогнала,зашто ако не била нашата љубопитност немало воопшто да постоиме. Да бараш причина за дали постои бог и да го пренесуваш твоето мислење на другите како мора да веруваш тоа јас не го правам,јас кажав дека за мене дур не видам вештерки во небото со стаповите во рака и како летаат јас немам потреба од бог. Науката работи,а глупостите на луѓето се бескрајни