Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.484 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Па што туку подбуцнуваш ако ти е мака да читаш? Какви личности сме биле ние што сме се сомневале во бога, не сме се гледале себе сме ги гледале другите и дрн, дрн. Еве и сега пишуваш нешто неповрзано, кој со кого бил зајаден, т.е. ме наклевети дека сум се зајадувала |( Моја работа е дали ќе верувам и моја работа е дали ќе го пишувам она што го мислам на форум. Апелирам мислења од вакви дискутанти со кои не може да се фати крајот да се бришат.


    Не, конкретно на тоа прашање не добив одговор. И не барам да ми одговорите, Евангелос рече дека тие работи не му се јасни и нему и дека ги остава на бог. И ако се е до човекот како ти што велиш, значи дека религијата не е никакво решение.
     
    На StefChef му/ѝ се допаѓа ова.
  2. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Мило ми е што има реални луѓе и не бараат причина за се и сешто во Бог :).
     
    На Azriel1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276

    Ако веќе влегуваш во дискусија на темите пишувај културно и прифати различни мислења. Не се однесувај дрско и арогантно.

    Конкретно за психопатот. Психопатот ќе уништи, ти ако можиш ќе превземиш нешто против тоа, ако не ќе си седиш настрана. И неговата казна, карма, кога тогаш ќе му се врати. И завршена работа.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Стефчеф, од каде ти е оваа слика за теистите? Дали ова го пишуваш само колку да се потсмеваш т.е. да подбуцнуваш или навистина имаш некој таков пријател кој причината за се и сешто ја бара во Бог, па мислиш дека тоа е случај со сите верници во Бог?

    Сепак ќе ти кажам дека христијаните не ја бараат причината за се и сешто во Бог. Кога на христијанинот ќе му снема струја, тој не вели „хмм, зошто Бог ми ја изгасна струјата?“, туку проверува дали работат и другите електрични уреди (за да види дали снемало струја), па потоа го проверува осигурачот итн.
    Исто и кога имаат некоја болест, кога ги боли на пример стомак, тие не велат „хмм, ете Бог ми даде болка во стомакот..“, туку ја бараат причината во тоа што јаделе претходно, одат на лекар, ја користат медицината во лекувањето и сл.

    Навистина нема потреба за вакви предрасуди кон христијаните. Тоа што ние веруваме во натприродното (трансцедентното, духовното), не значи дека не веруваме во природното. Има разлика меѓу натприродно и неприродно или анти-природно. Тоа што ние не веруваме дека она што го гледаме не е сè што постои, не значи дека го игнорираме тоа што го гледаме, туку само веруваме дека има нешто повеќе од тоа што нашите сетила можат да го видат.
    Сепак ние исто така не ги игнорираме ниту очигледните докази дека овој Универзум, редот и законитостите што постојат во него, животот, ДНК молекулата итн. се создадени од Интелигентен Создател и не се обидуваме по секоја цена да ги објасниме со помош на натурализмот и нивната причина по секоја цена да ја бараме во слепите сили на природата.

    А оваа логика (дека дизајнот подразбира дизајнер) ја имаат и атеистите речиси со сè друго, со исклучок на Бог. На пример ако еден атеист најде часовник во пустина, тој нема да претпостави дека тој настанал сам од себе од прашината и некои други материи таму, туку веднаш ќе каже дека некој часовничар го направил. Ако атеистот забележи срце со две имиња на плажа, тој нема да претпостави дека брановите го нацртале, туку веднаш ќе каже дека некој заљубен човек или заљубен пар го нацртал. Кога атеист ќе најде писмо во шума, тој не претпоставува дека тоа настанало од целулозата на дрвата со напрскување на графит или мастило на него, туку дека некој човек го напишал.

    Значи и теистите и атеистите ја поседуваат истата логика, само што теистите не ги исклучуваат Универзумот и животот од оваа логика и согласно истата, заклучуваат дека е разумно верувањето во Создател на Универзумот и животот.
     
    На DAngel и Gordana10 им се допаѓа ова.
  5. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Јас не го реков со подсмев кон луѓето и дека нема религиозни луѓе што се паметни,туку јас рационализирам и не барам интелегентен дизајн,затоа што нема причина за тоа од моја перспектива и од нај новите научни истражувања.
    Кога науката ќе даде доволно докази за потреба за создавател,тогаш и јас ќе ги согледам фактите и ќе си одлучам сам.
    Тоа што ме прави мене по различен од другите е секогаш почнувам со зашто и завршувам со затоа.
    Во случај со саатот ако најдам било каде,нема да ме интересира кој го направил туку ќе ме интересира историјата негова.
    И ако постои интелегентен дизајн,зашто постојат глупи луѓе или болести.
    Ако јас сум креатор на нешто би сакал да биде совршено,да имаат најдобри карактеристики и да живеат што е можно повеќе и да не стареат.
    Од друга страна еволуцијата ни дала можност од заеднички предци на мајмун да евоулираме во тоа што сме денес.
    Некој луѓе не сакаат да веруваат во тоа,затоа што им ја уништува сликата на бог.
     
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    1. А кога науката дала доволно докази за потребата од атеизам, па ти си ги согледал тие факти и си одлучил да бидеш атеист?

    2. И зарем малку научни факти ти беа дадени (десетици на број) за тоа дека постои беспрекорен дизајн во Универзумот и неверојатно прецизна поставеност на параметрите, силите, константите (за да постои Универзумов и Земјата да подржува живот)? Зарем малку научни факти ти беа дадени дека математички е невозможно спонтатно да настане библиотека од 250.000 книги (информации колку што има во човечките гени) и дека сето ова е научен доказ дека животот е плански создаден и дека затоа мора да постои Интелигентен Креатор?
    Но, мислам дека не се работи за бројот на научните факти, ниту за нивната уверливост, туку се работи за нешто подлабоко, нешто што веројатно не е најсоодветно да се зборува вака јавно на форум.

    Имам една другарка која си веруваше во Бог се додека татко и ненадејно не почина. Потоа таа стана атеист. Дали таа дозна некои нови научни факти кои ја убедија дека Бог не постои? Не. Таа и пред тоа знаеше дека татковците и мајките умираат, па дури и дека децата и бебињата умираат. Таа едноставно силно му се налути на Бог што и го одземал татко и (во тинејџерски години) и затоа му рекла: „Боже, ти за мене не постоиш и НЕ САКАМ да постоиш“.
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  7. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Атеизмот не е религија.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    И не може да биде.
     
  9. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Да почнам да кажувам што знам, па овде да ми налепите етикети на антихрист, сатанист, комунист и којзнае уште што :D Не верувам дека ни ти не знаеш кон што целев. Каде се историските податоци за распнувањето на човекот Исус токму во тој временски период што е прифатен за официјален? Половина од деталите од таа приказна се земени од античките митологии. 12 апостоли, 3 дена, враќање на мртов во живот, истите бројки и мотиви се вртат во секоја стара религија.

    И сега пак се навраќам на едно твое прашање:

    „3. Што виделе првите христијани кои римската војска не можела да ги замолчи да не проповедаат за воскреснатиот Христос и стотици од нив биле маченички убиени, кој распнат, кој жив запален, кој фрлен во арена со лавови итн.“

    - Дали сега јас треба да се запрашам што е тоа што го гледаат бомбашите-самоубијци што ги тера да се саморазнесат?
    Мојот одговор на твоето прашање е верски фанатизам.
     
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Нема да ти залепам никаква етикета. Баш сакам да прочитам кои историски податоци за смртта на Исус ги знаеш, а јас се уште не сум ги дознал, бидејќи навистина ме интересира таа „друга историја“ за смртта на Исус која што е различна од она што го запишале евангелистите.


    Тоа е сосема валидно прашање. И мене ме интересира што ги тера на таков чекор. Сепак никој од нив не тврди дека умира заради тоа што го видел Мухамед воскреснат или дека Алах им се објавил им им рекол да се разнесат во автобус. Значи таа смрт е различна. Христијаните не се самоубивале, туку ги убивале затоа што не сакале да престанат да проповедаат за воскреснатиот Христос и затоа што не сакале да се поклонат пред римскиот император и пред римските богови (идоли), не сакале да го проколнат Христос и сл.
     
  11. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Па ќе ме тргне ептен настрана ако ме уништи MEHE тоа да :?:
    Кај многу верници го среќавам истиот начин на размислување што не ми се допаѓа лошото нека се случува само нека е понастрана од мене, мене господ нека ме чува, за другите не се интересирам |( Не ви текнува дека можеби по игра на случајноста сте останале живи и здрави, за во иднина кој знае. И Силвер, ти си таа која прва покажа дека не прифаќа туѓи мислења ;) за друг пат, ако ти се толку несодржајни репликите, не се мачи да ми одговараш.

    Се согласувам дека има и паметни религиозни луѓе, ама колку што има глупави меѓу религиозните :rofl: никаде.
     
    На StefChef му/ѝ се допаѓа ова.
  12. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Тоа е затоа што сакаат да се чувстуваат специјални и уникатни и дека некој дедо се грижи за нив во секој момент.
    Вистината е дека ако отидеш во пустина и не знаеш како да преживееш,моли се на кого сакаш,ако во тој момент не размислуваш рационално џабе ти е.
    И тоа е големата разлика што ја гледам помеѓу религиозните и луѓето што веруваат во факти и во цврсти аргументи.
    Религиозните се што ќе измисли науката го сметаат за лошо,не согледувајќи ги фактите што науката им ги сервира на тацна.
    Ама ете пак ги јадат работите на науката и ГМО храна јадат и мислат дека пак се дело божјо,а тоа се е создадено од човек :)
     
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Каква случајност бе...??? По некоја случајност сме останале живи и здрави...???
    Кој верува во Господ не верува во случајности...!!!
    Јас лично верувам дека се е со ПРИЧИНА, а не случајно...
    И верувам во карма. Тркало на животот. Како сакаш наречи го... Се што правиш се враќа, само на поинаков начин. Никој ниту пати, ниту се радува онака случајно. Ништо од небо не паѓа случајно...

    За првото болдирано, каде прочита такво нешто...??? Само реков дека ако можеш да помогнеш, помогни, ако имаш начин, моќ, прилика, право.... Но, јас ако немам право да се мешам, ќе си седам настрана. Или ако не можам. Односно, ќе помогнам, но со молитва.
    Пример, има гладни во Африка, како да им помогнам јас како индивудуа? Ако немам како, освен да им упатам молитва, не знам како. Но, затоа ќе му помогнам на гладниот до мене. На кого можам...

    И да не сум офтопик, ќе речам, не секој што верува во Господ гледа на ист начин. И тоа е наше лично право. Многу глупаво ми е да се убедуваме. Не ме убедувај, нема да ме разубедиш. А, ниту сакам тебе да те разубедам, мисли си што сакаш, твое право, мене не ме засега.

    Не зборувај општо за сите, не се сите исти.

    За првото болдирано, јас лично сум била во тешка, безизлезна ситуација, и сум била воопшто во разни ситуации, каде ништо, ама баш ништо не ме одржало храбра и истрајна како молитвата кон Бог. Чувствував дека е до мене, ме заштитува и ми го расчистува патот.
    Може и лав да помине покрај тебе и со Божја волја, ништо да не ти биде.
    Разговарај со Бог, моли се....и ќе ти стане јасно за што зборувам....
    Ако не си се молела и верувала, тогаш напразно го читаш ова.

    За второто болдирано, јас одбегнувам Гмо храна и знам дека НЕ е Божјо дело, туку човечко лудило. Ајде сега отров да испијам и да речам, абе Бог го создал и отровов, за пиење е, ништо нема да ми биди...!!??
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Ти дадов десетици цврсти научни аргументи дека животот и природата околу нас (Целиот Универзум) ти се апла доказ дека постои Создател. Од друга страна ти не понуди ниту еден котра доказ. И после сето ова имаш лице да кажеш фактите и цврсти аргументи се на страната на атеистите? :)

    Ајде бе? Не ми се верува со која леснотија така шарлантно науката ја ставаш на страната на атеистите, како да е некоја нивна своина, а верниците се тие ненаучните кои науката ја гледаат како нешто лошо, како некој непријател или сл. Ајде почни да листаш познати научници атеисти (кои имаат свои пронајдоци), а јас ќе листам познати научници верници и да видиме кој поголема листа ќе приложи?

    Дали знаеш дека најголемото научно откритие од минатиот век (декодирањето на човековиот геном) беше водено од христијанинот д-р Франсис Колинс? Тој моментално работи на нов начин за лечање на рак со помош на селективно мапирање на оштетената ДНК. И сакаш да кажеш дека тој ова откритие го гледал како нешто лошо? :)

    Дали знаеш дека еден од најголемите современи проповедници на атеизмот - Кристофер Хиченс, беше на лекување кај христијанинот д-р Франсис Колинс кој го гледал како последна надеж во својата терминална борба со ракот? Тоа го имаше и на светските вести, еве ти линк:
    http://www.dailymail.co.uk/news/art...vangelical-Christian-doctor-fight-cancer.html

    Биди паметен и тргни си ги тие предрасуди од глава, дека науката е по дифолт атеистичка, дека научниците се атеисти, а теистите се верувачи во бајки. Прошири го својот светоглед, излези од бариерите што ти ги сервирале некои комунистички едуцирани луѓе.
     
    На DAngel и Gordana10 им се допаѓа ова.
  15. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Којзнае какви се не гревови направиле овие деца во нивниот животен век па сега кармата им враќа.

    [​IMG]

    За прашањето што го поставив претходно не добив добар одговор, ама реков дека не го ни барам повеќе, не мора да се обидувате да го одговорите.
     
  16. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Идам надвор од темата,но само ако е хемикалија и е под човечка рака не значи дека е штетно или по лошо од традиционалниот начин на растење.
    Имаме 7 билиони гладни луѓе за хранење,знаеш колку е тоа?
    Кажи ми со конвенционалните техники и органски храни ќе ги храниме ли тие 7 билиони луѓе?
    Ако знаеш кажи ми како?И дали си свесна дека веќе јадеш ГМО храна?
    И што е до природната и чистата заблуда ја имаш во себе погледни го саркастичниов филм,ќе ти стане јасно многу.
    http://www.youtube.com/watch?v=5amLAMRQk5I
    Иако е хибрид тоа значи му е променета генетската структура на некое растение што се добива исто растение но со карактеристики што ги сакаме.
    Така да ГМО храната е добра затоа што намалува користење на горивото,зголемен придонес од растението на помала почва и разни други позитивни работи што се прават во моментов,да не ги набројувам.
    Што е до молењето,јас не молам никој.
    Имам зацртано план и како ќе дејствувам со мојот живот.
    Целите се да бидам фитнес тренер и познат човек во општеството.
    Ќе ми одземе 5 години од мојот живот но наредните 50 години ќе бидам на мирна глава.
    Тоа се вика самодоверба и размислување како ќе го постигнеш тоа со одреден план.
    Нема тука ништо божествено.



    И сега зашто отишол кај доктор што верува во Бог треба и он да се конвертира во религиозен.
    Абе ајде да те прашам нешто?
    Ако ти се наоаѓаш во слична ситуација нема ли да побараш помош од било кој па и од атеист?
     
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    На земјата постои доволно храна за да се нахранат 60 милијарди (billions) луѓе. Не е проблемот во недостигот на храна, туку во лошата распределба. А лошата распределба се должи на тоа што целта на производителите не е да ги нахранат гладните, туку да заработат што е можно повеќе пари. Значи лакомост. Од гревот си патиме, а не од земјата.

    Прво, не може секоја ГМО храна да се стави под иста капа. Има и таква и таква ГМО храна. Се уште е рано да се каже какви ќе бидат последиците од секоја ГМО храна. И за многу лекови на почетокот се знаеа само добрите страни, па со време се покажа дека некои од нив повеќе штета прават, отколку што лечат. Ништо чудно ако тоа биде случајот и со некои генетски модифицирани храни кои имаат штетно дејство на долги патеки.

    Инаку ГМО храната во Америка се форсира чисто заради бизнисот со семиња. Одредени производители (т.е. мнозинството) си прават авторски права на одредени семиња и НАМЕРНО ги прават да бидат стерилни во следната генерацијата, за да не може набавувачот да си набере семиња од сопствените плодови, туку да биде приморан пак да купи ново семе од производителот за да си има уште една плодна година. Значи центарот во приказната со ГМО се парите, а не подобриот квалитет на семето. Му е гајле на милионерот за твоето здравје. Он гледа парите да ти ги земе.

    Не ми беше тоа поентата. Поентата ми беше да ти покажам дека науката не е „атеистичка“ по дифолт и дека не е на страната на атеистите, како што не е и теистичка по дифолт. Науката си е независна и таа треба да биде ОСЛОБОДЕНА од идеологии, било теистички, било атеистички. Само така науката може да биде објективна и чесна. И научниот метод е само алатка за сетилно и рационално осознавање на природата околу нас, а не и некаков став по прашањето за постоењето или непостоењето на Бог. Биди си атеист (ако тоа те исполнува и те прави да се чувствуваш подобро), но не се самоизмамувај дека со тоа што си атеист, си понаучен или дека си „на страната на науката“. Образованите и објективни атеисти не размислуваат така.

    Секако дека би побарал помош од добар лекар, без разлика дали е атеист или теист.
     
    На DAngel, viktorija.manevaa, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Јас сум против патентите особено кога се работи за човечкиот напредок.
    Патентите можеби осигуруваат заштита за компанијата и за одредена индивидуа,но тоа не го прави човекот по напреден.
    Истото важи и за информатиката или било кој патент,нe дозволува човештвото да иде напред.
    За науката и за идеологијата на некој научник тоа е се инвидуално,ако прави добро за човештвото ќе го ценам како човек без разлика на неговите верувања.
    Мојот потсмев беше за луѓето што се ептен екстремни и што веруваат се што ќе се каже дали медиум,дали некој поп или црквата.
    Не мора да идеш во црква и да веруваш во Бог тоа си е лично право,јас не верувам и тоа е зацртано во мојата глава како армиран бетон.
    И клучот на успех на една индивидуа не е во дали верува или не верува во Бог,туку едноставно што наследтво ќе остави зад себе и на колку луѓе ќе помогне.
    Така да дур се вртиме во круг кој нема крај и наместо да сме игнорантни, заробени во своите верувања да уживаме во животот што ни носи.
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    ^ Стеф, ти ем не веруваш, ем не си информиран, си ги вадиш мислењата од рака, тешко остануваш смирен па се обидуваш и да навредуваш, гледаш дека нема да не направиш атеисти, ма упорен си до немај каде. На секое мислење ти се истите работи кажани само со други реченици.
    Не знам како планираш да бидеш познат фитнес тренер ако не си спремен да ги прифатиш размислувањата и сфаќањата на останатите во општеството.
    Размисли малку за тоа што го збориш. Господ не е еден дедо, тој не е човек, нема тело...
    Друго, навистина, темата стана каша попара, не се знае дали се збори за Господ или за ГМО храна, мислам, што си има ГМО храната со Господ...
    Мхм, и никој не рекол дека успехот на човек е дали верува или не верува во Бог, или пак дека тие што веруваат во Бог не знаат да уживаат во животот... Мислам, предрасудите ти се на место :x
     
    На viktorija.manevaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Еден, по ничему битен човек има речено:

    There's an undeniable unseen world that some people call God and think they know more about than other people. I try not to get hung up on the names.

    Има нешто.
    Јас не верувам дека има едно единствено име,пак, баш,баш Господ му е името.
    Мада, ок сум со тоа што луѓето си имаат потреба да му дадат едно име, Ок сум и со тие некои религиозни традиции,празници... ги обожувам де.
    Стварно би било убаво да е тоа еден единствен лик,кај кого на крајот одиш на исповед/суд, оти, имам доста работи што би ги изнакажала... ќе си имам богами кому да се изнавикам :D
    Ама, просто сумљам дека е така.
    Како е, не знам.
    Сите религии се интересни, и си земам се што ми е на мене интересно од нив..вклучително и оние митологии...па и она тркало на судбината :angel: .
    Мокша е моја финална дестинација..или бар беше. Сега некако имам чувство дека сакам повеќе, а немам доволно време. Па ако е еден лик и се вика Господ, јас жими се најмило мислам имам заслужено повеќе,ако тој мисли поинаку нека каже,пак јас ќе кажам,пак ќе си кажеме, оти,стварно е глупа оваа ќутенка, она подмолно, од зад грб работење. :D
     
    На sajonaramucaca му/ѝ се допаѓа ова.