Што зборуваш ти? Ако јас го лутам господ по која логика тој се одмаздува на некое невино дете? Тоа не е христијанско учење јас колку што знам. И не одговори за слепото црево поточно за несовршеноста на човечкиот организам.
Аzriel1 Кој рече дека се одмаздува??????????? Тој ти дава преку тоа дете да ја научиш вредноста на безусловната љубов ама очигледно беше дека ти нема да разбериш!!!!!! како што рече една форумџивка погоре тешко Господ со вас!! какво објаснување сакаш....зарем не ти е доста дека во очите на господ слаби или дебели здрави или болни црни или плави сите сме исти и сите не сака подеднакво!
Тоа „заради вас господ прави некои да се раѓаат болни“ не е одмазда? Се правите големи верници а не знаете дека такви муабети не се воопшто во склоп со верата. Прашај свештено лице ако сакаш. И друго, ти не сфаќаш како им е на луѓето кои живеат со болест, затоа така зборуваш. Точно дека не е господ крив кога не постои. Природата си го направила своето тука и тоа е.
И ти ќе зборуваш за морални вредности? Ги делиш на луѓето на верници и херетици,браво бе да ти дадам орден за твојата арогатност и себичност. И ми викаш дека само затоа што не верувам во Бог ќе имам деца со пореметување,аман бре во кој свет живееш жити се. Не знам што е љубов ако не верувам во бог? Леле жити се пред да аргументираш и даваш хипотези те молам земи прочитај ја библијата и кажи ми што е вистина во неа? Како што реков љубовта и сите чувства се вродени во човековата природа,тоа е од неговата љубопитност и човечност. Моралните вредности се во секоја култура различни,во исламот нормално е да ја камшикуваат жената ако го изневерила мажот,тука не е. И да не зборам за другите култури во светот како Јапонија,Кина,Индија каде што одредени морални и општествени вредности не се нормални за нас,а за нив се. Но чим веќе сакаш да се покажеш по супериорна ќе ти кажам дека си во заблуда и дека треба да гледаш надвор од кутијата. На секој може да му се случи да има аутистично дете,дете со генетски пореметувања,дете со разни болести твое е дали ќе го прифатиш тоа и ќе речеш така е природно и така требало да се случи или да го обвиниш твојот совршен Бог за неговите грешки што ги прави со твоите фалични гени. А верувај сите имаме ѓубре во нашата ДНК и во одреден период од животот зависи каде живееш,колку секс,активност може да се активира. Тоа се вика епигенетика,слободно прочитај.
Може да објасниш зошто скелетот на човекот е пропорционален? Без никаква грешка, настрана деформации.Природата така го направила нели, а како така пропорционално го направила? Бидејки веќе збориме зошто има богати, сиромаси, нели пак е до човекот, а и се тоа што го кажа, совршенството, кажи ми зошто човек своето здравје го уништува со цигари иако за истите пишува дека се штетни? Ама што истот вели „ ми е гајле, еден е животот, та за едни цигари“, а следствено на тоа болести со срце и дишни органи.Зошто за истото се обвинува и негира Бог? Зборам за појавата на болесите и зошто истите постојат. Нели човекот е тој кој треба да внимава на своето здравје. Бидејки нели рече ете не постои совршен некој над човекот, во сооднос на ова, бидејки зависи од човекот, зошто се уништува себе си, а патем и други? Или полесно е „ Бог не постои, нема совршенство, ако постои Бог, зошто има болести и сл? Зошто се очекува сето тоа Бог да го среди одеднаш, а прибидејки човекот не внимава на себе си, а и на останатите и не си ги решава проблемите, за потоа да го негира или да се убеди себе си, дека нема Бог, па врз основа на тоа, бидејки не си ги решил на време здравствените проблеми, пример, настрана тешки болести, оти има проблеми со срце и упорно ради мода не престанува да пуши цигари, за да на крај констатира дека нема Бог и заради тоа нема ни да верува во него.Нешто има, а сигурно не ќе да е до Бог. Имаше една изрека „ помогни си себе си, за и Бог да ти помогне“.
Oд каде пак ти знаеш дека незнаам како им е на луѓето со болести, од каде пак ти знаеш што се јас имам проживеано во животот па да изјавиш такво нешто??? ти не ме познаваш незнаеш ништо за мене и немаш право така да зборуваш! Преку тие деца Господ ти дава шанса да се подобриш Бог е љубов не е одмазда зошто мислиш дека тој сака на тој начин да се одмазди??.....ама кај некои луѓе едноставно и тој ја губи надежта! ама доволно офтопик не планирам да ти докажувам нешто за кое немаш појма! секој кога ќе дојде судниот ден ќе си добие што си заслужил .
А може некој да објасни зошто постои слепото црево? Горде, секое дете што се раѓа со аномалија сигурно од цигарите ќе да е.
Се верува дека порано играло улога во варењето на диеталните влакна и целулозата. Но сеуште се открива за неговата улога во нашиот организам. Исто има и хипотези дека има и одредени бактерии кој играат улога во одржување на имунитетот. Но не ме разбирај сериозно дур не проверам
Нема ништо офтопик тука, туку ова е многу себично размислување. Господ разболува деца ширум светот за јас да ги сожалувам и така да станам подобра личност. Значи господ се што прави за мене го прави
Секој човек си е свесен за своите акции дали тоа ќе го обвини бог или ќе го негира. Своите акции и навики диктираат како ќе биде тоа во иднина. Човекот може да биде ориентиран кон минатото или кон иднината. Луѓето што се ориентирани кон иднината и знаат што се последиците,генерално земаат повеќе мерки за нивното здравје одколку луѓето што се ориентирани кон минатото и не учат од своите лекции. Тоа е исто како јас да речам се што е природно е здраво и да пропагирам дека арсеникот што го има во природата е здрав па сите треба да го конзумираат редовно. Верувам дека си страствена и го браниш твојот бог но сето тоа што го пиша може да се објасни со психологија. Земи прочитај малку.
Секоја болест до Бог ќе да е, ама конкретно не до човекот, оти нема желба да ги откаже цигарите.Сигурно, а и верувам дека познаваш некој кој ради цигарите си има проблеми со здравјето, а знам такви луѓе.Не зборам за деца.Тука е целата работа што ја зборам цело време.Барем она што може човек да контролира во однос на своето здравје.Дали ако човек не отиде на стоматолог и не ги поправи забите, ради страв или икс причини, потоа му се расипат и си има подоцна проблеми со истите, кој ќе е крив што не отишол на време на стоматолог да ги поправи забите, во случајов? Може е смешно, ама не е и би требало да се размисли, дека ради некои работи човек не ни може да очекува, ако Бог постои, се ќе му се реши во животот, одеднаш, а за тоа човек да не мора ни да се помачи, туку се од небо да му падне.Многу работи се поврзани со ова.
Мое мислење: - Секој се раѓа во определено семејство, во определено место со причина. Не е случајно. И ако има болест, аномалија, тоа си е карма и на самото дете (од претходните животи) и на родителите. - Сите кои сме здрави, и кои не си го вреднуваме здравјето, кога ќе се разболиме, не ни е Господ крив. Храни се здраво, живеј здраво, прави нешто за себе.И убаво што се разболуваме по малку, за повеќе да го цениме здравјето и животот потоа.
Христијаните (православните, католиците и протестантите) не веруваат во карма и во претходни животи, во најголемите религии нема такво учење. Нема гајле, и ти многу работи не сфаќаш и што се не може да се каже за тоа па никому ништо. Некој помалку, некој повеќе тоа е
Благодарам што ми кажа, животот го направил своето за да ми бидат јасни сите овие работи. Да, секој човек е свесен за своето здравје, што и како ќе прави, ама по игра на „ случајноста“ не секогаш внимава на своето здравје, ради икс причини. Патем, не сум страствена, туку само го кажувам од друг агол она кое го збориш.Инаку ниту се исповедам, ниту одам на литургија, ниту постам, ниту се причествувам, па сега види колку сум страствена во врска со Бог, а дека верувам, верувам.И да, секако може да се објасни со психологија, споменав и претходно тука.
На вас неверниците незнам како да ви обајсни човек вие нема да сватите или не сакате да сватите па водите инает ,и да ви нацрта човек пак нема да сватите ,тоа со цигарите беше пример да се објасни дека болестите сами си ги задавате а после Бог е крив само вие изгледа не го разбравте тоа а има куп такви примери со се и сешто.
Па се надевам дека ќе ми ја поврати вербата...барем така мислам. Бидејќи на моменти, не можам да го поднесам ова празно чувство...
Нормално е,според мене,секој човек да има желба за да дознае дали има нешто повеќе во универзумот или пак природата,освен тоа што го гледаме. Секој има право да (не)верува во што тој ќе посака и тоа што го смета за најточно и најблиско до себе. Верувам во Господ,верувам и во карма. Тоа е најлогично објаснување зошто некои се раѓаат болни и сиромашни,а на други животот од самиот почеток им е „мед и млеко“. Се се случува со причина,и во се има смисла.
Реинкарнацијата е уште поголема глупост од приказните на црквата. Пример некој добар и сиромашен во минатиот живот како награда во овој живот е богат и убав ама кон другите луѓе се однесува како нечовек и после во наредниот живот ќе биде повторно казнет? И што се постигнува освен вртење во круг?
До пред десетина години се сметаше дека слепото црево нема никаква функција кај човекот (според Дарвинистите тоа беше „закржлавен“ орган од еволуцијата), но денес е познато дека тоа содржи лимфатично ткиво и дека помага во контролата на бактериите што навлегуваат во цревата, се заштитува тенкото црево од микробите кои се наоѓаат во дебелото црево, а исто така и се одржува балансот на корисните бактерии кои помагаат во варењето на храната. На тој начин „слепото“ црево има удел во имунолошкиот систем кај човекот. Слично и за крајниците се мислеше дека немаат никаква функција кај човекот, дека се непотребен орган и сл. Затоа и во времето кога јас бев дете, на многу деца им ги вадеа крајниците при нивното воспаление. Но денес, откако се увиде нивното заштитно дејство при борбата против инфекциите штитејќи го горниот крај од гркланот, ретко кој доктор советува вадење на крајниците, освен ако тоа е неопходно. Ако одиме наназад стотина години, ќе видиме дека тогашната медицина имала листа од стотина „закржлавени“ органи т.е. органи на кои што не им била позната функцијата. Но тоа што човекот не им ја знаел функцијата, не значи и дека немале функција. Па така како што напредувала медицината, така и оваа листа на „закржлавени“ органи рапидно се намалувала, па еве и денес се знае и функцијата на слепото црево и крајниците (или барем дел од нивните функции).