Вака значи не сакам да се карам ни најмалце да се трошам време на нешто шо уште не е докажано стварно ми е безвеза губење време! Значи јас не верувам, не верувам во ништо, па кој и да го создал светот, па и не знам шо да било, и да сме биле од песок и ребро или не знам таму уште шо не изначитав, или да сме биле створени од мајмуни, стварно ми е безвеза дека сите си ги имаме сфатено работите како шо на нас ни одговара! А ако не прифаќате и друго мислење ок, јас научих нешто од вас, може и вие од мене, така да, човек не може да знае се, ок? Јас мислам дека оваа е правилно и на това ќе си останам! Исто и за вас! Секој си има право да си бира шо мисле дека е подобро за него и како да го живее живото, бидејќи сите сме различни! Поздрав!
Пред неколку години со една блиска особа полемизиравме на тема:" Дали веруваме во Господ?" И така си правиме муабет, јас со свој став, таа со спротивен став. Mи вели:" Како да верувам во нешто кога не го гледам?" " И љубовта не се гледа ама се осеќа нели!? А Бог е љубов. Замолча, се подзамисли и мислам дека го продолживме разговорот во друга насока. После неколку месеци и се јавувам и ми кажува дека оди во црква да однесе масло (така прават кај нас се смета нашто како дар), детето и беше нешто болно. Понатаму не сакам да кажувам што, како, зошто дури сега сватив дека тогаш сум се возгордила кога ја прашав зошто носи масло на црква. Поентата е дека не треба да го бараме Бога само кога ни е тешко, туку и во радост да си спомнуваме и да му благодариме на тие среќни моменти.
Без да навредиш, а од друга страна велиш “чиста глупост“! Можеше само да кажеш дека не веруваш и толку, но ти сепак имаш остра мисла. И, кога кажувате зошто не верувате барем образложете.
Да верувам, верувам дека ние потекнуваме од Бога и дека има живот после смртта, едноставно е не се објаснува...
Не. Искрено не верувам ниту во господ ниту во ништо слично. Религијата со сигурност не е она што ни ги дава одговорите на тоа како настанал светот и како постоиме ние. а верувањето во господ и не помага многу во животот, барем не во мојот. Несакам да навредам никого ниту да го убедувам, кој сака нека си верува, мене тоа не ми смета, но јас неможам
Лугето се склони повеке да веруваат на лагата, или на некој што ги лаже одколку да веруваат на вистината. Тие што не веруваат во Бог, се надеваат и веруваат во човек, и после се чудат зошто и од каде ги снашло изневерувањето, зошто тоа им се случило?! А како би очекувале Бог да ни помогне во животот ако не веруваме во Исус, кој никого не изневерил!
Да верувам во господ иако не ми цветат рози во животот сепак сум посилна кога преку молитва ке ја искажам целата своја тежина од внатрешноста на душата само така можам да искажам се и да ми е полесно. Нажалост во денешно време не останаа пријатели на кој можеш да се искажеш или довериш а преку молитва можеш целосно да ја отвориш душата сепак секој со свое мислење и став
Јас верувам во Бога. Сеуште сум тинејџерка,но мојата верба е силна и редовно одам во црква. Имаше периоди кога се предомислував,но сфатив дека повеќе му верувам на своето срце отколку на „доказите’’ дека Бог не постои.
Тoa штo зa тебе е лaгa, зa некoј друг е вистинa. Акo зa тебе библијaтa нa пример е светa и ги нoси oдгoвoрите нa сите прaшaњa, зa некoј тoa е oбичнa стaрa книгa. Секoј мoже дa си верувa вo штo сaкa, зa секoј вистинaтa е рaзличнo нештo. Нo не ги oсудувaјте тие штo не верувaaт, тие еднoстaвнo пo рaзличнo рaзмислувaaт. Темaвa е зa дa кaжете дaли верувaте или не и зoштo, a не дa им сoлите пaмет штo не рaзмислувaaт кaкo вaс.
Во просек земено верниците наметнуваат повеќе стереотипи од атеистите. Што е најтрагично пола од нив библијата ја немаат прочитано, а ниту заповедите ги знаат. Ајде на пример вака, јас имам еден замислен пријател со кој си зборувам, кој ме слуша, кој ми помага и на истиот му се молам. Ааа будала сум? И порано имам коментирано тука дека често се претставувам како верник иако не сум.
Не верувам веќе долги години и не е од помодарство едноставно не го чуствувам него или неговото присуство подршка или љубов. Тоа е единствената причина, нели секој си го носи бог во срцето и само тогаш си вистински верник.
Верувам со цело срце и душа во Господ Исус од малечка , иако ке бидам искрена , ми се случувало кога сум во маки и проблеми место да му се помолам него јас сум го обвинувала и прашувала зошто тоа ми се случува мене, како растам сваќам дека сум грешела, ако не е Господ ние сме никој и ништо... ајде објаснете како ќе сме постоеле инаку, која сила ќе го движеше светот и нас? науката ? аха да , НЕ САКАМ ДА НАМЕТНУВАМ НИШТО,МОЖЕБИ СУМ ГРЕШЕЛА ИАКО СУМ ХРИСТИЈАНКА, сепак човечки е да се згреши колку и да сакаме не може да сме безгрешни и не заслужуваме таква светост и чистост зборот ми беше , секој има свое мислење да , реков нема да наметнувам ништо ама се ежам кога читам и слушам дека постојат атеисти, тоа се несебични и неблагодарни луѓе кои забораваат на кој начин дошле тука и го дишат овај бесплатен воздух .. луѓе пак ке речам не оправдувам да се греши и да го обвинуваме Бог кој не заслужува таво нешто, но дајте да бидиме подобри дајте да се сопре омразата , братоубиството, проституцијата, атеизмот , сменувањето на пол и слично. Кога би можела да го сменам правецот на светот добро знам во кој правец би наметнала да оди човештвото... извинете на долгиот пост и ако не се сложувате со мене не мора да ме нападнете веднаш
Верувам во единствениот Господар на световите. Верувам дека Тој ме создаде како и сите нас. Верувам дека е Моќен и Силен,Милостлив и Свемилосен но и строг казнувач. И верувам дека се што се случува се случува со Господовата волја и одредба.
Како може истовремено да биде Сèмилосен, милостлив а од друга страна строг казнувач??? Некој што е милостлив нема да казнува ниту ќе биде строг, туку ќе биде полн со разбирање, добронамерност и љубов.