Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.483 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Јас само би сакала да додадам дека христијанството содржи елементи и од митраизмот (блискоисточниот култ на Митра - чинот на воскресение), античката филозофска стоичка школа итн.
    Некои од обичаите кои подоцна биле додадени за одбележување на позначајните христијански празници имаат келтско, германско (теутонско или нордиско) потекло - на пр. славењето на Божиќ на 25 декември, после зимскиот солстициј (краткодневницата) и денот посветен на врховниот бог Один кога зимзелените дрва се кителе со црвени траки и се печеле зачинети медени колачи (традиционалниот божиќен колач во многу западноевропски и северноевропски земји).
    Чинот на воскресение не е непознат во старите култури. Имено се среќава уште од шестиот милениум п.н.е. во многу блискоисточни митови за т.н. бог на вегетацијата. Чинот на вознесение, во ведите и воопшто во филозофските системи на далечниот исток се среќава како ascension. Старозаветната сцена Сонот на Јаков (или Скалилата на Јаков) се среќава во сумерските записи каде се опишуваат процесиите по падините на зигуратите по повод најголемите празници посветени на врховниот бог, богот на Сонцето, Ану.
    Мошне тешко е да се каже колку точно е стара Библијата. Сепак, станува збор за збир од текстови од различни автори. Анализата на стилот на пишување на некои од најстарите примероци на Библијата укажува дека текстовите не припаѓаат на ист временски период. Што значи биле собирани со текот на времето.
    Користењето на различни текстови при верските обреди, како и многуте прашања, пред се за природата на Исус, кои довеле до појава на различни учење низ целата територија на христијанската екумена, придонеле да биде свикан Првиот Екуменски Собор во Никеја во 325 година. На овој собир биле поставени темелите на каноското право и е постигнат консензус во однос на прашањата кои произлегле во текот на трите века хрисијанско учење.
    Најстарите записи од Стариот Завет датираат од вториот век п.н.е. и се дел од т.н. Dead Sea Scrolls. Најстарите записи во Новиот Завет датираат од последната четвртина на првиот век од нашата ера.
    Најстарата Библија, т.н. Codex Sinaiticus, е пронајдена во манастир во Синајската пустина. Стара е 1.600 години.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Не верувам. Нелогично ми е сето тоа поврзано со него. Но ги почитувам луѓето кои веруваат во него, си го имаат тоа право
     
    На Azriel1 и StefChef им се допаѓа ова.
  3. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Верувам! Бидејќи ми има одговорено на сите молитви!!!
     
  4. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Не, не верувам. Не се ни замарам со тоа прашање.
    Многу работи ми се случиле што ме увериле во спротивно.
    И да, како што јас не ги замарам луѓето што веруваат да ги разубедувам, не сакам мене некој да ми зборува на таа тема. Фала им, но не ме интересира.
     
    На Azriel1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Господ помага и кога молчи


    Еднаш постоел еден човек по име Хакон, кој секогаш се молел и размислувал за распнувањето на Христос, вели една стара норвешка легенда.
    why-believe-in-god

    Крстот пред кој тој се молел бил многу стар, а луѓето пред него доаѓале да се молат од многу вери и го молеле Христос за чудо. Еден ден Хакон, пустинскиот човек, сакал да го замоли Исус за услуга. „ Дозволете ми да го земам вашето место“.

    Потикнат од чувството на великодушност, добрина и љубов, тој клекнал пред распетието и рекол: „Господи, јас сакам да трпам и умрам за вас. Дозволете ми да го завземам вашето место. Сакам да бидам на вашето место на крстот“. Го погледнал и чекал одоговор. Тогаш Господ ја отворил устата и проговорил. Неговите зборови доаѓале од небото, како шепот, но и како предупредување. „Мојот верен слуга, ќе ви ги исполнам желбите, но само под еден услов. „Кој господине? Дали е тоа нешто тешко? Подготвен сум да исполнам се со ваша помош!“, одговорил стариот Ханкон.

    „Слушај ме добро: Што и да се случи и без оглед на тоа што ќе го видиш засекогаш треба да молчиш“. На тоа Ханкон одговорил: „Ви ветувам мој Господине!“. И потоа ги замениле местата. Никој ништо не приметил, никој не го препознал пустеникот. Долго време тој се држел до договорот и никогаш не зборувал со никого за тоа. Но еден ден пристигнал еден богаташ и по молитвата си го заборавил својот паричник под крстот. Хакон го забележал тоа, но молчел. Тој не проговорел ниту кога еден млад човек клекна да моли за благослов пред да замине на долго патување. Во тој момент се вратил богаташот барајќи го изгубениот наовчаник.

    Откако не го пронашол помислил дека момчето го земал. Тој му се развикал, обвинувајќи дека го украл. Младото момче се изненадило велејќи дека не е крадец. Тогаш богатиот човек почнал да го тепа момчето. Во тој момент еден глас одекнал да престанат. Хакон не можел да се воздржи а да не го одбрани младото момче од лажните обвинувања. И двајцата веднаш побегнале. Кога веќе немало никого кај крстот, Христос проговорил на неговиот слуга.

    Симни се од крстот не си достоен да стоиш на моето место. Ти не го одржа своето ветување и не молчеше. На тоа Хакон го прашал како може да допушти ваква неправда? Исус повторно застанал на своето место на крстот, а пустиникот на подножјето од истиот. Тогаш Господ му проговорил.

    „Ти не знаеше дека е добро тоа што богаташот го изгуби наовчаникот. Тоа беа пари со кои тој сакаше да изврши прељуба со млада девица. Сиромашниот напротив направи добро со тоа што го задржа наовчаникот, затоа што живееше во крајна беда. За момчето ќе беше подобро да богаташот го претепаше, затоа што тогаш не би заминал на пат. Гледаш тој е сега мртов. Загина пред неколку минути во бродолом. Ти ова не го знаеше, но јас го знаев. Тоа е причината зошто јас молчам. Јас често се прашувам: „Зошто Бог не одговара на нашите молитви… Зошто се одлучил да молчи? Многумина од нас би сакале тој да ни кае дека е одговорен во согласност со нашите желни и фантазии… но Божјиот пат е различен. Тој го знае минатото, сегашнота и иднината… Бог нам ни одговоара и во тишината… мораме да бидеме подготвени да го сослушаме и да почекаме на неговиот одговор.
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  6. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Сметам дека постој некоја виша сила, некоја поголема смисла на се ова.
    Вервам делумно во Господ, поќе сакам да вервам дека луѓето кои ме напуштиле од овој свет се тука негде за мене.
    А иначе во онакви банални работи како Адам и Ева, Ное итн итн секако дека не.
    Чоекот докажано е дека постој како резултат на долгогодишна еволуција и то не е дискутабилно.

    Сепак религијата на многу луѓе му пружа мир, надеж, шанса... Верба дека се ќе биди во ред, дека некој гледа за цела неправда која ни се случва... И е полесно да се носиме со тешкотиите. Имам почит кон то . :)
     
  7. TheUnbreakable

    TheUnbreakable Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    17
    Уште во второ одделение престанав да верувам во Бог и во Дедо Мраз. Моите дома сите се христијани и веруваат многу во Господ, и постојано ми викаат кога ќе кажам дека јас неверувам па затоа од мала одбегнувам религиозни теми. Јас верувам во она што можам да го видам, слушнам и почуствувам. Верувам дека постои нешто, а не некој, што го создало овој свет. Верувам дека сме настанати од човеколики мајмуни, ни мојата братучеда од 5 години не верува дека од само еден маж и жена настанал цел свет. Верувам дека постоел Исус, но дека бил обичен човек кој основал религија а не дека бил божји син роден од "девица". Во минатото луѓето ништо не знаеле па затоа и им требало нешто во што ќе веруваат. Средниот век не е наречен темна доба за ништо. Луѓето биле под целосно влијание на црквата, се мачеле целиот живот за да си обезбедат добар задгробен "живот". Црквата ги убивала образованите луѓе само затоа што ги побивале нејзините тези. Постарите денес се жалат дека не и се дава важност на религијата, дека не се оди на црква и тн. Мразам што луѓето ги осудуваат атеистите само заради тоа што не го делат истото мислење. Многу од нив се прават големи верници, а нема некој кој не прекршил најмалку 5 од божјите заповеди. Речиси и не постојат тие што го следат она што е напишано во Библијата. Иако не верувам во ниту една религија, не сметам дека и сите останати не треба веруваат. За разлика од повеќето од нив, јас го почитувам нивното мислење и не ги осудувам луѓето на верска основа. Имам пријатели и атеисти и христијани, муслимани и какви уште не. Нашиве христијани ја омаловажуваат исалмската религија, а потоа очекуваат некој да ја почитува нивната. Целта на религијата е луѓето е да ги научи луѓето како да се однесуваат добро кон сите, да научат како да живеат, да го најдат душевниот мир... Не е цел да се докаже која религија е "вистинска", која е подобра, со разни маскари, хемиско и атомско оружје. За религиите има да се кажува многу, но јас завршувам овде. Што имам да кажам - кажав. Престанете да ги навредувате, омаловажувате и исмевате другите, пред да покажете на некој со прст најпрвин проверете дали вашите раце се чисти. :)
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Butterfly21

    Butterfly21 Нов член

    Се зачлени на:
    23 декември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Што ве уверува дека бог постои? Има многу верници на форумов вклучувајќи ме и мене(но не сум сигурна многу пошто шират разни теории). Ме интересираше што ви беше пресудно да поверувате во Бога. :D :D :hai:
     
  9. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    Која споредба БОГ да се споредува со дедо мраз ,да живеат сите луге според божјите мерила никогас нема да постои омраза со другите религии
     
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Пиколино мене не ми е смешна споредбата со Дедо Мраз, зошто според старите толкувања, Дедо Мраз бил Св.Никола, а тој е светец. Светецот е Бог, Бог е Светец, бидејќи Бог е едно и е сеприсутен.

    (А, луѓето од Св.Никола барале ‘поклон‘ ослободување, единство со Бога, спознание. А, денес се преименува дека Дедо Мраз носи подароци, но главната поента е сосем друга значи)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Верата доаѓа од срцето, или ја имаш или ја немаш. А кога имаш верата и љубовта кон Бога, исто како и љубовта кон секое друго земно битие, треба да ја негуваш и храниш. Кога е така, Неговите дела ги гледаш секаде околу тебе. Преку верата се спознаваш себеси, сопствената душа, сопствените грешки и се стремиш да бидеш подобар и го негуваш светот кој веруваш дека е Негово создание.

    Затоа не се согласувам со некои кои тврдат дека религиозното учење е догматско учење кое ти го затвора умот и очите. Напротив, очите ни` се широко отворени, но во правилната насока, кон самите себеси, кон сопствените мисли, постапки и чувства. Тоа е и правилен тек на процесот на позитивна промена која сакаме да ја постигнеме во светов-тргнувајќи од самите себеси. А дека промената оттаму треба да почне (од самите себеси), се согласиле и истокот и западот, и Черчил и Толстој.

    Да, верувам дека постои Семилостивиот и Седржителен Бог, затоа што во спротивно, да беше само до нас луѓето, со оглед на случувањата низ историјата па се` до денес, верувам дека одамна ќе не` немаше ниту нас, ниту овој свет во кој живееме.
     
    На Dvolicen, Rosie.Alice, richgirl998 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    верувам... затоа што така сакам, така ме учеле од мала, и среќна сум тоа што ми го овозможиле моите... исто така и кога се молам, кога сакам да ми се исполни нешто, верувам силно во бога и ми се исполнува... така да тоа ми е уште една причина да верувам во него...
     
  13. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Повеќе верувам во Будизамот иако е тој повеќе прифатен како начин на живеење отколку религија. Мислам дека можеби постои некоја натприродна сила, но не сум многу религиозна. Сепак не ги осудувам ни тие што се, ни тие што не се. Секој има право на свој избор, мислење и верување.
     
  14. Rosie.Alice

    Rosie.Alice Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    81
    Читнав неколку страници и гледам дека некои ептен буквално го сфаќаат напишаното.
    Не можам јас баш се да си сфатам буквално, дека мажот настанал од песок, жената од неговото ребро... може и грешам, живееме во мал град и со мајка ми сеуште неможеме да си најдеме Библија, го прашавме попот, рече ќе ни најде, го нема да се јави. Да не бегам од темава.
    Додека ја читаме библијава, треба да се молиме да ја разбереме, треба бавно да се чита и да се разбере. Не треба тоа буквално да се сфати, се што е напишано во нејзе. Сето напишано е со метафора, има некакво симболично значење.
    Мојот брат е атеист. Сум зборувала со него зошто избрал да не верува. Ми рече ако постоеше Бог неправди немаше да има, невини луѓе немаше да умираа.
    Можеби еден немил настан го натерал така да размислува. Наш прв братучед почина, пред осум години. Беше трета гимназија, не му ја дијагностицираа болеста. За да ги сфатиме работите, треба да помине време. Трпение-спасение. Тој погрешно го сфатил тој настан. Бог не го казни братучедот мој, не казни нас.
    А него го награди со вечен живот, да престане да се мачи во овој суров свет. Многу беше добар, сите го сакавме. Бог не стави нас во искушение, тоа за братучед ми не е никаква казна, напротив го спаси од мачењето и болките и го награди со вечен живот.
    Пред некој ден на моја другарка и почина баба и. Повторно, Бог нејзе не ја казни, ја награди со вечен живот. Доколку веруваме во Бог тој ќе не награди со вечен живот.
    Треба да му се молиме и ќе ни помогне. Досега тој ја нема одбиено ниту еднаш мојата молитва. Кога и да сум се помолила, за било што, ми помагал. Единствено тој не ме оставал на цедило.
    Не сум доволно паметна за да сфатам се. За некои работи, кои се случуваат околу мене, можам да си ја најдам причината. За некои неможам.
    Неможам да му одговорам на брат ми зошто умираат невини луѓе, на пример зошто умреа пред некој ден во Египет луѓе кои отишле на црква да се помолат на Бога.
    Но морам да имам трпение, верувам дека ќе го најдам одговорот. Ако некој може и сака да ми помогне нека ми каже како тој ги сфаќа работите.
    И не можам да си го замислам Бог како човек со брада и сл. Тој е енергија, сила, тој е во моето срце. И само тој е секогаш тука за мене. Стравот е лоша работа.
    Пред некое време имав страв од многу работи. Од смрт и што ли уште не. Сега тој страв полека исчезнува. Зошто знам дека Бог е со мене, тој никогаш нема да ме остави. А и да се случи нешто, ќе се случи со причина. Ништо во природата не се случува случајно. Овој универзум функционира совршено и за тоа мора да постои причина, некој да го создал.
    Но како што реков претходно, не сум доволно паметна за да можам се да сфатам и да си објаснам, но се надевам дека Бог ќе ми помогне ама ми треба време.
    Ќе се редактирам.
    Гледам некои прашале дали Бог постои надвор од книгите, дали научно е докажано дека постои.
    Да беше научно докажано сите ќе знаевме и немаше да се расправаме на темава, немаше да се расправа на темава со векови. И да, тој постои, тој е насекаде околу нас. Таа енергија. И постои причина зошто сеуште неможе да се докаже дека тој не постои. А да се докажеше дека постои, немаше да има верници. Ние веќе ќе знаевме дека е тука меѓунас.


    Морав да цитирам. Д уан ќе имаш луѓе околу тебе, ќе им се пожалиш и сл. Но дали ти е ќе те сакаат како што те сака Бог. Бог никогаш нема да ти згреши, луѓето може ќе ти завртат грб, ќе те повредат, ама Бог нема. Вербата во Бог ќе те одржува. Ако му подадеш рака тој никогаш нема да те одбие, и кога и да му се помолиш тој ќе ги слуша твоите молитви. Тебе животот би ти бил премногу тежок кога постојано би била во потрага по вистински пријател. Грешни сме ние луѓето. Си грешиме и едни на други, се повредуваме.
    Зошто да се мачиш кога Бог е тука за тебе?
     
    На Orthophill и Gordana10 им се допаѓа ова.
  15. Chica-Linda

    Chica-Linda Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    20
    Верувам и ќе продолжам да верувам бидејќи кога и да сум се помолела за нешто Господ ми помагал.Едно време имав изгубено верба во него ,но сега цврсто верувам бидејќи ми се покажа дека тој постои.Господ е еден и гледа се :)
     
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Ако верувате во себе, верувате и во господ. Господ е во секој од нас.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Roxana

    Roxana Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2013
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    71
    Верувам! Силно верувам!
     
  18. C.Galena

    C.Galena Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    12
    Секако дека верувам во господ!
    Зошто? Затоа што да не е господ нема да има никој на земјава, со крфта на Исус на крстот ни се простија СИТЕ наши гревови и добивме шанса да живееме, само ретко кој од денешниве луѓе го разбира тоа и го почитува.
    Вербата во бога не се состои само од тоа да кажеш дека ти веруваш, да одиш во црква да запалиш свеќа, да бациш икона и да остаиш некој денар... вербата се докажува со СЛАВЕЊЕ на бога, со почитување на неговите заповеди и стремење да бидеме како него, затоа што тоа е најмалку што можеме да направиме за да му возвратиме за сето она што тој го направил и го прави за нас.
    Оној што не го познава бог неможе да каже дека верува во него, бидејќи 90 % од " верниците " палат свеќи и бацуваат икони, тераат некои обичаи и придаваат чест на нешто што не е од господ, тие не веруваат во господ затоа што ако веруваат ќе знаат дека господ во библијата ЈАСНО кажува дека НЕ ТРЕБА ДА СЕ КЛАЊАМЕ НА НЕШТО ШТО НЕ Е ОН (иконите), и да почитуваме некои обичаи што ги измислил народот за да заработи пари ( палење свеќи ), тоа за господ е богохулие.
    Искрено да ви кажам пред да почнам да се информирам повеќе за бога и да читам библија, и јас сум размислувала како и сите други луѓе, но откако почнав да ја осознавам вистината за господ сфатив дека црквата каде што се крштеваме не работи во чест на бога, затоа што бог вели дека НЕ МУ ТРЕБААТ НАШИТЕ ПАРИ а во црква кога ќе отидеш ти е исто како да си отишол во некој ресторан за СЕ си има ЦЕНА, од свеќа, до венчавка, крштевка и незнам уште што ...
    Многу имам да зборувам на оваа тема, само едно ќе кажам вербата во господ ќе ја докажеш со послушност кон неговите барања од тебе, а уствари сето она што го бара е од тебе е за твое добро, со твојата послушност тој ќе те награди и дупло повеќе ќе ти врати, сето тоа го пишува во библијата и новиот завет, кој што навистина вреди да се прочита бидејќи многу луѓе од најголеми НЕверници и пропалици , благодарение на бога се вратиле во живот и живеат во мир и среќа. :)
     
    На Papillon.Papi и Gordana10 им се допаѓа ова.
  19. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Нормално дека верувам...Што е Господ,никој не е.
     
  20. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Секако дека ВЕРУВАМ! :)