Па ти си била залутана овца. Поради истата причина не одам во црква, се мислам дека некој поп ќе ме плесне по газето.
Не се срами, цитирај ме. xD А Богот во кој ти веруваш, колку човештвото ли е стар? Немој само со она „Бог е вечен“, ау... Испаѓа дека Бог само позитивните емоции ги создал, што е тогаш со неубавите и зошто тој не ги елиминира истите со својата семоќност?
Калиопе, се надевам нема да ти пречи одговор од мене. Уште еднаш напоменувам, ниту еден мој пост не е со цел убедување/разубедување/дискриминирање од каква и да е причина. Само едно несовршено мислење од тоа како јас како Христијанка гледам на некои прашања според она што сум го прочитала и разбрала. Па да, Бог постоел отсекогаш, според Христијаните, тој го создал светот за шест дена. А тоа зошто ние страдаме на земјата е многу поврзано со гревот на Адам и Ева. Сите наши страданија произлегуваат оттаму. Од болките за време на породувањето до болестите и војните и ограничениот живот. На Адам и Ева им бил даден вечен живот, но поради нивните гревови, тие и нивните потомци се смртници се` додека не го заслужат Небесното Царство. Да, Бог има сила сите зла да ги спречи, има сила и да не` спречи во секоја наша грешка. Но, Тој на човека Му дал слободна воља. За да преку неа греши и се учи од грешките и се искупува за нив. И веруваш затоа што чувствуваш дека така треба и дека се пронаоѓаш во тоа. Затоа се вели вера, а не наука, теорема, aксиома и што и да е друго за коешто треба докажување. Или го носиш тоа во себе или не. Тоа те прави само поразличен од оние коишто не веруваат, не те прави ништо во компаративи или суперлативи. @crimson , се согласувам со табелата со тоа што можеле да стават поделба правилни/погрешни причини да се биде атеист, затоа што навистина постојат луѓе коишто ради помодарство и слични глупости се декларираат како атеисти. Истото е и со декларираните верници од исти причини кадешто средината дозволува верата да биде тренд. Како што на пример, имаш особи коишто не јадат месо бидејќи ги сакаат животните и нејќат да ги повредат, а немаат проблем да носат кожни чизми, затоа што им се покомотни.
calliope за да сватиш што е навистина бог треба да пишам цел реферат тука а за тоа немам време да разубедувам некоја феминка имам попаметни работи што реба да ги направам поздрав имај убав ден
Bog e bespoceten. Razumot na covekot nemoze da go svati toa. Religijata uci ljugeto da se sakat i pocituvaat megjusebe. Bog rekol "LJUBETE GO BLIZNIOT SVOJ KAKO SEBESI" Koj ni e blizen??? Site rodnini,prijateli ,poznanici. Ke nemame neprijateli ako eden so drug se ljubime. @Bah ti rece od grev do grev ima razlika?! Sekoj go gleda trnot vo okoto na drugiot, a nikoj ne si ja gleda grankata vo negovite oci!
Te molam prociti go ova: СЕ ШТО ПРАВИ БОГ, Е СОВРШЕНО! Eден крал кој никогаш не верувал во Божјата добрина имал роб кој во сите околности би рекол: “Кралу мој, немојте да бидете обесхрабрени, бидејќи се што прави Бог е совршено. Тој не прави грешки.“Еден ден отишол на лов и по патот диво животно го нападнал кралот. Неговиот роб успеал да го убие животното,но не успеал да го сочува кралот да не го изгуби својот прст. Налутен,и без трошка благодарност што беше спасен,кралот прашал: “Дали е Бог добар? Ако е добар, јас не би бил нападнат и не би го изгубил прстот.“Робот му одговорил: “Кралу мој, и покрај се, јас само можам да ви речам дека Бог е добар и Тој знае зошто тоа се случило. Се што прави Бог е совршено. Тој никогаш не греши.“Бесен поради ваквиот одговор, кралот наредил да го уапсат робот и да го затворат во темница. Покасно, кралот отишол на лов, но овојпат сам. Го фатиле дивјаци кои се занимавале со жртвување на луѓе. На олтарот за жртвување виделе дека пленот нема еден прст.Во склад со нивните обичаи, само цела личност со сите свои делови може да биде понудена на боговите. Кралот без прст се смета за лоша жртва за нивните богови. Поради тоа, го ослободиле кралот.По враќањето во палатата кралот наредил да се ослободи робот. Го примил радосно и рекол: “Бог навистина беше добар спрема мене! За малку ќе ме убиеја дивјаците, но за среќа што немав еден прст, бев ослободен.Но имам едно прашање: Ако Бог е толку добар, зошто дозволи да те ставам во затвор?“Робот одговорил: “Кралу мој, да дојдев со тебе на лов, ќе ме жртвуваа мене, бидејќи јас не сум без прст. Запомни, се што прави Бог е совршено. Тој никогаш не греши. Ти даде да ме ставиш во затвор за да не би дошол со тебе на лов.“Често се жалиме во животот на негативните работи кои ни се случуваат, заборавајќи дека ништо не е случајно и дека се си има причина.Секое утро предај му го својот ден на Бог, немој да бидеш во брзање.И не се плаши, Бог никогаш не греши!
Gospod bava, ama ne zaborava. Zatoa i prikaznata na krajot veli, predaj mu go denot na Gospoda. Moli se na Boga sekoja vecer pred legnuvanje odvoj pet miniti, ke vidis deka Bog ke te slusne. Ne se otkazuvaj od Bog, toj znae zosto se slucuvaat nekoj raboti. Aj zaprasaj se, dali vo tie 20 god.nema navistina nisto dobro vo tvojot zivot. Kolkupati se imas zablagodareno na Bog za novoto utro i za krovot nad glavata sto go imas. Mozebi Bog te iskusuva!
Пред се морам да се изјаснам како мислам дека не гледаат луѓето кои не веруваат или се во дилема, нас кои што веруваме во Бог,можеби и од тоа излегува револтираноста.Сигурно си правите слика на заблудени луѓе кои слепо веруваат во нешто и не сакаат да чујат за ништо друго,луѓе кои сакаат да си го олеснат животот оправдувајќи се преку Бог,го кажувам ова зошто знам дека од таму произлегува се,го заклучив тоа по коментариве а знам дека тоа не е така барем за мене не е а верувам дека и за многу од форуџиките тука.Многу се смеам кога ќе прочитам дека некој бил либерте дека имал слободна волја да прави се што сака и не се води според никој.И јас имам слобода да правам се што сакам тоа е моја одлука,Бог во кој јас верувам не го оспорува тоа.Најважно е како ќе го направиш тоа што го правиш,најважни се мислите.Секој потег е наша одлука,одсекогаш постоело доброто и злото и сите сме сведоци на тоа колку и некој да негира.Во ова не ја мешам религијата.Јас како моја религија избрав да верувам во Исус како пратеник,јас не сметам дека тоа што го пренел Тој е нешто погрешно,зар е погрешно да се сака?прости?сочуствува?....Јас нема да си го направам животот поубав ако некој ми згрешил нешто и јас треба да се одмаздам за тоа или да бидам гневна,не викам не живееме во тешко време каде што таа борба станува се потешка и многу е тешко да останеш ЧОВЕК,или според некои од вас јас треба да правам се што ми прдне на газот а може секој,ама тогаш не би биле тоа за што сме ,,наменети'' кај би ни бил крајот.Ќе кажам дека ги почитувам сите религии иако сметам дека еден е Бог,само пратениците се различни а истото се проповеда. НА КРАЈОТ СИТЕ СМЕ ПРЕМНОГУ СОВРШЕНИ ЗА ДА НЕ БИДЕМЕ ОД БОГ.
па зарем ние што не веруваме во бог се одмаздуваме на сите што ни згрешиле, немаме позитивни мисли како се ќе биде добро или нешто слично, зарем ние не знаеме да сакаме, кога ќе згрешиме на некој не се извинуваме. ти кажуваш дека тие што не веруваат во бог или како и да гонарекуваат по другите религии се бесчувствителни суштества кои само мразат, расмислуваат на одмазда, дека не сочувствуваме со останатите? па на крајот на краиштата ако не веруваме во бог не значи дека сме чудовишта
Секако дека оттаму произлегува револтираноста, причина што се мисли нешто што нема, истото се тврди како точно.Ако некој верува во Бог, не е заблуден, секако дека е нормален човек, кој прифаќа туѓи мислења, кој не е којзнае каков, некој чудак.Така да, се тврди нешто што не се знае, па се осудува и сл. Мене тоа расудување ми е крајно не логично, смешно.А ниту пак сум помислила за оние што веруваат во Бог, а и за оние кои сметаат дека се атеисти, дека еве така речено двата типа на луѓе, не се образовани и сл., баш напротив, тоа не зависи од нивната определеност, дали ќе веруваат во Бог или не.
Јас никој не цитирав нити пак реков за некој конкретно нешто,а уште помалку дека намерата ми била да се изјаснам дека некој е безчувствителен и дека е чудовиште сите сме луѓе и сите ние имаме чувства.Се извинувам некој ако се почувствувал така.Јас кажав само дека најверојатно револтираноста постои од тоа што повеќето од тие кои не веруваат гледаат на нас како луѓе кои немаат сопствено јас. Јас го кажав моето мислење за Бог како и секој на темава. А сакам на крај само да прашам,зошто навистина многу ме интересира,тие што не веруваат дека постои нешто над нив многу поинтелегентно,во што веруваат?И како го гледаат животот?
оние кои не веруваат во бог се атеисти односно тие го одбиваат постоењето на божествата. а коко се гледа на животот е сосема нешто друго. и верници и атеисти имаат сосмема поинаква слика за животот
Само се надоврзав на твоето мислење, не е дека си рекла нешто, си цитирала и сл.И, зошто повеќето така постапувате, односно се правдате? Ова го имам приметено кај повеќето.Многу нормално дека повеќето мислат така дека ако некој верува во Бог е заблуден и сл., тоа си е повеќе од јасно, не е нешто ново, па да се чудиме зошто се мисли така.
Па ќе се оправдам многу нормално,затоа што пред се сум човек кој мрази неправда.Епа баш поради тоа што се мислат такви работи за нас сега се водат сите овие дискусии,зашто да сме заблудени,и зошто да не го спомнам тоа,ќе се чудам фала богу,најмногу ми смета кога некој ме претставува како нешто што не сум и сигурно дека ќе одам контра реплика.А blackpanter слободно кажи навистина сакам да знам каков е твојот став за животот и за се тоа што те опкружува,не го кажувам ова иронично да не ме сватиш така ама ме интересира како еден атеист гледа на светот?
Блекпантер, твојата болка ти ја гледаш како твоја најголема, се лутиш што ти се случила, си го отфрлил Бог заради неа. Твојата радост да имаш дом, покрив над глава, леб, интернет, семејство, не те прави благодарен што Бог ти го дал или зачувал сето тоа. Тоа кажува повеќе за тебе отколку за постоењето или непостоењето на Бог. Причина има за се што се случило, колку и да е лошо и тешко. Може не знаеш зошто сега, ни ке дознаеш по 10 години. Секој има своја болка што нему му се чини најголема. За некој смртта на баба му е најголемата болка во животот, за некој тоа е дел од животот. некој би ги дал животите на сите баби и децовци наеднаш, па дури и на двајцата родители, само да биде помала болката од губитокот на друг кој му е подраг од сите заедно. Има луѓе кои ги губеле сите свои деца, па пак верувале дека Бог на крај ке им помогне. Види ги Велика и Јон. И Бог пак им дал. Мене ми смета што атеистите кога зборуваат зошто не веруваат во Бог, никогаш не се служат со образложенија за Мухамед, туку за Господ, за Исус. Мора да има и некоја субкатегорија во атеизмот - неверници во христијанството. За да не веруваш во Бог, треба да ги разгледаш барем уште 2-3 религии. А не само да не веруваш во Исус. За она - верувам во Бог, не во црква и попови. Кога тоа ке го слушнам, само ми покажува дека имам разговор со лош христијанин - некој кој не знае дека и поповите се луѓе кои имаат право да грешат. Не прочитале дека само Бог е безгрешен. Мислам дека најлоша категорија на верник е ониј кој е верник само на Божиќ и Велогден, а сите други денови плука по се.
Ок, но ако земеш за се нешто во животот да се правдаш, еве конкретно за ова, што нема ни потреба, бидејки и онака секако дека ќе има едни што веруваат, други што не веруваат, како и различни, спротиставени мислења. Како сакаш, така прави, но секогаш ќе е вака, едни за, други против и тоа е тоа.Види, христијанството, отсекогаш било третирано така, прогонувано, не е од сега, знаеш и самата, да се спречи некој поинаку да мисли, не е возможно едноставно, така што, како тргнало, така и ќе си продолжи.
јас не го оспорувам христијанството ниту било која друга религија. јас верувам дека најголемата сила на светот а тоа е природата. јас не сакам да ги осудувам лугето за она во што веруваат или обратно тие да ме осудуваат затоа што не верувам во ниту еден бог (како и да се нарекува буда, алах и други).