Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.483 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски

    Тврдиш дека ги имаш, а не ги кажуваш? Бараш објаснување за нешто што веќе го знаеш и самата.
    Само Библијата е многу јасна во врска со постоењето на Бог, а дали човек ќе сака од истата да осознае дали навистина постои Бог или не, тоа е право на избор на човекот.Кажи ми како опстојува кинеската цивилизација без христијанство? Имаат тие верба во нешто?

    А секако, не може ниту еден човек да бара факти за Бог, без разлика дали верува или не :) Само што обично човек кој што се откажува од религијата, поради сето зло кое се случува, неправда, го негира Бог.Кажав и претходно, а рече и самата дека нема смисла да се бараат од други факти за Бог и неговото постоење, се согласувам.
     
    На innamylove му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    80% од пишаново не го разбирам. :lol: Дали сум јас толку глупава или се водат многу безвезни дискусии, со цел кој повеќе да надмудри... Едно ќе да е...

    Ама едно е јасно, нити ние верниците ќе убедиме дека Господ постои, ниту тие ќе не разубедат дека не постои. Која потреба за расправии тогаш ??? :^)
     
    На kva, Abeja, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Па тоа прашувам, кажи ми ти мене како опстојуваат без идеја за божјата објава од западниот свет и уште во текот на цела историја се понапредни. Денес 43% од населението се нерелигиозни а цела нивна влада се изјасниле како атеисти.
    А вие за да верувате велите дека немате факти и не приложувате факти за верата, ама затоа барате факти од тие што не веруваат зошто не верувале. А атеистот отсекогаш прикажувал повеќе факти од верникот.
    И не е само до злото и неправдите. И тие се еден аргумент за непостоењето, ама има и други појасни и поочигледни.
     
  4. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    се сложувам, а и Мн жалосно кога некој води разговор против Бога |(
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски

    Прво, не ги превртувај зборовите.
    Второ, ниту еден не ти побара факт, за постоењето на Бог, ти побара.Па затоа и фино прашуваме, зошто и кои се тие факти што го негираат Бог?

    Сега, во однос на тоа што го кажа, првично, заради тоа што разбрале каде е Бог, затоа така опстојуваат.А разликата е што многу добро ја разбрале суштината на Бог.И следствено на тоа, потајно не го негираат Бог, го признаваат.Затоа опстојуваат толку долго.А христијанството опстојува, затоа што е усно предание.Само што кај верникот, на поинаков начин решил да го посвети своето време за Бог.


    Silver.E мор, муабетиме, незначи ако се разговара вака, се кара човек.Фино е да се видат спротивставени мислења :)
     
  6. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Не ти ги извртувам, каде го виде тоа? Самата си ги извртуваш.
    На пример, неколку пати ми барате аргументи, прелистај ја темата наназад. И не само од мене туку и од други дискутанти, да не барам сега назад да цитирам. А вие самите немате аргументи за основата на целата оваа тема. Нели сте верници, аргументи за верата не ви требаат (самите така велите), значи нема што да барате аргументи од други луѓе. Атеистите, пак за разлика од верниците се луѓе кои претежно се потпираат на факти и не треба да ве чуди што ги бараат од вас. Вие како контра барате факти од атеистите (а повторувам, претходно веќе кажавте дека за вас фактите и аргументите не се потребни). Кој било атеист може да посочи повеќе докази за непостоењето отколку што вие ќе приложите за постоењето некогаш. Креационистичките теории се некакви аргументи, ама колку се поткрепени е друга приказна.

    Ако добро сфатив, за Кинезите го кажа тоа како тајно длабоко во душа биле верници и затоа опстојувале толку долго? Сериозно? Да не излезе сега дека веруваат и во Исус?
     
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Kacjushka, и помеѓу теистите, и помеѓу атеистите постојат луѓе кои не бараат аргументи за својата вера. Тоа што атеистите не веруваат во Бог, не значи дека не веруваат во други нешта. Еве на пример атеистите веруваат дека животот настанал случајно со самоорганизирање на материјата водена од слепите сили на самонастанатите природни закони. Со оглед на комплексноста на животот оваа веројатност е практично и теоретски еднаква на апсолутна нула. Сепак атеистите веруваат во тоа, затоа што атеистичка натуралистичка идеологија им го наметнува тоа. И покрај сите (буквално сите) експерименти кои недвосмислено покажуваат дека живот не може да настане од неживо нешто, тие упорно одат против научните експерименти и методи, против законот за биогенеза постилиран и непобиен од Луј Пастер.

    Од друга страна постојат и теисти и атеисти кои се потпираат на фактите, здравата логика, објективната наука. Проблемот е што овие факти немаат бесконечен домет и не можат да одговорат на некои суштински прашања од типот: Дали постои Бог, духовен свет, дали материјалниот свет е се што постои, која е смислата на животот, дали со физичката смрт престануваме да постоиме и сл. Јас на пример, како теисти и како христијанин, сум убеден во очигледниот факт дека нешто не може да настане од ништо, дека зад животот постои Животодавец, дека зад дизајнот во овој Универзум постои Интелигентен Дизајнер итн.
    Само за илустрација, човечката ДНК молекула содржи информации еквивалентни на 250.000 книги. Никој разумен човек кога ќе најде еден лист од книга не претпоставува дека тој настанал случајно со самоорганизирање на мастилото врз хартијата, а камо ли 250.000 книги. Веројатноста животот да настанал случајно е еднаква на веројатноста со експлозија во печатница да настане библиотека :)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски

    Значи, немаш факти кои самата ги побара, ок.А темата, ја читам, не ги испревртувам сама зборовите.
    Науката ја поткрепува религијата, неколку пати тоа е до сега кажано, не само тука, туку и од други.Она кое како факт ти самата го издвои, го кажавме што е, само што разликата е што се очекува Бог од никаде да се појави и да ни ги реши сите проблеми, па и да потврди дека и самиот постои.Нели да ја разреши самиот дилемата дали го има или нема.А не се размислува како и кој е причинителот за сите тие војни, сиромаштија, богатства, глад, а е човекот.Како што кажав, психологијата многу добро го објаснува тоа, доволно е само човек да сака да го увиди тоа.Во човекот е доброто и лошото, како што човек може некому да му помогне од љубов, така може и да му одмогне, да го уништи на начин како што претходно споменав ( војни, сиромаштија итн.).Секако дека ниту еден човек не го сака тоа, без разлика дали е верник или не, но тоа го прави ради икс причини кои некои други не би ги одобриле.Не е ова затоа што така мислам или сакам, туку затоа што и други го имаат потврдено тоа, а замисли се токму луѓе кои имаат научни факти за постоењето на Бог,секако и наши го имаат потврдено тоа, преку истражување, а патем и останати споменати во темата за Наука/Религија.И тие се согласуват дека Бог постои.
    Не би требало да се замижи пред ова, ако добро паметам во Библијата е напишано дека човекот сам ќе се уништи.А доволно е да се види што денес се случува во светот и од што страдаат луѓето.
    А бидејки човек нема решение или се оградува од сето тоа што го прави ( значи она кое го спомнавме со војните) секако го обвинува Бог, го негира и не презема ништо за самиот тоа да го смени.Оттука, имало навидум факти кои го негирале Бог, секако не постоечки, а поради тоа што човек се оградува од сето тоа ги бара фактите за постоењето на Бог.Толку е едноставно, само полесно е Бог да се обвинува зошто дозволува такви работи, а човекот нема да преземе ништо, за да смени.
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    ^^ Еј не дека сакам да ви се мешам во муабетот, ама досадно е стварно, и други приметија, се едно исто се врти на страници наназад. Дај ми факти, дај ми ти факти, нема факти, од кого бараш факти дај ми ти факти мене не ми требаат, тебе ти требаат. Само факти факти, како на подготвително рочиште да сте.
    Па и мислењата станале толку безлични, само едно се врти одбивно е за читање, не дека се обидов да читам.
     
    На anuskaNESTLE, Silver.E и mimiiiii им се допаѓа ова.
  10. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    Вие атеистите им верувате на некојси научник кој е обичен смртник како тебе и мене и како сите други луѓе за настанокот на луѓето на земјата??? кои во секој случај можат да погрешат како и секој друг човек...
     
  11. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    тешко на Господ со вас :)
     
    На elisabeta и kva им се допаѓа ова.
  12. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Верувам и тоа многу. :)
     
  13. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Затоа што Тој :angel: се јавува на кој сака и колку сака.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    ЊЕТ
    Ако не му беше јасно на некој досега :D
     
    На StefChef му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Секој нека си верува во што мисли дека треба, џабе се разубедувате само, си трошите време и енергија. На нас што веруваме јасни ни се многу работи, а кој не верува нека си оди по друг пат нема потреба да не разубедува ништо ниту ние него .
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    Уште од шест годишна возраст престанав да верувам во Господ од необјасниви причини....едноставно престанав...не знам како и зошто се случи ама ете што е тука е. Не се обидувам да ги разубедувам другите што веруваат бидејќи многу години сум атеист и можам да кажам дека расправањето е бескорисно...единствено што ме нервира е тоа што има некои што веруваат, но се полоши грешници од нас безбожниците...ама тоа е, што да се прави...инаку можам да кажам дека многу ми е тешко, многу е тешко да не можеш да веруваш во ништо...како тоа да ми било запишано во гените, едноставно љубоморна сум ви на ВАС што имате во нешто да верувате. Ете го кажав. Но се обидувам, едвај чекам да се случи некое чудо кое ни науката не може (неможе или не може се пишуваше?) да го објасни...засега само верувам во делотворноста на позитивната енергија, ете и јас во нешто да верувам. Сепак и да останеш позитивен цело време е тешко, но се обидувам.
     
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    gangstergirl, фала ти за искреното отварање на темава. Навистина го почитувам тоа.

    Овој дел ми го привлече вниманието. Ме интересира зошто би чекала да се случи некое чудо кои ни науката не може да го објасни? Дали тоа тебе би ти ја повратило вербата во Бог? Или на нешто друго мислеше?
     
  18. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Ако бог е совршен по твоја логика зашто се раѓаат сијамски близнаци,разни генетски болести,киклопс бебиња,сите ембриони дали човечки или животински имаат сличности во нивниот зачеток.
    Пример за тоа е опашката,горниот дел од ушите,сетилото за фермони кое сеа нема никаква функција и слепото црево?
    Тоа не е совршен дизајн нели?
    Тоа се вика еволуција и природната селекција игра клучна улога зашто ние сме луѓе и зашто ние сме на горната нишка на пирамидата.
    Нормално подобро би бил во лага во наука,отколку во заблуда во некое совршенство и бајка за да бркам некои идеали.
     
    На Azriel1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    И бог вели сите сте еднакви. Зошто тогаш некој е богат, некој сиромав, некој е сит, некој гладен, зошто има болни и здрави, убави и грди, паметни и глупави? По кој критериум господ одредил кој каква улога ќе има на овој свет? Зошто некои бебиња се раѓаат болни или со хендикеп и целиот живот носат товар? Тоа е реалноста, такво совршено суштество кое создало совршенства не постои ама некои си живеат заробени во својот свет и поубаво им е да не ги сфаќаат овие работи.
     
  20. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    Eте самата си одговори на прашањето, се раѓаат сијамски близнаци деца со деформација и сл оти такви како вас ( несакам да те навредам си веруваш или неверуваш тоа е твое право) го лутите Господа со тие изјави.....иначе Бог е љубов ако знаеш за љубов знаеш за Бог.....па ни безброј научници да докажуваат се и сешто и спротивно тие сепак се луѓе и неможат да докажат ништо. Се е предизвик во животот и тие деца со деформација и мана имаат душа во себе....негледам зошто би бил крив Господ за тоа бидејќи таквите деца најмногу знаат што е љубов!
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.