Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.483 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Да, веруваме во науката. Јас сум љубител на природните науки и сериозно ги проучувам веќе долги години и до сега не сум сретнал научен доказ што вели дека е невозможно постоењето на Бога. Дали ќе сакаш да наведеш некои од тие научно докажани работи кои покажуваат дека е невозможно постоењето на Бога?

    Научниците не тврдат дека човекот настанал од мајмун. Дарвинистите (значи дел од научниците) тврдат дека мајмунот и човекот имаат заеднички предок. Но ова е само нивна чисто научно-фантастична претпоставка, бидејќи нема никакви докази за тоа.
     
  2. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Со билиони години еволуција, најпрво од најпростите едноклеточни организми, кои се надоградувале се повеќе и повеќе во водена средина, потоа веќе развиените животни почнале да излегуваат од водата и на копното развиле екстремитети, бели дробови како и други органи кои им биле потребни да опстанат... Ова не се случило преку ноќ и сигурно не било едноставно. "Бог не создал" е лесниот одговор. Природата е толку чудесна, таа самата од себе е магична, на неа треба да и се восхитуваме затоа што од ништо не создала нас.
    Точно, не се разбира нешто само со читање на книга. Зошто би била религијата со Библијата различна?
    Кој е тој? Не постои најголем атеист така како што не постои најголем Христијанин. И само поради тоа што еден човек кажал така, и јас треба да верувам?
    Побарај за Higgs Bosson. И за еволуција.
     
  3. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Тогаш дали ќе можеш на претходната членка да и објасниш подобро за мајмунот, човекот и праконзулот? Погрешно сфатила нешто.
     
  4. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Ајде ти објасни ми, штом толку добро си сфатила.
     
  5. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Ова мислиш на тебе се однесуваше? Прочитај уште еднаш тогаш.

    Ако дарвинизмот се смета за научна фантастика, креационизмот му доаѓа нешто како детски жанр во научните кругови.
    http://www.youtube.com/watch?v=tCN4WgBuR2Q
     
  6. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Се извинувам, прочитав "претходната членка", а јас над тебе имав коментирано. :)
     
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Смирете страстите девојки :)
    На сите што ве интерсира темата „Наука и Верба во Бог“, ви препорачувам утре да дојдете во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје во 19:00 часот, ќе има предавање од проф. д-р Џон Ленокс.
    Џон Ленокс ми е омилениот говорник/писател на оваа тема во светски рамки. Тој е професор по математика во Оксфорд. Нема да се покаете, било да сте теист или атеист.
     
  8. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    ^Баш би сакала, ама немам можност.
    Ај преиспитај си ја дефиницијата за доказ.
     
    На Kacjushka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Преиспитано ми е тоа одамна. Сум докажувал и математички и физички проблеми. Точно знам и како работи научниот метод и како се формулира научна теорија. Се е преиспитано, не се секирај :)
     
  10. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Зошто сега не настане човек од некој мамјмун ако човекот настанал од мајмун :D
     
  11. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Како што кажаа погоре, не сме настанале од мајмун, туку луѓето и мајмуните имаат заеднички предок. Мајмуните не еволуираат во луѓе затоа што сме тргнале по различна насока во еволуцијата.
     
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Тоа е добро познатата Дарвинистичка приказна. Ок е, интересна е. Али тоа не е наука. Нема научен доказ за тоа. Фосилите не ја подржуваат, генетиката не ја подржува, организмите покажуваат нередуцирачка комплексност, едноставно, надвор од уметничките слики на Дарвинистите, еволуција не постои.

    До сега науката не видела од ништо на настане нешто, а камо ли од нежива материја да настане живот. Законот за биогенеза (постулиран од Луј Пастер) гласи: „Живот настанува од живот“. Тоа е науката. И затоа е многу понаучно да се тврди дека некое свесно и интелигентно живо Битие ги создало животинските видови и нас луѓето, отколку приказната дека животните настанале со самоорганизирање на мртвата материја со помош на слепите самосоздадени сили на природата итн.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Најпрвите животни од што настанале ајде кажими,мислам она најпрвите кога на светов немало никакво животно
     
  14. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Бог од каде дошол?
     
  15. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Бебето во утробата на мајката знае од каде е дојдена мјката? Така и ние за бог
     
  16. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    А Бог постои ли надвор од светите книги? Постои доказ? Научен, било каков?
    Понатаму не гледам причина да има дискусија на оваа тема. Ако си мислиш па згора на се и наметнуваш дека Дарвин кој го изучуваат децата уште од прво одделение ширум светот нема тежина и реална основа... оваа дискусија не води никаде.
     
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    А што е посеверно од северниот пол?
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  18. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Ништо. Од северниот пол можеш да одиш само јужно, или ако не сакаш оди во вселената, како е ова релевантно?
     
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Епа слично е и со Бог. Можеш само да одиш од Бог кон созданието, а не и пред Бог, бидејќи христијаните не веруваат во создаден Бог. Бог е прапричината, творецот на се, па и на просторот и времето. Со други зборови Бог е вечен и самобитен.
    Секој вагон е влечен од следниот вагон, а тој пак од следниот вагон, но на крајот има Локомотива која не е влечена од вагон, туку таа во себе има мотор и влечна сила за сите вагони.
    Добра ноќ, се читаме утре :)
     
  20. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Не е воопшто релевантно. Контрадикторни се самите на себе. Велат дека ништо не настанува од ништо и дека нештото настанува од нешто, значи се што постои мора да има создател. По таа логика и бог ако постои мора да има создател. И тоа е нешто кое мора да настанало од нешто, а и тоа нешто сигурно настанало од нешто друго и така до бесконечност. Од друга страна пак се што се раѓа и умира. Се што има свој почеток има и свој крај. А Бог бил и почеток и крај и вечен. Тој може да нема создател, ама Вселената морала да го има. Бог може да постои сам по себе (сигурно и да се создаде сам од себе), а живот на планетата не. Контрадикции во тврдењата. Како и во Библијата.
     
    На Azriel1 и the.one им се допаѓа ова.