Sankar Chatterjee, Horn Professor of Geosciences and curator of paleontology at the Museum of Texas Tech University believes he has found the answer by connecting theories on chemical evolution with evidence related to our planet's early geology. "This is bigger than finding any dinosaur," Chatterjee said. "This is what we've all searched for – the Holy Grail of science." Thanks to regular and heavy comet and meteorite bombardment of Earth's surface during its formative years 4 billion years ago, the large craters left behind not only contained water and the basic chemical building blocks for life, but also became the perfect crucible to concentrate and cook these chemicals to create the first simple organisms. He will present his findings Oct. 30 during the 125th Anniversary Annual Meeting of the Geological Society of America in Denver. As well as discovering how ancient animals flew, Chatterjee discovered the Shiva Meteorite Crater, which was created by a 25-mile-wide meteorite that struck off the coast of India. This research concluded this giant meteorite wreaked havoc simultaneously with the Chicxulub meteorite strike near Mexico, finishing the dinosaurs 65 million years ago. Ironically, Chatterjee's latest research suggests meteorites can be givers of life as well as takers. He said that meteor and comet strikes likely brought the ingredients and created the right conditions for life on our planet. By studying three sites containing the world's oldest fossils, he believes he knows how the first single-celled organisms formed in hydrothermal crater basins. http://phys.org/news/2013-10-paleontolo ... heory.html
Прво кога дискутирате за еволуција , прочитајте ја теоријата . И не се избацувајте со глупави прашања од каде дошле мајмуните и животните Не мора да си атеист за да имаш општи познавања. Друго ќе ми објасни ли некој , како во Библијата пишува дека земјата е округла и дека виси во сферата , а во тоа време луѓето немале престава нити замислиле нешто вакво . Тоа научниците го откриле векови подоцна а им било пред нос . Оставете ја католичката црква што ги прогонувала научниците поради нешто што било напишано во Библијата , ама тие не можеле да го разберат , прочитале дека Земјата има 4 страни па си поистоветувале со верувањето дека Земјата е плоча
Тоа го знаеле и Аристотел,но немале докази да го покажат,како што имаат сега,затоа биле креирани богови,затоа што имале дупка во знаењето. Исто ако веруваш во библијата како што реков веруваш во змија што зборува,дека земјата е стара 6000 години,дека хомосексуалците треба да се протеруваат и да им се даде никакви права,дека добро е да постои ропство на човекот,дека силувањето на девици е нормално и опростливо? И секакви други контрадикции тука. http://www.evilbible.com/Biblical%20Contradictions.htm И што не е во ред со еволуцијата? Секоја година добиваш грип или настинка,тоа не е доказ дека постои еволуција? Ако очекуваш од жена да се роди мајмун,тогаш погрешно си ја интерпретирала еволуцијата. Има фосили,почни да читаш,ќе разбереш дека е потребно време за макро еволуција,за промена на организмот,ако бараш еволуција на микро ниво,погледни само колку нови вируси еволуриаат брзо и нема начин да се најде лек за нив. И биотехнологијата ја објаснува еволуцијата со факти,исто земи да истражиш колку има докази за еволуцијата. Еволуцијата не е хипотеза,тоа е теорија има разлика.
Проблемот на оваа тема е што не се читате еден со друг па затоа сте накострешени СтефЧеф ќе мора да се самоцитирам Читај убаво ќе те молам само 2 реченици се . Каде реков дека е хипотеза ? Каде реков дека очекувам од жена да се роди мајмун ? Само гледате да исмеете некој Мојот пост се однесуваше на членките кои сакаат да бидат досетливи со смешните прашања -Ако настанал човекот од мајмун , од каде пак дошол мајмунот Сакав да посочам прво да се информираат околу теоријата за еволуција па да дискутираат .Оти вака покажуваат дека немаат општа култура . А ти запна да ми објаснуваш еволуција Те молам немој Јас само сакав да кажам дека Библијата има податоци за универзумот и астрономијата уште пред да постојат такви откритија .Тие пророци биле обични луѓе кои не се занимавале со наука , а сепак напишале работи кои не можат да ги знаат , а Стариот Завет е пред Аристотел . А конкретно за Библијата , тешко дека мојот здрав разум и логика ќе прифатат дека секој збор треба да биде буквално разбран и протолкуван , ама исто така мојот здрав разум ми посочува дека постои Бог .
Аристотел живеел во 4ти век пред наша ера, а тие работи биле напишани во Библијата со векови пред тоа (Исаија живеел 8век пред наша ера, а Јов далеку пред тоа). Вистина е дека заради дупли во знаењето порано луѓето си креирале богчиња. Гледале громови, не знаеле како се создаваат и си велеле „сигурно има некој бог на грмотевиците (Перун) што ги создава“. Но, доколку Бог постои, дали степенот на научното познавање на луѓето и нивните претпоставки за некакви богчиња го тангираат Неговото реално постоење? Дали знаеш дека аргументи за Божјото непостоење даваат и атеистите користејќи ги исто така дупките во знаењето. Па така тие често велат: „Ако постои Бог, тогаш зошто има зло и страдање?“ И на основа на незнаењето на одговорот на ова прашање, тие заклучуваат дека Бог не постои И ова е само банален пример. Има многу примери каде што атеисти поставуваат (реторичко) прашање и на основа на незнаењето на одговорот, заклучуваат дека Бог не постои. Оттука гледаме дека донесувањето заклучоци на темел на непознавање како научен концепт е погрешен, без разлика дали зад тоа постои теист или атеист. Но тоа не е случај со вистинските христијани кои негуваат разумна (а не слепа) вера во Бог. Таквите христијани веруваат во Бог не на основа на тоа што не знаат, туку баш на основа на тоа што знаат за природата околу себе, за Божјите созданија, за Божјата објава и сл. Познатиот научник Луј Пастер рекол: „Колку што повеќе ја проучувам природата, толку повеќе Му се восхитувам на делото на Создателот.“ (Луј Пастер) А исто така и кога познатиот научник и основоположник на современата механика Исак Њутн го открил законот за гравитација, тој не рекол: „Аха, еве сега знам како планетите се движат, не ми треба Бог“. Не, туку тој ја напишал Philosophia Naturalis Principia Mathematica – една од најпознатите книги во историјата на науката, каде меѓу другото напишал: „Најубавиот систем од Сонцето, планетите, кометите можел да произлезе само од намерата и власта на интелигентно Битие.“ (Исак Њутн) А во друга прилика рекол: „Атеизмот е бесмислен. Набљудувајќи го Сончевиот систем, гледам дека Земјата е поставена на оптимална оддалеченост од Сонцето, за да добива соодветна количина топлина и светлина. Ова не се случило случајно!" (Исак Њутн) Повеќе за ова можеш да прочиташ во мојот текст: https://www.facebook.com/notes/zlatko-buckoski/науката-и-вербата/10151947688466240 А верувам и дека проф. д-р. Џон Ленокс вечерва ќе ја начне и оваа тема, бидејќи го имам слушано како збори на оваа тема, а за истата и пишува во неговите книги. https://www.facebook.com/events/153865631491085/ Библијата не вели дека тоа било обична змија, туку вели дека таа змија всушност била ѓаволот. Ѓаволот може да го направи тоа. „И беше исфрлен големиот змев, старата змија, наречена ѓавол и сатана, која го заведува целиот свет“ (Откровение 12:9, Библијата) Во Библијата никаде не пишува дека Земјата е стара 6000 години. Тоа била заповед наменета за старозаветниот Израел со кој Бог ја штител чистотата/светоста на еврејскиот народ заради одредени подолгорочни цели (на пример Месијата требало да произлезе од нив). И тоа не било случај само со хомосексуалците, туку и со блудниците, проститутките, идолопоклониците, синовите кои ги проколнувале родителите итн. Божјата рака врз евреите е евидентна по тоа што не постои друг народ на планетава кој опостојал 19 векови без своја држава, а згора на тоа толку биле протерувани, во стариот завет неколку пати под ропство и окупација, Хитлер им вршел геноцид итн. И не само што денес постојат, туку и се едни од најмоќните луѓе на планетава и најинтелигентните. Евреите по бројност сочинуваат 0.25% од светската популација, а до 2012 година имаат освоено дури 185 Нобелови награди или 22% од вкупно доделените Нобелови награди до сега. Само за пример, муслиманите по бројност сочинуваат 20% од светската популација, а до 2012 година имаат освоено само 9 Нобелови награди или 1% од вкупно доделените Нобелови награди до сега. Ова не е случајно. Но во новиот завет (кој не е врзан само со евреите) таквите заповеди не постојат. Ете на пример кога фарисеите донесоа една блудница пред Христос и сакаа да ја каменуваат (според Мојсеевиот закон), Христос ја ослободи од осудата со реченицата: „„Кој е од вас безгрешен, нека прв фрли камен врз неа!” (Исус, ев. Јован 8:7, Библијата) Библијата не вели дека е добро, туку само го регулирала како нужно зло во старозаветното време. Повторно Библијата не вели дека силувањето девици е нормално. Сите овие „контрадикции“ се само доказ дека има многу луѓе што не знаат азбучни работи за Библијата, а сепак имаат голема ревност да ја критикуваат и дискредитираат. Колку за инфо, во процес сум на пишување книга под (работен) наслов „101 одговорени „контрадикции“ во Библијата“ А сега ќе одговорам и за еволуцијата и намерно пишувам нов пост, бидејќи е сосема нова дискусијата тука. Со еволуцијата не е во ред тоа што се промовира како научно докажана теорија, а всушност е само едно филозофско натуралистичко гледиште кое до сега неколку пати е побиено со научните факти (фосилите, генетиката и други научни дисциплини) Грипот и настинката не се доказ за еволуцијата. Токму фосилите се тие првите што ја поткопаа Дарвинистичката претпоставка и самиот Дарвин го призна тоа во неговата книга: „Бројот на меѓувариациите кои постоеле порано, мора да е навистина огромен. Тогаш зошто секоја геолошка формација и секој слој не се полни со такви меѓуалки? Геологијата навистина не открива некој фино степенуван органски синџир и ова, претпоставувам, е најочигледниот и најсериозниот приговор кој може да се изнесе против мојата теорија. “ (Чарлс Дарвин, Потеклетото на видовите, стр. 55) „Наглиот начин на кој цели групи видови се појавуваат одеднаш во извесни формации бил изнесен од неколку палеонтолози... како еден фатален приговор на верувањето во трансмутацијата на видовите. Ако бројните видови, кои припаѓаат на иста генера или фамилија, навистина започнале да живеат истовремено, овој факт би бил фатален за наследувањето со бавна модификација преку природна селекција“ (Чарлс Дарвин, Потеклетото на видовите, стр. 83) Понатаму тој додал: „Постои друга и сродна тешкотија која е многу посериозна. Алудирам на начинот на кој видовите кои им припаѓаат на неколку од главните поделби во животинското царство се појавуваат одеднаш во најниските познати карпи кои содржат фосили“ (Чарлс Дарвин, Потеклетото на видовите, стр. 91) „Според тоа, ако мојата теорија е вистина, неспорно е дека пред појавата на најнискиот Силурски слој поминале долги временски периоди, или барем, а веројатно и многу подолги, колку од целиот интервал од Силурскиот период до денес. И низ овие долги и непознати периоди, светот бликнал со животински видови. На прашањето зошто не наоѓаме (фосилни) записи од овие долги првобитни периоди, не можам да дадам задоволувачки одговор.“ (Чарлс Дарвин, Потеклетото на видовите, стр. 91) Потоа продолжува... „Во моментов, случајот мора да остане необјаснив и може да биде навистина изнесуван како валиден аргументи против (еволуционите) гледишта кои тука се негуваат.“ (Чарлс Дарвин, Потеклетото на видовите, стр. 92) Дарвин потоа се обидел да ги објасни овие огромни проблеми со тоа што го нападнал фосилниот запис. Тој рекол: „На геолошкиот запис гледам како на историја на светот која се води несовршено... крајно несовршено.“ (Чарлс Дарвин, Потеклетото на видовите, стр. 94) Тој и другите претпоставувале дека, со текот на времето, сигурно ќе бидат најдени фосилните алки кои недостасуваат. Надежта на еволуционистите била дека можеби подоцна ќе се најдат многубројните меѓуваријации. По 100 годишната потрага, професорот W.R.Thompson, ентомолог и тогашен директор на институтот по Биологија во Отава (Канада), во својот предговор на 100 годишното љубилејно издание на "Потеклото на видовите од Дарвин", меѓу другото, напишал: „Фактите и толкувањата на кои се ослонил Дарвин, сега престанаа да бидат уверливи. Долготрајните истражувања за наследноста и за варијациите ја поткопаа Дарвинистичката позиција.“ (Потекло на видовите од Чарлс Дарвин, издание од 1956, вовед од W.R.Thompson, стр. 12) Британскиот зоолог и директор на Зоолошкото друштво во Лондон, Харисон Метјус: Еволуцијата е `рбетот на биологијата и таа на овој начин е во карактеристична позиција да биде научно основана на недокажана теорија. Дали е ова наука на вера? (Харисоn Метјус, „Вовед во Потекло на Видовите“ (Лондон: J.M. Dent), 1971 издание на Потекло на видовите од Чарлс Дарвин) Не е вистина дека еволуираат. Еве ти еден многу добар научен труд од проф. д-р Кевин Андерсон (доктор по микробиологија) кој објаснува дека тоа не се должи на еволуција: http://trueorigin.org/bacteria01.asp Долги години имам истражувано на ова поле. Верувај нема ни „д“ од докази за еволуцијата, ниту во биотехнологијата, ниту во која било друга научна дисциплина. Има разлика, али е обратна. Еве ти сајт од каде што можеш да читаш научни трудови кои ги одговараат сите наводни „докази“ за еволуцијата, но и каде што се понудени докази против еволуцијата. http://trueorigin.org/
Искрено не си пристрасен и се ослонуваш на најмалите грешки што некој ги пишал и немал докази во тоа. Не видов да ми контрираш за теоријата на настанокот на животот на земјата. И плус никаде не видов докази туку само извадоци од некој што рекол и некој што во тоа време немал доволно средства и технологија да го докаже тоа. И извини што помешав биотехнологија со молекуларна биологија.
Околу создавањето и Бог, се ок што се вели дека не постои, само едно нешто е заборавено.Доколку Бог не постои, тогаш децата од небо паѓаат, понатаму се знае што мислам.А јасно е секому за децата.Не само тоа, многу работи човекот создал, а му е дадено и тоа право.Сакам да кажам дека создавањето не е нешто што го негира Бог. Човек го бара Бог, но надвор од себе, барајки докази за неговото постоење. Има интересна приказна околу ова: „ Господ се изморил од постојаните барања на луѓето, па решил да се скрие некаде каде што никој не може да го најде.Ги повикал ангелите и ги прашал: „ Каде е најдобро да се скријам?“. Тие му предлагале: „ На дното на океанот“, „На врвот од највисоката планина“, „ На темната страна на Месечината“ итн.Тогаш Господ го погледнал својот најмудар ангел, кој веднаш му одговорил: „ Скриј се во човековото срце и во човековиот ум.Таму никој никогаш не проверува“. А останатото е плус, што кажале научниците. А Бог, воопшто никој не го замислува како некој дедо што седи на престол и пресудува.Далеку од тоа. А Библијата, не е нешто што може да се земе здраво за готово, мора подобро да се разбере, не онака како што е напишано, буквално. Инаку, доколку човек не го прифаќа постоењето на Бог, може да најде милион „ причини“ кои би го потврдиле непостоењето негово.
Не си ја сфатила поентата на прашањето, многу буквално си сфатила. Тоа што го прашуваат се мисли дека нешто не настанало од ништо. Некој го создал! Без разлика какво суштество, организам, микроорганизам, бактерија, било што од ништо не настанало. Ете тоа им беше поентата со што и јас се согласувам. И ова сакам да го кажам науката не го докажала постоењето на Бог, а ниту пак неговото непостоење. Затоа и ден денес прашањево виси во зрак (за оние на кои им е потребен доказ).
Или пак ти не си прочитала до крај . Еволуцијата и тоа го објаснува . Никаква филозофска расправа не е ова, не мора да правдаш никој , ама јасно се гледаше што се мисли со прашањата , жално е што некои луѓе од теоријата за еволуција знаат само дека човекот настнал од мајмун .
Никој не знае колку точно е стара човечката мисла. Самиот Аристотел кога веќе беше спомнат изнесува сознанија за некаква цивилизација која опстојувала многу одамна и која била многу поразвиена од онаа во која тој живеел. Знае некој со сигурност кои луѓе точно ја пишувале Библијата? Кој можел да го опише животот на Давид или Соломон ако не луѓе кои им биле блиски? А луѓе кои се блиски до кралевите не се обични луѓе и без никакви сознанија. Културите од Блискиот Исток биле поразвиени и секако располагале со повеќе податоци од европските. Евреите биле во контакт токму со тие цивилизации од Блискиот Исток и преземале многу од нив што особено се забележува во областа на народните преданија. Нема ништо божествено, ниту пророчко тука.
Не се знае точно ама ете историчари , теолози се обиделе да откријат отприлика од кога датираат записите во Библијата ; http://carm.org/when-was-bible-written-and-who-wrote-it Може ќе ме наречете еретик Ама можеби Библијата, Тората ,Куранот се само еден обид да се дојде до Бог .
А јас каде напишав дека ЗА БИБЛИЈАТА не се знае КОГА е пишувана? Разгледај ја убаво поентата на напишаното, ти рече дека проблемот во темата е што не се чита убаво што сакал да каже другиот.
Ти ја разбав поентата , во линкот ги има и нејзините автори Евреите превземале многу од Египтјаните ,сосема логично е , но и самите тие верувале дека земјата е рамна , барем според историските податоци . Значи понапредна цивилизација од едно племе имала сосема друго верување. А овие на среќа погодиле .
Не се само Египјаните, тој регион е ризница од култури. Ќе се зачудиш колку митови од Библијата од каде ја имаат основата. Ако виде за авторите, токму за кралевите има прашалници. Точно не се знае. А и еден ако напишал и се потпишал, други дополнувале.
Генерално според историчарите народите од Блискиот Исток верувале дека земјата е рамна . Ама историјата е релативна работа . Тука треба да го земеме фактот дека народите биле меѓусебно изолирани . А слични приказни се среќаваат во различни култури одделени со океани , како приказната за Ное . Или масовно халуционирале или нешто посведочиле .
^ Или си преземале едни од други. За потопот можно да е нешто масовно посведочено (што пак нема врска со божества). Како изолирани? И војувале меѓу себе и живееле едни покрај други со векови. Друго, не си запознаена со примери на антички филозофи од овие простори кои заминувале на Истокот и тамошни учења донеле на оваа почва?
Зборувам за цивилизаци кои немале контакти и се одделени со океани а не за племиња кои војувале на иста територија , а сепак слични приказни раскажуваат .Тогаш немале средства за комуникација нити превозни средства како денес . Некои народи не дошле во контакт а слични приказни раскажале ... Мене искрено ми е чудно , а може и нема врска со божества .Ама ако дискутирам понатаму за основата на митовите ќе избегаме од темата . Ако претпоставиме дека сепак Евреите се помалку напредни од славните цивилизации на Блискиот Исток , од чиста случајност им текнало дека Земјата е округла .
Значи за митот за Ное мислам дека се разбравме. Можам уште многу да зборувам околу него, но сама рече, тоа е настрана од темата. Јас мислев на други митови од Стариот Завет. А ако почнеме за Новиот ќе се вратиме и на европско тло. Дека биле цивилизациски помалку напредни Евреите во тоа време се гледа и од нивните обичаи. Ама не гледам што е чудно да го имале тоа сознание за Земјата, било како предание, било преземено од некој друг.