Каков поголем аргумент барате вие верниците од тоа што мртвите не стануваат од гроб? Не е потребно историско сведоштво, ете ви реално. Библијата е дело напишано во минатото и заради тоа има историска поткрепеност. Па секоја серија снимена за денешницата колку и да е фиктивна носи некој податок за времето во кое се живее, а не пак литературно дело кое влегува во програмата лектири за средно.
Секако дека не стануваат од гроб.А и ете освен воскреснувањето, веројатно има нешто се десило со телото на Исус, ако веќе гледаме поинаку.Но, тоа не е доволен аргумент за да се рече дека не постоел Исус.Особено не игнорирајки го она што тој се кажал.И да се замижи пред тоа што тој проповедал, за да се рече дека не постоел, а истото тоа што го кажал ден денес опстојува, тогаш секако ќе се бараат физички докази за неговото постоење и ќе се игнорира.Бидејки човекот сака опиплив доказ, нешто што со свои очи гледа, а духовното не може да се види, освен да се почувствува.Па, оттука може да се види, дали постоел или не, па потоа човек да одлучи дали ќе верува во Господ или не.
Проповедите на Исус од Библијата се морално поучни, никој не негира. Но, тоа не е доказ за постоењето на Господ.
А пак ти имаш доказ дека не постои?Ако имаш кажи ,и случајно да не го очекуваш ти Бог да дојде и специјално за тебе да се појави ,па Господ Бог ни даде да одлучиме дали да веруваме или не
Ох леле не се за на форум знаеш зошто затоа што и самата длабоко во себе знаеш дека не е така како што мислиш ,колку сакаш зборај правдајсе но така е
Во врска со доказите, тие и така се прекомплицирани за некои да ги сфатат. Всушност не се воопшто комплицирани, но интелектуалниот момент на поединецот е важен тука...
Ами кажи ги де, кои се тие докази за непостоењето на Бог? Те прашувам, затоа што сакам да знам, ме интересира.
^ Прво, ќе побарам од тебе друг пат да не ги редактираш мислењата селективно . Сега за темата. Не можам да ви кажам ништо повеќе се додека не ги прифаќате основните аргументи. Мртви луѓе воскреснуваат? Девица може да забремени? Ајде да не набројувам. Тоа како Бог ни дал да избереме дали ќе веруваме или не му доаѓа исто како да тврдам дека зад мојот јузер на Фемина се крие Бил Гејтс кој научил македонски, т.е. дека јас сум Бил Гејтс. Потоа да ви речам сакајте верувајте сакајте не, тие што ќе ми бидат поддржувачи на форумов, кои ќе ми даваат лајкови после година-две ќе ги наградам со милиони, а тие што ќе ми се контраат ќе ги оставам да живеат во беда (моментот задгробен живот ако не препознавте самите). И хипотетички тука да се најдат мноштво будали кои навистина ќе поверуваат. Нема да се случи, така?
Не треба мнгогу филозофии и врткајнци молимте ,да те прасам ти имаш дух во себе?Или кој ти го управува телото духот или нешто друго?Изборувај за духовни работи не за земни, за земни сите знаеме ама духовното некако не го разбираме ,за да го разбереме треба многу вера и надоградување на верата ,а ти вера ронка немаш ,уствари имаш ама погрешно ја употребуваш а сега не си свесна ,ама ке има моменти и тешки денови kога ке а побараш ако ја побараш .
Нема потреба од навреди Убаво е прашано, дали има некакви аргументи за непостоењето на Бог.Никаде не реков дека мртви можат да оживеат, ниту пак некој рекол.Секако дека не можат, но според други, кажав и претходно дека воскреснувањето е само преголема енергија која Исус ја имал како човек, според трети дека нешто се случило со телото на Исус, како и тоа коските биле уништени од животни.Уште една интересна констатација, а која се зема во предвид за истово ова што го зборуваме.Второ, бидејки во Библијата е метафора, а секако дека девица не може да забремени, значи со овие работи се согласувам ( никаде не реков дека не ги прифаќам), бидејки нема што тука да се лажеме дека тие две нешта се можни.Но, она кое го кажав претходно е само дел од да речам тие истражувања во врска со ова. Прво, Бог ниту дал наредба да речам да човек мора да верува во него.Право на избор, се случило тоа што се случило, а сега дали човек ќе верува или не, негово право.Во врска со Бил Гејтс, примерот што го кажа, рајот и пеколот, исто се метафорично кажани, ако човек прави добри дела ќе биде награден, финтата околу тоа, не е баш за тоа каде ќе оди човекот после смртта, туку што ќе направи на земјата и што ќе произлезе од тоа што ќе го направи, односно ако прави добро, со добро ќе му се врати.А што знаеш дека и тоа не е баш така, секој би се согласил, дека е сосем обратното.Сега, оттука повторно е нагласен изборот на човекот, дали ќе прави добро или лошо, како што е негово право дали ќе верува или не во Господ.А што се случува после смртта, никој незнае, но целта за тоа што е така напишано во Библијата е да се поттикне човек да прави добри дела, бидејки само на тој начин ќе нема зло. Второ, незнам што ти текна сега за лајкови, бидејки работата е сосем друга.
Вие неверниците сте изгледа паметни ,па се гледа по статистиката горе колку проценти сте вие паментите,јас нема ништо против дека не верувате ама ке треба да размислите .Несакам да бидам негативна ама статистиката кажува
Не, немам дух во себе. Мозокот управува со сите функции на телото. А инаку ти што разбираш за духовност? Филозофија патем знаеш што е? Има некои делови од библијата кои се метафори, ама приказната за Дева Марија е јасна и наменета е да се прифати онака како што е пренесена. Не е употребена тука никаква метафора. И чекај малку, моралот и вредностите на општеството се постари од христијанството, стари се колку и цивилизацијата, не знам зошто тоа го поврзуваш со верата. На човек не му е потребна побожност за да биде морален. Tака си е, паметните скоро секогаш биле малцинство
Секако дека знам ,зборувам за филозофирање од твоја страна , а за паметните ние сме сите прости што веруваме во Бог ,ех само колку не си запознаена со верата неможам да ти објаснувам тебе поубаво да се молам за тебе отколку да ти објаснувам. А да те прашам мозокот кој ти го управува ?
Духот, точно дека мозокот управува со сите функции на телото, не мислиш дека едно тело само по себе опстојува, односно без дух, душа? Интересно што пак скоро ако не се лажам, некои научници докажаа дека душата постои, а сместена била во дел од мозокот и кога човек умира, душата го напушта тој дел од таму каде што е сместена и заминува во универзумот, носејки ги со себе своите карактеристики, кои се токму она што човекот како карактер го носи во себе си.Потврдувам, дека постои, доживеав за да дознаам дека ја има душата и толку е кревка, да малку треба да го напушти човекот, многу малку фали. Незнам што се случува со истата при нечие убиство, но сигурно е страшно, бидејки со сила е прекинат еден живот и на некој начин е непријатно.Оттука, е она што е суштински религијата и зошто истата постои. Да, така е наменета приказната за Марија, нема метафора, точно, но зарем тоа би било причина за непостоење на Исус? Како и да било, сепак постоел, мислам дека тоа е најмалку важно. Па, добро, ги поврзав бидејки и тие се опфатени, а секако дека на човек не му е потребна побожност за да има морал.
Да, де, тоа е преводот.Инаку, ок чим велиш дека е до мозокот. Но она што многу повеќе доминира со телото е душата.Имаше уште некои плус аргументи, размислувања?