Аман, луѓе...Ниче е тоа погоре! Оправдано, штом делувам толку глупа да ми треба реферат, али ако најдеш време да напишеш, би сакала да прочитам. Не е финтата да се разубедуваме по форуми, и не знам зашто таков став се зазема веднаш, тоа едноставно се прашања за дискусија, за што и е еден форум, а дури на сите им враќаш „Чао, имам попаметна работа“, можеше да седнеш и да образложиш фино ко Теси што си пиша и никому ништо. Проблемот го гледате како атеистите (т.е. автоматски сатанисти му идат) да пробуваат да разубедат, само што муабетот не е дека на атеист (бар не на секој, има и штракнати) му пречи верба онолку колку што му пречи она „Непросветлен си ти, нема што да ти објаснувам“. Сфаќаме дека вербата затоа и се вика верба, ама постојат верници што буквално мозокот ќе ти го зачурат со познавање на религијата и постојат оние што од втерана стравопочит пребуквално го сфатиле тоа дека Бог гледа сѐ, па може мислат дека и на форум ги чита, и во зависност од бранењето, им спрема позлатено столче до него во рајот. Додуша, тие се поинтересни за муабет некогаш.
...што значи сепак чита дури мислиме што да напишеме. Кои гревови тогаш има запишано од темине за свекрви, мајки и прељуби... А неверниците ги чита или тие ко Магнето си имаат шлем т.е. череп во случајов, преку кој не може да пробие?
Bog gi cita site misli na covekot imale slem ili nemale, Bog znae se. Dali si kazal, napisal ili pomislil, ako e grev ti se pise ko grev.
Мислам дека е доста од спомнувањето на Божјото име на празно , џабе се докажуваме , и дозволуваме да го земаат напразно името на Господ овие со спротивно мислење и да го хулат Се изјаснивме сите детално , и сега само им даваме пат на атеистиве да контраат со слики и едни исти муабети со потсмев да ги вртат !
Порано многу сакав да дебатирам на тема религија, зошто веројатно и јас самиот бев некаде измеѓу или можеби се плашев да пречекорам храбро преку линијата и да бидам отворен атеист и така, сакав да слушнам аргумент за и или против постоењето на бог/богови. И... да, може да се каже после многу време изгубено по форуми, а и во живо сум сфатил дека нема фајде од муабети на оваа тема. Верниците никогаш нема да можат да дадат асален аргумент, а истовремено се алергични на логика. Зборам за мнозинството нормално. По мене најголемата вистина на оваа тема е една стара изрека кажана уште во римско време: Религијата е вистинита за простата раја, лага за мудрите, а корисна за владетелите. Драги атеисти, не можете да ги освестите оние што не сакаат да бидат освестени. Луѓето што не влегуваат во дебата со отворен ум, спремни да разгледуваат и да анализираат ставови само ви го губат времето.
Нека зборуаат, нека си ја олеснат душата бог е голем и ќе им прости на сите. Точно е тоа дека нетреба божјото име да се спомнува напразно, но ова е дебата и убаво е да се дискутира, па дури и еден од тие неверници да се покае и да поверува о бака ќе биде добро. Повеќето луге се плашат од бога па затоа велат дека еруваат, јас ги убедувам дека не треба да се плашат од бога, тој никого со сила не тера да поверува. Според мене подобро е да некој не верува во бога отколку да биде лажен верник. Ако веќе човек верува во бога треба да биде верник секој ден а не само на големите празници.
Spomnuvanjeto na imeto na Bog na forum se kosi so zapovedite, bez razlika dali go spomnuvaat vernicite na temava ili onie koi ne veruvaat. Koe korisnichko ime go Bog koristi na femina me interesira....
Вистинското кршење на Божјата заповед за напразно спомнување на Божјото име не е толку дискусијава на форумот (иако се согласувам дека е губење време) туку кога Неговото име се злоупотребува од страна на тнр. „христијански„ политичари и бизнисмени за нехристијански цели како што се, меѓу останатото, производство, продажба и употреба на оружје и војни. Се согласувам, но мислам дека би било попрецизно да се каже дека институционализираната религија и теологијата е таа која што е опиум за народот. На пр. учењето на Исус Христос и не е религија во таа смисла, туку чиста и здрава етика - на пр.познатото Исусово златно правило: „Што не сакаш да ти прават тебе, не им прави ниту ти на другите!„ и тн. Како што велат некои американци: I'm spiritual, but not religious.
religija e edno a vera e drugo nekoi ne pravat razlika na religiozni luge i vernici ,tuka ima golema razlika
Или можеби термините треба да бидат: религија и духовност. Дури мислам и дека насловот на подфорумов би гтребало да гласи Религија&Духовност, делува посеопфатно.
Професорот: Ученици дали постои Господ? Учениците: Да постои! Професорот: Може ли да го видите? Учениците: Не! Професорот: Може ли да го допрете? Учениците: Не! Професорот: Епа тогаш не постои Господ. Ученик: Се извинувам професоре, можете ли да го видете вашиот мозок? Професорот: Не! Ученикот: Можете ли да го допрете? Професорот: Не! Учениците: Па тогаш немате мозок!
Прочитав само дел од вашите постови, не сите. ДА, јас верувам во Бог. Нема да се правам светица или да објаснувам зошто, кој го интересира има каде да прочита, кој не и онака нема да верува. Само почитувајте туѓо мислење. Не е создаден форумов за исмејување, одговорете и толку...
Трогателно чудо на гробот на старец Пајсиј 17 февруари 2015 лето Господово „Од свои дванаесет години страдав од демон. Животот ми стана мачеништво. По егзорцизмите кои ми ги читаа се чувствував како да ме имаа тепано. Првата сабота од постот, во 1995та година, мојот духовник испланира да одиме на бдение во Суроти (женски манастир, посветен на „Свв. Јован Богослов и Арсениј Кападокиски“ кој го основа старец Пајсиј и каде се наоѓа неговиот гроб, н.з.). Пред да тргнеме почувствував ѕверска борба во себе. Во текот на бдението воопшто не ми се спиеше. Бев седната во средината на храмот и околу мене монахињи. Кога заврши бдението, почнаа да пеат водосвет. Многу здивев. Ме однесоа да ги целивам моштите на свети Арсениј. Беше прв пат, еве кажувам и се ежам, да почувствувам како горам телесно. На крајот се завртев и почнав да викам: ‘Пај... Пај...’ Игуменијата ме запраша: ‘Пајсиј?’, при што климнав со главата потврдно. Тогаш многу здивев, почнав да врескам, по што ме однесоа на гробот (на старец Пајсиј) и таму трипати извикав ‘Свет!’ Сакав да побегнам и се обидував, но ме фатија и со сила ме легнаа на гробот на старецот. Тогаш го видов старецот како се подига од половината нагоре како да се буди од сон, не како мртов. Беше потполно истиот со брада и со расо. Тоа беше прашање на секунди. Со својата рака ме допре на челото и во истиот миг видов како излегува црн чад од мојата уста. Конечно се смирив, но телесната болка не ме напушти веднаш. Заспав и од болки се будев, велејќи ‘Многу ме боли.’ Но, во текот на четириесет дена чувствував една таква радост, што од радост плачев. Можеби беше премногу дрско тоа што реков: ‘Боже мој, и цел живот да се мачам како претходно, доволно ми е само уште еднаш да ја почувствувам, барем за една минута, истата таа радост’.“ Извор: Манастир Св.Јован Бигорски
Зошто сите викаат прво мора да го видам Бог па тогаш ќе поверувам...Па ако не постои Бог тогаш кој го создал светот ? Како сме настанале сите ние, сите планети на светов,ама баш се како настанало ?? Бог вели прво да поверуваме во него без да го видиме а потоа следуваат чудата ... Логично ако Бог се појави и сите ќе поверуваат во него,а него не му е тоа целта .Јас лично го искусив тоа чуство откако поверував во него дека тој е мој спасител и Господ мене почнаа чуда да ми се случуваат за кој што не ми се верува сеуште...Господ постои и тоа како,еден ден сите ќе застанеме пред неговиот престол и на секого ќе му биде судено според неговите гревови.Господ пак е добар и милостив и ни дава шанса на сите да се спасиме...