Хахаха јас не ти реков да ми ја опишуваш љубовта и другите работи ти самиот побара да го видиш а тоа е бог тоа е духовно нешто .Сфатиго ова:кој не сака да верува немора.Во божјото царство све е доброволно.Кој сака да живее без Бог ,може слободно да реши така да живее.Бог не кани ,ание имаме можност да го одбиеме.Дали сакаш да живееш без Бог? Можеш.Дали сакаш да живееш без мир со Бог?Можеш.Сакаш да живееш без молитва?Можеш.Сакаш да зивееш без библија?Можеш.Ако не го сакаш ако си премногу паметен за да веруваш во бог можеш.А пеколот е место каде сто бог навистина го нема,таму нема повеке да ве канат да верувате.Бог нема повеке да ве повикува ,можеби ке сакате да се молите но нема да можете .Дали ко знаеш одговорот на прашањето :Зошто живеам?Зошто постојам на овој свет?или која е смислата на моето постоење?Одговори
На твојата ДНК гајле и е во што веруваш,твоите цели се дур се продолжат твоите гени. Ако мислиш дека пеколот ме чека,го чекам со отворени раце само кажи ми дали примаат луди дечки како мене,да не ги полудам и нив па да имаш проблеми со вашиот бог . Сите тие работи се да оставиме некој впечаток на нашите луѓе што ни се драги и да бидеме среќни што имаме само еден живот кој е дарба од љубовта на твоите родители затоа што сакале да остават истото што и нивните родители сакале претходно. Така да причината на постоењето на човековата раса е да се продолжи човечката раса. Ако бараш поголема причина само си во заблуда. За да постои бог треба време,а време не постоело во Биг Бенгот така да немам потреба од верување на бог.
StefChef, дали знаеш дека конструкторите на првите авиони, браќата Вилбур и Орвил Рајт, биле христијани? Тие, а и многу други врвни научници, доктори по наука, професори и нобеловци веруваат во Бог и покрај тоа што не виделе вештерки како летаат со метли во воздухот. Бог никогаш не го враќал човекот назад. Средновековната Католичка црква која што вршела инквизиција на научниците и ред други глупости, таа воопшто не е портпарол на Бог. Папата и неговите кардинали не ја следеле Божјата воља, туку си се воделе по своето самоволие и си терале бизнис и власт. Римокатоличката црква ја имало прифатено средновековната грчка астрономија (која влече корени од Птоломеј и Аристотел) и си ја подржувала со некои свои буквални интерпретации на Светото Писмо (каде што Библијата на народен јазик вели дека Сонцето изгрева и заоѓа, како што и ние денес во 21 век велиме). Галилео Галилеј и Никола Коперник (кои патем и двајцата биле верници!) пробувале да ја убедат Католичката црква дека не треба тие цитати буквално да се толкуваат, дека таму Бог користи обичен народен јазик бидејќи тоа е порака до обичниот човек, но Католичката црква си ги имала прифатено овие гледишта како непроменливи догми и затоа ги прогонувала овие научници. Сепак, како што кажав, тоа е вина на Католичката црква, а не на Бог кој воопшто не го спречува човекот да ја истражува природата, да ги истражуваат редот и законитостите кои што Тој ги поставил. Познатиот научник Луј Пастер, ветеран областите на бактериологијата, пастеризацијата, вакцинацијата и имунизацијата, познат по законот за биогенеза (Живот настанува само од живот) рекол: „Колку што повеќе ја проучувам природата, толку повеќе Му се восхитувам на делото на Создателот.“ (Луј Пастер) „Науката ги доближува луѓето до Бог.“ (Луј Пастер)
па кажи што е смислата да се продожува човечката раса,ако твоите претци не знаеле што е смислата за продожување на човештвото нема смисла и ти да го продолжуваш, за ова прашање можеш да добиваш само површни одговори ама не одговори,а го има одговорот кој го знае бог.Еден човек кој направил светлосна машина ке го прашаш за што служи тој ке ти каже ама нема целосно да го разбереш затоа што тој ја направил машината ,така со човекот кој го зоздал бог само тој знае зошто го создал и која е неговата смисла а ти ке наоѓаш само површни одговори за ова прашање.Дарба од љубовта од родителите ?А што е со тие што не се родени од љубов која е нивната смила?одговори.Ти си дете од човечка природа воден од духовниот свет запамти.
Како што реков за да има креатор потребно е време. Времето во сингуларитет не постои и ако ве прашам што било пред Бог и вие ќе ми одговорите бог бил секаде и го создал универзумот и биг бенг,за мене тоа не е валидна теорија. И што има врска дали бил христијанин и создавањето на еден авион. Корелацијата не е валидна со вербата за бог,точно е дека има научници што веруваат во бог и дека се добри во тоа поле. Единствена потреба да верувам е во моите способности и во мојата замисла за животот која сум ја одредеил од пред 2 години. А тоа е да го правам тоа што сакам,да мислам позитивно и да бидам скептик на сето тоа што ќе го искажам и во тоа што веруваам да биде покрепено со аргументи а не со книга што нема никакви докажани тврдења. Јас не верувам во бајка и не верувам во задгробен живот,немам потреба затоа што знам колку ми е драг животот и го ценам секој момент. Единствена потреба ми е тоа да верувам во себе и во својата реалност. Немам потреба од бог и немам потреба да се докажувам зашто и како
Штом нема правда, нема ни Господ. Дали е нешто фер на овој свет? Запрашајте се, па после бомбардирајте со бесмислени аргументи.
Јас не те убедувам дека треба да веруваш во бог тоа е твој избор само да знаеш на ова прашање што ти го поставив дека нема да најдеш одговор на друго место, може одговорот да биде само поттурнат и површен.А незнам како не ти е јасно дека ти си воден од духовниот свет прво запрашајсе од каде ти иди мислата сигурно не од природата .
Те молам читај ме сега полека и внимателно што ќе ти напишам, бидејќи ова го пишувам специјално за тебе. И задоволство ми е да ти го пишам, бидејќи навлегуваш во моите омилени теми (природни науки, физика, астрономија ) До почетокот на 20ти век научниците верувале дека Универзумот е вечен. Дури и Ајнштајн верувал во оваа теорија под влијание на Аристотел кој филозофирал дека вечното е посовршено од конечното и бидејќи Универзумот е совршен, демек затоа мора да е вечен. Сепак христијаните верувале дека Универзумот не е вечен, туку дека има свој почеток според Библиската објава „На почетокот Бог ги создаде Небесата и Земјата“ (Битие 1:1, Библијата) Првиот што ја предизвикал оваа теорија за бесконечен Универзум бил христијанинот Жорж Леметре (белгиски свештеник и астроном). Леметре, Хабл и Фридмен се сметаат за основоположници на теоријата Биг Банг. Во 1931 година Леметре храбро ја промовираше хипотезата за „прастариот атом“ (сингуларитет), со која подразбирал дека Универзумот почнал во „ден кој немал вчера“ И Леметре и Фридмен константирале дека Универзумот, заради инфрацрвеното поместување на галаксиите, мора да се шири, но Леметре отишол и чекор понатаму тврдејќи дека некаков настан на создавање морал да се случи за да настане големата експлозија. Ајнштајн гледал со сомнеж на ова, затоа што многу му наликувала на христијанското учење за создавањето. Слично и професорот Артур Едингтон, кој му предавал на Лематре на Кембриџ и кој ја оценил оваа негова работа како „брилијантно решение“, сепак оваа хипотеза му била премногу и тој рекол: „Филозофски, оваа замисла за почеток на денешниот ред на природава е одбивна... би сакал да најдам некоја вистинска дупка (во хипотезата)“. Малку подоцна, во 1960 година, друг, исто така познат научник, Џон Мадокс, уредник во магазинот Nature, одговорил исто така негативно на понатамошните откритија кои ја подржувале Биг Бенг теоријата. За него, оваа идеја за почеток била „целосно неприфатлива“ затоа што подразбирала „врвно потекло на нашиов свет“ и им дава на оние кои верувале во библиското учење за создавањето „целосно оправдување“ за нивните верувања. Значи, како што гледаш StefChef, Биг Бенг теоријата за моделот на вселена која започнува со сингуларитет и се шири бил измислен од христијанин, а атеистите биле тие што се спротиставиле на овој модел затоа што им имплицирал на Универзум кој постои конечно време и кој бил предизвикан во постоење од некаков акт на создавање. Тие биле свесни дека секоја последица има причина и дека времето и Универзумот не можат да настанат туку-така, туку дека некој акт на прапричина/создавање морал да се случи за да ја инизира таа експлозија т.е. создавањето на Универзумот. Тоа го пишав бидејќи ти рече дека не веруваш во Бог се додека не видиш вештерки како летаат на метла, а дека науката веќе тоа го направила. Па затоа јас сакав да ти посочам дека тие научници што го летнале човекот на небото верувале во Бог и покрај тоа што не виделе вештерка како лета на небото. Навистина не го разбирам ова со вештеркиве и метливе али ај Библијата нема научни тврдења за да бидат тие докажувано со помош на научниот метод. Иако сепак таа задира некогаш научни вистини (како оваа дека Универзумот има почеток), ама сепак не и е тоа целта да се бави со наука. Библијата има духовни вистини за човекот, за смислата на човекото постоење, за тоа како човекот да се покае од гревовите, да се помири со Бог, да ја дознае Божјата воља и да живее исполнет и содржаен живот со сигурна иднина. Значи сосема е друга темата на Библијата и секако дека таа за овие тврдења што ти ги набројав, си дава подршка за своите тврдења. Верувај ми дека никој доктор на науки не би верувал во неосновани бајки и бабски приказни. Библијата има многу докази кои докажуваат дека таа е Божја објава. Проблемот тука е што постои само една вистина, само една објективна реалност во која живееме сите. И ако сите 6 милијарди луѓе си веруваат во својата замислена реалност, тогаш ако нивните реалности се различни, тогаш во најдобар случај само еден ќе верува во вистинската и објективната реалност, а сите други во помали или поголеми илузии. Науката ни помага да ја осознаеме реалноста што не опкружува и да не живееме во улузија. Но јас верувам дека и Бог ни помогнал во тоа, со малку поинаков начин на објавување на вистините, преку процесот на откровение кој, како што кажав, го поткрепил со соодветни докази за да бидеме сигурни дека тоа е Божја објава, а не човечко бладање. Поздрав пријателе!
И ако биле измислени од христијани јас треба да верувам во Библијата и Исус Христос(бог). Тогаш треба да верувам во Зеус или Јуда или Алах. Има научници од разни религии што направиле нешто затоа што сакале да го подобрат човештвото,религите тоа не го сакале затоа што губат контрола врз моќта и профитот. Едноставно не можат да ги убедат дека Бог постои и дека има причина да доаѓате во нашите храмови. И бидејќи религиите функционираат на манипулации на стравови нешто што науката не го прави јас немам потреба да припаѓам на некоја религија и да видам причина дека бог постои. Мојата реалност е таа дека имаш еден живот искористи го максимално и уживај во можностите што ти ги дава,кога ќе биде крај на твојот живот во било што и да си верувал ќе остане фактот колку добро си направил и на колку луѓе си им помогнал. Така да тоа се моите морални вредности базирани на искуство а не од читање на Библијата која е апсолутна бајка...
Па и ние што веруваме во бог максимално го искористуваме животот и узиваме во можностите што ни ги дава тој .Ти воопшто и не си запознаен со бог не знаеш дека животот без бог е ти е пропуст.Големиот основач на модерната атомска физика,професорот Макс Планк кратко пред својата смрт објави една книшка под наслов:Религијата и природните науки.Таму тој вели Денес,за нас научниците од природните науки,само по себе е јасно дека на крајот на сите сознанија стои Творецот.Дали гледате и ние не се ослободивме од Бог!
Добра си. Животот без одредена цел е во заблуда и пропуст. Да седиш пред компјутер и да му велиш дека на некој кој воопшто не си го запознала е дека во заблуда зашто не верува во Бог е исто толку ирационално како што верувањето во некој што воопшто не постои и нема факти дека треба креатор за нашето постоење. Религијата е при крај заради експанзијата на информациите,тоа луѓето го знаат и затоа религиите се плашат од тоа и мора да идат како што трендот го прави тоа. Денот кога ќе ги снема религиите јас ќе славам и ќе биде еден чекор повеќе на науката,а многу ниско за религијата. Вербата е да веруваш во нешто што држи аргументи и факти,не во некој чичко што кога ќе починеш ама многу ќе го боли дали ти си верувала во него или ќе ти даде чиста смрт без да те јадат црвите во ковчегот...
Фаламу на бога добра сум .Да скоро исто да исто то ес постоиш само не си видлив .А за религијата никогаш нема да ја снема тоа не е можно ,а да те прашам ти знаеш ли воопшто сто е тоа религија?А иначе сите ке не јадат црви тоа е јасно но ние сме духовни деца телото е земно ,телото ни е вид на куќа која еден ден сите треба да ја напуштиме во библијата вели:Не го посакувај она што го јаде црвот то ес земното
Дали си ги истражил фактите за постоењето на Креаторот? Од каде си толку сигурен дека тој воопшто не постои? Ај одговори ми и на ова прашање: Ако шетајќи се покрај плажа, видиш на песокот едно срце и во него испишани две имиња (како на сликата подоле), дали ќе заклучиш дека: 1. Брановите од морето носејќи го песокот ги направиле тие вдлабнатини: срцето и буквите во срцето. 2. Некој човек (или интелигентно битие) го нацртал Како што можеш да видиш од сликата, бидејќи половина од тие 16% се теисти кои што не се чувствуваат религиозни, атеистите ги делат тие 8% заедно со агностиците, секуларните хуманисти и оние кои пишале „никоја“ од наведените религии. Тоа значи дека атеистите се околу 4% од светската популација. Еве помножи ги со 2 бидејќи навистина има луѓе што се пишувале христијани, муслимани, а во суштина се атеисти, значи околу 8% се атеисти. Еве дури и од статистикава на форумов можеш да видиш дека бројот на луѓе што се изјасниле дека не веруваат во Господ се 128 (или 14%), а бројот на луѓе што веруваат во Господ 730 (или 78%). Да те потсетам дека во времето на комунизмот, во Македонија 75% од луѓето се изјаснуваа за атеисти. И оп, одеднаш бројот на атеисти рапидно падна, а бројот на луѓе што веруваат во Бог нагло порасна, а у меѓувреме кај нас дојдоа компјутерите, интернетот, информациите.
Бидејќи StefChef веруваш само во науката, мене ме интересира кој степен на образование го имаш? Бидејќи, да ми простиш, но од сите твои овдешни пишувања ми заличуваш, на атеистите од времето на претходниот систем, кои биле атеисти, бидејќи ... Ај не пишувам зошто. И уште ќе те молам да ми објасниш не како настанала првата клетка, туку како им текнало на првите две клетки да се здружат една со друга, да си живеат една со друга и да го оформат првиот повеќеклеточен оргнизам. Нормално поткрепено со научни факти.
Па ти сеуште не си го побарала бог па за да ти ги отвори очите .Кој татко ако му побараш леб ке ти даде камен?Бог не те напушти тебе вратите ти се отворени кон него ,него ти го напушташ и потоа велиш Бог не е добар ,тој никогаш нема да те остави тебе само ти можеш да го оставиш.
Многу добар пост. Многу. Не сакам да навлегувам преопшто во дискусијата, пред сè бидејќи ми е одамна смачено од „учени“ верници и атеисти кои заедно одат на Велигден пред црква со штиклици и цигарчиња... па ќе се обидам (ако успеам) да се задржам само на дел од овој пост. Библијата апсолутно не може да се смета за „божја објава“. Како и секоја друга книга во секој дел од историјата, тоа е само четиво за едукација на широките народни маси и вовед во добар живот. Како прераснала во „божја книга“, немам поим. Исто така, многу доктори на науки се способни и веруваат во бабски приказни, па дури и во личности како Иван Исцелител, сум го видел тоа со свои очи, бидејќи кога доаѓа зорт, и кога науката и модерната медицина креваат раце и најучените луѓе на планетата го губат разумот и се фаќаат за секоја сламка која ќе им биде подадена. Библијата е прекрасно четиво кое треба секој да го прочита, но исто така треба да ги прочита и Галебот Џонатан Ливингстон и Малиот Принц, од прилика со слична важност се, само се разликуваат малку по стилот. Но библијата е далеку од било каков факт или средство за поткрепување факти. Почетокот пак на универзумот за кој се имате фатено за гуша со СтефШеф (што само по себе е нелогично, да се фатиш за гуша со СтефШеф), според мене лично, е тема на која не може да и се најде крај, односно почеток, поубаво кажано, зашто тоа е нешто кое ниту религијата, ниту науката некогаш ќе го разберат, барем не додека ние и нашата генерација се живи. Може сите да нагаѓаат, но вистината е над нашите капацитети, човечкиот род не е способен да сфати што имало пред Биг Бенгот или пред појавата на Бог.
Бог е вечен нема почеток и крај ,кај него не постои време и што имало пред тоа Бог е вечност а во вечноста не постои време ,ние љуѓето кога не можеме тоа да го разбереме затоа што сме земни ,а доколку би го разбрале тоа Бог тогаш не би бил Бог туку ние ке бевме Бог. А знаете ли дека не постојат и зборови со кој можеме да го опишиме бог затоа што тој е многу повеќе од се она што ке го кажеме за него.
Нема причина за барање на универзиумот аман. https://www.youtube.com/watch?v=uabNtlLfYyU Се почнато од сингуларитет и од ништо. И во кој Бог да верувам Буда,Јуда,Посејдон,Зевс? Кажи ми како изгледа тој бог??