1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.483 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Извини не сум роден со премногу сива маса во мојот мозок па се да знам.
    Си го кажав моето мислење и моето знаење.
    Не убедувам никој,но видоето од едни од најпознатиот квантен физичар кажува :Кога ќе идам во лабаторија да дисектирам глушец станувам атеист,нема причина во тој момент да верувам во ангели и демони за да не се попречи во мојот експеримент,зашто кога сум атеист во тој момент да не сум атеист и надвор.
    http://www.youtube.com/watch?v=dxpqaio5pt0
    http://www.youtube.com/watch?v=1VTMs7PSIM4
     
  2. viktorija94

    viktorija94 Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    35
    Лошите работи не се од Бога! Лошите работи ги има онаму каде што не допрел Бог! :)
     
    На elisabeta, Gordana10 и EvAngelos им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки

    Кој ти е бе овој „најпознат“ квантен физичар што дисекцира глувци во лабораторија? :D Нешто што апла нема допирни точки ни со кватна физика, а ни со верата во Бог. Ај стварно, пошо не ми се гледа видеа, објасни ми како тоа дисекцирањето на глушецот го прави човекот атеист?
    Еве стварно не ми е јасен овој атеистички аргумент, затоа што девојка ми студира медицина и има дисекцирано глувци, а има работено и со човечки лешеви, има набљудувано и операции во живо, па сепак нема станато атеист.

    Па така кажи бе пријателе, а не тука да се натегаме со научни докази дали постоел или не постоел Бог. Како што кажав порано, тебе и Господ да ти се симне, ти ќе му кажеш „Извини ти сенилен дедо или што и да си, ја веќе си зацртав во мојата глава дека ти не постоиш и тачка, армиран бетон.:)
     
    На viktorija94 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  4. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Ниту еден од верниците не даде цврст аргумент и факт за постоењето на бог, па сепак вие немате проблем кога пишувате реферати некој да ви скокне како ширите пропаганди (!!!) и кога одговарате на секој пост тоа не се вика убедување. Науката си нема врска со религија мене ако ме прашате, не може бе мнозинството научници во денешно време да се атеисти :^) и вие пак да ја поврзувате науката со религија.

    Ај нека се симне :) Ама никој не го видел досега да се симнал. Зошто е тоа така Евангелос? :)
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Може ли да кажеш некој цврст аргумент и факт за непостоењето на Бог? Иако стварно не те интересираат факти.Некој научен факт и аргумент, нели зошто не веруваш во Бог.Само да не биде некој факт, без научна основа.
     
  6. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Каде реков дека факти не ме интересираат? :)

    Прво на ова прашање да ми се одговори, па после оттаму може да се изведат факти.

    И за тебе важи прашањето, Гордана. И после ќе ми посочиш ти некој НАУЧЕН факт зошто веруваш.

    На тоа претходното не ми одговоривте, можеби сега ќе имате повеќе среќа.
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Не те интересираат, по начинот на однесување :) Прашањето ти го одговорив, знам дека се важеше за мене, а што не сум ти одговорила кога ме праша по втор пат, значи сум кажала претходно.
    Дали можеш да кажеш некој факт, секако научно поткрепен, не лаички?
     
  8. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Гордана, со тебе не може да се разговара. Она ти што го правиш ми го нафрлуваш мене. Претходното прашање не ми го одговори, и сега ја игнорираш целата моја дискусија. Реков кога првото прашање не ми го одговори, одговори ми на второто (зашто јас прва прашав), а пред да ми бараш научни факти ти дај ми НАУЧЕН :D доказ за постоењето на бог.
    Досега освен лаички одговори од тебе ништо друго немам прочитано. Евангелос нешто се труди и пишува, му одат природните науки, тебе тешко :)
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски

    Не ми ги превртувај зборовите.Сосем јасна бев претходно, но чим не можеш да кажеш, доволно јасно дека и нема некаков доказ дека не постои Бог.Како што впрочем и кажа претходно EvAngelos, сосем доволни и точни докази, научни, даде за постоењето на Бог.Не за друго, туку истите кои ги кажа EvAngelos од други луѓе ми се познати, секако кои доста добро ја имаат разбработено тематиката, научно.Само ќе го повторувам она кое тој го кажал.
     
  10. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    И пак ништо не ми одговори :^) .

    Нема што јас да давам докази за непостоењето кога тие се спомнати во учебник по биологија уште од основно и средно, кој го интересира нека го отвори, и досега никој не можел да ги побие кога уште си стојат таму. Јас сега други работи прашувам, а колку добивам одговори....
     
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Господ не се симнува туку така, на желбата на некој форумџија :)
    А од каде знаеш дека не се симнал? Еве јас тврдам дека се симнал пред 20 века и тоа отелотворен во личноста на Исус Христос и дека стотици луѓе го виделе. Тој им се докажал дека е Бог со помош на чудата што ги направил, чуда што ни Неговите најголеми непријатели не можеле да ги негираат, па затоа велеле дека ги прави со помош на ѓаволот. Антихристијански настроениот писател, Целзо, исто така, и покрај тоа што мака мачел да го дискредитира христијанството и Исус, сепак не ги негирал Христовите чуда, туку велел дека тоа биле некакви магии што Исус наводно ги научил од Египет.
    Кога Исус го егзекутирале со распнување на крст, следбениците се повлекле, се исплашиле и сокриле. Но кога Тој воскреснал и стотици луѓе кои го виделе Исус воскреснат, масовно почнало да се шири христијанството. На ова Римјаните дале жесток отпор, ги беселе, ги распнувале, ги палеле живи на клади, императорот Нерон ги фрлал во арени со лавови (си правел гладијаторски журки со христијаните), но сепак не успеал да ги спречи во проповедањето на воскреснатиот Христос.

    Објасни ми Азриел, зошто христијаните би лажеле дека го виделе Исус воскреснат, дури и по цена на своите животи?
    И ако Исус не воскреснал, те молам понуди некаква алтернативна теорија за тоа што би можело да му се случи на Христовото тело?

    п.с. Ќе излезам на кафе, па околу 23 часот ќе се вратам да ја продолжиме дискусијата :)
     
    На elisabeta и Gordana10 им се допаѓа ова.
  12. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    А што гледале луѓето на Олимп до пред 2000 години за да веруваат во цело семејство богови? И од каде да знам прво дека имало тело на Исус? :^) Муслиманите велат дека Исус не бил ни распнат туку господ го спасил пред да го уапсат :^) На друго место имам читано дека Исус кренал востание и затоа неговите следбеници биле прогонувани. Имате вие доказ дека е вистина тоа што го пишува во библијата? Денес луѓето ниту воскреснуваат, ниту господ слегува на земјата, ниту морињата се креваат за луѓето да поминат низ нив.
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    О, па за Олимп ли е работата? Прво, паганството ( сите стари божества, наречени со секакви имиња), пропаднало од одамна, затоа и не егзистира.Бидејки божествата се измислени од човекот, за разлика од Исус каде дал усно предание, разбирливо што значи усно, говор, затоа и трае до ден денес христијанството.Второ, со појавувањето на Исус, почнува таа ера на христијанството, а ама ајде да речеме дека сите пророци и претходно биле предвесници за неговото појавување.Како трето, ако можел да постои еден римски управител, кој го распнал Исус, се подразбира дека постоел Исус, а секако дека не го докажува тоа само Библијата.Како четврто, Исус не ни кренал востание, а ниту барал да има следбеници, но знаел многу добро кои биле неговите истомисленици.
    Воскреснувањето, според некои е мож или преголема енергија која може човек да ја има, за да се реализира истото и со тело.Друг начин нема, а ниту физички сега не е можно, но релативно е тоа за да се каже сега дека е можно некој да воскресне, но тоа е друга тема.
    А биологијата, веројатно е уште еден доказ за постоењето на Бог, како клетките функционираат и сл., а патем и само што човечкото тело, е само стврдната енергија, можеби чудно звучи, да, но кога ќе умре човек, ни косата не му останува, а не пак тоа да е доказ за непостоењето на Бог или пак најмалку како пишан доказ кој би го негирал Бог.
    Останатото, последното кое го кажа, за морињата и сл.Финтата околу симнувањето на Господ на земјата, се мисли духовно, дух, душа.Значи, не се работи тука за физичкото симнување на Бог :^) тоа не е ни возможно, апсолутно, освен како што кажав претходно за воскреснувањето.
    Што значи, пак ќе се навратам на она кое говорев претходно за тоа дека човекот има право на избор дали ќе прави лошо или добро, надоврзувајки се на тоа дека и Исус кога постоел правел добри дела, па и останатите светители, подоцна нели канонизирани како светци, а биле луѓе, кои всушност правеле она што и Исус правел.Затоа и нема потреба да се симнува од некаде Господ или пак заради тоа што страдаат луѓе во светов да се рече дека нема Господ.Како што впрочем ја постира сликата за децата од Африка.
    Секако, се е работата околу духовноста.Ништо друго.
     
  14. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Грешка имаш :D паганството постоело повеќе илјади години од овие 2000 колку што постои христијанството. Од каде знаеш уште колку ќе потрае христијанството....
    Ако нема правда да им помогне на тие деца од Африка или каде било а има господ, каков е тој господ е прашање. А за тоа за Исус немаш цврсти докази, така на збор не можам да ти прифатам.
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски

    Па нема врска колку време траело паганството, а колку трае христијанството.Колку што е важна суштината на двете.Објаснив добро зошто трае или ќе трае христијанството.А и незнам зошто некој би сакал да не трае.За грешката, фала што ми укажа, ама сосем јасно зошто пропаднало.А кога мислев на почетокот на паганството, не мислев од Олимп :)
    Не ме интересира дали ќе прифатиш или не, тоа си е твое.За постоењето на Исус, не е само Библијата како доказ, има други кои го потврдуваат постоењето негово, а и римските управители, па ако сакаш и за Цезар, Калигула и компанија, се си има црно на бело.Веројатно дека Понтиј Пилат, не распнал некој негов колега, онака од досада.
    Правдата, ако ја тераме, ништо не правиме.Не може да биде идеално, но малку подобро од светов каде што е сега, може, а се зависи од човекот.
     
  16. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Toa e она на што се жалев. Вие доаѓате и како „аргумент“ го вадите она во што верувате и пишувате како сакате да биде, а не онака како што е.

    И јас не сакам повеќе да дискутирам на темава со луѓе кои немаат осет за правда, туку полесно им е да веруваат дека некој ги чува и им бдее над глава додека другите, оние кои немале толку среќа ги игнорираат.

    И премногу напишав тука, за што сега ми е жал.
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски

    Те разбирам зошто така реагираш, има и други кои поради тоа што животот не секогаш им е фин, мислат така како тебе.Она кое го кажав, не го кажав заради тоа што само верувам, а истото да го нема како пишан документ.Колку ли само пишани докази има во Ватикан, морам да го споменам бидејки огромен број на литература е таму, плус во други библиотеки, кои го потврдуваат постоењето на Исус, да и ако сака човек да знае, дознае, може лесно да разоткрие, само ако го интересира.
    Ако се разговара за ова, незначи дека некој е против некого, барем не сум била против тебе или некој друг, за да незнам, те напаѓам и сл.Немам ни намера таква.
    Најчесто поради тоа што животот не секому му бил сјаен, оттука произлегува мислењето дека нема Бог, до толку да и секако не верува во него.Значи, не велам за тебе, општо мислам.Потполно е разбриливо, барем за мене.
     
  18. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    EvAngelos наздравје кафето. :lol:

    Азриел, какви факти сакаш...??? Да ти покажам слики од мене и Господ завчера што се сликавме...??? Што...???

    Јас го осеќам во мене, до мене, секаде... Нема место каде го нема... Тој е сеприсутен.
    Ако ти не можиш да го осетиш тоа, не можиш, затоа и не веруваш, твој проблем.

    А, јас додека дебатирам овде (дебативе живи смешки се направени), ќе одам да се помолам малку... Пробај и ти некогаш, ќе те чуе Господ, може на арно ќе ти тргнат некои работи...

    Иначе за правда, неправда, за пример ќе ја земам мајка ми која почина, и што се вели ништо не дочека од нас, млада замина, и се изнамачи пред умирање... Но, никогаш не сум рекла Господ ми ја зема, тој е крив. Не сум го обвинила. Така требало да биде, се е со причина. За сите нешта во животот така гледам. Не сум личност која вината најлесно и најбрзо ќе ја префрли на друг.

    Може и без Гмо храна. Потполно здравата, нетоксична храна изобилува со многу енергија, така што од неа малку да касни човек му е доволно. Те заситува, те исполнува.
     
    На viktorija94 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    А што ме барате уште, реков дека не ми се пишува тука :)
    Гордана, Ватикан главно не ги покажува документите па да знаеме што има таму, се што се верува денес е традиција, затоа што некогаш било така речено и сега продолжува. Инаку ми наметнавте дека не верувам затоа што мене не ми тргнало во животот, а јас само решив да бидам порационална поради научни причини, а и кога гледам какви луѓе се повеќето верници си стојам на ова. (не мислам на вас овде на форумот)

    Силвер, со вакви кафе-муабети ај што си дошла на темата, ама не знам зошто пак ме спомнуваш искрено. Нема што ти мене да ме поучуваш сега што да правам. Јас немам проблем, можно е ти да го имаш затоа што си осеќаш некакви присуства покрај тебе и упорно ја негираш реалноста. :) И да малку и мене ми е смешки кога некој упорно си продолжува на дијалект.

    Толку, не ме цитирајте повеќе.
     
  20. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Вие што неверувате во Бог и во религија дај малце информирајтесе што е тоа религија ,што е бог не лупајте кога немате ни ронка знаење .Да слезел Бог за тој да поверувал , :D леле значи тој туку така ке слези за тебе за ти да поверуваш ,Бог ни даде избор дали да веруваме или не ,Бог никој не тера со сила да верува ,па ниту ке слезе за ти да поверуваш, дај малце научи што е бог и што можи.Тој е Бог тој ке реши кога да слези не си ти бог да му кажеш кога да слези .