Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.483 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Дали знаеш дека скоро сите апостоли (11 од 12те) маченички загинаа заради верата во Христос? Доколку секој од нив се одлучеше да не сведочи за воскреснатиот Хритсос, немаше ни да бидат прогонувани, а уште помалку убиени. Тие беа свесни за тоа што ги чека, но со радост сведочеа за она што нивните очи го видоа и нивните раце допреа - воскреснатиот Христос. Тие беа сигурни дека веднаш по нивната смрт ќе бидат со Исус на многу поубаво место. Беа сигурни затоа што го видоа Исус воскреснат и затоа не се плашеа да проповедаат за Него и покрај многуте закани. Исус не ги заштити, заради повисоките цели. Нивната маченишка смрт беше подлога за рапидно растење на Христијанството движење (Црква) и тие своето сведоштво го заверија со крв и затоа многу луѓе поверувале во Христос, и покрај тоа што не го виделе.

    Поентава со муабетов ми е да ти кажам дека Бог размислува далеку подобро и повисоко од нас и дејствува според Неговиот суверен и совршен план. Сепак едно е сигурно, Бог во свое време ќе му даде нокаут на злото, страдањето и смртта. Бог го одложува Судот затоа што им дава шанса на луѓето да се покајат и да се спасат. Потоа ќе следи Суд каде што непокајаните ќе бидат уништени, а оние што се покајале и поверувале во Него ќе добијат вечен живот во Божјото Царство.
     
    На elisabeta и hermosa им се допаѓа ова.
  3. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Друже ти ми даде некои факти за кој немам време да ги проверам и што тебе ти изгледаат толку совршени да се создадат од ништо.
    Не сум стручен да ти одговорам на сите прашања но ќе ти кажам дека тоа се е рандом(случајности) и иако науката нема одговори на се,ќе дојде до тоа.
    Запрепастен сум од луѓе што веруваат дека Земјата е рамна површина или веруваат дека е стара 10 000 години,нели како што пишува Библијата,што е исто како да верувам дека од тука до Солун далечината е 1000 км а не е.
    Запрепастен сум што има толку испрани луѓе од толку многу верувања кон Богови и се ќе дадат за религијата,а на една држава и треба научници а не верувачи во духови и тарот карти.
    Извини но реалноста е дека ни требаат луѓе што размислуваат со мозок и со факти не со Библиски податоци што немаат никакви докази.
     
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Верувам во Господ- Аллах и секогаш ќе верувам не ми треба материјален доказ нити пак наука за тоа.
     
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Да, ти дадов факти и тоа научни факти. И не е точно дека науката нема одговор. Научните факти што ти ги дадов се одговорот на науката дека животот морал плански да биде создаден. Тоа е одговорот на науката, без разлика дали нам ни се допаѓа или не. Чесниот и објективен научник ги следи научните докази без разлика каде тие го водат, а не своите идеолошки гледишта. А идеолошко гледиште може да биде и теизмот, но и натурализмот (во кого најчесто веруваат атеистите)

    И јас сум запрепастен од такви луѓе, но како сериозен и долгогодишен проучувач на Библијата ти тврдам дека Библијата никаде не тврди дека Земјата е плоча или дека е стара 10.000 години.

    Испрани мозоци има и меѓу атеистите. На една држава и треба научници кои имаат разумна вера. Дури и еден научник да е атеист, од него се очекува да верува во општото добро, во хуманизмот, да има убедување дека Земјата и нејзините ресурси не се само за денес, туку дека треба да се негува и за следните генерации.
    Впрочем најдобро е ако еден научник има разумна вера. Во тој случај тој има и една морална водилка при неговите научни истражувања и ќе внимава при употребата на своите научни пронајдоци. Земи го за пример тоа што компјутерот, интернетот и GPS системот, сите овие биле првично иницирани, направени и развивани, не за научни цели, туку за воено-одбрамбени цели и дека нуклеарната енергија не беше прво испробана во електро-централите, туку во Хирошима и Нагасаки. Но ако научниците и оние кои работат околу нив се верници (ама со разумна, а не слепа вера), тие ќе можат да постигнат многу повеќе за општото добро на сите.

    Вистинскиот христијанин размислува со мозок. Јас кога сум решавал задачи по физика, математика и сл. не сум користел Библиски податоци, туку научни податоци. Како што науката е храна за мојот интелект, така и Библијата е храна за мојот дух. Тие не се противречни, туку се надополнуваат.

    Сепак вистина е и дека историчарите и археолозите често пати ја користат Библијата (како добро сочувани и организирани антички документи) за пронаоѓање на стари градови и објекти, нации, кодекси и сл. Дома имам една книга по име „Библијата и Археологијата“ каде што има еден куп археолошки пронајдоци што се спомнати во Библијата, а некои од нив се најдени и под водство на Библијата.
     
    На elisabeta, DAngel, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    О, па зарем има сега некој што верува дека земјата е рамна површина? :^)
    И тие научници за кои толку многу велиш, сметаат дека има нешто посовршено од човекот, некој кој навидум „ случајно“ создал се, совршено.Иако не постојат случајности.Та и луѓе кои не верувале дека постои Бог, поради некоја си причина, откриле дека и те како постои, а замисли атеисти биле.Ама ете нешто ги натерало да дознаат дека има нешто кое е над се.Ете уверени биле дека нема Бог, не верувале, сигурни биле во својот став.А не им требало книги или нет, за да знаат за овие работи.Туку, животот ги натерал да го сменат своето мислење.
    Имам кажано некогаш, дали има нешто или не, знаат оние кои се свесни дека многу малку им останува од животот, а не пак болни, кои знаат што ги чека.Човек би требало да поразговара со такви луѓе, да види што тие мислат и како се чувствуваат.Тие најдобро знаат.Едно е да се вели според нешто прочитано, ама друго е кога нешто ќе му се случи на човек, па во пракса ќе го осознае вистински животот.
    А тие факти, веќе видена работа се тие, само за жал, се апсолутно не адекватни за човек да се увери дека нема Бог.Страшно што пак на тие факти, се ослонува човек, се додека не осознае и дознае дека навистина има нешто.
    Интересно е како организмот на човекот функционира, а пак како скелетот е така фино лепо, складно поставен, каде нема дел од скелетот кој не е соодветен со друг дел од истиот.Поголемо совршенство, здравје.Ама изгледа ние луѓето, сами пред да се родиме, сме си го склопиле скелетот :geek: , каква виша сила, божества и сл.Како што некој некогаш ми рече „ поголемо чудо од нас луѓето, нема“.
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Стеф, јас сум верник и двократен државен првак по астрономија. Тоа сигурно е затоа што мислев дека Земјата е плоча и ја држат 2 кита. Јас искрено не познавам никој што го мисли тоа. Баба ми има 80 години, најголем верник е што го познавам, па никогаш не рекла дека земјата е плоча. Мешаш баби и жаби, ова не е времето на Коперник. :)
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  8. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Верувај познавам такви луѓе.
    Баптистите се тоа...
     
    На HUNK му/ѝ се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Јас сум протестант и служам во баптистичка црква, ХБЦ „Радосна Вест“ во Дебар Маало - Скопје (како старешина/презвитер). Ги познавам сите водачи (пастири и старешини) на баптистичките цркви во Македонија и 80% од баптистите ги знам лично, а солидно ги познавам и другите протестанти барем во Скопје. Никој, буквално никој не верува дека Земјата рамна плоча носена на китови или сл.
    Веројатно се работи за дезинформација што си ја слушнал, бидејќи за жал протестнатите во овие простори се жртви на доста клевети и дезинформации, демек пиеле крв од бебиња, од мачки, имале сексуални оргии, се беселе и ред други глупости. А забораваат дека речиси цела Америка е протестантска земја и поголемиот дел од развиениот свет (западна Европа, Австралија).

    Еден од пастирите во баптистичка црква е професор по хемија на ПМФ, д-р Иван Грозданов (мој личен пријател), избран за еден од 21 највлијателни научници во Македонија (според број на трудови и индекс на цитираност во светски научни трудови), добитник на престижната Фулбрајтова стипендија (во Аризона).
    Потоа лична моја пријателка е и проф. д-р. Слоботка Алексовска, која е професорка по Хемија и продекан за настава на ПМФ и исто така една од постарите членови во баптистичка црква.
    Понатаму од професорите што се протестанти ги знам и проф. д-р Ванчо Кусакатов (пензиониран професор по информатика на ПМФ), проф. д-р. Љупчо Николовски (на ФЕИТ предава) итн.
    И сериозно мислиш дека овие луѓе би верувале во такви глупости?
     
  10. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Голеемо да, верувам. Нема друг коментар што би можело да ја објасни оваа тема.
     
  11. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    Верувам многуу пати сум ја почуствувала Божјата правда можеби некогаш доцни но никогаш не заборава!!!! :D :D :D :D :D :D :D
     
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки

    Браво за наградите :clap: . Баш ми е мило што гледам дека има љубители на астрономијата на форумов. Те поздравувам со следниот цитат од Библијата:

    „Небесата ја раскажуваат Божјата слава, небесниот свод го навестува делото на Неговите раце. Денот на ден му го објавува тоа, а ноќта на ноќ и соопштува. Нема говор, ниту јазик, каде не ќе се чуе нивниот глас.“ (Псалм 19:1-3, Библијата)

    Инаку јас земав курсеви по Астрономија во 1998/1999 година кај сега покојниот д-р Мијат Мијатовиќ (првиот претседател на Македонското астрономско друштво и главен уредник на списанието Астрономски алманах).

    Книга што сигурно ќе ти се допадне е „Вселената и животот - случајни или планирани појави?“. (една од моите омилени на тема наука-вера)

    [​IMG]
     
    На elisabeta и DAngel им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Македонски баптисти, или?

    И животна желба ми беше да работам во ЦЕРН, да ја барам Божјата честичка. Оh, the irony :lol:
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  14. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Да македонски баптисти.
    Веќе е најдена божјата честичка Хигс.


    Што подразбираш под божја правда?
    Ако подразбираш некој да се казни затоа што направил нешто не морално,тогаш во библијата ќе најдеш милион не морални цитати што не ни вреди да се читаат.
    Кажи ми каква правда е да ти почине некој близок,тоа е правда или тоа што има милион луѓе што се гладни а науката има решение како да го постигне тоа,само натуралисти не сакаат да слушаат.
    Правда нема,тоа се вика еволуција и чистење на лошата ДНК на населението.
    Не секој има добри гени и не секој може да живее на планетава.
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па затоа ми беше :)
    Стеф, жалам што имаш многу погрешни размислувања, ама за жал тука нема да докажеш ништо, и нема да ни го промениш мислењето :) Оние истражувања и испитувања тука нема да ти помогат ништо, сето тоа е лутање во празно. Можеби науката и Библијата сепак мислат исто? Научно е докажано дека сите мажи на светот имаат иста генетска трага, т.е. потекнуваат од еден човек. Дали тоа било едно племе, па тој се истакнал како најдоминантен и само тој оставил потомство, или нешто сосема друго, тоа е најмалку битно. Библијата не треба толку буквално да се сфаќа, има уште многу нешта што не ги разбираме :)
     
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Немој молим те |( . Темава беше дали се верува во Господ. А не кој по твое треба да живее а кој не |(
     
  17. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Јас не верувам. Прво затоа што се коси со науката и логиката, второ, кога би имало Господ би имало и некаков ред, а светот е во хаос. Животот не е фер, а ако беше приближно точно учењето на најголемите религии не ќе беше така.
     
  18. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Не е по мое,тоа е еволуција,само најцврстите преживуваат.
    Науката го побила тоа,сега целта и е да прехранува 7 милијарда луѓе.
     
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Здраво Kacjushka, ај те молам објасни ни како тоа верувањето во Бог се коси со науката и логиката?
    И ако навистина се коси, тогаш како тоа врвните научници и основоположниците на науките биле верници (Исак Њутн, Јохан Кеплер, Роберт Бојл, Леондард Ојлер, Мајкл Фарадеј, Луј Пастер, Грегор Мендел, Лорд Келвин, браќата Рајт, Џејмс Максвел итн.)?

    Првите Универзитети биле основани од верници. Од првите 108 колеџи и универзитети во САД, дури 106 биле основани од христијани, вклучувајќи ги тука и познатите универзитети Харвард, Јеил, Принстон, потоа и универзитетите Пенсилванија, Колумбија итн.

    Од сите добитници на Нобелова награда, 64% се христијани (протестанти), 22% се Евреи (повеќето од нив верници), а само 10% се атеисти.


    Библијата дава многу добар одговор за постоењето и потеклото на злото, страдањето и неправдите во светот. Главниот проблем е падот на човекот во гревот и нивната бунтовна непослушност кон Творецот (Бог). Сепак Бог не не оставил на цедило, туку ни овозможил начин да се спасиме од оваа деструкција преку испраќање на Спасителот Исус Христос. Но ајде, тоа е друга тема.

    А дека во светот има ред и дизан можеш да забележиш и набљудувајќи ја обичната клетка, понатаму и во дизајнот што постои во природата околу нас, во Универзумот, во поставеноста на озонската обвивка околу Земјата. Кога таа би била 2 пати потенка, температурите на земјата би биле над 70°Ц, би имало премногу ултравиолетово зрачење и Сонцето би не испржило. Исто така и ледените слоеви на половите би се одмрзнале и скоро сите острови и полуострови би биле збришани. И Холандија нема да биде исклучок. А доколку таа би била 2 пати подебела температурите би биле далеку под нулата. Штетното влијание на озонските дупки, кои по површина се минимален процент од целата озонска обвивка, се само еден предвесник и доказ за оваа прецизно поставена заштитна обвивка од Создателот на нашиот дом - планетата Земја.

    Потоа редот и дизајнот можеш да го видиш и во количеството на јаглерод диоксид во атмосферата на Земјата кој е идеално погоден за живот. Ако е поголем, ќе има многу голем ефект на стаклена градина; ако е помал, ќе нема доволно фотосинтеза.

    На 82 страна од оваа тема пишував за повеќе детали каде што може да се види редот, дизајнот и планското создавање на Универзумот и животот. Еве ти директен линк ако се интересираш да прочиташ:
    http://forum.femina.mk/religija/dali-veruvate-vo-gospod-t230/810.html

    Точно така. Научно (т.е. со генетски испитувања на стотици мажи од сите континенти) е докажано дека сите мажи поттекнуваат од еден маж кој во науката се нарекува „Научниот Адам“ (Scientific Adam).
    А исто така генетски е докажано дека сите жени поттекнуваат од една жена. Ова е докажано преку митохондриската ДНК која се пренесува исклучиво од мајката на децата, но не и од таткото, од што следи дека ако сите луѓе ја имаат истата митохондриска ДНК, тогаш следи дека сите имаат една заедничка пра прабаба. Ова откритиe пак го нарекоа „Митохондриската Ева“ (Mitochondrial Eve).
     
    На elisabeta, DAngel и Gordana10 им се допаѓа ова.
  20. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    ^ Тие научници живееле пред 200-300 години и повеќе. И покрај огромниот придонес голем дел од нивните ставови во денешно време се малку смешни и е докажано дека не држат вода. А голем дел од нив и морале да бидат верници, затоа што самото време така налагало. Исто како што во комунизмот не било препорачливо да се критикува власта :) Денес најголем процент од научниците се атеисти.

    Околу тоа фер-нефер повеќе мислев на пример на тоа што ако Бог постои сигурно помила му е неморалната Ким Кардашијан и на неа слични отколку јас.
     
    На Azriel1 и StefChef им се допаѓа ова.