Не сфаќам каква врска има твојата реплика со мојот муабет со Стефче? Тој рече дека до сега сите археолошки и историски докази не ја потврдуваат Библијата, а ја фино лепо го замолив да го аргументира тоа со конкретни аргументи, конкретни историски сведоштва или археолошки откритија кои ја повргнуваат Библијата. Потоа му посочив дека јас имам спротивни аргументи на неговото тврдење т.е. една цела книга што зборува за археолошки откритија кои ја потврдуваат Библијата. И каква врска има ова со станување на мртвите од гроб? Па дури и во ова тврдење Библијата е точна, бидејќи таа јасно кажува дека мртвите нема да стануваат од гроб се дур не се врати Исус за да ги воскресне. Напротив, ако мртвите стануваа од гроб, е дури тоа ќе беше доказ дека Библијата учи погрешно, бидејќи таа не вели така.
Како немало врска? Јас се обидов да го надоврзам тој муабет на суштината на темава. Кога последен пат проверив ти викаше дека има Бог, а Стеф дека нема, така? Тоа што археолошки ја поткрепуваш вистинитоста на некои работи што ги пишувало во библијата не значи дека и библијата и религијата се во суштина поткрепени од вистината. Јас реков дека секое литературно дело колку и да е фиктивно носи некој податок од времето во или за времето во кое се одвива дејствието, независно од поентата за која си дискутирал. Знам дека во библијата постои алиби за речиси секоја ситуација. Добро се погрижиле, Црквата имала векови за да го направи тоа. И доволно знам за римско време за да ме чудат натприродни појави во тој период. Еднакво како што не ми се верни и за денешно време.
Епа ние сега не зборевме за тоа дали Библијата е поткрепена со вистината, туку конкретно дали се поткрепени со археологијата и историјата. Прв Стевче пиша дека археолошките и историските докази не ја потврдуваат Библијата, а потоа јас во реплика му пишав да ја аргументира таа своја изјава и му се понудив да му пишувам спротивни докази т.е. докази каде што археолошките докази ја потврдуваат Библијата. Не знам за тебе, али за мене зборот „доказ“ си има тежина. Ако некој рече дека некакви археолошки или историски докази потврдуваат или негираат нешто, јас очекувам тој/таа да изнесне, барем 2-3 докази (За да биде множина нели) па да ги разгледаме тие докази. Значи тоа беше конкретниот муабет, околу археолошките докази кои ја негираат или потврдуваат Библијата. За да докажеш дека Црквата (небаре била една сеопшта институција) ја менувала и преработувала Библијата низ вековите, треба да покажеш т.е. да посочиш на копија од да речеме 3-4 век и копија од 19-20 век кои се различни, каде што може да се види намерно менување на текстот со цел да послужи нели за одредени „алиби“. Од друга страна, јас можам да ти посочам на ракописи од Стариот Завет кои датираат од 3-4 век пред нашата ера и кои се идентични со денешниот Стар Завет. Од новиот завет пак можам да ти посочам на ракописи од целосниот нов завет кои датираат од 4ти век и кои се идентични на денешниот нов завет. И тоа не станува збор за еден ракопис, туку за околу 25.000 ракописи, и тоа не од едно место, туку од три континенти, напишани на различни јазици (преводи), со различни дијалекти. За некој да ги измени сите и да ги синхронизира, треба навистина да е супермен, да може да лета од место до место, да има ренгенски поглед за да може да ги најде и сите да ги измени, а без притоа да биде фатен во тоа злодело. И над сето ова, треба да има мотив за да го направи тоа. Исто така потребно е да се смисли добра теорија на заговор (а да не биде сајнс фикшн) која ќе ги објасни мотивите за овој мистериозно извршен проект кој ете останал незабележан од очите не критичарите, историчарите, археолозите, христијаните и нехристијаните.
Јас ти кажав што ми беше мене поентата, другото со Стеф реши го, не сте на рочиште кај мене. Репликата со Црквата сериозно? Немам девет години за вакви сопки да употребуваш кај мене. Христијанството е официјално воспоставено, догматизирано и усвоено прописно со сите норми во четвртиот век. Откако се појавило движењето како секта до тогаш поминале повеќе од 300 години. Три века се и многу за да се среди само Новиот завет. Стариот, еврејскиот кој е составуван во текот илјадници години претходно е друга приказна. А колку само делови се отфрлани и потоа, и евангелија меѓудругото... Божем се доаѓа до документите на Ватикан па да ти најдам материјали. Инаку, Црквата и била една единствена институција добри 1000 до 1500 години.
Да, се отфрлени, па дури и евангелија, евангелие по Јуда и уште неколку не ми текнува во моментов кои, истите пронајдени во Египет.Останато, ракописи најдени во Перу, а црквата ги негирала и правела се за да не се разоткријат, а датираат од пред Христа. Но, кога веќе би се рекло дека не постоел Исус, само заради не автентичност на записите, тогаш секоја историска личност за која има податоци, би се негирала, бидејки податоците би биле не автентични.А зад секоја личност, за која се негира дека постоела, има оставено некакво дело кое пак спротивното го говори.Само проблемот е што се работи за Исус, а не за Хитлер ( малку контраст помеѓу Исус и Хитлер, што едниот, а што другиот правел).Мислам дека тоа не е баш нешто за кое би се рекло дека не постои Бог, се додека не излезе спротивно, некој запис кој би негирал дека и не е така како што е запишано.
Не знам колку години имаш Kacjushka, но ако си доволно возрасна, очекувам од тебе посериозна дискусија, дискусија со аргументи, со факти кои ќе го подржат тоа што го тврдиш. И еден веке доволно за да се „среди“ некоја книга, секако доколку постојат докази за таквото средување, а не само пуста желба да било така. А кога станува збор за Новиот Завет, ти не произнесе никаков аргумент/факт за некакво средување, менување или не знам што, за да тој служи како алиби за ситуации. (патем не спомна ни еден пример за какви тоа ситуации мислиш) Од друга страна, Новиот Завет не бил една книга, туку 27 книгички/писма (новозаветни документи), а и секоја од тие книгички се препишувала (бидејќи не постоеле печатници нели) и се ширеле по црквите и постоеле по десетици, па дури и стотици ракописи. Како што погоре ти пишав, од новозаветните документи се најдени околу 24.600 ракописи (5300 грчки, 10.000 латински, и најмалку 9.300 други рани преводи). Сите овие се најдени на три различни континенти (Европа, Азија, Африка). Многу од нив се најдени од 1ви па се до 4ти век - во времето кога црквата не била институционализирана и хиерархиски организирана. А дури и кога би била таква, невозможно е толку ракописи расфрлани низ 3 континенти да ги собереш на едно место, да ги „синхронизираш“ и пак да ги вратиш без никој да забележи Тоа е мишн импасибл. И не само тие, постојат и многу рани списи од ранохристијански писатели (како што се Иринеј, Поликарп, Игнатиј, Ориген, Клемент од Александрија и сл.) уште во вториот век. кои ги цитирале новозаветните документи и кои датираат дури и од 2ри век. Сите овие се согласуваат со денешниот нов завет без никакви поголеми разлики и во нив не може да се види никакво намерно „средување“ на текстот за тој да биде некакво „алиби“ за тие мистериозни ситуации. Значи, како што кажав, за аргументирано да тврдиш дека еве на пример Илијадата на Хомер е менувана, ти треба да приложиш барем две различни копии од таа книга кои ќе содржат доволно различен текст кој јасно ќе покаже дека не станува збор за печатна грешка или грешка при преведување, туку јасно ќе покаже дека тој пасус е различен и е направен таков заради таа и таа причина. Или пак, исто така аргумент би било доколку најдеш некаков историски или археолошки доказ дека на некое место, во одредено време се собрале луѓе кои ја менувале Илијадата заради некакви си нивни цели. Е тоа е аргументирана дискусија. Единствени веродостојни евангелија кои датираат од 1век (времето кога живееле Исус и апсотолите) се оние што се наоѓаат во Новиот Завет. Тие ракописи што се најдени во Наг Хамади (Египет) се гностички списи и докажани фалсификати напишани најрано при крајот на 2от век или 3от век. Тие се интересни само за сензационалистичката медиа, каде што не е битна науката, туку само она што е интересно и сензационалистичко за читателите на весници, списанија и сл. Нивната веродостојност е веднаш побиена од секој сериозен историчар, теолог, текстуален критичар и сл.
Evangelos, не знам колку имаш забележано, но јас се обидувам тука да бидам што е можно пократка. Освен тоа, не сум под дејство на никаква пропаганда, ниту организација, црковна или каква било. Моите ставови се само мои. Сега, ако добро насетувам, дали ти тоа го негираш постоењето на апокрифите? Ако Црквата не можела да се координира, како тогаш се исклучувани цели книги од официјалното учење во потполна согласност? Не треба да си никаков Супермен, мислиш дека во тоа време не одржувале никаква комуникација? Ако мојот збор не се важи, дали ти си имал пристап до сите тие списи и евангелија за да го земам твојот збор за точен, ќе ми ги приложиш тука копиите, или податоците се од некои весници, списанија и автори што ти ги сметаш за релевантни и што се најблиску со твојата догма? Малку иронично е тоа верник да бара факти и аргументи на тема за религија кога се уште од вас се чекаат факти за постоењето на вишата сила.
Исто и ако човек не верува во Бог, а нема факти.А кога веќе човек кој што не верува во Бог, бара факти за неговото постоење, тогаш нема што да ги бара истите кај другите, бидејки ако е убеден дека немаат факти, веројатно и дека нема да ги бара кај верниците.Човек кој што не верува во Бог, не го негира изборот на верникот. А тоа што некои работи ги крие црквата, не се аргумент дека не постои Бог.Дали имаш некаков аргумент за кој си сигурна дека не постои Бог? Освен се она што кажа.
Добар дел од нив не би ги изложила на форум. Да пробаме со нешто друго. Ги игнорираш нереалните елементи во евангелијата. Понатаму, глад, болести, војни, алчни и неморални луѓе со премногу пари, чесни луѓе на работ на егзистенцијата, малтретирања, силувања, педофили, неправди и т.н. Во библијата имаме моменти каде бог директно ги казнува оние кои грешат и богохулат, во реалноста тоа го нема. Светот не функционира на начинот кој која било религија го наложува.
101 ПРИЧИНА ЗОШТО ВЕРУВАМ ДЕКА ИСУС Е ЕДИНСТВЕНИОТ ВИСТИНСКИ БОГ 1. “Дури и најнепопустливите критичари на Исус ќе кажат дека никој досега не живеел толку чист живот како Исус” - Р. Захариус 2. “Ги познавам луѓето; и ви велам дека Исус не е обичен човек.” - Наполеон Бонапарта 3. “Тогаш Марија му рече на ангелот, Како е можно тоа кога јас не знам за маж.” 4. “Предадов невина крв.” - Јуда Искариотски 5. “Не наоѓам вина во овој човек.” - Понтиј Пилат 6. “Кој од вас ме обвинува за грев?” - Исус 7. “Тој воскресна, онака како што кажа.” - Ангел кај Исусовиот гроб 8. “Запаметете дека Исус Христос од Давидовиот род, беше воскреснат од мртвите.” - Апостол Павле 9. “Јас Сум Првиот и Последниот и Живиот, и умрев, и ете, Жив Сум во сите векови” - Исус 10. Мртвите луѓе не јадат риба - (Јован 21) 11. Месијата претскажан од пророците дека ќе потекне од Давидовиот род, требаше да дојде пред уништувањето на Израелскиот храм во седумдесетата година од нашата ера кога беа уништени сите родословски записи. 12. Ниеден лажен Месија не тврдел дека го исполнува Законот. 13. Според законите на веројатноста, можноста еден човек да исполнува повеќе од 300 месијански пророштва е астрономска (буквално, трилион на трилион) 14. Беше претскажано дека Месијата треба да дојде од Витлеем, Египет и Назарет. 15. “Почна од Мојсеј и од сите пророци, и им објасни што е пишано за Него во Писмото.” (Лука 24:27) 16. “Но, Бог на тој начин го исполни она што го навестуваше однапред, преку устата на сите пророци: дека Неговиот Христос ќе пострада.” (Дела 3:1 17. Даниел претскажа дека ќе поминат 483 години од датата кога Ерусалим бил наново изграден па до датата кога Исус ќе влезе во Ерусалим. Ова беше точно исполнето до самиот ден. 18. “Уникатен помеѓу оние кои решаваат проблеми од криминален карактер е, оној кому му е поважен идентитетот на осудениот, а не неговото дело.” - И. Линтон 19. “Тврдењето дека Исус е единствениот начин за спасение е или точно или погрешно. Ова може да биде одредено само врз основа на докази.” - Ј. Анкерберг и Ј. Велдон 20. “После шест години поминати во непристрасно истражување на Христијанството, неговата вистинитост или невистинитост, дојдов до конечен заклучок дека Исус Христос беше Месијата.” - Л. Велс 21. “Човек кој го чита Новиот Завет и не гледа дека Христос тврди дека е повеќе од човек, е како оној што го набљудува небото рано напладне, кога е без облаци, и не го гледа сонцето.” - В. Е. Бидерволф 22. “Хуманистичото мислење дека Исус беше морално исправен но религиски погрешен, се спротиставува на сите психолошка логика.” - Ф. Р. Бери 23. “Со сигурност постојат длабоки и темелни историски основи за најоспоруваната реченица во Апостолските записи- “И на третиот ден, Тој воскресна” - Ф. Морисон 24. “Отсега ви зборувам, пред да се збидне, за да поверувате - кога ќе се случи - дека Јас Сум..” - Исус 25. “Симон Петар одговори и рече, “Ти Си Исус, Синот на живиот Бог.” 26. Исус ги исцелуваше слепите, сакатите, лепрозните, глувите, воскреснуваше мртви, ја проповедаше добрата вест на сиромасите како што и пророкот Исаија запиша дека ќе биде. 27. “Зашто ако не поверувате дека Јас Сум, ќе умрете во своите гревови.” - Исус 28. Исус ги простуваше гревовите, не судеше против нив. 29. “Затоа Евреите уште повеќе сакаа да Го убијат... и затоа што Бог Го наречуваше Свој Татко, изедначувајќи се со Бог.” (Јован 5:1. 30. “А Исус му рече (на Сатаната): А напишано е “Не искушувај Го Господ, Твојот Бог!” (Матеј 4:7). 31. А Исус му рече: „Зошто Ме наречуваш добар! Никој не е добар освен Единиот Бог. 32. ЈАХВЕ на грчки е преведено како КИРИОС, и се употребува за Исус во Новиот Завет. 33. “Очекувајќи ја блажената надеж и јавувањето на славата на нашиот велик Бог и Спасител, Исус Христос.” (Тит 2:13). 34. Исаија вели дека постои само еден Бог, а сепак ги нарекува и Исус, и Јахве “Семоќен Бог.” (Исаија 44:6-8, Исаија 45:5, Исаија 10:21, Исаија 9:6) 35. “Срушете го овој храм и јас ќе го изградам за три дена.” Исус кој воскресна од мртвите. 36. “Зошто во Него, во телесен облик, живее сета полнота на Божеството.” (Колосјани 2:9 ) 37. “Во почетокот беше Зборот, и Зборот беше со Бог, и Зборот беше Бог.” (Јован 1:1) 38. “Навистина овој човек беше Божјиот Син.” - Римски војник 39. “Делата кои ги правам, сведочат за Мене, дека ме испрати Таткото.” - Исус 40. “Неговата надворешна обука за поучување беше минимална (во однос на образование, истражување, патување, и др.), но Неговите зборови беа секогаш соодветни за пригодата. Никој не знаеше од каде ги знае тие зборови, и Тој никогаш не требаше да ги повлекува или да се извинува за нешто што рекол.” - Х. М. Морис 41. Исус морал да биде или лудак, лажец, легенда или Бог. Првите три можности се невозможни, земајќи го во предвид Неговиот живот. 42. И, навистина, голема е тајната на побожноста: Бог се јави во плот, посведочен веше од Духот, се покажа на ангелите, беше проповедан на народите, светот Му поверува, и се воснесе во слава. (1 Тимотеј 3:16) 43. Како може Исус и Јахве да бидат еднакво и истовремено семоќни? 44. Исус се објави најмалку 15 пати на над 500 очевидци во периодот помеѓу неговото воскресение и вознесување. 45. Исусовото постоење, времето во кое живеел, Неговите чуда, многуте следбеници кои умирале заради Неговото Име, сето ова е документирано од неколку рани историчари како Корнелие, Такит, Јозеф, Сутонис, Пилни Помладиот, Вавилонскиот Талмуд и други. 46. “Над цел свет се надвисна најстрашна темнина, камењата беа раздробени од земјотрес, и многу места во Јудеја и други области беа срушени.” - Талус 52 од н.е 47. “Тој им се објави повторно жив на третиот ден, како што претскажа прекрасното пророштво...” - Јозефус 48. “... Христос беше егзекутиран за време на владеењето на Тибериј...” - Тацит 49. “... Беше распнат на пасхалната ноќ” - Вавилонскиот Талмуд 50. Што би рекол некој за илјадниците променети животи на луѓе , претходно посветени на Јудизмот? 51. Што би рекол некој за брзината со која Христијанството се проширило низ Азија и Медитеранот, за време од половина век? 52. “Исто така, знаеме дека Божјиот Син дојде и ни даде разбирање, за да Го познаеме Вистинскиот, а ние сме во Вистинскиот, во Неговиот Син Исус Христос, Тој е Вистинскиот Бог и вечен живот.” (1 Јованово 5:20) 53. “Лука е историчар од највисок ранг...” - Г-дин В. Рамзи 54. Ниту еден археолошки пронајдок не е контрадикторен на автентичноста на историските податоци во Новиот Завет. 55. На кутија направена од варовник, која датира од 63 год. од нашата ера на Арамејски е запишано, “Јаков, син на Јосиф, брат на Исус” 56. На камена плоча која датира од првиот век, има Латински запис кој вели “Тиберјанец Понтиј Пилат, Префект на Јудеја” 57. Во првиот век во Ерусалим е откриена жртва на распнување. Неговите раце и нозе биле прободени со седум- инчни клинци. И двете нозе му биле скршени. (Псалм 22, Матеј 27, Марко 15, Лука 23, Јован 19) 58. На неколку гробници кои датираат од 40-50 год. од нашата ера, има запишано молитиви до Исус како Бог. 59. “Светските религии не содржат нешто што е добро и вистинито, а не може да се најде во Христијанството...Исламот има деведесет и девет имиња за Бог, но ниту едно од нив не е Татко. Хиндуизмот може да нуди немоќ за простување и кршење на цврстото сфаќање на кармата. Махариш не може да дојде и да живее во неговите ученици.” - М. Грин 60. Најдобрите одговори на прашањата поврзани со животот, судбината, значењето и моралот се наоѓаат во Исус. 61. Хуманистичките критичари кои нудат натуралистички теории за воскресението, одбегнуваат да ги користат во јавните дебати поради страв од бројни прекори, кои ќе ги стават во незгодна положба. 62. Раната црква никогаш не би пораснала толку, доколку била заснована на лага. Таа би исчезнала, но тоа никогаш не се случи. 63. Двата најстари обреди на раната црква, крштевањето и причеста, и двата ја симболизираат Исусовата смрт и воскресение. 64. Ако Исус не воскреснал, како тогаш Римјаните не успеале да го пронајдат Неговото мртво тело? 65. “Моралот кој Исус го проповедаше и живееше беше од најдобротоворен вид... не беше надминат од никого.” - Т. Пејн 66. “Ниеден сериозен научник не се осмелил да изнесе став за не-историчноста на Исус.” - О. Бетс 67. “Христијаните кои ги познавате, слават човек до денес--- истакнатата личност која ги воведе во новите ритуали, и беше распната за сметка на тоа...” Лусијан, грчки сатиричар од вториот век 68. “Каква придобивка имаа Евреите од тоа што го убија нивниот мудар Цар? Веднаш после тоа, нивното кралство беше укинато.” - Мар Бар- Серапион, сириски филозоф 70 год. од нашата ера 69. “... Исус Христос беше испратен од Бог.” - Клемент од Рим 70. “Исус Христос Кој беше од родот на Давид, Кој беше Син на Марија, Кој беше вистински роден, јадеше и пиеше, беше навистина распнат и и умре пред очите на оние во небото, на земјата и под земјата; Кој навистина беше воскреснат од мртвите од Својот Татко, исто така ќе не воскресне и нас кои веруваме во Него.” - Игнат 71. “... откако Исус беше распнат, дури сите Негови познаници го оставија... потоа откако воскресна од мртвите...” - Џастин Мартир 72. “Ако Исус не беше Бог, тогаш заслужува оскар.” - Џ. Мекдовел 73. “Христос е единствениот религиозен лидер кој некогаш тврдел дека е божество, и единствениот индивидуалец кој увери огромен дел од светот дека Тој е Бог.” - Т. Шулц 74. ... светската историја потврдува дека Исус живеел на земјата и дека бил прославуван како Бог. 75. Тој основал црква која го слави 1900 години. 76. Тој го смени правецот на светската историја.” - В. Робинсон 77. “Тој никогаш не се двоумел ниту се извинил. Тој немал потреба да оди контрадикторно на она што сакал да го каже, ниту го отповикувал или изменувал. Тој ги зборуваше недвосмислените Божји Зборови.” - К. Шефран и Х. Креслер 78. “Дали таквиот интелект--- јасен како небото, чист како планинскиот воздух, остар и продорен како меч, целосно здрав и бодар, секогаш спремен и полн со самодоверба--- е подложен на радикални и најзериозни заблуди, се неговиот карактер и мисија? Апсурдна замисла!” - П. Шаф 79. “Без Исусовото воскресение, не би постоела Христијанската вера. Исусовите ученици би останале скршени и поразени.” - В. Л. Крег 80. “Најверојатно трансформацијата на Исусовите ученици е најдобриот доказ за воскресението.” - Ј. Скот 81. Исус беше зачнат од Бог и роден од девица. (Јн. 1:14, 3:16, Ис.7:14) 82. “Тоа што Галилеецот кој тврдеше дека е Светлината на светот, и сеуште е сметан за тоа после толку векови, е најдобро објаснето на темелот на Неговото божество.” - Б. Рам 83. “Можеби некој би живеел за лага, но некој да мисли дека илјадници ќе умрат за таа иста лага, навистина му е потребна голема имагинација.” - Н. Гејслер и П. Хофман 84. “Дали овие луѓе кои помогнале да се трансформира моралната структура на општеството, се лажливци или растроени лудаци? Потешко е да се верува во овие алтернативи отколку вофактот за воскресението, а не постојат ни трошка докази за тоа.” П.Е. Литл 85. “Полубратот на Исус, Јаков, не веруваше во Него се до воскресението. Јаков подоцна стана официјален лидер на Ерусалимската црква, и беше убиен поради неговата вера. 86. “Синот на мајмунот е мајмун. Синот на кучето е куче... Синот на Бог е Бог.” - П. Крефт 87. Исус ги менуваше имињата на луѓето. Евреите веруваа дека тоа може и смее да го прави само Бог. 88. “Невозможно е Исус да беше само добар човек... Човек кој тврди дека е Бог, а не е, не може да биде наречен добар човек.” - П. Крефт 89. Синоптичките евангелија имаат доволно несофпаѓања колку што е потребно за тоа да ги направи веродостојни. Авторите немале меѓсебен договор да создадат приказна. 90. Исус никогаш нема цитат кој вели, “Вака зборува Господ..”, Тој вели, “Јас ви велам..” 91. “Ако Исус не е Бог, тогаш зошто оваа лага ги прави луѓето подобри луѓе отколку било која друга вистина би ги направила?” - П. Крефт 92. Исус го нарече Јован Крстителот, “најголемиот човек што некогаш живеел”. Што кажува тоа за Исус, ако Јован беше Негов слуга? 93. Кога Исус зборуваше со Бог, се обраќаше со “Аба Татко”. Која личност може да ги смени термините за обраќање кон Бог? 94. Ако Исус беше будала, тогаш како одеше по вода? 95. “Писателите на Евангелијата доследно запишувале што се случувало дури и кога тоа било засрамувачки.” - В. Л. Крег 96. Апостолот Павле наеднаш стана водечки протагонист на верата која се трудеше да ја уништи. 97. “... Еврејскиот Талмуд.. ниту еднаш не го изнесува тврдењето дека исполнувањето на пророштвата било фалсификувано. Ниту еднаш.” Л. Лапидес 98. Ако Исус беше само добар морален учител, тогаш зошто го распнаа? 99. “... заклучокот дека Исус не умрел на крстот се покажува дека е во спротивност со модерните медицински знаења.” - Л. Т. Џонсон 100. И Исус и Јахве се нарекувани; совршен, вечен, Создател, сезнаечки, непроменлив, сеприсутен, постои над времето, Суверен, живот, вистина, праведен, Светлина, откупител, младоженец, камен, верен, добар, покажува милост, љубов, судија, познавач на човечкото срце, оној кој воскреснува, Моќен Бог, “Јас Сум”, Алфа и Омега, пастир, спасител, Крал, оној кој простува гревови, Господ. Можеме да се молиме и на Бог и на Исус, еднакви се во постоење, дела, авторитет, и чест, славени од луѓето и од ангелите. И двајцата се наречени Бог. 101. Каде би бил без Исус?
Бидејки и ги немаш, затоа и не би ги изложила на форум. Воопшто не ги игнорирам, а и впрочем неколку пати сум ги спомнала.Се тоа што наброи, се дело на човекот.И светот не функционира така, бидејки човековиот суд према тие работи е поинаков, а и впрочем ниту пак поголем дел од светот, дали и воопшто ја почитува Библијата.Можеби веројатно затоа е и тоа така, како што е сега.Претпоставувам.А за што и други истото ова го имаат потврдено, а секако е дел од науката и доста добро анализирано.
Aах, не ќе да е така Едно е тоа што ти го посакуваш, а друга е вистината. А и досега веќе изложив повеќе факти од било кој верник. Која наука изанализирала дека човекот греши затоа што не ја проучува/почитува библијата? Дали секој човек со морал е таков поради верските книги? Пред Христос немало ли морални луѓе? Индијците или Кинезите кои се поклоници на други религии и кои никогаш не дошле во допир со христијанството и со останатите старозаветни религии се сите неморални луѓе? Немаат етички кодекси?
Не. Јас веќе кажав дека повеќето настанале 150 години по Исус и апостолите. Јас само ја потенцирам нивната неверодостојност (и фалсификат), која е општо позната меѓу сериозните историчари, теолози, текстуални критичари и сл. Историјата не познава црковен собор каде што се собрале епископите од разните цркви за да исклучат некоја еретичка книга. Тие се собирале неколку пати за да осудат некоја ерес (Аријанизмот, Несторијанизмот..), а при тоа ги прогласувале и за еретички пишувањата на Ариј, Несториј и сл. но не и некоја од овие сензационалистичкиве апокрифни „евангелија“ кои денес се во мода. Немало потреба од такво нешто, затоа што тие никогаш не биле закана за канонот на Светото Писмо, кои било препознаено од сите цркви уште во раните векови. Еве ти на пример еден линк (http://ntcanon.org/table.shtml) каде што можеш да видиш една табеларна споредба на книгите од Новиот Завет и некои од апокрифните книги каде што можеш да видиш кои од нив биле признати од ранохристијанските писатели (видни епископи на цркви), а кои биле критикувани. И ова не се дешавало на некој собир, туку независно сите овие пишувале позитивно или негативно за нив. И интересното е што сите овие книги се јавно критикувани и за нив постојат докази и нема простор за никакви тајни заговори и сајсн фикшн теории. Заради тоа што новозаветните книги привлекле голем интерес, тие биле често препишувани за потребите на христијанските заедници така што ние ги имаме во огромен број и можеме да ги анализираме, да ги споредиме, да се увериме во нивната идентичност и веродостојност. Па има нешто и на интернет. Еве на пример од неодамна на интернет е достапен и кодексот Синатикус, тоа е манускрипт кој датира од околу 350 година и кој ги содржи сите новозаветни книги (целиот Нов Завет) на оригиналниот коине грчки јазик на кој што се пишувани евангелијата. Веб сајтот е многу добро организиран, можеш дури и да го зумираш текстот, да читаш превод на англиски од страна. http://codexsinaiticus.org/ Постојат и порани ракописи на делови од сите новозаветни книги, исто така достапни на интернет (ако сакаш да истражуваш, гуглај ги следниве зборови: earliest new testament manuscripts или слично). Потоа има една библиотека на интернет каде што се собрани сите ранохристијански списи (вклучувајќи ги и еретичките, други христијански книги кои не се во спротивност со новозаветните книги и сл.) http://www.earlychristianwritings.com/ Еве ти уште една библиотека каде што можеш да најдеш списи од ранохристијанскиот период во електронска форма http://www.ccel.org/ И повторно би ти го пишал овој линк http://ntcanon.org/table.shtml каде што можеш да видиш колку рано христијанските документи биле цитирани од ранохристијанските писатели (од 1век, 2ри век, 3ти век). Очигледно си имала искуство со традиционални верници или со верници со слепа вера. Сепак постои слепа вера, но постои и разумна вера. Постојат верувања кои директно верниците ги насочуваат да го исклучат интелектот и разумот, да не им веруваат на сетилата и на здравата/разумната логика, им нудат некаква си „духовна логика“, создаваат догми кои се јасно спротивни на очигледните факти, поттикнуваат суеверија, празноверија, им забрануваат на верниците да бидат позитивно скептични, да поставуваат прашања за својата вера. Тоа е слепата вера, која е повеќе штетна, отколку корисна. Но постои и разумна вера. Добар пример за разумна вера е банката. Банката нема слепа вера кога ви доверува кредит и не верува слепо дека вие редовно ќе го исплаќате. Таа пред да ви даде кредит, прво ќе ви постави еден куп прашања, ќе провери каде работите, колку имот имате, дали имате редовни примања, дали редовно плаќате сметки итн. и дури потоа ќе ве определи за кредитоспособен и ќе ви даде кредит. Слично е и со верникот кој има разумна вера. Разумната вера поставува прашања, таа е позитивно скептична, не зема сè здраво за готово, бара причини за да верува, бара аргументи, факти, споредува, анализира, таа е во согласност со логиката, со објективната наука.
Не е работата за јас дали посакувам или не, колку што е за да се смени начинот на однесувањето кај луѓето, а и тие факти, познати се и на верниците Поконкретен пример, психологијата за човекот, многу добро го објаснува она кое што го кажавме.Незнам зошто мислиш дека поради верските книги човек има морал.Ниту пак сум помислила такво нешто, а ниту сум кажала.Никој не ги негира Индијците, Кинезите, работава е за христијанството и зш луѓето не/ веруваат во Господ.Ниту пак сум против атеистите.Она кое го кажав претходно за атеистите, што не веруваат во Бог, не мислам дека се лоши луѓе, со некаков чуден поглед кон религиите и сл.Значит, човек и да не е религиозен, може да е и подобар од верник. Во времето на Исус, не било нешто поразлично од сега во врска со она што тој го проповедал, имало и тогаш кои биле за него и против него, кои го негирале, а истите тие кои го негирале, за чудо некое го прифатиле како личност, ако добро паметам еден римски војник кој бил против учењето на Исус, подоцна го прифатил и своето римско име го променил заради учењето на Исус.Понтиј Пилат се двоумел кого да го распне дали Исус или другиот разбојник, а оставил на народот да одлучи, а тоа што се двоумел, доволно укажува дека уствари и знаел кој всушност требало да го распне, а секако не бил Исус.Јуда, кој што го предал Исус, се обесил потоа, бидејки разбрал што всушност направил, а доцна му било за каење. Има и други куп современи случки, од луѓе кои го негирале, биле атеисти, па одеднаш поверувале во Господ и се дури сигурни дека постои, за што уверена сум дека милион книги да им го докажат спротивното, нема да бидат убедени дека не постои Господ.Ова се секојдневни примери, не се од нет или измислени.
За жал читам дека дека се пола со пола тие што веруваат во Бог и тие што не веруваат во него, немам намера да сменам ничие мислење ниту пак верување вие сте самите свесни за своите верувања и постапки нели некои ќе речат неверувам во него оти ми се имаат случено многу лоши работи итд, секој човек доживеал нешто лошо во својот живот, верувам дека тие што веруваат во него Бог ке му даде мир и спокој,сила полесно да се изборат со лошите работи додека тие што го бркаат од себе се почесто се незадоволни,тажни,и во очај... Бог ни даде тело а во телото душа, ни даде ум и разбирање самите да увидиме што е лошо а што не е, и секој човек си ја крои својата судбина тие што го бараат Бога тогаш чекорат кроз животот со неговата помош, а тие што не го бараат често им е патот со препреки и тешко ги совладуваат..... (али сепак го слават Божиќ и Белигден).
Повеќе го славам затоа што се собираме со луѓето и фамилијата што ни значи,отколку да гледам дека е некој голем христијански празник. Исто и за црквата идам за да ја видам архитектурата и времето што им требало на луѓето да ја направат таква,мирна и тивка со своите мисли и тишината што следи од таквата градба. Сигурно требало многу експериментирање за да се добие тоа што е денеска една црква или манастир.
Aха јасно,јасно..... P.S. Славење а неверување е исто како да си му шлакнал шлаканица на верник, тоа е дволичност.
^ Што подразбираш ти под славење? Еве јас не славам. Ама кога тие празници се државни што да правам, да одам на училиште или на факс на неработен ден? И не си во право за статистиката за жал, види ги резултатите, 700:100 за верниците. Евангелос, не мислев само на фанатични верници. Општо кој било верник на тема религија не дебатира со факти за клучното прашање - постоење на Бог затоа е иронично да ги бара од другата страна. Гордана, тогаш дај објаснување како кинеската цивилизација опстојува со милениуми а не дошле во контакт со „вистинската“ вера. Не би се впуштала во дискусија понатаму, апсурдна е.
Работата не е за кинеската цивилизација како опстојувала толку долго време.А ниту пак важи тоа дека само верник може да биде морален.И никој не негира дека човек кој што не верува во Бог, нема морал или сл.Доколку имаш аргументи зошто сметаш дека не пости Бог, кажи.А ги немаш. Прво, верник не бара факти за постоењето на Бог, туку човек кој се откажува од религијата, а не е атеист се уште.
Ги имам, само вие не можете да ги сфатите. Ме интересира објаснување како најстарата цивилизација опстојува без христијанство, а и денес е во подобра состојба од многу други. Тоа сакам да го прочитам, а во понатамошни дебати не би навлегувала.