Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.483 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. valery15

    valery15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    126

    Ова ти е доказ дека треба да му се верува на бог Исус Христос .
    И да точно е, уште кога ќе не крстат истот тој миг сме дел од христовата црква и имаме извадоци од евангелието, и новаиот завет во нашата крв. Кои ете научниците успеле да го откријат после 2000 години. Да не ви е чудно ова е вистина кога одите кај бајачки тие фактички баат нешто што не ги разбирате. Епа и шепотат на нашите извадоци од евангелието во сопствената крв и оп одма ти е подобро/ Слава му на господ. :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Delilah88

    Delilah88 Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    4
    Без разлика дали некој верува или не, не е лошо да прочита што имам да кажам, и зошто јас верувам во Бог :)

    Тука една поранешна неверничка, сегашна верничка благодарение на две прекрасни личности, без чија несебична помош сигурно друг тек ке имаа настаните. По потекло од семејство на интелектуалци, со либерални погледи и слобода на избор за се во животот. Христијани но не многу религиозни. Имало години како сме оделе во црква само за Велигден. Однапред извинете за долгиот пост.

    Еве вака сега, прво, сакам да се обратам на сите кои што се прашуваат следново: Aко е Господ толку добар зошто допушта ова, зошто допушта она, како дозволи да се случи ова како дозволи да се случи она?

    Господ, не е тој кој го креирал гревот кој носи такво страдање. На Господ наш златен слава му, не му е познат гревот, тоа е нешто што тој не го направил, значи не го створил! Тој страда и седи до нас при најтешките страдања предизвикани од тоа дека некој паднал во грев (пример да земеме еве една мала приказна: човек губи на коцка и нервозен влегува во расправија каде од нигде никаде избива тепачка и смртно ранува некој човек). И сега сите околу нели се прашуваме како бе, зошто Господи ова го дозволи да се случи, како е можно ова, и слично, епа мили другарки ние ја прашуваме грешната страна. И Господ се прашува зошто и страда поради тоа. ВО однос на случајот нашиот Господ Бог не дозволува насилство, туку е најмилостивиот БОг кој према својата љубов кон нас, не учи како да сакаме. АКо ние од мали сме научени на сакање, да имаме совест и страв од Бог, ниекогаш и во најголем афект не би си дозволиле да ескалира ситуацијата до толку да убиеме човек.
    Господ во најголеми таги страда со нас, со семејството на човекот од примерот, и повеќе од него. И потоа како премислостив им надоместува вака или онака со текот на годините. Ниеден о неговите чеда не сотавил така, не ги остава оние кои се повредени во ситуација кога победил оној другиот, кој работи против Бог и неговата креација љубовта. Никогаш кога плачете не сте сами, Господ Бог страда со вас. Тој е толку милостив и не сака, што него го боли тоа милион пати повеќе.

    Или друг случај деца мали, по улици, немаат што да јадат, болни, искинати, и си викаме одма зошто бре ГОсподи барем на децава... Треба да се прашаме дали нивните родители или тој кој ги пуштил овие дечиња така е Господов? дали има нешто верничко во нив, или некој сосем друг ги обработил, му се робови, победил, и како резултат на тоа овие деца се таму надвор?

    Како што знаеме сите Господ не е тука лично и персонално да ги подземе нив, и да ги смести некаде. Тебе ке те натера да размислиш за преку тебе да им помогне, ама Бог сепак ни дава право на избор, ти ако си речеш што јас да им помагам, нека им помогне некој друг што може тој тука? И така преку луѓето тој се труди да им помогне на сите. Ако се оставени од пијани родители ке им допупшта на нив искушенија со цел да се опаметат да ги подземат дечињата, ако не го побараат Бог, тој ке им ја проработи совеста на некои добри луѓе да им помогнат. Како што се мачат тие деца, така се мачи и Бог со нив и моли за помош, и за тоа што нас не учел. Тој не го створи нештото од чиј производ тие дечиња се на улица. Така и за многу други работи и случаеви. Производот или маката во која се нашол некој потекнува од нешто небожјо, каде нема љубов, туку некои лукави работи. Но Бог повторно ке страда со неговите деца кои биле излажани од тој другиот, и ке гледа да им помогне, како и секој татко на свое дете.

    АКо и вие се прашувате како што се прашував и јас, зошто не ми оди пример во љубовта се мачиш врски оржуваш и пак на крај нешто ке се зафкне, тоа ни е за памет. Нешто правиме грешно. Јас лично сум имала 3 врски кои трале и по неколку години. Во ова време мислиме дека е во ред да се прави. сексуални односи се и сешто, и после се прашувам јас зошто вака и пари, и сите домашни на број фала Богу, и пак јас легнувам со плачење?
    Слава му на Бог :) ме искуши да бидам во врска со едно момче кое доста ме измачи психички и физички. Па се намачив убаво, и ми текна чекај ГОспод да го побарам сега зошто не сум паметна сама да се справам со ова што ме снајде. Значи и јас сум самата интелектуалец, девојка со многу отворени сфаќања, се сметам за доста паметна, јас нажалост порано сум исмевала религија, но немоќна да си ги решам проблемите барам помош на друго место. Некогаш и вие што читате и не поддржувате религија животот ке ве доенсе до ситуација каде сте немоќни ви треба помош од нешто што не го знаете, а самото тоа ке ви даде надеж дека има можност да е вистинско.

    Од тој период, пред сигурно 3 или 4 години побарав помош и почнав да читкам околу овие работи. Но не се случи чудо јас да се опаметам наеднаш. Следен дечко пак исти навики. Пак не одат работите во убава насока. Е тогаш повеќе почна да ми работи мозокот. Чекај да не правам ова, чекај да не правам она, и некако работите почнуваат да се подисправаат кога ке воспоставиме контрола што е ок што не. Ние сме како овци некои изгубени, кога сме тивки и не го викаме Бог тој како да не слушне? си пасиме де тука, де на друго пасиште, и пак не сме со стадото среќни. Кога ке го викнеме Бог, тој ке ни го покаже патот, и какво убаво сено за јадење и трло има тој каде што не носи, ама ние како овци си викаме чекај бе што јас да одам сеа пат долг гладна, види тука трева зелена убава ке си пасам. Па ке ни дојде неубаво дека изгубени и сами по некое време, пак ке го викниме Бог, пак ке ни го покаже патот, пак ние по нашето и така се додека скрос не се опаметиме и не му дозволиме да си ја тера неговата волја не нашата. Оти не не ни можеме да замислиме за нас самите такви убавини како што може да замисли Бог. Тојниеднаш нема да не остави да не ни го покаже патот ако ние го бараме да ни го покаже.

    Контрола на ова време воспоставува само идеологија од религија. Морал во ова време се псотигнува само со истото. Ако некој се пронаоѓа во вакви маки, и поторување на истите работи одново, имаат се а пак не се среќни, само свртетесе кон Бог, прашајте, скришно читнете нешто, и да не сте верници чисто како за тест, видете како со тек на време се сменуваат нештата. Така се сменија и за мене, не знам во која насока ке одат, но се заоставено почнува да се средува. Дури и скоро, ненадејно ми се исполни една оамнешна желба заоставена поради ете некои такви глупави проблеми. Ве молам не се полнете со негативна енергија и не трошете залудно време на постови објаснувајќи зошто не сум во право, ако не верувате ок, која сум јас да ви кажам кога бев полоша и од вас, ова е само едно мое гледиште на работите, и лично искуство кое можеби некому ке помогне.

    На крај сакам да напишам нешто за сите оние кои се верници но можеби се многу исплашени од тој другиот, или оптеретени со мисли за него. Да, таа сила си пости точно е. Но не таму каде што луѓето се ок гледаат да помогнат и се трудат да се верници. Не се плашете од ништо, на една столица двајца не можат да седат. Или сте со еднот или сте со другиот.

    Поздрав девојки,
    Д
     
    На EvAngelos, okcenzi, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Јас верувам во Господ, но не сум религиозна, јас сум повеќе духовна личност :)
    Зошто ? Не верувам во учењата на теолозите, поповите и црквата. Зошто? Затоа што учат дека ако направиме грев, ќе бидеме казнети, дека Господ казнува, одмаздува. Сето тоа не е точно. Простено ќе му биде на секој што ќе побара прошка и што има верба.
    Во пекол каде грешниците горат и рај каде се јадат златни јаболки не верувам. Рај е секаде кога се верува во Бога.
    Не постојат ни демони, ни ѓаволи, ни Сатан.
    Тогаш како се случуваат лоши работи ?
    Некој би одговорил, дека Господ не не сака, затоа не оставил на Сатан.
    Тоа верување не е точно. Тие што мислат дека Господ ни сака несреќа, всушност не се верници. За несреќите не е крив ни Сатан, ни Господ.
    Несреќите се од луѓето. Луѓето, што немаат верба, имаат слаб карактер, не се хумани, слаби се, потклекнале пред проблеми, дозволиле да станат негативци, се плашат од Бог, веруваат во демони и сатани итн. сами си создале демони во главата. Тие демони, во главата на луѓето ги прават сите проблеми. Таквото учење е перење на мозокот. Жално е како човекот не е запознаен со работата на неговиот ум.
    Постои само една бесконечна интелигенција, еден Господ безразлика дали го нарекуваме Буда, Исус, Алах или како и да е.
    Да веруваш во Господ, значи да веруваш во себе, затоа што Тој е со тебе и со Него се е возможно :)
     
    На mynameislove и psychic им се допаѓа ова.
  4. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    би додала само дека сето тоа е само една сила која никогаш нема да ја разбереме, другото се те поддржувам ;)
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CrazyCrazy09

    CrazyCrazy09 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Секој има свое размислување, некој верува некој не. Јас сум една од тие што веруваат. :D
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Abaddon

    Abaddon Нов член

    Се зачлени на:
    9 април 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Не, а зошто не верувам би можел да пишувам до утре :D Али почитувам луѓе кои си веруваат :)
     
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Јас верувам во Господ и силно сум убеден, и со разум и со срце, дека Тој постои. И не само што постои, туку и многу нè љуби и заради нас го испрати Својот Син - Исус Христос да се жртвува за нашите гревови и преку Него да можеме ние кои веруваме во Него да добиеме простување од гревови и вечен живот.

    Залудно е да се верува само во Божјото постоење, доколку не се прифати Христос во престолот на нашиот живот, затоа што во Библијата пишува дека и демоните веруваат и треперат (од страв), но таа вера нема да ги спаси.
    „Ти веруваш дека Бог е еден; добро правиш; но и демоните веруваат и треперат.“ (Јаков 2:19, Библијата)

    Но тогаш како и што човек треба да верува или направи за да се спаси? Е мислам дека ова заслужува посебна тема што сега ќе ја отворам и напишам за моите драги и мили феминки :)
     
    На butterfly4, elisabeta, Delilah88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Да, верувам во Господ, како позитивна сила и енергија што живее во нас и насекаде околу нас. И мислам дека повеќето луѓе веруваат во него бидејќи имаат потреба.Човекот е создаден за да живее во заедница, но сите занаеме дека лугето не се совршени и повредуваат, и кога се чуствуваме најосамени и најповредени, ако веруваме во Господ, ќе знаеме дека не сме сами и дека некој се грижи за нас.Исто така, светот е огромен, и за човекот одсекогаш имало нешто непознато, а во природата на човекот е да се плаши од непознатото.Кога Господ е објаснување, човекот едностано се чувствува по безбедно.Со напредокот на науката, многу работи се објаснети, но уште повеќе тајни излегуваат на виделина. Секој човек мора да умре, а кога неговите блиски веруваат дека е на подобро место, тоа ја намалува барем малку тагата.Со верувањето во Господ, иде и листа на принципи и морални кодекси што мора да се почитуваат, а тоа е добро, бидејќи луѓето помалку ќе прават лоши работи.Со ова не велам дека атеистите немаат морал, туку дека е убаво што некој разграничил што е добро, а што е лошо,и мислам дека религијата е таа што ги поставила основите за општите морални вредности што ги имаме денес. :)
     
    На butterfly4 и tessie им се допаѓа ова.
  9. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Да верувам во живиот Бог
     
  10. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Не верувам во Господ! Сметам дека Господ не постои. Библијата и црквата велат дека Господ го создал светот за 7 дена, дека први луѓе биле Адам и Ева. Науката вели дека луѓето настанале од човеколики мајмуни. Па сега Исус според протестантите и католиците и некои православни цркви е роден на 25-ти Декември, а само во Македонија, т.е во Македонската првославна црква е роден на 7-ми Јануари. Кога точно е роден Исус? Пред Нова година или после Нова година? ОК, да го оставиме сега тоа на страна и малце да “разборучкаме“ во црковното верување. Сите го знаеме тоа, дека Господ го создал светот за 7 дена, а Исус е роден 7-2 година пред новата ера, значи Исус е роден веќе од кога е направен светот, па ме интересира мислењето на верниците, кој Господ го направил светот? Кој е тој Господ шо го направил светот за 7 дена? Исус бил? Јехов бил? Сатана бил? Алах бил? Буда бил? И да, Будизмот е најстарата религија во светот, значи ТОЈ е креаторот? Не идат некои работи. Црквата вели едно, науката друго. Јас не верувам во ниедна религија. Едноставно сакам да ми е мирна совеста дека не го лажам тој во кој кажувам дека верувам, како повеќето “верници“.
    Јас сум родена во првославно семејство, со христијанско име, шо ги почитува сите обичаи шо прабаба ми и прадедо ми ги почитувале. Сме оделе на црква еднаш во неделата, најмногу на Недела, со црна шамија на главата и облека достојна за во црква. Ми ја читале Библијата секоја вечер пред заспивање. Кога пораснав сама ја читав. И еве ме сега сум атеист. Ми се сменија некои членови од фамилијата. Сега кај нас се слават и протестанскиот и првославниот празник. Така си го сменив и јас мислењето и гледањето кон работите во кои сум верувала.
    Некои луѓе се плашат да кажат дека не се верници, дека не веруваат толку во Бога, дека ќе бидат настрана гледани од опшеството во кое живеат, дека мислат Господ ќе ги казни, дека нема да бидат прифатени,... И уште многу, многу други причини има зошто луѓето лажат дека се верници!
    И ДА, почитувам само ВИСТИНСКИ ВЕРНИЦИ, а не луѓе шо им текнува да одат на црква само за Божиќ и Велигден!
     
    Последна измена: 1 ноември 2014
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    ^Ти неможеш да процениш и да осудуваш некој дали е верник или не е верник по тоа колку често оди во црква.На пример јас сум верник ама во црква одам на големи празници и кога сакам духовно да се прочистам и не верувам баш во пекол и рај.Не ми е јасно што е со тебе,значи ако не веруваш во нешто немора да им се подбиваш на верниците,јас имам другарка атеист и ја почитувам затоа што секој има право да си верува во што сака и нема сега ја да земам библија и да докажувам дали Господ постои или не.Глупо е на верник да му објаснуваш дека во тоа што верува е невистинито зашто некој луѓе со вербата во Господ си го наоѓаат својот мир и пак ќе кажам тоа си е право и одлука на личноста.
     
    На Emily Dora му/ѝ се допаѓа ова.
  12. spas8

    spas8 Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    Верувам во Господ верувам во Светото Тројство и верувам во живот после смртта.Верувам дека во секој човек постои и добро и зло и од него саамиот зависи на кој страна ке биде.Зошто некој да речеме добри луѓе умираат премлади а некој лоши живеат или зошто има богати или сиромашни некој ке живеат некој ке страдат па дека е тука правдата ако е така треба да е се за сите исто затоа мислам дека мора да постои нешто.Не вверувам дека има безгрешен човек секој греши-вечната борба меѓу доброто и злото, некој повеке некој помалку и секој ке си одговара за своите постапки дали на овој или оној свет не верувам дека со смртта на земјата завршува се,и мислам дека секој заслужува втора шанса,да знаев дека ке страдам ке се мачам никогаш немаше да изберам да се родам.
     
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    1. Господ го создаде светот за шест периоди (во оригиналот е термин кој се користи и за денови и за периоди). Патем „еден ден пред Тебе Господи е како илјада години на земјата“, пее псалмопевецот Давид. За создавањето на човекот е посебна прикаска... Видел некој мајмун некоја банана, се исправил зел еден стап ја чукнал бананата и станал човек... Ајде бре, ако е така што не почнат и кокошките да сеат пченица или пак орлите да си одгледуваат кокошки? Ама ни кокошките, ни мајмуните, ни орлите не се создадени по образот(иконата, ликот) на Пресвета Троица. Само човекот е. (Видете во првите глави на книгата Битие-Прва книга Мојсеева). Уште ова да го спомнам за создавањето на светот. Теориите на Биг Бенгот, на материја и антиматерија се со чист библиски происход, зашто Бог го создаде светот ни од што. Научниците докажуваат постоење на материја и антиматерија, но сеуште никој не создал ни еден протон и еден антипротон ни од што. Бог ги создаде!
    2. Датумот на прославата на раѓањето Христово го дала западната Црква кон крајот на 4. век. Тој е 25. декември за сите. Ерусалимската, Московската, Пеќката, Грузиската Патријаршија, Охридската, Синајската Архиепископија, Полската Митрополија и Света Гора, сеуште го користат Јулијанскиот календар, кој е усвоен на Првиот Вселенски Собор. 25. декември по јулијански е 7. јануари по грегоријански.
    3. Будизмот е вера која настанала околу 537 г. п.н.е., светиот цар Давид живеел во 10. век п.н.е., светиот патријарх Авраам живеел во 21. век п.н.е. Да нема забуни годините пред новата ера одат од поголема кон помала...
    4. Бог Света Троица (Бог Отец, Бог Син-Слово и Бог Свети Дух, Кои се различни по ипостас, исти по суштина) го создаде светот. Ако веќе сте го читале Светото Писмо, не е лошо пак да го отворите и да го прочитате првото зачало од евангелието по Јован и ќе видите и сами кога е роден Господ Иисус Христос, од Отецот пред врмето. Потоа прочитајте ја и првата глава од евангелието по Лука и ќе видите кога е роден Господ Иисус Христос од Пресвета Богородица во времето.
    5. Веројатно поради тоа што ви влегле во семејството некои протестанти, сте ја изгубиле верата. Но, ништо не е изгубено.
    6. Убаво е што сте го читале Светото Писмо, ама лошото е што на толку читање малку сте го разбрале. Патем, ќе Ве замолам ако може да ми напишите неколку Ваши омилени цитати од Светото Писмо. Сигурно сте ги имале.
    7. Луѓето во Бога не веруваат од следниве причини:
    а) поради тоа што се филозофи (оваа група е најмала)
    б) поради својот интелектуален капацитет, а стремејќи се да бидат во групата под а). Овде спаѓаат и големиот број на т.н. комунисти кои немале завршено ни основно образование, а својот некаков успех во животот го постигнувале одрекувајќи се од Бога...
    в) поради својот грешен и неморален живот, не можат да ја поднесат чистотата на Бога и на оние кои ги творат Божјите заповеди.
    Псалмопевецот Давид за сите три групи пее: „Рече безумникот во срцето свое нема Бог, се отстранија луѓето, никој веќе не прави добро“.
     
    На Emily Dora, Serafima, jacqueline.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    За ова со еволуцијата. Мајмунот одеднаш не станал човек, туку мајмунот и човекот имаат заеднички предок. :) Еволуција е процес што се случувал мноогу години и сеуште се случува, и има стопати повеќе смисла од тоа човекот да е создаден од кал. :) За еволуцијата се учи и во соновно, и во средно, па така да ако се проучи ќе се види дека има сосема смисла. Сите си ја разбираат библијата како им одговара бидејќи сите различно размислуваат. Дури и папата се согласува со еволуцијата
    http://www.washingtonpost.com/blogs...ks-theory-of-evolution-says-god-is-no-wizard/
     
    На ku4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    „Не судете, за да не бидете судени!
    Зашто со каков суд судите, со таков ќе ви се суди; И со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери.
    Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, а не ја забележуваш гредата во твоето око?
    Или, како ќе му речеш на брата си: ‘Дозволи ми, да ти ја извадам раската од твоето око’; А, пак, ете, во твоето око има греда?
    Лицемере, извади ја првин гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш јасно, како да ја извадиш раската од окото на брата си.
    Не давајте им го она што е свето на кучињата; Ниту фрлајте ги своите бисери пред свињите, за да не ги изгазат со своите нозе, и да се завртат и да ве раскинат.
    Молете и ќе ви се даде; Барајте и ќе најдете; Чукајте и ќе ви се отвори.
    Зашто секој кој моли, добива; Кој бара, наоѓа, и на оној кој чука, ќе му се отвори.
    Или, кој е тој човек меѓу вас, кој на својот син ако му побара леб, ќе му даде камен?
    Или, ако му побара риба, ќе му даде ли змија?
    И така, ако вие, кои сте зли, знаете да им давате добри дарови на своите чеда, колку повеќе вашиот Татко, кој е во небесата, ќе им даде добра на оние, кои го молат?
    И така, се` што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие така; Зашто тоа е Законот и пророците.
    Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст, и мнозина се, кои влегуваат низ неа.
    Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат.
    Пазете се од лажните пророци, кои ви доаѓаат во овча облека, а внатре се грабливи волци.
    Ќе ги препознаете по нивните плодови. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка?
    Така, секое добро дрво раѓа добри плодови, а лошото дрво раѓа лоши плодови.
    Не може добро дрво да дава лоши плодови, нити лошо дрво да дава добри плодови.
    Секое дрво, ако не раѓа добри плодови, се сече и се фрла во оган.
    И така: ќе ги препознаете по нивните плодови.

    Добро е сега? :)
    Ова ми остави така најмногу впечаток. Искрено ме мрзеше да објаснувам во првиот пост и гледав да заобиколам, да не пишувам многу.
    Си реков дека не сакам да го лажам повеќе Господ, затоа и` се откажав од било каква религија. Дека многу луѓе ќе се заречат за нешто, па не го прават, а така прават и грев. Многу луѓе не го почитуваат Светото Писмо, т.е Библијата, а се нарекуваат христијани. Или уште потрагично е, кога не знаат ни за што се работи во Библијата, а се нарекуваат христијани. Имам сретнато и такви луѓе! Немојте да мислете дека сите се прави верници! Имам сретнато и такви шо одат на црква разгоелни во миничи, деколтиња, и најтрагично е шо само 2-3 пати годишно одат во црква, демек да се просветлиле. Сериозно? Само едно не ми е јасно, како може таков човек да се нарече себе си верник?
    Жив човек сум, грешам! Да, млада сум, не знам декој работи, признавам! Етиката учи дека луѓето не треба да возвраќаат на ударите, ниту пак еден човек дека знае СЕ! Јас само гледам да си се придржавам на етичките правила и го правам тоа шо и постарите членови од семејството мислат дека е најправилно за мене и за брат ми!
    И убаво ви кажа Јои „Сите си ја разбираат библијата како им одговара бидејќи сите различно размислуваат.“ Исто мислење делиме! :)
    (и не знам како да цитирам, одвај се снајдувам) :)
     
    Последна измена: 3 ноември 2014
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Римскиот папа Франциск и неговиот претходник папата Венедикт 16., ја признаваат еволуцијата, но само еволуцијата на животните и растенијата. Дури и Светото Писмо се согласува со тоа (Бог и` наредува на водата да создаде живот, ви текнува на коацерватната капка?). Но, човекот како круна на созданието е создаден лично од Бога и за разлика од сите други животни има ум, разум, можност да размислува, да знае што е добро, што е зло, да расудува итн.
    Инаку и јас сметам дека еволуцијата е реалност, како продолжеток на Божјата креативност, но знаејќи и хемија и теорија на веројатност, не можам да верувам дека туку така си настанал животот. Се шетале неколку молекули и си рекле дај од утре ќе живееме заедно во една клетка, па после некое време тие клетки се поделиле и почнале да се организираат во ткива, па во органи итн... Па само видете го начинот на кој размислуваме... Толку е комплициран, што ни хемијата, ни физиката не можат да го разјаснат до крај до ден денешен.
     
  17. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Религијата е триумф на ирационалноста, на стравот (пред се од смртта) и на покорноста, иако во одредени случаи може да има утешителни или терапевтски ефекти.
     
  18. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Ја поддржува еволуцијата општо и теоријата за големата експлозија. :)
     
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Малку ти се измешани поимите. Викаш си ја читала библијата, ама погрешно си сфатила.
    Прво Исус е роден ПРЕД Нова Година во сите христијански религии, а тоа е 25ти Декември. Ако сте биле православни верници сигурно сте имале календарчиња дома и гледаш дека има два календари стар и нов. Православната Нова Година е на 14ти Јануари, или Стара Нова Година/Василица.
    Друго, Господ го создал светот во 7 дена, или 7 ери. Не треба се да се толкува буквално. А ако размислиш и науката не учи слично, т.е. редоследот на креирање е речиси идентичен со редоследот кој го кажува науката (небо, светлина, земја, вода, растенија, животни и на крајот човек).
    Кога набројуваш имиња, малку мешаш баби и жаби. Алах значи Господ во превод, а е исто. Од друга страна Исус, Мухамед, Буда итн. се пророци, испратеници од Господ на земјата, или да речеме Господ слегол на земјата ПРЕКУ Исус, Буда... Светот го креирал Господ/Алах, а не Исус или Буда.
    Науката и религијата ги кажуваат горе долу истите работи само со различна терминологија. Теологијата вели Бог, науката вели Енергија.
    Муабетот ми е, не мораш да веруваш, или може човек да верува во што сака, само ме збуни дека рече си била растена со Библијата, а во старт гледам дека ги грешиш сите поими. И не мислам дека се плашат луѓето да кажат дека не се верници, туку сега има некој тренд да се горди ако се атеисти и да им се потсмеваат на верниците, како демек види ги глупиве веруваат во глупости. Јас се почесто сретнувам луѓе кои ме ругаат дека верувам во нешто 'што било измислена глупост', и што не верувале во нешто дури не го виделе. Не, не сум глупава што верувам, и воздухот не го гледам, па знам дека постои. И убаво ми е кога ќе се помолам пред легнување и се заблагодарувам на Господ за тоа што ми е дадено, и да кажам молитва за здравје, љубов и мир. Кога сум била во тешки моменти сум се молела со цело срце, и со верба дека Господ ќе ми помоgne, и никогаш не се случило да не ми биде возвратено на моите молитви. Епа затоа верувам :)
     
    На Gordana10 и ku4ence им се допаѓа ова.
  20. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    секако дека верувам .. и секогаш на крајот од денот одвојувам време да му се помолам за здравје и да му се заблагодарам за се што имам