Од се срце и јас верувам во Господ, и му благодарам и го славам и го почитувам. Ја чистам својата душа со исповед и простување и секогаш го повикувам да се всели во мојата душа, за да го слушам неговиот глас кој се слуша и препознава во душата и е секогаш во согласот со Божјите заповеди и словото, дава мир и води по правиот пат. Има разлика меѓу душа, дух и Светиот Дух.
Некое објаснување ? http://www.kurir.mk/svet/vesti/1592...&utm_campaign=Feed: kurir/svet (Курир - Свет) http://www.youtube.com/watch?v=k0SzerGa0Mk#t=31
да верувам, и многу пати ми има покажено дека постои дури во моменти кога животот сметав дека не е вер спрема мене тој секогаш ми има покажено дека тоа е така требало да биде за да сватам , научам, добиам нешто подобро и поубаво, секогаш кога ке скршнев од правилниот прат тој ми помага да вратам на него и затоа се молам и додека живеам ке се молам на него, само еден е Господ најголем и најдобар нека му е свето името негово.
Не. Како мала верував и се молев често, одев во црква и слично, но ниту една од моите молитви не стана реалност, ниту слично. По одреден период сфатив дека не може некој кој не постои да ме излечи или да стори не знам што. Ако некој го сонувал, само има измешани мисли, а не значи дека тој постои. Но, секој со своето мислење.
Верувам, да секој пат кога ми е тешко, а немам на кој да кажам на нему му се обраќам. Многу пати во животот таа верба е тоа што ме спречувало да направам нешто за што ќе се каам отпосле. Некои мои молитви и желби кои сум мислела дека се невозможни иако можеби сум чекала долго време и сум се откажала, се исполнија. Верувам и благодарна сум за се.
Длабоко верувам, се молам секоја вечер и го славам неговото име. Верувам бидејки ми има покажено дека постои помагајки ми во тешки моменти од животот и исполнувајки ги моите молитви. Благодарна сум му на секој нов ден.
Да, јас верувам во Господ и се молам. Господ секогаш на верниците што се молат им враќа со еден од 3те одговори 1) Да 2) Сеуште не 3) Имам нешто подобро на ум Во поп не, а и црква не баш. Ретко ќе е најде поп што го работи тоа од вербата во Господ, а не за пари. Да можат и ценовник ќе стават на црквите. Додуша и има, се плаќа влез во некои манастири. А за црквите, во нив се поповите така да... Практикувам за празник да одам на црква и да оставам дарче и се тоа, ама ако се верува во Господ, верата може да се искаже во било кој објект
wow има некој што уште верува во Господ, 21 век сме, религијата е создадена со цел за контрола на луѓето и богатење на верските институции http://www.youtube.com/watch?v=6RT6rL2UroE
Δ Уау па и прашање има ли уште некој во 21 век кој верува во Господ. Па ти во кој век живееш, да пример, немаш забележано колку народ го чекаше на отворено само новиот папа да е изберен? Специјално регистрирање за еден пост, браво, барем да имаше нешто да се каже. Фор д рекорд, јас не сум роб на ниеден бог. Ама вакви изјави со 21ви век сме како одговор на се, дајте нека не рокне таа семоќна апокалипса веќе, оти кој ќе ги слуша наредните генерации со па 22ри век сме
Знаеш кој ги контролира луѓето? Илуминатите а кој им го пере мозокот? Поповите и теолозите со нивните теории за одмаздољубив Бог, пекол, рај, Сатан, демони и такви срања. Господ тука ништо не е крив
Верувам во господ, кој како сака нека го нарекува дали Исус, Алах, Буда и сл. Постои виша сила, постои нешто што неможе да се објасни според мене.. Не верувам во попови и слични црковни луѓе...
па во попови и свештеници не треба ни да верувате бре... Доверба во луѓето, Верба во Бог! Само не знам јас од каде толкава омраза кон поповите? а Христијанството не подржува омраза. Тие се оние кои ве крстиле, ве венчале, ве поврзале со Бог. тие го подучуваат народот како да се однесува, го исповедуваат... почит треба малку.. зарем сите луѓе ги ставате во еден ист кош? не. има добри и лоши. така има попчиња што возат скапи коли и имаат скриени намери, има и такви што она што го избрале да го работат, го избрале заради љубов кон Господ. рај, пекол, демони, сето тоа постои, не е измислица на луѓето а не па на стручњаците... тоа ти е како да речеш дека не веруваш во диносауруси оти никогаш не си ги видел. доброто е во постојана борба на злото. Сатаната постојано не‘ искушува, ама со силна верба во Бога ќе успееме да го победиме. и од каде тоа дека религијата е создадена со цел за контрола на луѓето и богатење на верските институции? како прво, пред 2000 години, христијанството први го прифатиле сиромашните, а како второ, тешко дека ќе сретнеш поим верска институција. инаку, што ако ве прашаат дале верувате во Господ? ќе речете да, верувам во Господ. но не сте се доискажале затоа што треба да кажете дека верувате во Господ Исус Христос, затоа што Тој е вашиот Господ. Тој, ги искупи вашите гревови на крстот, а не алах или буда... (нека не ме судадт тие што се декларираат од друга религија, само Бог суди, а јас ги почитувам сите луѓе, без разлика на каква припадност), ама во школо не' учеа дека муслиманството се појавило, нели 622 г., ама пред се' заради хигиена, кај некои племиња, не сум сигурна, ама затоа и обичаите во муслиманството практикуваат хигиенски навики, нели и коранот не смее да се чита од нивна страна ако не се измиени рацете, во џамија влагаат боси итн. инаку чисти и педантни луѓе се, свака им част. исто така учевме и дека пример им бил Исус, тогаш кога се создавала муслиманската религија.. ако нешто грешам, нека ми прости Господ. човек учи додека е жив.
Научниците во шок:Пронајден доказ дека Бог постои! Научниците во шок: Пронајден доказ дека Бог постои! Додека истражувале записи од секвенца на ДНК во човечкиот ген познат како „џанк ДНК“ (поради недостаток на позната улога), научници од Институтот за технологија Вајоминг дошле до сознанија кои ги оставиле без зборови: лингвистички експерти ги идентификувале инфомациите во форма на старо армејски јазик „На првата зора, Бог ја створил земјата и небото“. Научниците велат дека во низи ДНК виделе дупки кои малку потсетувале на кодирање за биолошка функција и носат сличност со примери од човечкиот јазик. Затоа ангажирале професори и им ги дале декодираните сегменти на ДНК да ги преведат. Пронајден е кодиран јазик кој користи низи од 28 независни вредности, употребувани во познатите писма. Епипата од јазични и филолошки научници започнала опсежно да ги подредува пронајдените писма во „џанк ДНК“ споредувајќи ги со каталог од човечки јазици кои постојат. Сакале да најдат слични теми за да можат да почнат да ја обликуваат и преведат пораката која лежи скриена во ДНК. Професорите биле потресени кога откриле дека навистина постои еден јазик со чија помош директно може да се преведен она што е скириено во ДНК-та. АРАМЕЈСКИ. Јазикот во ДНК-та е потполно идентичен со античкиот арамејски јазик. А кога почнале да го преведуваат, лингвистите откриле делови речиси препишани од Библијата. Набрзо лоцирале и цитати. На човечкиот ген PYGB постои јазичен след кој се преведува како „На првата зора, Бог ги створил земјата и небото“. Генот Bmp3 има след кој се преведува во 19 стих на шестата глава на Прво писмо на апостол Павле: „Зарем не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, кој е во вас, кого го примивте од Бога? Не сте сами“. Тоа се повторува одново и одново во текот на целата низа на човечката ДНК. Метју Билдер, главниот лингвист во ова истражување, вели: „Што се однесува до доказот-тој е тука. Ова е по мое мислење непроценливо. Самите зборови на Бога се елегантно вткаени во нашето тело и душа, јасно е како ден. А убавината на ова е дека Бог ги вткајал зборовите и вистината во нашето постоење- покажувајки ја својата љубов и моќ... Незнам што да мислам искрено иако сум атеист
Господ не е човек кој живее над облаците.Господ,Ѓавол не се дедиња кои живеат во рај и пекол.Ако би требало да верувам во ова претходното,тогаш јас сум атеист. Господ е позитивна сила,Ѓавол е негативна сила,Господовата сила шири позитивни вибрации,Ѓаволовата сила шири негативни вибрации.И,тие сили постојат,нема тука дали верувам или не....и,не,не може тоа да се нареше натприродно,бидејќи тоа е дел од природата...тоа е природата(како што вели Папи).Ако ме сфативте што сакам да кажам. И,не велам дека Исус Христос не постоел.Тој постоел,и бил супер човек,секоја му чест.И сметам дека поради хуманоста и добрината што ја носел бил прогласен за „главен“ светец.Но,извинете,не верувам дека тој може да се спореди со таа голема сила.Верувам дека неговиот дух(духовите се круг енергија)кружи околу нас,но тој не е Господ.Истото го мислам за другите светци. И,уште еднаш,ако би требало да верувам во „дедо Господ“,тогаш ке се префрлам во темата за атеисти.Верувам во сила Господ,сила Ѓавол.А,не во дедо и во црвенко со рогови. Барем ова е моето сфаќање.
Не верувам во Господ. Порано верував во Исус Христос зашто така ме учеа моите дома, а секако они веруваа и уште веруваат. Малку пораснав, почнав различно да гледам на работите. Не постојат никакви физички докази дека Господ постоел. Се верува дека религиите се појавиле за да се смири безредието, а во тоа и јас верувам. Верувањето во Господ, во тоа дека Марија го родила Исус и останала девица, дека Господ се јавил, дека после смртта Исус воскреснал.. многу чудно, надприродно, не верувам во тоа Ниту сакам некој да ме убедува дека Господ постои, ниту пак сакам некого да убедувам дека не постои, затоа што секој си има различни сфаќања за работите, и секој има право да избере во што ќе верува, и дали воопшто ќе верува
Јас верувам во Господ и се молам. И јас го мислам истото како една членка шо имаше напишано дека не е потребен доказ за неговото постоење знам и чуствувам дека тој постои. Во најтешките мигови во мојот живот кога мислев дека ќе престанам да верувам, мене ми се случи токму спротивното - мојата вера во него се зголеми. Секој од нас верува во љубовта но не гледам некој да бара доказ - физички,математички или било каков друг (заљубеност и љубов не е исто), па зарем Бог не е љубов. Зашто тогаш би барале доказ за неговото постоење?