Да, верувам. И мислам дека мојата сила е мојот Бог. Верувам дека се што ни се случува е или казна или награда од Бога. Секое утро ми започнува прво со молитва и секоја вечер ми завршува со молитва. Се молам за луѓето што ги сакам, ги спомнувам во моите молитви и тоа ме исполнува, се чувствувам многу убаво кога разговарам на некој начин со Бог, знам да отидам во црква на литургија, не често но сакам да присуствувам и го правам тоа од време на време.
Спојлер: Има ли Господ? Има ли Господ? Дали универзумот е направен од боженствен креатор, или се направи случајно? Ако се направи случајно, тогаш кој го започна процесот? Законот за термодинамика ДОКАЖУВА деке енергијата и материјата не може да се создава или уништува. Енергијата може да се претвора од еден вид во друг, но НЕ МОЖЕ да се создава или уништува. Врз основа на овој научен факт, тешко е да се разбери потеклото на универзумот. Како може нешто да настане од ништо? Уште по комплицирано и збунувачко е тоа што можеби времето НЕМА ПОЧЕТОК. Се што човештвото научило, пробало, докажало и дизајнирало не може да ја објасни оваа голема мистерија. Како времето би можело да започне? Што постоело пред да започне времето? И да можеше да се следи универзумот трилиони години наназад (што не можи), сеуште би биле соочени со големата мистерија.. што постоело пред времето? Ако времето е патување назад и напред, тогаш од каде започнало? За ова прашање човекот не може да најде одговор. Друга збунувачка мисла е големината на универзумот ... колку е тој голем? Дали универзумот може да има крај? Ако е така, тогаш што постои надвор од универзумот? ... Повеќе универзум? Обидувајќи се да се разбере ваква мистерија е збунувачка умствена вежба која води во бесцелност. Би било НЕВОЗМОЖНО за универзумот да има раб, граница. Што би постоело после таа граница? Дури и празниот простор е нешто, нешто што зафаќа простор. Значи, каде завршува просторот? После која точка нема ништо, и што точно се смета за ништо ако зафаќа простор? Не постои човечки веродостоен одговор. Иако многумина од безбожните "експерти" и "професори" арогантно се обиделе да објаснат такви мистерии со учење на џагор и лажна наука, целиот износ на сите нивни одговори е крајна глупост. Единствениот логичен одговор е Божествениот Креатор, Бог. За постоењето на Бог не сведочи само логиката, туку исто така и Библијата. Библијата се прогласува самата за Зборот на Бог. (Евреите 4:12, 2 Тим. 3:16) Дали некој ќе ја признае Библијата како „Божјиот Збор“ е сосема друго прашање, но Библијата тврди дека е Божји Авторитетен Збор. Некој би можел да расмислува дека во светот има и други книги кои ТВРДАТ дека се инспирирани од Божествено суштество, но што е тоа што ја прави Библијата толку посебна? Со еден збор, тоа е нејзината СОДРЖИНА. Ниту една друга книга на овој свет не се обраќа на злобната грешност на човештвото и потреба за Божествена откуп. Само Библијата ни кажува како да се добие простување, спасение и мир со Бога. Ниту една друга книга во овој свет не зборува за Божјата љубов за човештвото, и на жестокиот Божји суд врз безбожниците. Ниту една друга книга во светот не содржи колку точни пророштва (и исполнети пророштва), како Библијата (не постои НИЕДНО пророштво во Куранот). Ниту една друга книга на светот може да се пофали како континуитет на согласност помеѓу повеќе од четириесет писатели (Бог како Божествен Автор), кои се протегале повеќе од два милениуми, а сепак наредени во еден совршено испреплетен волумен. Библијата ни дава детален опис на создавањето на вселената, и учи дека универзумот е создаден од страна на Божјиот збор ... „Преку вера ние разбираме дека вековите се создадени со Божјото слово, така што видливото произлегло од невидливото.“ -Евреите 11:3 Еве го твојот одговор пријателe, Бог го создал универзумот од ништо! Бог го направил невозможното како што само Бог може да направи. Која друга книга на овој свет тврди дека Бог го создал светот од ништо? Може ли ваква книга да биде само обична случајност, кога толку совршено ги одговара сите збунувачки прашања кои ти ги претставив погоре? Библијата несомнено е Зборот на Бог како што тврди дека е. Никоја друга книга може да се спореди со неа. Исус Христос е Создателот (Бог Семоќниот)... „Тој нè избави од власта на темнината и нè пресели во Царството на Својот возљубен Син, во Кого имаме откуп, преку Неговата крв; простување на гревовите. Тој е образ на невидливиот Бог, Првороден на секое создание, зашто во Него е создадено сè што е во небесата и на земјата; видливо и невидливо, било престоли, или господства, или началства, или власти; сè е создадено преку Него и за Него. И Тој е пред сè и сè во Него има свое сплотување.“ -Колосјаните 1:13-17 Читаме во Евреите 11:03 погоре дека "преку вера ние разбираме ..." САМО преку вера некогаш некој ќе ја разбери вистината за создавањето. Атеистите и еволуционистите немаат вера во Бога или Библијата, туку, тие ја имаат поставено својата вера во недокажани теории, шпекулации и лажна наука. Големата грешка на нивното размислување е неуспехот да се признае дека НЕ ПОСТОИ ДРУГ ЛОГИЧЕН ОДГОВОР ОСВЕН БОЖЕСТВЕНИОТ ТВОРЕЦ. Еволуцијата не може да се докаже, бидејќи тоа е валкана лага на ѓаволот. Еволуцијата е лажна. Еволуцијата е глупава. Еволуцијата е неоснована шпекулација. ЕДИНСТВЕНИОТ разумен одговорот е Бог. Библијата го потврдува она што нашата основна смисла треба да не научи за потеклото на универзумот ... создавањето не може да се случи без Божествен Создател. Доказот е несоборлив, Бог постои! „Безумникот рече во своето срце: „Нема Бог!”“ -Псалми 14:1
Boga ne e predmet da se vide,da se dopre ili da naprevis dogovor so nego.Ednostavno treba da go pronajdes vo sebe,ako toj ne postoi togas kako nie ke postoime.Treba da se ima verba da se molime pa da ni pomogne,a ne da go osuduvame zasto sme namale pari i.t.n A toj sto ne veruva i sto bara dokas jas ke mu najdam ama 10000000000000% sum sigurna deka nema da otide na toa mesto sto ke mu go kazam pozz I da dodadam ako ne veruvate zasto go praznuvate VELIGDEN,BOZIK ILI NEKOJ PRAZNIK NA NEKOJ SVETEC?
Верувам со цела моја душа,со цело мое битие,така сум воспитувана и освен господ Бог никаква друга сила не признавам
Dali bog postoi?SMESNO I GLUPAVO PRASANJE Ако Бог постои тогаш Тој е зло..Дали Бог создал се што постои? Ако Тој создал се тогаш го создал и злото, што значи Бог е зло. Ученик:Извинете професоре,дали постои ладно? Професорот:Какво е тоа прашање.Се разбира дека постои.Дали некогаш не ви било ладно? Ученикот: Всушност господине ладното не постои.Сoгласно со законите на физиката ладното е всушност отсуство на топлина. Професоре, дали постои темнината? Професорот:Секако дека постои Ученикот: Не вие сте грешка господине.Ниту темнината не постои.Таа е всушност отсуство на светлина.Светлината можеме да ја мериме, но не и темнината. Тоа значи дека злото не постои.Тоа е исто како темното и ладното. БОГ НЕ ГО СОЗДАЛ ЗЛОТО.ТОА Е ПОСЛЕДИЦА ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ОТСУСТВО НА БОЖЈАТА ЉУБОВ ВО ЧОВЕЧКОТО СРЦЕ. П.С..Ученикот всушност е германскиот филозоф Алберт Ајнштајн(1879-1955).. ♥♥
Верувам во Бог, секогаш така било и ќе биде. Се молам секоја вечер, за мене и за оние кои најмногу ми значат.
Да, верувам во Господ, и едно сум сигурна- дека божјиот пат е трнлив, често пати во животот ќе бидеме ставени на тест и искушенија, во тие мигови се гледа вистинската верба во бога.
Во некои работи верувам но има мноооогу контрадикторности.Зошто на овој свет треба да се откажеме од некои работи за кога ке одиме на некој непознат свет?Има ли во рајот секс, како таму ке се множат луѓето, тс дали ке има деца како доказ на Љубов?
Извини вака...ама каква врска има мојот пост со сексот? И кој ти рекол дека Господ забранил правење деца?
imam edna prijatelka i skolska mi bese taa ima sestra msm vo germanija bese i odela vo nekoe uciliste tamu gi ucele deka decata se grev ne trebalo da ragame za da ne stradale kako nas no tie ne se nasa vera
Мајка ми е родена и порасната во Германија, и дури ни таму ВО НАШАТА ВЕРА не ги учат дека децата се грев! А тоа што страдаме, за тоа сме САМИТЕ КРИВИ, си ги плаќаме гревовите.
За ова има многу убаво објаснето во Библијата, кој ја читал знае! Примерот со кравата и сеното! А за другиот мој муабет дека самите сме си криви и си ги плаќаме гревовите и за тоа има многу убаво објаснето во Библијата исто!
Верувам во Господ , затоа што јас така сакам. Јас така се чувствувам, а не затоа што тука сум родена , во такво семејство и тоа ми е доделено. Верувам дека стои некој над нас, има посебен план за секој од нас само ако се прашувате каде е ....чека време да го спушти на земјата. Тука сме за да проживееме едно убаво искуство , едно патување .. сите сме со иста цел на патувањето , а како ќе го доживееме од нас зависи. Затоа некои се среќни а некои "несреќни".... Таа поделба сами си ја правиме. Во рај , пекол , чистилишта не веруваммм. Рај постои , и еве сме во рајот . А за останатите димензии , не постојат . Пекол, абе тоа не постои . Данте не заебавал .Тоа се само верувања, кои ви ги повторувале, уверења кои не може да се искоренат лесно. Да бевме во Индија родени , ќе верувавме дека кравата е свето животно .Се е тоа како сме научени , како не учеле како помали .Тоа се тие правила, норми ....
Извини, не напишав најдобро но прашањето ми е за сите верници како тебе што верувате во Бог, дали знаете уствари како изгледа тој толку убав живот на ОНОЈ свет или т.н.рајот...како се живее таму што можете да издржите на овој земаљскиов да не првите грев или просто кажано толку слепо да верувате а ништо не знаете само претпоставувате?