Daleku od toa da ne nervira toa. Tuku ne e vo red koga nekoj se sporeduva so Bog ili se pravi nad nego. Ccc jas ne sakam toa ni da go pisuvam, a uste pomalku da go zboruvam ili mislam. Togas bi bila izgubena. Pa se sto imam mi e od Boga dadeno, za se edno nesto za sto mu se imam pomoleno na Boga, Isus Hristos ili Bogorodica mi imat dadeno. Gresnik sum i toa najgolem od site. Samo mu se molam na Boga da mi ja zacvrsti verata bidejki sum gresnik.
Се сложувам со тебе.Секој си има прво на свое мислење,секој си верува во нешто.Дури некогаш помислувам дека темава е малку деликатна за навлегување во неа.
Kolku poveke mu se protivreci na nekoj sto ne veruva,kako voslucajov,tolku poveke mu dozvoluvame da go zema za potsmev ona sto za nas e sveto. I sama rece deka duri ne ti se ni zbori okolu toa.Toa i mi bese poentata na postot. Neka ne veruva covekot,negovo pravo.
Знaчи некoј вo темaвa кo пише aкo е верник, никoј ништo не му викa. А aкo некoј пише декa не верувa вo Гoспoд, сите му се нaфрлaте, ги прaшувaте зoштo не верувa и слични глупoсти. Кaкo ќе беше aкo сите aтеисти ги цитирaa верниците. Спојлер Инaче нa некoј нaчин и христијaнствoтo е сектa. Си имaлo религијa јудaизaм, и се пoјaвил чoвек штo тврдел декa е син нa Гoспoд. Бил мнoгу дoбaр чoвек, им пoмaгaл и ги учел луѓетo. Дoбил приврзaници, нo не бил прифaтен oд другите евреи. Oтпрвен не ни билo пoсебнa религијa, нo сo ширењетo нa негoвoтo учење, приврзaниците кoи не биле прифaтени oд другите, си стaнaле пoсебнa религијa Инaче и мене мaлце не ми јaснo oвa сo пекoл и рaј. Oд кoј мoмент нa евoлуцијaтa луѓетo не се живoтни, туку луѓе сo душa? И дaли рaјoт и пекoлoт се бескoнечнo гoлеми и уште се згoлемувaaт, oти мнoгу луѓе умирaaт и ќе умирaaт, брoјoт нa души се згoлемувa..
Ако прочиташ наназат ке видиш дека за нас верниците има бунтовници и исмејувања за тоа што веруваме ,а и гледам дека пеколот го замислувате како во прикаските нисто не ви е јасно и викаш дека Исус бил секта а знаеш дека секташите се занимаваат со материјални работи и те заведуваат со нив па ептем бе луѓе забегавте
Ете така. Не знам зошто се отвори толкава дискусија за лична одлука, само прифатете го туѓото мислење Подеднакво ми се лоши и верници и атеисти кога пробуваат да го наметнат својот став. Исто така, не знам што е толку тешко да се сфати дека атеистите не се деца на ѓаволот и може да бидат супер луѓе, само што наместо по божјите заповеди, се водат по своите морални вредности.
Сепaк oсудaтa кoн неверниците е пoгoлемa. "Секта (лат.secta и лат.sequi и под влијание лат.secare) е издвоена или затворена група на луѓе, која цврсто ги следи своите правила.Најчесто сектата се формира наспроти основната група од која потекнува, развивајки учење, која по верувањето на членовите на сектата е исправна во однос на учењето на основната група.За сите членови на сектата е карактеристично да имаат цврста организација и единствени обавезни ритуали.Во еден број монотеистички религии, секое отстапување од прокламираните догми, се прогласува за секта. Инaче еве штo е дефинирaнo кaкo сектa(се извинувaм штo е нa срски, немoжев дa нaјдaм нa мaкедoнски). Рaнoтo христијaнствo oдгoвaрa нa oвие дефинирaњa, сaмo штo се прoширилo дo тoј степен штo стaнaлo религијa. Религијa е зaрaди брoјoт нa следбеници. Мoрaв дa гo спoмнaм oвa бидејќи тукa некoј ги нaрече aтеистите сектaши. И дoстa сo тoa aкo не верувaш вo Гoспoд немa дa ти пoмoгне. Тoa е кaкo дa му речеш нa вoзрaсен чoвек aкo не бидеш дoбaр, дедo мрaз немa дa ти дoнесе пoклoн. Еднoстaвнo не верувaaт вo Гoспoд, немa никaквo знaчење зa нив.
^ Лош ти е изворот Joi. На латински секта и sequi не значи тоа туку значи следба. Следење на некого или некоја идеја - било да е верска, филозофска или политичка. Но во денешно време тој збор се сфаќа во негативна конотација. Повеќепати го имав ова објаснувно во темата „Секти„.
^Тоа е дефиниција на некои црковни теолози која нема врска со реалноста. Едноставно има побројни и помалубројни верски заедници и религиозни групи. Може за мене со EUROCREM наместо Nutella? Благодарам.
Тоа е дефиницијата која ја памтам од средно по социологија и тоа е се што имам читано на темава, не можам да дискутирам затоа што толкаво ми е знаењето Како и да е, атеисти дефинитивно не се секта. Повеќе нутела за мене <3
^За цитирање википедија низ угледните универзитети се паѓа на испит. Но кога веќе ја спомна википедија прочитај ја англиската верзија за истиот збор (Sect) има многу побогато и покоректно објаснување. Инаку за темава, забележувам дека од една страна ние верниците се чувствуваме како адвокати на Господ, па трчаме да го браниме од неверниците а најчесто тие не го ни напаѓаат туку само искажуваат став: верувам-неверувам. Господ е доволно голем - Најголем, и нема потреба да се брани и докажува. Од друга страна и атеистите умеат да ги ставаат во ист кош сите верници и религии, иако има верници кои не веруваат во работи како што се пекол, зејтин за простување, аџилак и сл.
Кој разумен родител кога ќе го види своето детенце како фаќа во штекер или пак се качува на стол, а е премногу мало, нема да го искара, па дури и мавне по рачето или на друго место?! Тоа всушност се случува и со Бог и нас луѓето на земјата. Тој не е тиранин кој би ја тероризирал слободната волја на човекот, туку само му укажува на својата грешка. А другото не зависи од Него, туку од човековата слободна волја. На истиот начин како и малечкото детенце кое се’ би направило, само да биде по негово. А ако падне или нешто друго се случи, тоа не е резултат само на невниманието на родителот, туку тука придонесува слободната волја. И во контекст на ова, како што мнозинството повеќе го обвинува Бог за некое убивство, не е Бог кој го земал пиштолот или кое и да било оружје. И наместо да го обвиниме Него, зошто тоа се случило, зошто никој не се обвинува себе си за своите постапки. Бог сигурно не му дарил со сила дрога или алкохол или не знам ти што на убиецот кој тоа го сторил. Тоа е она што е збунувачко кај луѓето кои не веруваат. Од друга страна стравот Божји не е ништо друго, освен љубовен страв. Па така, како што еден вљубен човек во својата сопруга, нема никогаш да ја изневери, така и човекот истото го прави само во однос на Бог. И тука всушност не владее стравот дека човекот доколку ја изневери сопругата, дека тој се плаши бидејќи ќе го натепа, туку тука е првенствено љубовниот страв. Оној страв да не ја изгуби љубената и се што прави во животот прави само таа да биде среќна покрај него. Ова е вистинскиот Божји страв, кој исто така е уште едно камече каде се кршат безброј стрели. Додека пеколот и рајот се само самоопределба на човекот. Бог убаво кажал, тоа постои. Но тука преовладува човековата слободна волја, а за некој ако биде еден ден таму или таму, тогаш не е виновен ни Бог, зашто човекот бил доволно свесен кога правел извесни неубави нешта (гревови) во својот живот. И воопшто не се согаласувам со тезата дека верниците повеќе напаѓаат. Ајде да бидеме малку пореални и да ја видиме од почеток дискусијата. Да се навратиме страна наназад. Посебно го потенцирам постот на @ddevojce , како жената без ничиј став да биде повреден го кажа само својот став дека свештеникот не ги кажува напразно проповедите. А самата проповед е плод на знаењето на Бибилијата, а не обратно. Но, за жалост потоа таа беше нападната, а таа никој не нападна. И не можеме туку - така да констатираме дека секогаш оној кој верува секогаш го напаѓа оној кој не верува во Бог. Кога реалноста сосем нешто друго отсликува. Повеќе има смелост човек атеист да се смее на нечија вера или да прави шега од она што е свето за другиот, отколку човекот верник, кој сигурно нема да застане пред сите кои не веруваат и да им проповеда дека заради своите гревови, тоа и тоа ќе им се случи. Но сепак секој си знае. Нека си прави со животот како што му е мило. Но ни малку не е вкусно кога некој се омаловажува заради својата вера. Без разлика на неа, тој човек кој тоа го прави фактички не го почитува човекот. Зашто ако го почитувал, од љубов кон него и за воопшто да не се почувствува тој навреден и повреден, тој тоа сигурно нема да го каже. Ова важи и за обратно поставените личности. Секој си знае за себе . И јас сум за тоа почитување на сечија определба и тоа премногу го почитувам. Но реланоста е далеку посурова, бидејќи баш верата боди очи кај другите. Тоа е нажалост многу повеќе од јасно. Во безброј ситуации сум го искусила тоа. Од сопствено искуство.
@galapce @elisabeta @ddevojce алал да ви е ме изнасмејавте само што не се задавив во муслите што ги јадев за појадок додека ги читав вашите постови хахахахаха Каква врска има таксист и лекови од аптека со верување во Господ. За крај ако можеби постои Господ според мене треба да ја има најголемата смисла за хумор воопшто. П.С. Најголемата причина поради која не верувам во бога е чувството на вина кое се наложува. Зошто за моите постапки да чувствувам вина и страв од некое битие? Едноставно ако мислам дека на некој сум му погрешил ќе му се извинам и тоа е тоа, таму почнува и таму завршува.
Абе никој никого не може да (раз)убеди. Предрасудите и надмудрувањата не не` прават победници во дебатава.
За себе ќе речам дека верувам.Не сум некој голем верник,знам дека сум грешна,но исто ќе ви кажам дека од срце се трудам да останам доследна на она што не учи Бог, баш како што опиша Serafima. Како родител, свое чедо, така и гледам на тоа. Сепак ќе се осмелам да ве прашам вас што не верувате? Кој е творец и госпадар на земјата и вселената? Што ви дава сила,надеж, и трпение во најтешките моменти од вашите животи? Кој ве води,низ животната патека? Зошто сте дел од овој можеби навидум несовршен свет? Која е целта на вашето постоење? Кој ве создал? Кој ве штити од лоши работи? Нели се обидувате да си одговорите на овие прашања? Кои се вашите одговори на овие прашања? никого не го убедувам,само прашувам. Спојлер Не ми се коментира повеќе на оваа тема
BoneMachine а ти пак што не исмејуваш нас верниците, ако не веруваш, не верувај, значи мнозинство во светов што веруваме во бог сме глупи, а другите демек во модерен некој си свет паметниковци.