Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.486 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    305 глас(а)
    15,6%
  1. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Како од некоја секта да си мајке ми. А зошто мислиш дека па баш сеа ќе пишуваме реферат филозофско-религиски за Бог, секој со своите верувања за себе. Нити те убедуваме и подобро и ти да не се обидуваш со добро познати прашања да провоцираш. Пријатно.
     
    На <3 pleza4e <3 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Не сум секташка но навистина сакам да знам.Јас не сум неверник но има многу работи кои ми се нелогични.Зарем луѓето не смеат да му се налутат на Бог или да не се согласуваат со некои негови заповеди, па нели ни дал слободна воља и свест сами да расудуваме? Мајката ке го скара детето или нема да го одобри некое негово однесување но тоа не значи дека не си го сака детето.Никогаш нема да се согласам со жртвувањето на свое дете во име на Бог, он така сакал а јас верник и невино дете ке го убијам за ...?????
     
  3. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Оди кај стручно лице од областа све ќе ти појасни како бел ден. ;)
     
    На littlevampire му/ѝ се допаѓа ова.
  4. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Јас ќе верувам во тоа што сакам да верувам, ти ако несакаш немам намера да те убедувам.
    Во врска со гревовите, никој не е безгрешен! Во животот некогаш несвесно правиме гревови!

    Проблемот со луѓето е што за секоја ситница тие ја бараат вината во Бог, а од друга страна се фалат колкави верници се!

    П.с. Немој молим те веќе да ме цитираш или спомнуваш, и онака мојот првичен пост немаше никаква врска со глупостите што ги напиша овдека, и не сакам да имам никаква поврзаност со глупостите што ги пишуваш за децата, јас во моментов чекам дете, расте во мојот стомак, а ти ако мислиш да убиваш деца твој проблем, несакам ни да бидам поврзана со твоите муабети.

    Ако сакаш да прашаш нешто или да кажеш упатено кон сите верници напиши си обичен пост а не да ме мешаш мене во твоите глупости.
     
  5. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    А ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времиња,
    зашто луѓето ќе бидат
    саможиви,
    среброљупци,
    самофалци,
    горделиви,
    хулители;
    непокорни на родителите,
    неблагодарни,
    несвети;
    без природна љубов,
    непомирливи,
    клеветници,
    невоздржани,
    жестоки,
    непријатели на доброто,
    предавници,
    избувливи,
    надуени,
    повеќе сластољубиви,
    а не богољубиви,
    кои имаат изглед на побожност,
    а се одрекле од нејзината сила;
    отстранувај се и од нив!
    :: 2 Тимотеј 3, 1-5 Библија


    И после кој ви е крив што си ги плаќате гревовите? Вината немојте во Бога да ја барате, ние луѓето сме си сами криви, сме нашле па сме зашле...
     
    На Tanjamm, Ana Chio и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. Punk girl

    Punk girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    436
    Пол:
    Женски
    Не верувам во господ. Верувам во науката и развојот .
     
    На nat17 и kjukli им се допаѓа ова.
  7. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.584
    Пол:
    Машки
    Ќе има и полово општење, ама не во христијанскиот, туку во муслиманскиот рај.
     
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Како да не се откажам од таа побожност кога гледам гладни и малтретирани деца, силовани, педофилија расте, злиба меѓу народ расте, се удрило само за секс и пари, работиш ко црнец ти даваат 9ооо ден. ЕПА кажи како да останеш верник...не што им го дадовме и завртевме и другиот образ да не удрат туку им дозволивме да не газат секојдневно!!? Е непознавам некој таков што ке издржи такви тортури уствари можеби овие монасиве, немаат деца нема за кого да се борат и цел ден молитви ке ми пејат(немам ништо против нив, нивен избор)но човек со фамилија неможе да тера 10 божји заповести на овој свет.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  9. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Јас сум била гладно и малтретирано дете, растено во фамилија без слога, сум работела од 17 години за 9000 денари, со години работам а имам упола стаж за сето тоа, моментално чекам дете ме избркаа од работа поради тоа што сум бремена и маж ми работи 2 работи за да преживееме, живеам под кирија и сеуште се борам!!
    И СЕУШТЕ СУМ ВЕРНИК!
     
    На Ana Chio, shushu, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.584
    Пол:
    Машки
    Епа бидејќи се удрило само на пари и полово општење затоа е вака како што е. И многу добро е, во споредба со гревовите што ние постојано ги правиме, а за нив не се каеме.
    Дали ги почитуваме родителите и сите постари? Не! Епа затоа нема да ни биде добро на овој век и свет.
    Работиме во недела и на празник и после од сработеното аир не гледаме.
    Во среда и петок не постиме, епа затоа и во недела и на празник гладуваме.
    Полово општиме пред и вон бракот, а во бракот се развратуваме, епа затоа децата ни се разболуваат и не ни се послушни.
    Го спречуваме зачнувањето и ги убиваме неродените деца во утробите, епа затоа и јарем од друг народ ќе примиме.
    В црква не одиме, ама затоа болниците ги исполнуваме...
     
    На Tanjamm, Mama25, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Неможам да сфатам само како човек не може да биде реален.@> pleza 4e<3 зарем сакаш да ми кажеш дека ги почитуваш твоите родители и поред тоа што си била гладна и малтретирана?
    Секоја чест на твојата верба во Бога но кај мене се е позаслуга, за да почитувам некој треба да ме почитува мене и верувам во испаравното и докажаното а не во невиденото..уствари газам пред себе ако некој ми застане на патот.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Даа вонбрачниот секс и контрацепцијата се причина за лошите работи шо ни се случуваат во животот...
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Колку има деца без родители или деца на проститутки па се и паметни и послушни и интелигентни??
    Мораме да работиме и сабота и недела за егзистенција, да раниш фамилија инаку не се стига ...кој ке ни донесе леб ако седиме дома Бог ке ни даде??Библијата кога се пишувало немало интернет и форуми и фб.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.584
    Пол:
    Машки
    Секакви исклучоци има... Една проститутка спасила од самоубиство еден човек, продолжила да си ја работи работата и кога умирала дошол Христос да и` ја прими душата.
    Која е поврзаноста на верата и интернетот?
     
  15. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Да, ги саκам и почитувам затоа што ми се ρодители и затоа што знам κаκо е да ρаботиш κаκо κоњ и паκ неκои ρаботи да неможеш да си ги дозволиш! Што да ми даде повеќе од тоа што има? Душата да си ја даде??
    Животот што сум го живеела ме напρавил јаκа и пρиземјена личност што знае да се боρи за себе!
    Јас неможам да сфатам κаκо може неκој да е толκу бесчувствителен κаκо тебе... Мислиш деκа јас не газам се пρед себе аκо ме чепне неκој κај што нетρеба, ама во живо а не на фоρумов!
     
    На Tanjamm, Mariangel, butterfly* и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    И јас самата понекогаш сум во некои недоумици околу постоењето на Бог. Не го замислувам како НЕКОЈ зашто кога ќе спомнеме НЕКОЈ, тоа веднаш алудира дека се работи за личност.
    Веќе сум рекла дека повеќе го замислувам поимот Бог како енергија.

    Исто така, како дополнување на конфузијата ми се Дарвиновата теорија и секојдневните неправди... ама за ова Баба Рада морав да те цитирам.
    Тие 150 евра за дупло повеќе работа не ти ги дава Бог, туку неблагодарниот работодавец. Да бидеме реални.
     
    На Ana Chio, daylight, butterfly* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Ana Chio

    Ana Chio Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    И мене многу ме мачи неправдата во светот ,тоа што мене ми земаат од уста за керкаим да вози Ауди а јас немам пари за едно кафе , тоа што има силувани , убивани за болни идеали . тоа што се нечесни алчни и лугето околку мене се сменаа , не се искрени , сакат да биде само по нивно ги нема со месеци кога имат мака тука се .. но не се откажувам од лугето , не се откжувам ни од бога . бог не е човек тој не е некој што седи на златно столче и како наречник ја пишува судбината ни . Тој е енергија и јас се сложувам со тоа , во одамнината човекот го изневерил бог зошто сакал да е бесмртен а имал потенцијал за тоа но се додека не ја достигнел зрелоста на бог но човекот подклекнал на алчноста за моќност и вековност , и од тој ден човекот незнае за што живее , цел живот трага по смислата за живот , сите чусвтиваат како дел им недостасува , животот го поминуваме според некои наши замисли да се има работа , да се има куќа да се има таков ваков маж па што ке мислат тие за тоа што ми го направи овој оној .. Заради тоа што не знаеме за што живееме сите ние се повредуваме и чекориме безнадежно . Верувам во некој помоќен од мене , верувам дека ние сме најсовршеното дело на бога . од цел жив свет само ние зборуваме ние размислуваме свесно . Не ценејки ги природата и животните сами се уништуваме се одалечивме од тоа што сме . Не дека јас одам редовно по цркви и дека вервам во адети .. Бог е нешто сосема друго и ги сака и тие што грешат и не ги заборава тие што патат , секој си пишува сам себе книга . Ние само сме слепи и ги делиме лугето на лоши , сиромашни , црни , бели , глупави , паметни , грди убави .:) Го почитувам и мислењето на тие што веруваат во наука и развој а тие што немаат нека си го изградаат .се најдобро
     
    На nat17, <3 pleza4e <3, butterfly* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Постоеле и постојат луѓе на кои им се разоткриле нештата, мистичари и божји пророци кои стекнале директен увид во случувањата од онаа страна на материјата. Ние можеме да им веруваме или да не им веруваме, но тие велат дека ако човек сериозно и истрајно се нафати да го оди Внатрешниот пат кон срцето Божјо, ќе може и самиот да стекне увид во сферите на повисокиот живот.
    Она што би било добро тука во контекст на твоето прашање да прецизираш е: што е тоа грев?
    Многумина верници гревот го поврзуваат со непочитување и неследење на традиции, несвесни при тоа дека самите традиции неретко се збир на грешни ставови и активности.
    Многу добро прашање. Бог ако е совршен како битие, нема да му пречат мислењата на луѓето. Проблемот е што многумина теолози на различните религии Бога го прикажуваат со човечки црти: некој што казнува, се лути, се предомислува и тн... Но тоа е човечка замисла која нема врска со реалноста. Според она што го прочитав во духовната литература примена од небесните светови реалноста е дека Бог се однесува слично како и сонцето - Дали сонцето се лути што луѓето мислат или зборуваат за него? Сеедно дали некој сака да го види или не тоа со својата светлина се дарува себеси и зрачи несебично, . Секој може да одлучи за себе дали сака да оди во сенка каде е студено и темно или да остане на светлина. Сонцето поради тие одлуки не го менува својот став, својот однос кон планетата и луѓето.
    Извинете што ви се мешам но морам да искоментирам за сите вас што давате ваков тип на молби (да не ве цитираат) - ако не сакате да ве цитираат, зошто сте се зачлениле на форум? Зошто сте пишувале во темата? Простете, но смислата на форумите е токму тоа! Членовите да можат да прашаат, коментираат, цитираат... секако под услов да се почитуваат правилата на форумот и сето тоа да се прави на културен начин без навреди.
     
    Последна измена: 21 јуни 2015
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  19. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш госпоѓата тρеба да ги пρочита повеќе пати пρавилата на фоρумов пρед да изρази огоρченост и гадење κон моите ρодители, мене и мојот избоρ на κого да пρостувам во животов во повеќе постови по ρед!
    Аκо тρеба неκој да ми суди мене или на нив, тоа не е таа. Можеби не си запознаена со ова затоа што неκолκу нејзини мислења се избρишани поρади таа пρичина! Поздρав
     
    На butterfly* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lavina :)

    Lavina :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2015
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    215
    Пол:
    Женски
    Не сум сигурна во што да верувам. Во Бог како човек и живо надреално и надмоќно битие, дефинитивно не! Ако Бог ја наречеме некоја сила што не' води ,тогаш да. Сила која е наш двигател.
    Многу повеќе ми се допаѓа да верувам во моќта на потсвеста и законот за привлекување на нештата да се случат отколку да чекам и да се надевам НЕКОЈ да "ми ги случи" ^_^