Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.484 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Не сум толку стручен за еволуциона биологија и не сум имал време да посегнам кон тој опсег на науката што вели.
    Но тоа што можам да ти кажам е дека животот поверојатно дошло од астероид од Марс отколку што нашата планета имала извори да направи живот.
    Плус органската хемија за живот е комплексна и оставам на експертите да направат чекор напред во тој проблем.
     
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Кој ти е овој Јуда??? Дури ни Буда не е бог...
     
    На Witchman и Gordana10 им се допаѓа ова.
  3. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Па како изгледа :) ? Па не создал според неговиод лик нас љуѓето ,па така и тој изгледа како нас :) ,а за тоа вокој бог да веруваш тоа е твој избор ,нас љуѓето бог ни да избор и одлука самоволна дали ние ке веруваме или не во него ,тој не не тера со сила да веруваме ,Пишува во еден дел од библијата:Колку сакав да ги соберам љуѓето како квачката своите пилиња да ги закрилам ,но тие не сакаа,значи со ова кажува дека тој сакаше но вие не сакавте.Значи ти верувај во што сакаш изборот е твој.
     
  4. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Ако не создал нас од неговиот лик ние треба да сме бесмртни и да живееме како него,според моја логика зашто би дизајнирал нешто што трае само 70 години а не трае како што е тој бесмртен.
    Викаш дека е човечки лик од што е тој создаден од материја од енергија од што?
    Ако викаш дека бил секогаш тука и гравитацијата секогаш била тука.
    Таа може да биде нула и е афектирана од масата на еден објект.
    Ако ти не разбираш како еден универзиум може да се создаде од ништо ти го пратив видеото убаво е објаснето.
    Ние во текот на нашата еволуција сме биле љубопитни суштества,сме прашувале прашања за нашата околина и заради тоа сме опстанале и заради тоа сме живи.
    Бидејќи не сме знаеле зашто паѓа дожд,зашто има облаци,зашто грми и работи што биле битни за нашиот живот сме го создале Бог.
    Што е рационално за човек што немал одговор на се.
    После кога се создадени првите принципи на науката во Античка Грција се создадени и одговорите на овие битни работи,но не биле доволно објаснети па сеуште постоел Богови и тоа многу за сонце,дожд,жетва,плодност итн.
    И доаѓал Темниот период каде што нема никакво откритие од науката,само затоа што религијата била догма.
    Ренесансата го променила тој факт и вистинските откритија за универзиумот доаѓаат од Галилео Галилеј па понатаму.
    И тоа не им годело на црквата и на христијанството затоа што тие верувале дека Земјата е центар на универзиумот а не обратно што е кажано во библијата како Светот е веќе е цврсто основан,тој не може да биде помрднат исто и во друг пасус;Бог веќе ја формирал земјата во центарот тоа не може да биде помрднато.
    И бил обвинет за еретика и бил замолчен во домашен притвор ти ми кажуваш дека затоа што тој ја кажувал вистината и не им годело треба да идам и да се крстам во свечениот бог кој апсолутно му е гајле за моралот за луѓето.
    Религија е просто перење пари и манипулација на луѓето за не остварување на своите соништа и цели.
    Единствена религија што го терала рационално да размислува човекот е будизмот,но тоа е друга тема зашто и како го почитувам будизмот.
    Другите религии се основаат на профит и манипулации,ако веќе идеме по историја едни од најкрвавите војни биле крстоносните војни и биле за да се тргне исламот од светите земји на Европа.
    Каква глупост е тоа жити се.
    И ќе ми речеш дека Сталин и Хитлер биле атеисти па и тие водат војни,но не тие едноставно биле психопати и биле во заблуда за својата догма и верувања што ги имале.
    Така да за мене религијата е не основана и само го уназадува човекот и неговата љубопитност.
    И јас сум го читал Спајдермен и беше супер кога го прочитав и сега треба да верувам дека е реален зашто постои во комик?
    Библијата се основа на рекла казала,науката е детерминирачка,основана на логични и рационални размислувања кој воведуваат хипотези кој некогаш се точни или не.
    Така да науката е во тоа што верувам не некој Бог што ништо не направил за човештвото.


    Не го знаеш Јода од ѕвездени војни.
    Тоа е новата религија и е новиот тренд.
    http://en.wikipedia.org/wiki/Jediism


    Статистиките за Бог се од жени кој не истражиле доволно да веруваат во факти.
    Жените се емотивни суштества и тешко им е да рационализират,не дека нема жени атеисти има но не знам колкава е бројката.
    Зашто луѓето во времето на комунизмот биле атеисти е затоа што системот така рекол,не затоа што науката просперирала на овие простори и немало толку многу информации како денес.
    Сега информациите брзо се рашируваат секој има можност ако сака да погледне и да се одлучи во што да верува.
    Најголемата атеистичка држава е Англија каде што повеќето не веруваат во Бог и не гледам дека се злобни ако не веруваат во бог.
    А зашто луѓето се преобразиле од атеисти во христијани е тоа дискусија сама за себе.
    На кратко кога нешто ќе ти се забрани и нема да го има ти повеќе ќе го сакаш и ако викаш дека веруваш системот и општеството ќе мисли дека си луд и си против него.
    Сега не е така сега секој има слобода да верува во што сака,ако сака нека верува дека кикириките ќе го спасат светот од глад,тоа е негово право,битно е да е среќен и да помага на луѓето и да не ги афектира своите верувања на други луѓе.
     
  5. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Па човече и ние сме вечни но не на овој земен свет :) зошто не сваќаш дека сме водени од духовниот свет ,на земјата сме дојдени да го славиме нашиод а Бог и да уживаме во убавините и благодетите што ни ги даде бог ,Ако бог беше во ликот на куче или маче тие ке имаа власт над нас а не ние над животните ,кој може да управува со овој свет човекот или животното? С е разбира дека човекот затоа што нашиод бог рекол нека биде човекот над сите животни на овој свет.А според твојата природа ајде објасни зошто вака ние луѓето сме некако повеќе од животните?Зашто на природата така и текнало? :D
     
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.693
    Допаѓања:
    10.142
    Пол:
    Машки
    StefChef, ај одговори ми на прашањето за срцето на плажата. Што ќе заклучиш ако видиш нешто такво на плажа? Можат ли морските бранови да нацртаат во песокот срце со две имиња внатре?
     
    На Gordana10 и elisabeta им се допаѓа ова.
  7. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Заради љубопитноста и сакањето да го направиме светот по едноставен за следните генерации.
    Ова се најголемите глупости што сум ги чул искрено,ако аргументираш аргументирај со логика и со разум не со чичко ми рекол дека ангелите се живи и демоните ќе не земат ако ние правиме грешно на некому.
    Прво научи за еволуцијата и за природна селекција ќе го добиеш одговорот што ти го посакуваш.
    Еволуцијата на човекот ако не знаеш е стара 2 милиона години според фосилните докази што ги имаме.
    Ако ти не сакаш да го видиш тоа има луѓе што вложиле труд да направат цела мапа на тоа човекот како од мајмун станал тоа што е денес.
    И ние не сме повеќе од животните освен што се разликуваме во тоа што имаме култура и морал,јазик со јасна структура и поинтелегетни суштества сме од другите.
    Затоа сме над нив,но секогаш може да се сврти назад.
    Ако го ставиш човек во вода и има ајкули тие ако се гладни ќе го изедат,па ти моли го бога ако сакаш ама тие ќе те изедат.
    Нема чуда тука тоа е ланец на исхрана.
    И ако некогаш аргументираш со мене користи малку логика не користи бајки и ирационално размислување.
    Логиката ти e полна со недостатоци...
    Ако е така верувај во античките богови и тие имаат минотаури и разни животни.


    Зависи колку време имаш и колкава е веројатноста да природата го направи тоа.
    Бидејќи ти имаш век на траење од 70 години веројатноста да го видиш тоа е 1:трилион.
    Нормално е дека човек дека го направил тоа,затоа што симболизира љубов нешто што му значи на човек.
    Природата е полна со геометриски и разни симболи што ако почнеш да истражуваш можеш да најдеш многу од нив што ние сме ги превземале.
    Една од нив е коцката,кругот и разни други геометриски облици што ние сме ги искористиле од природата и сме ги адаптирале за наши потреби.
    И бидејќи обликот на срцето е геометриски облик што може да се претстави со математика има и такви облици во универзиумот.
    Еве ти облик на срце од Персиус небулата.
    [​IMG]
    Така да универзиумот може да доаѓа во разни облици кој не мора да се симетрични и секаде можеш да најдеш дека ние како луѓе сме копирале многу работи од природата.
     
  8. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Јас не те прашав колку е стара еволуцијата на љуѓето ,и не те прашав како настанал човекот дека од мајмун .ТЕ ПРАШАВ ЗОШТО ЧОВЕКОТ Е ДУХОВНО НАД СИТЕ ЖИВИ СУШТЕСТВА?Така и текнало на природата?И за ланецот на исхрана ми зборуваш , а јас цело време ти зборувам за духоните работи не ти зборувам за ланецот на изхрана ,одговори еднаш јасно.
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски

    И Бог никој и никогаш не го видел, но не значи дека не постои.
    Чудно е што луѓето го бараат Бог надвор од себе, бидејки суштината на неговото постоење е премногу сложена и функционира исклучиво на духовен начин или енергија.Никако физички, апсолутно не возможно, за да се види.
    Како второ, секој доказ дека не постои Бог, е лажен, сигурно.Бидејки, горенаведеното го негира секој доказ за неговото непостоење.Збориме за изворот, не за Исус, значи конкретно неговиот духовен татко.Нели како што е впрочем запишано како таков во Библијата.
    Како трето, за да се разбере суштината на неговото постоење е многу повеќе од физичкото.

    Пример, без разлика дали човек верува или не во Бог, нели ако ради реда оди во црква и ради реда си кажува молитва во себе си, секако со резерва, значи без некоја голема верба и да речеме , после некое време она што го помислил во себе си, му се остварило.А нели се наоѓа во црква, секако молитвата која ја кажал со негови зборови, не ја кажува гласно нели и да речеме, а секако околу него останати луѓе кои си се молат.Кој ја слушнал молитвата? Бидејки секако не говорел гласно, за да ја чуе некој, а и ниту пак нешто верувал во Бог или нели ради реда отишол во црква и ради реда си промрмолел нешто во себе си.Ќе се навратам на она што првично го кажав, ако не го гледаме, не значи дека го нема, не постои.

    И, секако човек има право на избор, како ќе го гледа животот, од позитивна или негативна страна.И, секако дали ќе прави лошо или добро, од него зависи.А лошото некој во светов го прави, како и доброто.И, позитивното и негативното опстојуваат во човекот.А секако, тие две нешта, можеби се само на поинаков начин претставени во Библијата.А во истата, ништо не е ново и непознато за човекот.
     
    На WarriorAngel и elisabeta им се допаѓа ова.
  10. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
  11. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Јас во ова видео не го гледам одговорот на моето прашање ,го избенуваш прашањето а исто така не го одговори прашањето од Orthophill .
     
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Благодарам, но во животов не ми требало, а ниту ми треба видео и сл., за да ја разберам на пример, суштината на Бог, духовноста, дали истата ја има или ја нема, дали постои Бог или не, како и тоа се што го кажа.
    А секако ќе го видам видеото, чисто од радозналост :)
    Самата суштина на Бог е премногу логична, за човек да осознае дали Бог постои или не.
     
    На elisabeta и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.693
    Допаѓања:
    10.142
    Пол:
    Машки
    Ок, еве на пример имаш 20 милијарди години време. Дали по 20 милијарди години плискање на брановите по песокот тие можат да нацртаат срце со две имиња внатре во него?

    [​IMG]
     
  14. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Не гледам каде иде дискусијава,а и немам потреба.
    Ако вие си верувате во Бог,слободно не ме интересира,ви реков ве прави среќни тоа што верувате во задгробен живот или реинкарнација,кое јас не верувам тоа е ваш личен став кој го почитувам и искрено не ме интересира.
    Ме интересира да сте ми живи и здрави и да сте љубопитни,тоа бог не ви го дава искрено,затоа што да мислиш љубобитно мора да мислиш логички и во опсегот на тоа што науката го знае.
    А бидејќи не аргументирате со факти и искажувате хипотези кој не корелегираат со дискусијата јас немам што повеќе да барам на темата.
    Јас си го кажав моето мислење,вас не ве сметам за лоши личности иако не верувате во тоа што јас верувам,на крајот на денот битно е да го живееш животот како што си го замислил и да бидеш среќен.
    Дали веруваш или не веруваш на никого не му е гајле,битно е што ќе оставиш во позадина.
    Кога ќе умреш ма гајле им е на сите во што си верувал но во тоа дали си помогнал и дали си бил добар човек.
    П.С да би имал 20 милијарди години не би ми било досадно но би бил упорен да видам дали ќе испадне тоа.
    Универзиумот е многу комплексен па дали ќе постои после 20 милиони години не знам,но знам дека ќе се колапсира самиот себеси,така да сигурно би се десило,нема тука закони што велат дека не може.
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    А може ли да кажеш некој факт? Некој што не е од научна гледна точка, бидејки веќе е општо познато.
    Не, што вели науката.Некаков факт, за она кое го велиш.Дали за религијата си размислувал само од аспект на науката? Дали животот те натерал да дознаеш дали постои Бог или не? При сето она кое науката го вели, а и исто религијата, а двете се премногу логични за да се открие дали постои Бог.Бидејки ја спомна логиката.
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.693
    Допаѓања:
    10.142
    Пол:
    Машки
    Дискусијата иде у правец на тоа дека кога луѓето ќе видат некое нацртано срце на песокот и две имиња во него, никој разумен атеист не претпоставува дека брановите го направиле тоа со случајното плискање по песокот. А од друга страна, кога истиот тој атеист, ќе ја види дигиталната ДНК молекула кај човекот, која содржи 3 милијарди букви, тоа се околу 500 милиони зборови (наспроти двата збора во срцето) и вели дека таа се создала случајно!
    Ако ги земеме предвид сите 46 хромозоми колку што има човековата оплодена јајце клетка, тоа се информации еквивалентни со информациите што ги содржи една библиотека од 250.000 книги!
    Дали ова може да биде настанато случајно?

    Еден од најголемите и водечки атеисти на минатиот век, Ентони Флу, атеист кого другите атеисти го земале за пример и го цитирале во своите книги, пред некое време поверува во Бог и тоа токму заради горниот аргумент. Ентони Флу едноставно не можел да оди против фактите и разумот и затоа заклучил дека ДНК молекувалата не може да биде продукт на случајноста, туку дека морала да биде дело на Интелигентен Создател.
     
    На elisabeta и Gordana10 им се допаѓа ова.
  17. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Зар би можело нешто што е над природата да се опиши со обични зборови ,не бадијала стои зборот надприродно, ако тоа беше нешто земско слободно ке ти беше јасно но неможе да сватиш кога е нешто надприродно и да го го објасниш со факти слични на природата кога нема врска со природата.
     
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    Ха, во контекст на тврдењата на атеистите за нивната теорија за „случајности“, се сетив на една мисла од една книга каде авторот напиша: „да тврдиш дека Универзумот е резултат на низа случајности, е исто како да тврдиш дека од експлозија на печатница се создала средена библиотека“.
     
    На Orthophill, Minion.M и EvAngelos им се допаѓа ова.
  19. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    ДНК-та е продукт од колизија на астероиди.
    Сите сме создадени од ѕвездена прашина,ако не веруваш слободно истражи на темата.
    Нема тука нешто господско и натприродно,само мозокот не дозволува да рационализира дека треба време 4 билиони години се многу а ние живееме само 70,па се што може да се објасни е полесно да речеш бог го создал отколку да речеш со факти и со тоа што науката веќе знае.
     
  20. ARainbow

    ARainbow Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Оф, вие повеќе не го одговарате прашањето, си се карате. Па што ако некој има друго мислење од вас. Не значи дека треба вие да го критикувате човекот и цел негов живот заради едно различно мислење. А ако ви рекол некој нешто не се жалете многу дека се карал со вас некој затоа што сепак потребни се барем двајца за да биде кавга.

    Повеќето религиозни лица овде се однесуваат кон не-верувачите како да рекле дека се Сатанисти, или пак се антихристот.

    И да, знам дека и вас јас сега ве критикувам, не мора да ми кажете, ова е само совет.

    Да го одговорам прашањето, не, не верувам во Господ, ни во некој друг бог.