Како голем љубител на природните науки и на Создателот на природата, би сакал да ти го дадам следниов пријателски совет: Не се обидувај твојата верба во Бог да ја втемелиш на она што науката не може да го објасни, туку втемели ја на она што науката го открила и објаснила. Научните откритија не го поништуваат Божјото постоење, туку само кажуваат за тоа како Бог ја уредил вселената, како ги поставил законите, редот и дизајнот во природата. Еве на пример, кога познатиот научник и основоположник на современата механика Исак Њутн го открил законот за гравитација, тој не рекол: „Аха, еве сега знам како планетите се движат, не ми треба Бог“ . Не, туку тој ја напишал Philosophia Naturalis Principia Mathematica – една од најпознатите книги во историјата на науката, каде меѓу другото напишал: „Најубавиот систем од Сонцето, планетите, кометите можел да произлезе само од намерата и власта на интелигентно Битие.“ (Исак Њутн) А во друга прилика рекол: „Атеизмот е бесмислен. Набљудувајќи го Сончевиот систем, гледам дека Земјата е поставена на оптимална оддалеченост од Сонцето, за да добива соодветна количина топлина и светлина. Ова не се случило случајно!" (Исак Њутн) За повеќе на оваа тема, можеш да ја прочиташ мојата статија „Науката и вербата“: https://www.facebook.com/notes/zlatko-buckoski/науката-и-вербата/10151947688466240 А што се однесува за чуда кои недвосмислено покажуваат дека постои Создател, такви постојат повеќе, но бидејќи и ти си љубител на природните науки би ти препорачал да ја разгледаш човековата клетка - таа мини фабрика посложена и покомплексно дизајнирана од било која постоечка фабрика на светов. Само за илустрација, човечката ДНК молекула содржи информации еквивалентни на 250.000 книги. Никој разумен човек кога ќе најде еден лист од книга не претпоставува дека тој настанал случајно со самоорганизирање на мастилото врз хартијата, а камо ли 250.000 книги. Веројатноста животот да настанал случајно е еднаква на веројатноста со експлозија во печатница да настане библиотека. Еве ти еден видео клип каде што можеш да видиш како функционира оваа мини фабрика која според атеистите настанала случајно: http://www.youtube.com/watch?v=B_zD3NxSsD8 (целосна 8 минутна верзија) http://www.youtube.com/watch?v=wJyUtbn0O5Y (скратена 3 минутна верзија) Најголемиот атеист на минатиот век (кого го цитирале повеќето современи атеисти), кога го увидел ова, едноставно го скршил атеизмот во себе и ја напишал книгата „There is a God“. Еве ти линк од книгата на Амазон: http://www.amazon.com/There-Is-God-Noto ... 0061335304
Не знам дали имам претходно пишано на темава, пак ќе се изјаснам. Имам мешани корени, по потекло сум Еврејка но имам и православна крв. Лично себеси се гледам единствено како гностик. Верувам дека постои сила поголема од нас, но не можам да тврдам дали е Алах, Господ, Кришна или нешто десетто. За мене многу побесмислено од атеизмот нема ништо. Да очекуваш дека дека од ништо се создало нешто е апсурдно. Сето тоа е голем круг, но дефинитивно постои нешто поголемо од нас, духовен свет што науката не може да го објасни, бидејки тој се разбира преку сетилата а не се објаснува преку зборови.
Верувам во Господ, но не сум сигурна во неговото постоење. Знам, знам, ова е иронично, но тоа е тоа. Се што правам се мои одлуки и постапки, ретко одам во црква, не постам и слични такви религиозни работи. Верувам дека имаме заеднички изумрен предок со човеколиките мајмуни, а не дека Господ ги создал Адам и Ева и така натаму. Едноставно немам доказ дека тој постои, а сепак во некои најтешки момемти верувам во него. Смешки сум
Извини, не знаев дека треба на некои посебно да им објаснам дека православна крв значи дека имам во семејството православни христијани.
Да, отсекогаш сум верувала во Господ и сеуште верувам и ќе верувам. Цврсто стојам до фактот дека целиот овој свет, нашава планета и Вселената се настанати од нешто со голема моќ, а таа моќ верувам дека е Бог. Не може толку комплициран свет да настане од ништо. Можеби ретко одам во црква и не постам, но сепак верувам во Господ и дека тој постои. Се молам секоја вечер и тоа ми има многу помогнато. Голем е Господ.
Нема што да им објаснуваш на оние на кои им е и повеќе од јасно, само сакав да ти укажам дека треба правилно да се изразуваш. Православие е вера, нема такво нешто во генетиката. Ако зборуваш за националност, дури тогаш можеш да спомнуваш крв
Dragi Isuse! Dao si za mene sve, a ja Ti za to ne dajem ništa. Koliko si puta dolazio da u vinogradu moje duše ubereš plodove, a ničega nisi nalazio doli tek pokoji grozdić. Koliko si puta tražio, a nisi ništa našao. Koliko si puta kucao, a vrata moga srca ostajahu Ti zatvorena! Koliko si puta zamolio za gutljaj, a ja sam Ti davao samo žuč i ocat! Koliko sam se puta, dragi Isuse, pobojao da ne bih smio ništa drugo posjedovati, ako bih Te nazivao svojim. Zaboravljao sam da više ne bih ni pomišljao na iskre, kada bih plamen posjedovao; da više ne bih pomišljao na svijeću ljudskoga srca, kada bih posjedovao sunce Tvoje ljubavi; da više ne bih pomišljao na polomljeni luk zemlje, kada bih posjedovao potpuni krug Tvoje sreće. O Isuse, moja je povijest tužna povijest čovjeka koji se opirao da dadne srce za srce i ljubav za ljubav. Daruj mi od svih ljudskih darova slađi dar suosjećanja s Tobom.
Не верувам во Господ, особено не во христијанските приказни, но верувам дека постои некоја сила, енергија, карма или како и да е, надвор од физичкото постоење.
Она што мене ми е смешно и чудно е како може верниците да се толку убедени дека атеистите се лоши луѓе и дека на нив по казна ќе им се случат лоши работи (дури и болни деца ќе им се роделе и тоа го прочитав овде ) и никогаш нема да успеат во ништо во животот Која логика! Изгледа вие што размислувате така живеете во некој паралелен свет.
Вистинските христијани не размислуваат на овој начин. Вистинските христијани не веруваат дека атеистите по дифолт се полоши од христијаните (или верниците општо). Има атеисти што се помалку лоши од христијаните и обратно. Но ние веруваме дека сите се лоши, и верниците и неверниците, и дека на секој му е потребно Божјото простување и спасување од гревот и последиците на гревот. Исус рекол дека Бог прави Неговото Сонце да изгрева и над добрите и над злите и дека дава дожд и на праведните и на неправедните (без разлика дали некој е атеист или теист). Значи христијаните не веруваат дека Бог во овој живот ги казнува лошите христијани или лошите атеисти. „Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните.“ (Исус, ев. Матеј 5:45, Библијата)
Искрено,ми се деси тоа во моментот да,човек што е спротивно од мене и би му помогнал иако имавме различни ставови за ваква тема,да ми се заканува и да шири омраза насекаде,а јас ништо не сум му направил. После неколку обиди да го спречам,му реков дека ќе го тужам за клевета и прекина,зашто изгледа устата ни Бог не можеше да му ја зачепи. И толку ми завидува за се што сум постигнал,ама јас не верувам дека тоа е до неговата вера,туку до неговото минато. Иако сум емпат и разбирам што низ се поминал,тоа што го прави некој ден ќе му се врати.
Убаво објаснување, јас ова како вистинските верници не се однесуваат веќе го знаев, добро би било кога друг пат ќе се јават на темата некои такви коментари тогаш да им посочиш на тие членови, зашто изгледа тие се оние кои не знаат. Тоа се враќа ако продолжи така, ама не од виша сила туку од човек што не е емпатичен.
Не, не верувам. Не ми треба "виша сила" за да имам смисла во животот. Јас сама ќе си ја најдам или ќе си ја створам. Размислувам сама со своја глава!