Добро а те прашам тебе што те води така да размислуваш да фунционираш немаш ти дух ?Или можеби телото тебе те води.
Како што пишав ме фасцинира природата. Нејзината сурова,убава и мистериозна комплексност што ти не можеш да ја објасниш,јас можам. Затоа што размислувам логички и рационално,а не ми треба некој за да се чувстувам специјално и сакано. Јас се познавам многу добро себеси,си ги знам маните и се прифаќам таков како што сум. Не судам никој по неговите верувања,туку ги предизвикувам и знам зашто има потреба некој да верува во бог. Затоа што јас гледам надвор од кутијата,и не подржувам лаги и невистини што се превземени од бронзената ера. Само да не земам какви лаги и предрасуди се пишани во Библијата. Само што библијата не е научен факт,тоа е заблуда,но тој што сака да си живее така немам ништо против.
Зошто велиш сурова убавина јас природата не ја доживувам како сурова убавина ,друго неможи ние да ги испитаме духовните работи да даваме факти за нив затоа што ние од нив сме водени тие не водат ,во случајов ако ние го откриеаме со факти тогаш Бог не би бил Бог сепак е тој над нас ти тоа не можеш како прво да го прифатиш а камоли да веруваш ,духот ти е нечист , велиш сурова убавина за природата верувај Бог на никој не ни посакува да ја гледаме природата како сурова убавина
Па не можеш да докажеш дека постојат и самоволи,вештерки што летаат со метли,Тор,Зевс,но тоа не значи дека треба да веруваш во нив. И тоа што го викаш лош дух,уствари е затоа што имаш предрасуди за луѓето што немаат исти размислувања и верувања како тебе. И поздрави го твојот Бог,го чекам во прегратки да ми осуди за моите гревови...
Не е точно ,јас невикам дека лош дух е ако луѓето имаат различно верување од мене,не веруваш во дух а сепам зборуваш за лош дух и добар ете гледаш дека имаш дух .Јас реков дека имаш лош дух за тоа дека природата ја гледаш како сурова убавина .Зошто сурова ?Јас воопшто не ја гледам како сурова убавина туку како рајска убавина А за вестерки и самовили несакам ни да докажувам зошто воопшто го мешаш бог со вештерки со самовили со некои такви работи што врска нема научи кој е Бог после споредувајго со улоги од цртаните филмови .И да додадам Бог не суди за гревови тој ги зема нашите гревови за ние да имаме слобода информирајсе после дискутирај.
Нема потреба да дебатирам со научниците. Се дебатира со некој што има спротивставено или различно мислење од твоето, а не со некој со кој што имаш исто мислење. Јас и научниците сме едномислени. Зошто ти не напишеш некој научен атеистички труд и да дебатираш со научниците? Е тоа веќе би имало смисла.
Ти не верувај во пишаното во Библијата, во ред е тоа... Мене малку ме задума за следново: Затоа што размислувам логички и рационално. Ок е да размислуваш така, но животот е песна, поезија, опуштеност. Каков живот е тој стрикно рационален и логички? Здрвен, мртов, неинтересен..
Верувам дека постои, а колку го почитувам.. е тоа е нешто друго. Да не навлегувам во детали може ке се навредат некои верници овде. :geek:
А од кај знаеш што е грев? Од кај ти се моралите? Од Библијата или од некоја книга пред неа? Зашто ако судиме за морали сите религии немаат ни М за морал. Имаат М за манипулација и за да се осетиш несигурен во самиот себе,ако се спротиставиш на нивните идеали си херетик и те сметаат за надвор од групата. Тоа не се случува кај рационалните луѓе и луѓето што се критични и љубопитни. Не верувам дека гревовите што сум ги направил треба да ми ги прости некој,туку едноставно дека треба да се разбере дека тие грешки не треба да се направат уште еднаш.
Ако мислиш дека религијата ке ме натера или друг ке натера да се осетиме не сигурни восебе се лажеш.А за гревовите ти кажав ако не мислиш дека некој треба да ти ги прости ок.Ако му зрешиш на некој тој нетреба да ти прости така ,ти случајно за тоа сам да не треба да си простиш во негово име
Ако му згрешам на некој близок,ја тргам гордоста и егото и признавам дека сум згрешил. Тоа е моја лична одлука а не нечива на некој семоќно битие. Но морам да кажам дека религијата напреднала од 1000 богови,направила еден бог. А во кој бог да верувам,христијански,сциентолошки,будизам,Тор,Аполон,Зевс итн. Ако си толку сигурна дека е еден,зашто не веруваш во другите,или за другите си атеист?
Прочитај, истражи, испитај и се надевам дека ќе увидиш дека христијанската објава за Бог е најверодостојна, најаргументирана. Не постои теист за еден Бог, а атеист за друг Бог. Постои атеист и теист кој може да биде монотеист и политеист. Атеистот верува дека не посоти ниту еден Бог, монотеистот верува дека постои само еден Бог, а политеистот верува дека постојат повеќе богови. Науката е најблиска до монотеизмот. Сега ќе објаснам зошто. Редот, фасцинантниот дизајн и прецизно поставените параметри во природата јасно говорат дека светот е создаден од интелигентно и моќно Битие. Во древни времиња мнозинството верувале дека постојат повеќе различни божества кои управуваат со Месечината, Сонцето, другите ѕвезди итн. секое од нив со сопствени правила и закони. Сепак тоа не било случај со евреите (Јудеизмот) и подоцна со христијаните кои верувале само во еден Бог. Подоцна науката покажала дека сите овие небески тела се движат по исти закони и правила, дека природните закони се универзални и насекаде исти што јасно говори дека сите тие се создадени од Еден, а не повеќе создатели. Затоа верувам дека науката е најблиска до монотеизмот. Е сега, и христијанинот и муслиманинот веруваат во еден Бог, но христијанинот не верува во исламската објава за тој еден Бог, а муслиманинот во христијанската објава за тој еден Бог. Значи различна е објавата. Затоа објективниот трагач по Бог треба да ги испита објавите за тој еден Бог и да види која од нив држи вода т.е. која е најверодостојна и најаргументирана. Патот на потрагата може да биде прилично долг и не е лесен, бидејќи постојат илјадници лукаво скроени лаги. Но сепак оној кој искрено го бара Бог, ќе го најде - поточно Бог ќе го најде него/неа.
Тоа значи дека веруваш во змијата што збори? Дека Ева била создадена од реброто на Адам? Дека за 7 дена бил создаден цел универзиум и земјата во едно? Во Арката на ноа и како во една арка ги собрал сите животни? И разни други глупости што ги пишува библијата. http://www.youtube.com/watch?v=Vfp6QipYV3w
Дали крадењето, убивањето, лажењето, лицемерието, омразата, гневот, лажното сведочење против друг човек, навредувањето, непочитувањето према друг човек, нехуманоста према се живо, понижувањето, исмејувањето се глупости според тебе? Или секојдневно се справуваш со истите? Од времето кога постоел Исус и кога била создадена Библијата, до ден денес се уште го има она кое како прашање го напоменав погоре.И што е најтрагично до сега светот не се помрднал од мртва точка, поради овие работи. И сега зарем стварно се глупости ( непријатно ми е што го кажувам зборов) она што во Библијата го пишува? Па целата суштина нејзина е таа, ништо друго.Па зарем нели е исто кога Исус отишол во храмот и ги избркал трговците, правејки пазар од истиот, а пореметувајки го мирот и непочитувајки го Божјиот храм е сосем поразлично од денес кога се оди во црква и наместо тишина, во мир да се моли човек, истиот се претвара во продавница, пазар? Да. Зарем различно е тоа или не? Не, исто е. Дали тоа е нешто што треба да се игнорира и негира, а ден денес сите ние се справуваме со овие работи или ни наштетиле токму поради истите без причина? Зарем некој би замижал пред нечие убиство пример и истото би го негирал, ако е барем малку човечен? Мислам дека секојдневието, многу добро говори за истото. Така што секое видео кое го постираш, кое патем апсолутно е не веродостојно, па и оние кои го направиле, не се сетиле на овие работи кои и те како ја потврдуваат автентичноста на Библијата. Целата суштина е таа и секому му е позната.
И кој се доказите за сите тие тврдења што ги имаш? Истите работи ги правел и типов,па никој не верува во него. http://en.wikipedia.org/wiki/Apollonius_of_Tyana До сега сите археолошки и историски докази не ја потврдуваат библијата како реално,туку како збирка на разни филозофии и прекажувања за една тема. И кога човек ќе стане од мртвите,јас тогаш ќе верувам во се што ќе пишува библијата.
Докази? И самиот ги знаеш, само не сакаш да ги прифатиш или признаеш. Сите археолошки и историски докази ја потврдуваат истата Патем, воскреснувањето на Исус со тело, е само манифестација на преголема енергија која како човек ја имал. За верата, тоа е индивидуално.
Тоа е како јас да сум убиец на некое злосторство,а телото го нема,нема ДНК докази,само едно сведоштво што не е веродостојно. Нема докази за библијата,ако има немаше да дебатирам.
Стефче, дали би можел да наведеш некој аргумент за ова твое тврдење? Дали можеш да пишеш некое археолошко откритие кое ја демантира Библијата како реална? Или некое историско сведоштво што ја негира Библијата? Јас во мојата библиотека имам една книга (со над стотина страни) со наслов „Библијата и Археологијата“ и во неа има еден куп археолошки откритија што ја потврдуваат Библијата. Би можел до утре сабајле пишувам за археолошките откритија што ја потврдуваат Библијата.