Па ок каде реков дека нема? Али исклучоци бе... Незнам мене сето тоа ми делува како еден вид контрола. Јас почитувам ваш став али ете поинаку мислам
Мене тоа што се чувствувам како Христијанка никогаш не ме спречило да ги почитувам другите религии и да немам предрасуди. Посебно коса на глава ми се крева кога ќе слушнам некој стереотип или генерализација. Токму религиозните чувства како заедничка карактеристика треба баш напротив, да ни` ја изразат емпатијата во однос на религиозните чувства и нивното повредување на другиот. Така мене ми изгледа логично барем.
Истата контрола се надевам дека ја имаш и ти само не под притисок на верата. Тоа се морални и етички ограничувања кои без разлика дали си верник и атеист ги почитуваш.
Глупаво е да му ги отвораш очите на слеп човек, кој не сака да прогледа .. ќе прашате зошто ? се имам изјаснето дека со цело срце верувам во Господ, иако грешам, и не се придржувам во целост до Божјите начела, не го оправдувам грешењето, ама Човечки е да се греши, колку и да се стремиме да бидеме безгрешни и совршени не можеме, бидејќи тоа го може само ТОЈ , Господ Севишниот !!! Е сега да се надоврзам на првата мисла за тоа дека слепиот не може да прогледа , доволен доказ е гласањето на фемина, па видете бре луѓе околу 900 се изјасниле дека веруваат, замислете колку има само што не гласале ,а веруваат,бројката би била бесконечна Па овие атеистите претеруваат веќе мајке ми, се обидуваат со цела сила да разубедат дека не постои Господ, барем ние до толку не ги напнуваме во спротивното... се водат со некоја, сила , наука, технологија и незнам ти што,а од кој е таа наука или технологија овожможена? сигурно од Чарлс Дарвин или Никола Тесла , или Ајнштајн, или Мадона , Лејди Гага ...не е од Господ во никој случај!!! берете ум луѓенца
какосе две различни работи?ако знаш што навистина претставува бог дека не е човек со бела брада ке разбереш ,ама изгледа некои личности бираат да не се пробудат целиот свој живот, ај поздрав сега имам попаметни работи во животот да завршам него да му објаснувам на некој да сфати за бог што навистина значи па плус и на форум
Тебе не, али моето мислење е оформено од поголемиот дел од светот. Не размислуваат сите така. Некој ги гледа припадниците на туѓи религии како да се најголем непријател. Дури и на форумов имам сретнато такви.
Поентата на форум е да се дискутира. Скроз е различно верување во Господ со верување во тоа дека таксистот има возачка. Толку е бизарна споредбата што не знам ни како да ти објаснам зошто му верувам на таксистот. И не му ни верувам на секој таксист, кога сме веќе на темата, се јавувам во проверени такси компании. А ако гледаме веќе така, како веруваш на било кој човек? Тоа нема врска со верување во Бог.
Точно. Што уште еднаш потврдува дека религијата е за грешниците. Сите различно ја практикуваме верата, кој правилно, кој погрешно, дали сите погрешно или сите правилно на свој начин, ќе дознаеме.
нема врска затоа што не сваќаш ,ајде бе има возачка ок, од каде си сигирна дека нема да ти наштети ?имаш за тоа доказ? па секако дека има врска ти му веруваш на еден обичен човек кој незнаеш што ти мисли а не му веруваш на бог кој те сака
Да, затоа што е вработен во такси компанија. Ако се прашуваме вака за секој човек дали сака да ни наштети, треба дома да седиме цел живот, затоа што било кој човек може да ни наштети. И каква врска има тоа со Господ? Еве јас им верувам на луѓето, ама се уште не верувам во Господ.
Не можеш да сватиш и тоа е. Не беше работата да не му веруваме на никој како ти што свати , и ако не веруваш во бог ти не веруваш во љубов ,во среќа во мир е па тоа е бог ,ти навистина бог си го замислуваш како човек со бела брада во кој не веруваш
е па тоа е бог ,од кај произлегува лубовта и среќата и мирот кој ги создаде нив ајде кажи?Или така си дојдоја од нигде никаде за ние да си бидеме среќни љубени и во мир туку така случајно.
Како тогаш ќе ги објасниш војните, примирјата, љубовта, лутината и pretty much сите нагони/емоции од кои биле водени луѓето пред појавата на Христијанството?
Па од почетокот на човештвото постои доброто и злото и тоа е вечна борба самите личности си бираат во што ке се навлечат .Злото е на земјава во која бог не прати да го шириме доброто тоа е нашата цел што сме тука
Во никој дел од текстот не се демантирам освен во тој каде што пишува дека дискусија не се води со "ме мрзи да пишувам"(жива вистина понекогаш навистина ме мрзи да пишувам). Не мислам никој да преобратам нити да заменам нечие мислење(освен некои), само си го искажувам тоа што ми лежи на срце. Еве повторно ми се навираат солзи, солзи од смеење. Овој пост ќе гледам да ми е последен, стварно ме мрзи да пишувам.
искрено порано верував во господ, но поради многуте работи кои ми се имаат случувано и сеуште се случуваат пестанав да верувам дека постои бог.