Пред малце гледав на дискавери емисија со Стефен Хокинг. Објаснуваше за Биг Бенг експлозијата и за тоа како настанала. Рече дека пред тоа , пред таа експлозија сите тие честички биле соберени во една мала топчичка. Пред да настане експлозијата времето воопшто не постоело, па така Господ би немал време да ја создаде или поттикне. Таа самата од себе си се создала. Ама за да се создаде, потребни се енергија и маса, кои се едно исто, и простор. Кога настанала експлозијата, се создало енергија. Кога Бог би го замислиле како енергија, и со настанокот на експлозијата, тој би се расширил на секаде. Значи тој е на секаде околу нас. Ако тој е енергија, тој е во нас и околу нас. Малце ме збуни ова... Малце и ме изиритира кога после тоа на интернет прочитав како се шегувал со религијата. Демек дали за тоа време Бог го создавал пеколот па оние како Стефен таму да гинат. Не знам што да мислам. Ама ете, со настанокот на експлозијата, имаме енергија. А ако Бог е енергија, таа енергија е на секаде околу нас и во нас. Но пред тоа... Тоа тој го објаснува како црна дупка, во која време не постои, тоа запира. Ептен сум збунета, ептен.
Верувам и верата е таа која во тешките моменти од животот, на крајот од краиштата, никогаш не ме разочарала. Сакам да кажам дека вистинска вера без искушенија нема, и тие треба да се издржат. Секој добива толкаво искушение колку што може да издржи, но изборот на кој господар ќе му се поклониме во тие тешки мигови е наш.
Бог е Дух, а не енергија. Енергијата нема личност. Бог поседува нестворени енергии, но тие енергии не се Бог.
Духот е енергија, секој човек има дух или духовен дел од себе, бидејки човекот не е само тело.Не зборам затоа што верувам.Затоа и е она што спомна членката “ секаде околу нас и во нас“.Не знам на какви енергии мислиш.
Енергијата не е личностна. Секое тело поседува енегрија, но не значи дека тоа има душа или дух. Пример за енергија се потенцијална и кинетичката енергија. Кога ќе крениме еден камен над земјата тој има потенцијална енергија(поради гравитацијата), а кога ќе го пуштиме да паќа тој има кинетичка енергија. Но ниту каменот, ниту енергијата која ја поседува не се личности. Па така Бог не е енергија. Бог е Дух, Кој на, за човекот, несфатлив начин ја исполнува Вселената. Но, како и да е овде ја прекинувам дискусијата. Дефинирањето на нестворените енергии Божји е длабока теологија и нема потреба овде да ја дискутираме.
Така е, Бог е првенствено личносно битие, и од личноста произлегува природата, а не обратно. Затоа Бог е Пресвета Троица (а не тројство ).
Ок во однос на тоа што кажа, но не зборам за камења и сл.Човечкото тело, ако нема енергија, не може да функционира.Пример, болен човек, не може да функционира, затоа што телото е оштетено.Џабе не е телото тешко, кога човек ќе умре.Душата е енергија, емоциите се енергија, на таков начин егзистира Бог.Она што вообичаено го пишува во религиските книги, објаснувањата во теолошките книги, суштината е таа. Кога Исус мислел на Дух, Свет Дух, мислел на тоа.Ако се земе во предвид се она што тој говорел за него и неговиот татко, кога мислел „ луѓето да се како едно“ , кога говорел за љубовта...Она што го пишува за Бог, несфатливиот начин како тој ја исполнува вселената, многумина тоа веќе го знаат, само го толкуваат поинаку.Бог, не е нешто не поимливо, апстрактно за човекот или некој дедо па гледа што се дешава.Џабе не велат други, кога го спомнуваат Бог, ја спомнуваат енергијата. Кога зборам за душата, веројатно кога човек би си ја почувствувал, би разбрал што уствари е душата, дали би сметал дека не е енергија или не.И како би го разбрал Бог.Не, она стандардно напишано во религиските книги, туку нивната поента.
Во ред, Вашето поимање на Бога си е Ваш проблем. Но, енергијата во која верувате, не е Богот на Православната Црква.
Истиот тој, за кој велите, само на поинаков начин го разбирам.Зошто мислите дека не е Богот на православната црква? Зарем секоја црква, православна, католичка...има раличен Бог, спрема вас? Или само едната црква, се прифаќа, а другата не? Интересно што православието и католицизмот, се исто, а такви споредби се прават...Прво, не можете да речете дека тој Бог во кој верувам, не е на православната црква, како и вие одам во православна црква, православна сум. Бог, не е во религиските книги само, значи сакам да кажам, да се разбере она што го пишува во истите.Тоа што го кажав за енергијата, не го измислив.Да ве прашам, ќе отидете во црква, пример, ќе се помолите или еве нека не е во црква, после некое време, она што вие сте побарале од Бог, ви се остварило, за да на крај речете “ Бог ги слушна моите молитви“, тогаш според вас, како сметате дека ги слушнал, кога вие ги кажувате во себе? Ок е да мислите така, но чисто прашувам, затоа што ме интересира.
Светото тројство (Света Троица) е христијанско учење според кое Бог претставува една единка која постои истовремено и вечно како како три личности: Господ-Отецот, Исус Христос и Светиот Дух, кои заедно се Света Троица. Во книгите на Библијата најблиску до овој поим е кога Господ Исус Христос им заповедал на Апостолите да ги потопуваат верните Да ги крштеваат во вода, во името на Отца и Сина и Светиот Дух. Света Троица Хронологија Хронологијата за утврдување на погледот за Светата Троица произлегува од Никејскиот симбол на верата од 325-381 година како и од Атанасискиот симбол на верата од околу 500 година каде имало големи обиди за стандардизација на големите несогласувања кои се појавиле во верата на христијаните. Овие симболи биле утврдени како официјални од страна на црквата во текот на 4 век и почетокот на 5 век како реакција против некои хетеродоксални погледи за Светата Троица. Овој симбол на религијата бил приман од страна на православната и католичката црква. Од страна на протестанската црква тој се применува само од некои верници. Никејскиот симбол го користи терминот "homoousios" (гр.- еден и единствен) за за односот помеѓу Синот и Отецот, за разлика од терминот "homoiousios" (гр. - со подобна единственост), кој од страна на црквата во овие векови било сметано како. Разликата е во една единствена буква која води до големи религиозни разликувања. На еден од соборите во околу 264-266 г. Павел Самосатски бил осуден како еретик поради адопционистичкото си видување за Синот, а исто така бил осуден и терминот "homoousios" . Значењето на овие старогрчки зборови "усија" и "ипостас" било различно сфаќано бидејќи за едни ипостас значело "единство или еднаквост", а за други "лице". Атанасиј од Александрија го појаснил овој термин. Во западната црква Августин од Ипон бил познат по својата формула за Света Троица, а додека Василиј Велики, Григориј Нисијски и Григориј Назиански се биле попознати на исток. Според симболот на Анастасиј, сите три Божествени лица се вечни, кои имаат голема моќ и се еднакви помеѓу себе си. Секој од нив поседува Божествено единство и дејствувајќи заедно тие го образуваат Бог. Поради тоа било абсолутно погрешно да се каже, дека постојат три Богови или три Господи. Отецот е Бог, Синот е Бог и Свитиот Дух е Бог. Но Бог е Отецот, Синот и Светиот Дух. Се верува дека постои само еден Бог при кое Исус Христос го сведува човечката Му природа. Според православието, сите три личности во едниот Бог имаат иста природа. Сите три личности заедно го создаваат светот и се што постои. Дел од црквата на Исус Христос веруваат пак дека Отецот, Синоти Светиот Дух се три независни личности, кои поседуваат индивидуални тела, души и духови. Според оваа идеологија трите индивидуални личности го претставуваат Божественото семејство. Освен тоа се смета дека секоја од овие личности има свој сопствен повисок господар. Во основа има различни сфаќања од страна на христијанските религии (Православие, Католицизам, Протестантизам, Асриската источна црква. Една од причините за разделување на христијанството е токму погледот за Света Троица. Еден од доказите кои се наоѓаат во Светото Писмо можеме да го најдеме во првото послание на Јован Богослов во петтата глава, седмиот стих, кој вели: „Зашто Троица се кои сведочат на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и Тројцата се едно“.(I Јован: 5,7).
Гордана, Бог ги услишува нашите молитви бидејќи е разумна и со ништо ограничена Личност (’се гледа, ’се слуша, ’се знае итн.), а ни помага, т.е. дејствува преку енергија. Преку оваа енергија и му се открива на светот. Но енергијата никако не можеме да ја изедначиме со Бога, таа произлегува од Бога и сама по себе не може да постои, не е самобитна. Еве на пример, сончевата светлина е енергија која произлегува од сонцето. Но таа не е сонце, суштината на сончевата светлина не е иста со онаа на сонцето. Исто така, сонцето може да постои и без да зрачи светлина, (ако постоеле други законитости) а светлината како енергија не може да постои без својот извор - сонцето. Што значи дека енергијата е последица на нешто, а не е причина, таа не промислува и размислува, но дејствува според вољата Божја. Знам дека мене не ми упати прашање, ама ..
Ами не мислев на тоа дека не произлегува од Бог.Зборот ми беше дека таа егзистира во нас и е околу нас.Зошто мислам така? Затоа што тенка е линијата меѓу духот и телото не човекот, а само малку, многу малку фали душата да го напушти телото, кога ќе треба.А тоа никогаш не се знае.Ја сврзувам со Бог, бидејки, прво, веројатно нема друг начин Бог да ги слушне молитвите, ако таа не егзистира во човекот, не само за молитви...Џабе не рекле некогаш, дека човекот има божествен дел во себе си, поназад во темава спомнав за создавањето, креацијата, нешто што човек го поседува ( пример , дали се работи за дизајн, за архитектура и др. ) А се вели Бог создава.Повторно ќе се навратам, дека веројатно на тој начин егзистира таа енергија... Ако и да не сум ти упатила тебе прашање, слободно пиши
Не верувам во Господ. Не верувам во баби и жаби, гатачки, бајачки и магии. Порано верував, не дека сум била свесна, туку дека религијата ни се наметнува одма по раѓањето. Фактички, немаш избор. Ако сум се родела во Саудиска Арабија под дифолт ќе сум била муслиманка. И така. Претходниве неколку години многу читав и гледав емисии, слушав интелектуалци и научници на кои цел свет им се поклонува, а се атеисти или агностици. Опкружена сум од луѓе кои се верници, впрочем и родителите мои се едни од оние кои редовно си одат во црква, се молат и го слават Господ. Меѓутоа, ме прифатиле како атеист, а и јас сум ги прифатила како верници. Секој си има право да си мисли со своја глава и да си одлучи. Многу од моите добри другарки се верници, сме дискутирале околу ова, но никогаш со навреди и омаловажувања. Секој си има право на свој став. Верувам во карма, во енергијата што ја испуштаме во универзумот и дека таа ни се враќа. Се водам од помислата дека ако јас правам добро дека и мене ќе ми биде добро.
Не знам како можете да речете дека сте атеисти и веќе во наредна реченица да речете дека верувате во карма.
Нема да осудувам, секој има право на избор, ама искрено мислам дека вербата во Господ Бог е движечка сила низ животот. Конкретно, мене, ме мотивира и ми дава сила да издржам кога ми е тешко. Верувам и тоа МНОГУ верувам во Господ Бог!