Не дека сакам да наметнам мислење на некој..океј донекаде може и ќе ви наметнам со својот став,ама од никогаш не ми се сватливи луѓето кои не веруваат во Господ почитувам наука,физика,инерција,еволуција и што ти не,ама сватете сите сме под Него,се зависи од Господ и се е во негови раце,не туку ми се правете некои модерни атеисти,оставете настрана помодарство,комунизам и слично,обратете му се на Господ и само НЕГО!!!
Верувам во Господ, но за разлика од нашиот Исус, Отецот/судбината/Мајката Природа, како и да е, е тешко да се разбере. Бог вели дека треба да љубиме, дека врвот е љубовта, но што откако ќе умреме, се реинкарнираме, па тогаш друга љубов, друг човек, и после пак на небото, и која е твојата љубов сега? Многу е комплицирано и несфатливо, може затоа што сме обични луѓе, можеби затоа што не знаеме всушност како навистина одат работите за да ги прифатиме. Како и да е, Исус е многу полесно да се разбере, можеби затоа што Он е и Бог и Човек, па ни е поблизок.
Ниту јас не сакам да наметнувам мислење, но во мојот живот нема религија. Ако Господ е создателот и тој го следи сечиј живот тогаш зошто умираат добри луѓе? Зошто има војни, сиромаштија, глад, болести итн. Ако религија е надпиродното, тогаш зошто сите одеднаш не бидат здрави, сити и согласни едни со други? Зошто сите не веруваме во еден ист бог, ако тој го СОЗДАЛ светот? Еволуцијата не направила она што сме денес, доказ за тоа е големата сличност со мајмуните, паеонтолошките докази. Фактот што сеуште постојат мамуни е можеби поради тоа што со нив паралелно сме еволуирале од ист предок.
Сите што веруваат велат дека тоа било нивни избор, но всушност религијата најмногу се наметнува од општеството. Кога човек би растел во средина каде луѓето не знаат за бог, или го мразат, се наклонети кон атеизмот, и тој човек самиот би бил атеист. Верувањето во господ е поради неможноста да се објаснат некои работи, но јас како атеист тие прашања ги оставам на науката. Луѓето се чудат како во 21 век, се умирало од рак, имало глад и недостаток на чиста вода и се молат на гспод кога ќе ги снајде нешто, и кога ќе оздрават од некоја болест нему му заблагодаруваат. Абе ај. Ако Господ е праведен, воопшто немало ни да се разболиш (ако воопшто го има of course) Освен тоа ако некое дете ви рече дека е верник, се моли, господ му помага и тн, обичен човек би се воодушевил како тоа уште мало станал верник. Но ако ви рече дека не верува во господ, не постои и не сака ни да чуе за него, зарем не би се запшрпастиле? Од каде детево вакви работи да знае? Луѓето премногу се навикнати на религијата и очекуваат секој да ја прифати уште како дете. За она дека немаме мозок дека не сме го виделе и допреле е секако одговорна науката, И не мешајте баби и жаби само за да докажете дека (демек) господ постои. И воздухот ни го глеаме ни го допираме што значи не постои а?
Себе не би се нарекол атеист - дефиницијата за атеист е некој кој е 100% сигурен дека Бог не постои. Кој од нас би можел да каже такво нешто? Но, морам да кажам дека не верувам. И покрај тоа, ги почитувам верниците (од сите вери) и немам апсолутно ништо против нив. Ниту па се трудам некој од нив да го убедам во моево мислење. Секој со своите сфаќања за животот. Ми сметаат само агресивни верници - кои ги напаѓаат и навредуваат оние кои не веруваат или оние кои се од друга вера, како и оние што постојано шират верска омраза. Дефинитивно, ми сметаат (малце е благ зборов) фанатичните верници - оние кои во име на својата религија се спремни да направат апсолутно се, дури и да убијат. Светов несомнено би бил подобро место без нив. Нема да навлегувам во дискусија дали придобивките од религијата се поголеми од штетите кои таа ги прави (или е обратно). Верувајте во што сакате, на начин како сакате, но немојте да ги осудувате оние кои мислат (веруваат или не веруваат) поинаку од вас и светов ќе биде подобар за сите.
Ke pravime milion grevovi sakame da beideme zdravi ko dren da ne patime i stradame,ke otvorame fabriki ko feni ke imame cista voda i zdrav zivot aha da sekako,od mrza namesto da rab nes da specalat za leb tie prosat i pak gospot e kriv,nie lugeto samite go pravime toa sto ni se slucuva pozz